Заев: Утре нова лидерска, однесувањето на Мицкоски неодговорно

Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјејктки и граѓаните на Македонија, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во клубот на пратениците.

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

– Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцира Заев.