Почитувани,
Без разлика што апологетите на немакедонската Влада се обидуваат анкетата да ја искористат за создавање алиби за претстојниот лажен референдум, резултатите се крајно поразителни за Заев, Димитров и Шекеринска. На 54 дена од референдумот, за време на агресивна кампања за наводните придобивки од нивниот кукавички чин, само 27,4 проценти од Македонците даваат поддршка на Договорот Заев – Ципрас, а против се изјасниле речиси двојно повеќе, 45,2 проценти од Македонците. Дури и 14,6 проценти од поддржувачите на СДСМ се изјасниле дека ќе гласаат против велепредавството на нивното раководство. Уште повеќе, анализата на Грчки „Катимерини“ покажува дека официјална Атина смета дека во тековната 2018 година нема да треба да прави ниту еден чекор поврзан со Договорот, заради тоа што Заев нема да може да обезбеди соодветно парламентарно мнозинство за Уставните измени. Не се исклучува можноста од предвремени парламентарни избори и во Грција каде сигурен победник „Нова Демократија“, чиј лидер Мицотакис јавно се изјаснува против Договорот. Со ова е јасно дека и референдумското прашање е промашено бидејќи Договорот Заев – Ципрас не може, и не гарантира сигурен влез на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата.
Македонскиот народ го одби велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска. Македонските херои не ги положија своите животи за да сега изродите со фалсификат го направат Македонскиот народ безимен и без историски корени! Тие тоа го знаат! Затоа воопшто не е случајно што Заев сака да ја сподели одговорноста со опозицијата давајќи срамна понуда за влез во неговата Влада. Од сигурните изјави дека референдумот ќе успее, немакедонската Влада почнува да ја подготвува јавноста дека без разлика на резултатот партиските војници во парламентот ќе одлучеле за судбината на целиот Македонски народ.
НЕ ПРИЗНАВАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГО ЗАШТИТИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ!
Македонската Алијанса БАРА брзи предвремени парламентарни избори со нови демократски правила и стандарди. Промени во Изборниот Законик мора да има. Воведување на една изборна единица и отворени листи ќе овозможат во идниот парламентарен состав да има многу повеќе луѓе кои ќе мислат со своја глава. Техничката Влада што ја договорија Заев и Мицкоски треба да ја води Македонец од Дијаспората, искрен патриот со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ политички ќе ги санкционира предавниците кои ќе мора се соочат и со сопствената кривична одговорност!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА