Триесеттата „Поетска ноќ во Велестово“ посветена на најновата македонска поезија

Јубилејната 30-та „Поетска ноќ во Велестово“, годинава со скратена програма, ќе со одржи на 20-ти и 21 јули на локации во Велестово и Охрид и ќе биде посветена на најновата македонска поезија.

Манифестацијата ќе почне  в петок од 21 часот пред чешмата во Велестово. На вечерната програма ќе настапат шест поети: Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Елизабета Баковска, Николина Андова Шопова. Ѓоко Здравески и Исток Улчар.

Во тремот на црквата „Успение на Света Богородица“ ќе биде отворена изложба „15 години – Арт поинт гумно“ со дела на уметници од светот.

Во сабота, 21 јули, во кафе-бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи поетскиот настан „Имам нешто да ти кажам“.

Во соработка со Фондација „Славко Јаневски“, во рамки на годинашната манифестација  в сабота во куќата „Уранија“ во Охрид од 20 часот ќе биде претставен романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година.

По повод јубилејот ќе биде објавена книгата „Гласови на новиот век – панорама на поновата македонска поезија“ и јубилејното гласило на манифестацијата, а во подготовка е монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“ која ќе биде промовирана следниот месец.

Од годинашната програма изостанало планираното гостување на пет хрватски поети и издавање книга посветена на современата хрватска поезија бидејќи, како што наведува организаторот, манифестацијата оваа година не добила поддршка од Министерството за култура.

Од таа причина нема да се одржи ниту ноќта посветена на македонската хаику поезија, гостување на организатори на сродни манифестации од Европа и настап на претходни учесници