Честитка за големиот Исламски празник Курбан Бајрам

Почитувани,

Во името на целата Македонска Дијаспора, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод Големиот Исламски празник Курбан Бајрам до сите граѓани од Муслиманска вероисповест упатува честитки и желби за среќен празник, здравје и среќа.

„Курбан Бајрам Мубарек Олсун“ – нека Ви е честит празникот кога се крунисува аџилакот како доказ за солидарност и благосостојба. Посакувам да бидете исполнети со љубов и почитување, толеранција, животот да биде исполнет со добри дела и грижа за другите луѓе. Нека овој празник на сите ни биде поттик за возвишени човечки вредности,   богатите ги усреќат сиромашните, за пружање на раката на помирување, како и за взаемни посети на блиските и пријателите.

Живееме во тешко време, време полно со различни искушенија, посакувам овој празник да не соедини и да не направи посилни да го победиме злото, правдата да ја победи неправдата и да го снема злото помеѓу луѓето. Да се разбираме повеќе, да си ги уважуваме националните вредности и да сме заедно  кога си браниме најсветото.

Нека Ви е честит празникот Курбан Бајрам.     

                                                                         

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски                          

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА