Писмена реакција за преговорите за името

Почитувани,

 

Во врска со вчерашната објава дека Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнале согласност да потпишат договор за решавање на името во Егејска Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Актуелната Влада на Заев, Димитров и Шекеринска доби и официјален печат дека е кукавичка и предавничка! Овие лица избраа да бидат запишани на црната страна на поновата Македонска историја. Ќе мора да живеат со тоа, но и со фактот дека Специјално Обвинителство во блиска иднина ќе се занимава со нивната кривична одговорност за велепредавство. Не постои подлабоко морално и политичко дно да ги прифатиш сите уцени од Грчка страна и тоа да се обидеш на сопствениот Македонски народ да го претставиш како триумф и невидено херојство. Тоа е потценување на сопствениот народ! Распродажбата на вековното име Македонија, прифаќањето на нешто што никој во изминативе 26 години не го прифатил има само еден назив – ПРЕДАВСТВО на Македонскиот народ!

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Заев, Димитров и Шекеринска престанете да лажете дека сте го зачувале Македонскиот идентитет. Покажете го договорот кој сакате да го потпишете! Договорот не ја обврзува Грција да го признае Македонскиот народ туку само државјанството. Точно ли е дека Грција го задржува правото да го нарекува Македонскиот народ како што сака и дека за нив Северна Македонија ќе биде без англиски превод? Сте се нафатиле ли да ја менувате преамбулата? Сте се согласиле ли дека спомениците на Филип и Александар Македонски се Грчки и тоа официјално ќе го обележите? Конечно, како ќе им погледнете во очи на Македонците од Егејска Македонија од кои се откажавте?

 

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ АЈДЕ СИТЕ НА НОЗЕ! САКАМЕ ВО ЕУ И НАТО НО НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА!

 

Заев, Димитров и Шекеринска може да си ги сменат само своите и имињата на нивните деца. И тие ако се уценети и принудени нека си станат „Северни“ а најсоодветно на нивниот кукавичлук би им било да си станат „Грчки“. Нивните потписи на некаков договор нема да имаат никаква правна важност!  Единствен суверен владетел на светото Македонско име и идентитет е Македонскиот народ и никој друг! Македонскиот народ никогаш нема да се согласи на обезличување!

 

РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН! ПРОМЕНА НА ИМЕТО НЕМА ДА ИМА!

 

Нека не се лажат Заев, Димитров и Шекеринска дека можат да ја изманипулираат обврската за референдум со закажување на консултативен наместо задолжителен референдум. Македонската Алијанса е подготвена да ги собере сите потребни потписи за одржување задолжителен референдум !

 

 

 

                                                                                   МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                            Претседател,

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски