Писмена реакција за постапката за ратификација во Македонското Собрание

Почитувани,

 

Актуелната владејачка коалиција реди кукавички чекори и продолжува да го потценува Македонскиот народ. Ако е толку добар договорот на Заев, Димитров и Шекеринска зошто сакаат шверцерски да го протуркаат во Македонското Собрание? Пратениците на владејачкото мнозинство треба да бидат свесни дека преземаат многу тешко бреме. За воља на вистината после насмеаните селфи фотографии со Ципрас и Коsијас, не ни очекувавме дека ќе постапуваат поинаку! Ама, да бидат сигурни дека ќе дојде денот кога ќе стана свесни дека заради нивните  постапки ќе ги пече совеста цел живот! Затоа што решија да го одработат и спроведат на дело она што им го зготвија изродите на Македонскиот народ!

 

Денес добивме уште една потврда дека оваа предавничка власт е подготвена на се’. За нив не постои ниту Устав ниту закон, ниту деловник. Смеејќи и со сликање продадоа се што е свето Македонско. Бидејќи се уценети ќе се обидат до крај да го завршат вепредавството. Тргнаа така, на ист начин продолжуваат. Ќе се дрзнат да ја фалсификуваат вољата на Македонскиот народ! Затоа, нема потреба од референдум! Непосредно изјаснување на Македонскиот народ имаше логика само ако се одлучуваше за судбината на преговорите пред овој предавнички договор на Заев, Димитров и Шекеринска! Бидејќи си имаме работа со немакедонци, од нив не може да се ослободиме со референдум!

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Заев, Димитров и Шекеринска, можат да потпишат и да се согласат единствено промена на нивните лични и имињата на нивните деца. Договорот на Заев и Ципрас нема никаква правна важност за Македонскиот народ. Македонија била, е и ќе остане Македонија!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА