Дводневен филмски фестивал во Прилеп

Во кино „Мис Стон“ во Прилеп денеска и утре ќе се одржува вториот филмски фестивал „Winter Apricots“. Отворањето е вечер во 20 часот.

– Независниот филмски фестивал како и претходната година ќе понуди богата и квалитетна програма. Десет интернационални кратки филмови меѓу кои и еден македонски ќе се борат за наградите за кои ќе одлучува интернационално жири. И годинава фестивалот ќе понуди богата придружна програма, работилници и завршна церемонија, соопшти Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.