Писмена реакција за иницијативата на Бугарските националисти

Почитувани,

Има ли некој во немакедонската Влада кој соодветно ќе реагира на провокациите на Бугарските националисти? Освен понижувачкото извинување на Заев до Борисов никој друг надлежен не собра храброст да каже ДОСТА Е! До кога ќе трпиме Бугарските политичари и историчари да го негираат  Македонскиот национален идентитет? Она што го најави Бугарскиот Претседател, Румен Радев, сега го актуелизираат Бугарските националисти кои подготвиле анекс на Договорот за добрососедство. Партиите Атака и ВМРО БНД бараат Македонија да се воздржи од присвојување на историски настани. Волен Сидеров и Красимир Каракачанов, коалициони партнери на Бојко Борисов бараат Македонија да не ја говори историската вистина дека Илинденското востание е Македонско! По понижувачко здравје!

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ОВА Е ВИСТИНАТА! ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА СЕ ШТЕТНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

Главните актери од Букурешкиот Договор со кој Македонија е распарчена, и денес после 105 години сакаат да ни одземат се што е Македонско. Се потврдува дека се што зборуваат Заев, Димитров и Шекеринска е голема шарена лага! Ниту Договорот за добрососедство со Бугарија, ниту Договорот со Грција го заштитува Македонскиот национален идентитет. Каде е Шекеринска да реагира на изјавата на Каракачанов дека нивните претходници не правеле разлика меѓу Македонец и Бугарин? Ова ли се Европските вредности на меѓусебно разбирање и почитување?  

БАРАМЕ ОД НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ОСТАВКА И БОКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ!

Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори Македонија еднострано да го раскине Договорот со Бугарија, согласно член 13, точка 3, од истиот. Тоа е единствениот исправен одговор на Бугарскиот национализам и брутално негирање на постоењето на Македонски народ.

Заев, Димитров и Шекеринска може да се занесуваат дека со скапа кампања платена со Буџетски средства ќе го убедат Македонскиот народ да прифати дека безимен народ без историски корени. Се лажат! На Македонскиот народ му е кристално јасно дека велепредавниците се уценети и мора до крај да се обидат да ја распродадат Македонија и за тоа ќе се соочат со политичка и кривична одговорност.

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИФАЌАМЕ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ!  ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ БИДЕ КАДАРНА ДА РАЗГОВАРА СО ЕУ НА РАМНОПРАВНА ОСНОВА!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,  

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски