Почитувани,
Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на ИНСТАТ со која на сите државјани на Албанија им се дава можноста да се изјаснат за етничката и верска припадност на пописот кој ќе се одржи 2020. Ова е чекор напред кој ќе овозможи добивање на реална слика колку наши браќа и сестри Македонци живеат и работат во Тирана, Гора, Голо Брдо, Корча, Пустец и во другите региони во Албанија. Сигурни сме дека со ова ќе падне во вода смешното тврдење на неодговорните Бугарски политичари и негатори на Македонскиот идентитет, кои, злоупотребувајќи го Европскиот Парламент насилно издејствуваа Резолуција со која невистинито се признава постоење Бугарско малцинство во регионот на Гора во Албанија. Истовремено, очекуваме дека после резултатите на пописот во 2020 Албанската Влада и Парламент ќе имаат доволно причини да ја сменат територијалната организација со која на регионот на Голо Брдо и Гора ќе им овозможат да станат посебна Општина, како Пустец, во која исто така живее доминантно Македонско население.
Целосно застануваме зад барањето на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана кое правилно инсистира граѓаните на Албанија на пописот во 2020 да имаат задолжителна обврска да се изјаснат за својата етничка и верска припадност. Со тоа до крај ќе се исправи грешката од претходниот попис во 2011, кој беше бојкотиран од етничките малцинства во Албанија.
НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА Е ШТЕТНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!
Заев, Димитров и Шекеринска уште пред неколку месеци, преку актуелниот Директор на Државниот Завод за статистика почнаа да ја подготвуваат јавноста дека на пописот во 2020 во Македонија граѓаните нема да ја имаат можноста да се изјаснат за нивната верска и етничка припадност. Откако, предавничкото владејачко мнозинство во Македонското Собрание на сила го усвои неуставниот Закон за двојазичност, сега се обидува да ги сокрие реалните проценти. Наместо да се газат Уставот, Деловникот и Законите во Македонија за да се исполнат уцените на Ахмети, Џафери и Османи, актуелната предавничка власт требаше да го прифати нашето барање пред да се отвора прашањето за воведување на двојазичност да се спроведе законски и веродостоен попис, бидејќи тоа е законска обврска.
Сигурни сме дека во 2020 ќе има друга владејачка структура која ќе знае како да ја заштити Татковината!
БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ СО НОВИ ДЕМОКРАТСКИ ПРАВИЛА!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски