И Прекопуца и Урумов од ДИК поднесоа оставки

Потпретседателот на ДИК Реџеп Прекопуца и членот на ДИК Атанас Урумов попладнево поднеле барање за предвремен престанок на мандатот, потврдија од Комисијата.

Претходно денеска оставка поднесе и членот предложен од ДУИ Субхи Јакупи.

Вчера оставки поднесоа претседателот Александар Чичаковски, и челновите на ДИК предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Оставките следуваат откако во јавноста беше обелоденето дека ќленовите на ДИК си поделиле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси.

Мандатот на овој состав на ДИК завршува во 2020 година, а започна по склучувањето на Пржинскиот договор.