Прва седница на новиот состав на ДИК

Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи првата седница.

Новите членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 25 јули годинава од Собранието на РМ се: Оливер Дерковски – претседател, Дитмире Шеху – потпретседателка и членови: Елизабета Постоловска, Јанакие Витановски, Борис Кондарко, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

ДИК треба да  го спроведе референдумот за името Договорот со Грција што Собранието го распиша на 30 септември годинава.

Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со Изборниот законик и врши надзор над работата на изборните органи.