Писмо за обединување за одбрана на Татковината

Почитувани,

Македонската историја изобилува со примери кои потврдуваат дека Македонскиот народ најчесто страдал тогаш кога сме биле поделени и раскарани.

Сега не е време за расправии! Точно е, различни сме, имаме поинакви идеологии, не се согласуваме за многу нешта, партиските програми ни се различни, но мора да се обединиме заради Македонија. Да ги оставиме разликите настрана. Ќе дојде време кога секој ќе си продолжи по сопствениот пат. Сега, Македонскиот народ очекува од нас да го одбраниме најсветото Македонско име и идентитет! А тоа е единствено можно само ако сме заедно!

ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ ТАТКОВИНАТА! ДА СЕ СПЛОТИМЕ! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА НИ ЈА ЗЕМАТ МАКЕДОНИЈА!

Дојде моментот да се обединиме. Да го следиме примерот на нашите браќа и сестри од 1903! Нашиот свет Македонски Илинден! Тие пролеа крв и ги дадоа животите за Македонија! Наша обврска денес после 115 години е со демократски средства да се спротиставиме на предавниците. Сега е помалку важно дали сме леви или десни, најважно е заеднички да дејствуваме. А не има многу повеќе од изродите на Македонскиот народ!

ГО ПОВИКУВАМЕ ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ДА ГО ИГНОРИРА РЕФЕРЕНДУМОТ НА З0 СЕПТЕМВРИ! БАРАМЕ ИЗБОРИ! НА ТАТКОВИНАТА И Е НЕОПХОДНА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗНАЕ КАКО СЕ БРАНАТ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА