Министертот Шапуриќ во посета на Гевгелија

Минстерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ вчера беше во посета на Општина Гевегелија. Во рамките на посетатата тој имаше средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, со кого разговараше за проектите кои ќе ги реализира општината во наредната година како и за поддршката на Владата з а локалната самоуправа во функција на рамномерен регионален развој.

Министерот Шапуриќ, како што соопшти неговиот кабинет, ги посети и компаниите во општината Гевгелија, ДИЕМ – ГП и Випро, каде во разговорите со менаџментот беше информиран за работењето на овие две компании, а тој ги запозна со мерките на Владата за подршка на домашните инвестиции. При посетата на овие две компании Шапуриќ беше придружуван од Јане Станкоски, Директор на Инспекторат за земјоделство