Единствените кои ја кочат Македонија и ја загрозуваат иднината на граѓаните се Зоран Заев и криминалниот картел на СДСМ.
Тие зад превезот на штетниот договор со Грција вршат беспоштеден грабеж на државата. Само во случајот со криминалната поделба на Фондот за иновации и Крвавиот тендер на министерството за здравство се фатени на дело како крадат 45 милиони евра народни пари.
За овој криминал и за стотиците други случаи на скандалозни, матни и криминални зделки на оваа власт многу скоро ќе има и одговорност.
Доколку мислат дека го имаат судството и обвинителството во свои раце, па ќе ги ослободува, како во случајот со градоначалникот на Ново Село, Боро „Марлборо“ Стојчев, многу се лажат.
Оваа ненародна власт ќе падне, народот и Македонија ќе победат, а судството ќе се ослободи од канџите на Заев и СДСМ и за секој криминал оваа власт ќе плати и ќе одговара.