Почитувани,
Македонската Дијаспора никогаш нема да го одобри велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска. Немакедонската Влада нека не се чуди зошто речиси никој не се пријавува за гласање на референдумот. Македонците гласно велат НЕ за промена на Уставното име, велат НЕ за двојната формула за идентитетот според која ние сме и „северномакедонци“, велат НЕ за ревидирањето на Македонската историја, велат НЕ за откажувањето од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија, велат НЕ за Договорот со Бугарија, велат НЕ за срамното извинување на Премиерот за Илинденското востание!
Македонската Дијаспора не паѓа на евтини трикови! Ние знаеме дека немакедонската Влада ги нарачува секојдневните подмолни навреди до нас, дека сме си ги смениле личните имиња, дека наводно не сакаме да ја видиме Татковината во ЕУ и НАТО, дека не сме сакале економски просперитет за Македонскиот народ, дека ни било убаво на запад а не сме вложувале во родната грутка. Ние не забораваме издејствува да нема ниту еден пратеник во Македонското Собрание од Дијаспората. Да им беше навистина битна Македонската Дијаспора на Заев, Димитров и Шекеринска немаше да ја понижуваат и навредуваат, туку пред да потпишат капитулација ќе прашаа што мислиме и ќе им кажевме како се брани светото Македонско име и идентитет.
НЕ ПРИЗНАВАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗНАЕ КАКО ДА СЕ ПОСТАВИ ПРЕД ЕУ И ДА ГО ЗАШТИТИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ!
Немакедонската и изродничка Влада многу се лаже дека со агресивна кампања која планира многу скапо да ја плати од буџетот ќе го убеди Македонскиот народ да се согласи да стане безимен и без историски корени! И да бидат сигурни, дури и да ги наполнат гласачките кутии нема да можат да го спроведат кукавичкиот договор.
На Татковината и се потребни една изборна единица, отворени листи, техничката Влада која ќе ја предводи искрен и чесен патриот од Дијаспората и да одиме на предвремени парламентарни избори. Македонскиот народ ќе им го испорача на предавниците заслуженото!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА