Коѕијас: За Договорот има мнозинство пратеници во Парламентот

За Договорот постои мнозинство пратеници во Парламентот, според она што самите го имаат изјавено, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Сто Кокино“ и одби да ги коментира ставовите на коалициониот партнер во владата, Панос Каменос.

– Немам никаква намера да го коментирам Каменос, не е во моја надлежност. Договорот е многу добар, не отстапува национален суверенитет за да се поставуваат како предуслов 180 гласови во Парламентот. Каменос ги знае овие работи и прави политички избор, рече шефот на грчката дипломатија во интервјуто.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас, говорејќи за решението меѓу Македонија и Грција рече дека не било постигнато само за нашата земја да влезе во ЕУ и НАТО, туку затоа што е национално корисно и за Грција.

– Ние го решивме проблемот затоа што сметаме дека е национално корисно, независно дали постои ЕУ и НАТО, корисно е да ги решаваме проблемите што не држат „заробени“ во историјата, за да можеме заедно со народите да гледаме кон иднината. Имаме две опции. Кои се нашите опции? Сакаме на север да имаме пријатели или непријатели? Второ: Сметаме дека проблемите што ги имаме со пријателите на север се од поголема и посилна геополитичка и геостратешка важност од оние со Турција? Да ги решиме проблемите со Турција и да ги концентрираме нашите сили кон Скопје или да ги решиме проблемите со Скопје и да ги концентрираме нашите сили кон она што веќе над еден век се нарекува „источно прашање“?, рече Коѕијас во интервјуто.

Шефот на грчката дипломатија објасни дека на почетокот на преговорите, според истражувањата на јавното мислење „непријателите на Договорот“ биле 80 проценти и повеќе, а сега мнозинството од граѓаните го поддржува решението