ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПОЛ ПОГБА

Францускиот репрезентативец во дресот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, направи извонреден гест поканувајќи го официјално 9-годишниот Јане Велковски да го следи натпреварот Манчестер Ј. – Севиља кој во рамките на осминафиналето од ЛШ ќе се игра на “Олд Трафорд”.

Велковски болува од церебрална парализа а срцата на фудбалските фанови ги освои како дел од кампањата на УЕФА, “Еднакви на терен”. Во таа прилика Погба му испрати порака на Јане во која му порача “Јане ќе се видиме наскоро”

И навистина, наскоро Јане ја доби пораката и официјалната покана, па во февруари  ќе биде дел од спектаклот на “Олд Трафорд”.