Заменик-помошникот државен секретар на САД, Пит Мароко, денеска во Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на САД и шеф на Бирото за конфликти и операции за стабилизација, Пит Мароко, денеска престојува во Македонија во рамки на неговата турнеја низ земјите од Балканот.

Мароко попладнево ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а се очекува да разговара и со претставници на Владата.

Како што соопшти Стејт департментот, Мароко е во посета на Западен Балкан со цел да го покаже континуираниот ангажман на Бирото во регионот како врвен приоритет.

Регионалните иницијативи за справување со насилниот екстремизам и напорите за зајакнување на меѓурелигискиот дијалог на Западен Балкан ќе бидат темите на кои Мароко ќе разговата со претставниците на властите на државите кои ќе ги посети.

Мароко исто така ќе даде и силна поддршка за членството на овие земји во ЕУ.

Покрај Македонија, балканската турнеја на Пит Марко ги опфаќа и Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *