СДСМ: Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да им го ускрати правото на граѓаните да одлучуваат

Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да им го ускрати правото на граѓаните да одлучуваат, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина

ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија со што во прашање го доведува одржувањето референдум за иднината на државата. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ 10 години во секој јавен настап, во секоја изборна програма тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со името. Денес, кога постои Конечен договор, кога реферндумот е извесен, ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин бега од обврската за референдум.

На ВМРО-ДПМНЕ очигледно не му се важни интересите на граѓаните, ниту му е важна иднината на државата. Единствената политичка мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е амнестија на криминалот на врвот на нивната партија и судбината на Никола Груевски.

СДСМ како одговорна и државотворна партија има обврска пред граѓаните да ја обезбеди иднината на Македонија. Никој не смее и никој нема да им го ускрати правото на граѓаните на референдум, слободно да одлучат за својата иднина.

Им се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да остане заложник на нивниот криминал. Граѓаните ќе го кажат последниот збор на референдум, ќе кажат ДА за македонската иднина и влез во ЕУ и НАТО.