Почитувани,
Зоран Заев и неговата немакедонска Влада мака мачат да ја продадат приказната во Македонската јавност дека благодарение на нивното велепредавство експресно ќе влеземе во ЕУ и НАТО Алијансата. Арно ама, пустите уценети се и немаат избор, мораат да тераат до крај. За нив не постои ниту Устав, ниту Закон, само борба за гола власт и опстанок! Принудени се да се обидат да го истуркаат нивното велепредавство со фалсификување на волјата на Македонскиот народ. Ама, НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ! Македонскиот народ го одби нивниот кукавички чин, реалноста, со надеж дека ќе успеат да го оправдаат нивниот кукавичлак дома.
НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
Не постои поголемо политичко лицемерие од тоа Заев да се колне во народот, а притоа да прави се’ да ја фалсификуваат неговата волја. Срамно, дрско и кукавички!
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!
Зоран Заев, знае дека Македонскиот народ никогаш нема да го одобри неговото велепредавство. Македонскиот народ веќе го одби договорот!
Македонската Алијанса ги повикува граѓаните на Татковината да не потпаѓаат на пропагандата на актуелната Влада и да не дозволат на перфиден и кукавички начин Зоран Заев да го фалсификува референдумот. Ние не сакаме обезличување и не сме како Заев кој повеќе би сакал да е Грк или Бугарин отколку Македонец! Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја и секогаш опстанал. Македонија била, е и ќе остане Македонија! Тоа никој не може да ни го одземе
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ МУ СУДИ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСААЛИЈАНСА