Добитник на овогодинешната награда на Мисијата на Европската комисија „Жан Моне“ за 2017 за најдобра новинарска сторија е Александар Манасиев од емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизијата „Телма“.
Тој ја доби наградата за серијалот истражувачки стории за состојбите во Академијата за судии и јавни обвинители.
Ѓорѓи Личовски, фоторепортерот на Сакамдакажам.мк, ја освои наградата за 2017 за најдобра професионална фотографија, за снимката на рибарите на Дојранското Езеро.
За аматерска фотографија награда доби Дајана Лазаревска.
„Жан Моне“ годинава беше на тема „ЕУ за тебе“, а за признанието се доделува и парична награда од 1.000 евра.
Наградите ги додели амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.