Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, акредитивните писма ќе ги прими од Рејчел Галовеј, новоименуван амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија и од Абдулмомен бин Мохамед Шараф, новоименуван амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана.