Во Собранието на Република Македнија за денеска се закажани седници на четири собраниски комисии.
Законодавно-правната комисија во второ читање ќе ги разгледува предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, за изменување на Законот за безбедност на производите, за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, како и измените на Законот за заштита на потрошувачите.
На седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците има една точка на дневниот ред – Предлог-законот за изменување на Законот за пратеници во второ читање.
Комисијата за економски прашања ќе ги разгледува Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на производите, Предлог-закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали и Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите, сите во второ читање.
На дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија се два предлог-закона во второ читање – за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај и за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.