Почитувани,
Македонската Алијанса ги повикува Заев, Димитров и Шекеринска да ги коментираат резултатите од расположението на Грците од последната анкета направена за потребите на весникот „Етнос“.
Не може да се прават наудрени на податоци дека 58% од Грците го оценуваат Договорот Заев – Ципрас за негативен, 56% сметаат дека не треба да се ратификува, 40% очекуваат кога „Нова Демократија“ ќе стане власт да го поништи, 18% ја поддржуваат идејата на радикалната „Златна Зора“ дека војската треба да го уапси Грчкото политичко раководство и 42% ги сметаат за предавници сите оние кои ги поддржуваат овој Договор.
Овие податоци се поразителни! Ова е потврда дека и покрај согласноста на немакедонската Влада да го смени Уставното име и преамбулата, да дозволи секој да избира дали ќе не ословува како „северномакедонци“, да ја ревидира историјата и учебниците, да им признае на Грците дека се ексклузивни наследници на Александар Македонски, да се забрани било каква употреба на древниот симбол Сонцето од Кутлеш во Македонија, да се сменат називите на сите Државни институции и откажување од нашите браќа и сестри во Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Голо Брдо и Гора, нема никакви гаранции дека официјална Атина во блиска иднина ќе го почитува Договорот. Впрочем, имаме едно искуство со Времената Спогодба, за чие непочитување Грција е осудена од Хашкиот Суд. Значи, Заев, Димитров и Шекеринска ги прифатија сите уцени од Грчка страна а неизвесноста за ЕУ и НАТО Алијансата продолжува.
НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА НЕ ЛАЖАТ! БАРАМЕ ОСТАВКА ОД НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА!
Изродите на Македонскиот народ се обидуваат своето велепредавство да го претстават како триумф! Лажат дека заради нивниот кукавички чин експресно ќе се интегрираме во ЕУ и НАТО Алијансата. Упорно молчат за очигледната неизвесност пред која е исправена Татковината. Македонскиот народ нема да наседне и да излезе на референдум на кој ќе се обидат да ја фалсификуваат неговата воља. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да се согласат на воведување на една изборна единица со отворени листи и формирање на техничка Влада за спроведување на изборите која ќе ја води искрен патриот и Македонец од Дијаспората кој не бил претходно дел од срамните политички пазари на штета на Татковината! Време е за предвремени парламентарни избори на кои Македонскиот народ прво политички ќе ги казни предавниците, па потоа Специјално Обвинителство ќе се занимава со нивната кривична одговорност!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА