Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На Комисијата за образование, наука и спорт пратениците во прво читање ќе го разгледаат предлогот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење како и предлогот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратениците ќе го разгледаат годишениот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година, а во прво читање ќе дискутираат за изменување на Законот за инспекциски надзор.