Министрите за финансии и за информатичко општество и администрација Драган Тевдовски и Дамјан Манчевски утре и задутре во Париз, ќе учествуваат на СИГМА министерската конференција насловена „Добро деловно јавно управување, сервис за граѓаните и бизнисите“.
Меѓународната конференција, на која ќе учествуваат претставници од 18 партнерски земји, е во знакот и на одбележувањето на 25 – годишнината од СИГМА програмата, која, како што наведуваат во соопштението од владината прс-служба, претставува успешно долгорочно партнерство помеѓу Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската унија, кои се и организатори на истата.
СИГМА-програмата што е фокусирана на јакнењето на јавниот менаџмент соработува со земјите кандидати за членство во ЕУ и потенцијалните кандидати, како и со европските соседски земји.
Главни цели на состанокот на министрите за финансии и јавна администрација е поддршката на економските реформи преку доброто јавно управување со создавање на конкурентна и бизнис-пријателска средина и преку подобрувањето на јавните услуги и подобрувањето на владеењето на правото.
На конференцијата како дел од владината делегација, учествува и генералниот секретар на Владата на РМ Драги Рашковски