СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана, надвор од ЕУ и НАТО?

ВМРО-ДПМНЕ со денови наназад се служи со измислици, невистини и лажни вести за постигнатиот историски Договор со кој се решава 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу.

По таквото антидржавничко однесување, логично се поставува прашањето дали во ВМРО-ДПМНЕ постои елементарно непознавање или се работи за намерна деструкција со цел Македонија да остане изолирана држава, надвор од интегративните порцеси?

Постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција решава еден од основните предуслови за интеграција на Македонија во ЕУ, а тоа се добрососедските односи. Тоа влијае на стабилност на целиот регион.

Наспроти лажните наводи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, конечниот Договор го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност. Истовремено со него ширум се отвораат европските перспективи, Македонија е пред историска шанса од добивање датум за преговри со ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ има намера и суштински, а не само декларативно да работи за интересите на граѓаните и државата, тогаш ќе го поддржи овој историски договор и ќе каже ДА за македонската иднина. Во спротивно, опозициската партија покажува дека нема капацитет да ги надмине погубните политики на поделби, конфликт и изолации, политики што беа силно поразени од граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *