Демократскиот сојуз инсистира на целосно расчистување на информациите (сериозни индиции) презентирани во јавноста, дека во депонијата „Дрисла” во близина на Драчево, се уништувал радиоактивен отпад.
Се работи за скандал со можни сериозни последици по здравјето на граѓаните и трајно загадување на животната средина.
Надлежните државни институции мораат најитно да реагираат и доколку се потврдат првичните информации да се преземат мерки за заштита на граѓаните и покрене постапка за одговорност на инволвираните во овој криминал.
Во Дрисла не може и не смее да се складира или уништува радиоактивен отпад.
Ја поздравуваме транспарентноста на градоначалникот на Скопје, кој ги сподели овие загрижувачки информации со јавноста.