Членовите на ДИК дадоа свечени изјави пред спикерот Џафери

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

Претседателот на Комисијата Дерковски во изјавата за медиуми кажа дека како ДИК почитувајќи ги законите и Уставот на РМ ќе постапат и ќе направат се што е во нивна надлежност за да успее организирањето на референдумот.
– Денес ја дадовме свечената изјава и со тоа го означивме почетокот на работата на ДИК. Очекуваме  Собранието исто така, да донесе значајни одлуки за работата на ДИК. Доколку се заврши се како што треба, го гледате составот, се се тоа искусни луѓе, од кои повеќето претходно веќе биле и членови на ДИК, така што сметам дека за главната задача ќе ја договориме пред се почитувајќи ги законите и Уставот на РМ, рече Дерковски. Се заложи дека ќе работат јавно и транспаретно.
Во однос на Избирачкиот соисок кажа дека тоа е континуирана активност на ДИК и рече дека новоизбраните членови на Комисијата ќе дадат дополнителен придонес за да се расчистат дилемите околу списокот.
Се очекува наскоро да биде закажана и конститутивна седница на ДИК.