СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веќе нема изговори за антидржавното однесување – да го поддржи референдумот

СДСМ како одговорна и државотоврна партија остана доследна и ги поддржа договорените измени на потребните закони со што се надминаа сите пречки за огранизирање и одржување на референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за Договорот со Грција.

Парламентарното мнозинство заедно со опозицијата ги изгласа промените на Изборниот законик, Законот за Влада и Законот за финансирање на политички партии. Со усвоените измени се спроведуваат сите барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат изговори за антидржавното однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега треба да покажат одговорност и сериозност, да го поддржат референдумот за македонската иднина и да им дозволат на граѓаните да одлучуваат.

Никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните, сами, слободно и без притисоци на референдум ќе одлучат за сопствената и за иднината на државата. Граѓаните ќе го искористат највисокиот демократски инструмент, граѓаните ќе одлучат за ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција.