Министрите, замениците-министри, државните секретари и генералниот секретар ќе достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите, одлучи Владата на денешната седница.
Одлуката е во согласност со начелото на Владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства, соопшти владината прес-служба.
Практиката да се доставуваат службените трошоци во блиска иднина ќе се однесува и на сите останатите носители на јавни функции.
Со оваа одлука Владата го задолжи Секторот за односи со јавност во Владата на РМ, да изработи софтверско решение за прикажување и визуализација на службените трошоци и истото да го постави на официјалниот сајт на Владa на Република Македонија.