Вучиќ: Видете што ни прават Британските агенти, како и на Косово и Македонија….

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи за Косовското прашање на ТВ Пинк, изјави дека Србија не се бори само против Албанците, туку и против повеќе западни земји кои стојат зад Косовската независност, вклучувајќи ја и Велика Британија.

– На Косово се бориме, не против, или само против Албанците или нивните интереси, ние имаме противници и во многу западни земји. Гледајте што прават Британците преку своите агентурни испостави и што правеа пред два дена во Србија, на Косово, во Црна Гора, на северот од Македонија и на други места, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека Србија се бори во речиси невозможни услови за да извлече најмногу што може за својот народ.

– Се што ќе добиеме ќе биде нешто, бидејќи немаме ништо, рече Вучиќ.

Објаснувајќи ја генезата на Косовскиот проблем тој посочи дека постои голема нервоза на Западот и во Приштина, но и во Белград, каде некои очекуваа потполен колапс на политиката кон Косово.

– Мислите дека не знамеме кој се се состанува на северно Косово, дека нашите служби ништо не работат? Се активираат оние на кои имаме заборавено, политичари од пред 20 години и соработуваат со странските служби. Сакаат да не се дојде до решение за Косово, потенцира Вучиќ на госувањето на ТВ Пинк.

Тој додаде дека „нема да го прифати она што беше во Македонија и дека на народот ќе му биде преставен план за Косово, онаков каков што е и народот ќе го даде својот одговор.“

Говорејќи за НАТО, Вучиќ изјави дека некои повеќе го сакаат присуството на НАТО отколку на српската војска.

– Нема Србија да ја влечат за уши, ниту САД, ниту ЕУ, ниту, пак, било кој што потпаѓа под нивен интерес, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека Америка првпат покажала желба за решавање на Косовскиот проблем.

– Не мислам дека е лесно, но сакаат да се постигне мир за разлика од некои други за кои не верувам дека го сакаат тоа. Без светот ние проблемот околу Косово нема да го решиме, оцени српскиот претседател.