Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести, јави дописничката на МИА од Атина.
За разлика од протестот во Атина пред четири месеци, кога Грчката православна црква го поддржа собирот и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести.
– Позицијата на црквата е цврста и тоа го кажуваме и пак го кажуваме и го повторуваме. Црквата рече: името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме. Моите ставови се дека со овие прашања не се соочуваме со протести, со викање итн. Одговорен е Парламентот, ќе одлучи, ќе преземе одговорност и уште нешто Парламентот не е сам, се гласа од народот, рече Јеронимос одговарајќи на новинарски прашања по посетата на еколошки центар за предучилишно образование.