Манифестација „Македонски квалитет 2017“ со признанија за најуспешните компании

Традиционална манифестација „Македонски квалитет“ ќе се одржи денеска во Скопје, под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На настанот ќе бидат најавени економските амбасадори на Република Македонија кои се македонски квалитет  за 2017.

Комисија составена од членови на Кабинетот на Претседателот, согласно прецизно воспоставени критериуми, ги селектираше македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање македонски бизнис идентитет и се економски амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот  квалитет на национално и глобално ниво за 2017 година.