Соопштение за јавност за одлуката на Советот на Министри на ЕУ

Почитувани,

Паднаа во вода најсилните адути со кои Заев, Димитров и Шекеринска се обидуваа да го одбранат своето велепредавство на Татковината. Нивните ветувања дека заради нивниот кукавички чин Европската Унија ќе не чести брз и кристално чист датум за отпочнување на преговори биле лажни. Немакедонската Влада со договорите со Бугарија и Грција буквално предаде се’ што претставува историска придобивка за Македонија и Македонскиот народ, а Советот на министри на Европската Унија ни испорача дипломатски шок! Одлуката за старт на преговорите се одложува за јуни 2019, и тоа услов не е само исполнување на кукавичкиот договор за името, туку и реформите во јавната администрација, судските реформи, борба против корупција и реформа на разузнавачките служби. Уште повеќе, во јуни 2019 година, извесно е дека во Грција на власт ќе биде Нова Демократија, чиј лидер Кирјакос Мицотакис јавно ветува дека кога ќе стане Грчки Премиер ќе го ревидира договорот за името.  Јасно е како бел ден дека Заев, Димитров и Шекеринска немаат никакви гаранции дека и по некое чудо да го спроведат своето велепредавство, Грција нема никаква намера тоа да го есапи. За жал, не се учат лекциите од минатото. Така беше и со Времената Спогодба од 1995 година, заради чие непочитување со против правното вето на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога Костас Караманлис и Дора Бакојани се спротиставија на интересите на САД, Грција е осудена земја од Меѓународниот Суд на правдата во Хаг.  За жал, оваа предавничка Влада се откажува од најсилните аргументи со кои битката за Уставното име можеше да ја води во ООН, наместо да прави велепредавство.

БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

Наместо да се обидува да ја фалсификува вољата на Македонскиот народ на некаков квази референдум, немакедонската Влада треба веднаш да си даде оставка. Да не се лаже дека условениот датум после една година за отпочнување на преговори со ЕУ ќе го претставува како успех. Ние немаме намера да се ситиме на неуспесите на Татковината, туку единствено ја лоцираме одговорноста за тоа што Македонија е клекната на колена. Сега е време да се создадат сите неопходни услови за фер и демократски предвремени парламентарни избори, на кои Македонскиот народ ќе се ослободи од изродите кои за своето предавство ќе мора да се соочат со сопствената одговорност.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА