Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на промоцијата на идниот Гувернер на Флорида, Рон Десантис

Почитувани,

Вчера, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја имаше честа да биде дел од свечената промоција на кандидатурата на неговиот долгогодишен пријател и соработник, Конгресменот Рон Десантис за Гувернер на Флорида, САД. Неговото присуство на овој исклучителен настан, е своевидно признание за придонесот кој тој го дава во кампањата на идниот Гувернер на Флорида.

Како Конгресмен, Рон Десантис беше член на Комитетите за надворешна политика, за надзор и владини реформи на Американскиот Конгрес и претседаваше со Поткомитетот за Национална безбедност на САД во чија надлежност е надзорот врз Државните ресори за надворешни работи, одбрана и безбедност, како и контрола врз УСАИД.

Во името на 45-от претседател на САД, Доналд Трамп, на промоцијата на кандидатурата на идниот Гувернер на Флорида, Рон Десантис, присуствуваше и се обрати неговиот син, Доналд Јуниор Трамп.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да размени мислења за повеќе актуелни политички случувања во Светот со повеќе високи функционери на Републиканската партија. Исто така Атанасоски на двајцата свои пријатели, Десантис и Трамп им ја подари последната негова книга „Македонска Империја“.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој веќе со децении води успешен бизнис во САД, како политичар кој има трајни врски со Републиканската партија, со несмален интензитет ќе продолжи и понатаму да ја користи својата професионална позиција за лобирање за стратешките интереси на Македонија и Македонскиот народ.

 

                                                                                                                                     Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА