Наместо да се извини за сите штети што ВМРО-ДПМНЕ му ги нанесе на Куманово, Христијан Мицкоски продолжува со политиките на Никола Груевски.
Мицкоски продолжува со своето лицемерно однесување со што ги потценува граѓаните на Куманово и Македонија.
Токму партијата на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја пустошеше државата, ги осиромашуваше граѓаните, а тоа беше најизразено токму во Куманово. 11 години Куманово беше заборавено од тогашната централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која ги игнорираше потребите на граѓаните на Куманово. ВМРО-ДПМНЕ за цели 11 години не само што не вложија денар во Куманово, туку на секаков начин се обидуваа да вршат опструкции во функцинирањето на локалната власт, само затоа што беше предводена од СДСМ.
При посетата на Куманово, Мицкоски пропушти шанса да им се извини на граѓаните на Куманово за сите штети што неговата партија им ги нанесе на оваа општина. Наместо тоа, Мицкоски продолжи да ги лаже граѓаните на Куманово, исто како што тоа го правеше неговиот претходник Никола Груевски. Со таквиот однос, Мицкоски уште еднаш покажа дека прецизно ги следи политиките на Груевски коишто неколкупати беа силно поразени од граѓаните.