Македонија се соочува со национална катастрофа и на политички и на национален план заради антидржавните политики на Зоран Коте Заев.
Највисоките национални интереси се загрозени со капитулантскиот и срамен договор со Грција, а истовремено расипничката власт економски ја цеди државата и граѓаните.
Македонската економија е на дното поради катастрофалните политики кои ги води криминалниот картел на власт и Зоран Заев.
СДСМ од јануари до мај годинава реализира едвај 14 проценти од капиталните инвестиции планирани за целата година, што претставува најниско ниво и ја отсликува безидејноста и неспособноста на власта. На сметка на ова картелот на власт пред само една недела ги задолжи државата и граѓаните за нови 7.1 милион евра со годишна камата од три отсто. Ова значи дека граѓаните од сопствен џеб ќе мораат да вратат 10.3 милиони евра за расипничкото задолжување на Зоран Заев.
Слабата реализација на капитални инвестиции ги влече надолу и градежништвото кое е главна движечка гранка на македонската економија. Државниот завод за статистика само во првите три месеци бележи пад на градежништвото од неверојатни 37 отсто. Овој пад во градежништвото се случи само поради тоа што криминалниот картел на власт ги сопре клучните инфраструктурни проекти кои пак се од стратешко значење на државата, а се започнати од време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Република Македонија за прв пат во нејзиното постоење бележи јавен долг од над 5 милијарди евра, додека државниот долг надмина четири милијарди евра.
Неспособноста да обезбеди подобар стандард за граѓаните и нагонот расипнички и криминално да се трошат народните пари, Зоран Коте Заев се обидува да го компензира со трговија со националните интереси.
Зоран Коте Заев отстапи од сите национални позиции кои ги бранеле претходните влади и политичари без разлика на нивната партиска определба. Зоран Коте Заев склучи неуставен, капитулантски договор и се откажа од вековното име Македонија ставајќи ги на лицитација и јазикот и националноста и културата и историјата. Зоран Коте Заев ги прифати грчките максималистички позиции согласувајќи се да го прекине континуитетот на македонската држава. Зоран Коте Заев се откажа од името Република Маледонија.
Затоа Зоран Коте Заев мора да сноси одговорност. Зоран Коте Заев и неговите антидржавни политики мора да бидат поразени. Македонија ќе победи. Граѓаните заслужуваат подобро.