ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ, СЕСТРА МУ ВИОЛЕТА И БРАТ МУ ЈОСИФ (15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личности од дедо прадедо до денешни дни со семејството на Џорџ, неговиот брат Јосиф и сестра му  Виолета. Инаку, бизнисмени како Јосиф и Џорџ Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Синот на Џорџ-Никола, пак,  е вистинска замена во бизнисот. Тој како и татко му е растргнат и живее во двете татковини, во САД и во Република Македонија.

Семејството Атанасоски, односно Јосиф и Џорџ се сметаат за едни од најбогатите Македонци во дијаспората. Тајната на нивниот успех не е само во завршената школска наобразба, туку во конструкторскиот ген што му го вградило неговото семејство во Прилепско, како последица дека потекнуваат од земја која пред илјада години на светот му дала писменост и култура, кога не постоела Америка.

Прв впечаток од средбите со Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е скромноста која зрачи од неговата личност, педантноста и стилот на човек од бизнисот. Не од оној, на кој сме навикнале кај нас, на Балканот – занаетчискиот, туку светскиот, планетарниот бизнис. Тоа е од една друга галаксија, до која се доаѓа на специфичен начин, со способност за висок менаџмент, за иновации кои отвораат нови простори и шанси за големи пазари.

Таквите луѓе како бизнисменот Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Моите средби со Џорџ во САД и во Македонија ги доживеав на начин на кој не те остава рамнодушен, зашто таквите средби се инспиративни и поттикнувачки во откривањето на нивната смисла и суштина. Мајката природа го изделкала неговиот дух до степен кој му овозможил да дојде до израз во било која поразвиена западна цивилизација.

Во разговите Ѓорѓи и Јосиф како сопственици на „Мајкрофлекс инкорпорацијата“ го велат следното: „Наша цел е за нашите клиенти да обезбедиме високо-квалитетни производи, одличен сервис, брза и ефикасна испорака, односно нивно минимално задржување во магацините на фабриката. Воведувањето на иновации и усовршувањето на системот за подигање и транспорт на производите, е исто така, наша перманентна грижа.

Со еден збор, филозофијата на Компанијата е постојано да го усовршува сервисот, производството и флексибилноста кон клиентите, да одговара брзо на нивните барања, зашто ние постоиме за нив, а не тие за нас. Затоа сензорите на „Мајкрофлекс“ се високо издигнати за да ги фатат на време пораките, предлозите и барањата на нашите ценети потрошувачи“.

Исто така, во хотелот „Сонце ГА“ во Прилеп, имав прилика неколку пати да се сретнам со синот на Џорџ, Никола – Џорџ Атанасоски. Тој е синот кој тргнал по стапките на својот татко Џорџ и дошол во Македонија да живее, да се школува и да ги рашири корените на семејството Атанасоски. Овој млад Американец и натурализиран Македонец, покрај англискиот, добро зборува македонски јазик.

Но, и тој какои татко му е растргнат и живее во двете татковини, во САД и во Република Македонија. Средбите со него беа пријателски, присни како со млад Американец кој се адаптирал на прилепските услови и се чувствува удобно, релаксирано, прилепски како да се родил во Марул. Во разговорите кај него се чувствуваа големата почит и силните емоции кон својот татко – Џорџ.

Така, во последната средба за својот татко, меѓу другото, ми рече:

Како татко и сопруг Џорџ е многу добар. Иако тој е шеф тој, сепак, се враќал дома кај мајка ми, со уље до лактите, по долг ден во фабриката. Тој е шеф кој не се плаши да ги извалка рацете за да се заврши работата. Ми има кажувано многу инспиративни животни приказни и ме научи на многу животни лекции кои ги користам буквално секој ден; се надевам дека еден ден ќе ги следам неговите стапки и ќе бидам исто толку добар човек како што е тој.

Да се овозможи вработување за толку голем број луѓе не само во САД, туку, исто така, и во Македонија, како што прави тој, од несебичната желба за подобрување на Македонија и за благосостојбата на Македонците е навистина инспиративно и јас се обидувам да го имам тоа предвид секој ден – да се обидувам да станам подобра личност. За мене тој е најбрилијантниот човек што некогаш сум го сретнал и тој секогаш е голем татко и има големо влијание врз мене, и мило ми е што сум доволно среќен што тој ми е татко.”

Исто така, младиот Никола ме информира дека неговата мајка Кристина Силвија Атанасоски (родена Нинковиќ) била родена на 6.12.1962 година во градот Чикаго, во државата Илиноис. Завршила гимназија, а потоа се запишала на дршавниот колеџ Дејтона, каде се здобила со звање имотен инвентор и стручњак за развој. Таа денес живее во Ормонд Бич и работи како агент за недвижнини. Се омажила и во брак со Џорџ била 15 години, со кои има три деца – Кристифот, Мајкал и Никола.

1gre1999

Семејството на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Кристофер Атанасоски е роден во Дејтона Бич на 09.10. 1985 година. И тој живее во Ормонд Бич, каде завршил гимназијаи а бил на Колеџот Дејтона и работи во „Мајкрофлекс инкорпорацијата“. Тој обожава да лови и рибари, а се занимава и со развој на телото (бодибилдинг).

Мајкал Атанасовски е роден во Дејтона Бич на 27. 12. 1986 година. Тој како и својот постар брат Кристофер завршил гимназија, запишан е на Државниот колеџ Дејтона, а работи во фабриката „Мајкрофлекс“. Тој е вљубеник во скијање на вода, риболов и е многу добар механичар.

Никола Атанасоски е роден исто така во Дејтона Бич на 25.08.1993 година. Тој завршил основно и гимназија во Дејтона Бич, а првите две години ги завршил во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Сега е студент на Државниот колеџ Дејтона. Никола доаѓа со задоволство волетниот период во Прилеп, каде има голем број пријатели и пријателки. Тој се чувствува како да е од Македонија и, како што вели: „Македонија е мојата татковина и мојата љубов“.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски има и син од првиот брак со Љубица Атанасоска Николиќ, родена во с. Гермијан, Битолско. Тој се вика Дејан и е првиот син од четирите машки чеда на Големиот Џорџ. Дејан e роденна 08.10.1974 година во Њујорк, а го завршил своето образование на Универзитетот Ембри Ридл. Тој е женет со Мара, родена Миланоска, на 21 август, 1974 г. со која има две деца, Александра и Филип, а со другата жена Луана има син Антони, роден 1994 година. И тој како и своите браќа работи во фабриката на својот татко Џорџ – Мајкрофлекс инкорпорацијата.

Брат му Јосиф Атанасовски е роден на 14.09.1948 година во Марул и е прво дете на Алексо и Спасија Танасоски, како што ги викале во селото. Учел во Марул и Прилеп, за потоа, на 21 март 1967 година, патиштата да го однесат во САД. Јосиф во САД се оженил со Елен, со која има две деца: Џон роден на 23.02 1975 и Кристина родена на 08.01.1991 година. Џон е оженет со Мишел. Денес Јосиф како пензионер среќно живее со Сузана Петковска.

Сестра му Виолета Атанасоска – Макормак, пак, e родена на 19 август, 1956 година, во с. Марул. Таа е доктор по медицински науки – кардиолог и е директор на одделот за кардиологија во здравствениот медицински центар – Бровард во Форт Лаудердел. Таму живее со својот сопруг, Американец по потекло, адвокатот Томас Ф. Макормак кој е роден на 16 мај, 1960 година. Тие имаат две деца Кристи родена на 16 март, 1999 година и синот Томас роден на 3 ноември, 2000 година.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски – Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Во него е забележано дека Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е роден на 18 февруари (сечко) 1952 година во селото Марул, Прилепско, од татко Алексо и мајка Спасија. Оваа година го слави своето шеесет и шесто лето Господово на неговиот бурен живот, за кој со право се вели дека е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот. Во 1985 година се ожени, а во брак има четири сина. А во неговото потесно семејство се и сестра му Виолета, која е кардиолог во Флорида, а брат му Јосиф е позната и призната личност во бизнисот на американското општество.

Инаку,во 1970 година Џорџ Атанасоски заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, со кого ја почнал својата кариера како инженер вработен на Универзитетот во Њујорк. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија.

Меѓутоа, Големиот Џорџ е препознатлив како најзначаен инвеститор од Македонците во дијаспората кои инвестирале во дедовската земја – Република Македонија. Тој е основач на македонскиот светски неделник „Македонско сонце“, на претпријатијата „Мак ам“, како интернационална компанија, на хотелот со бензинска пумпа „Сонце ГА“ и хотелот „Липа“ во Прилеп, најпатриотската телевизиска станица во Македонија ТВ „Сонце“ во Скопје, „Жито-Прилеп“ во Прилеп, на Такси службата „Сонце“ во Скопје и други инвестиции.

Со тоа Големиот Џорџ се вбројува меѓу економски најуспешните Македонци во светот. Затоа со право се вели дека иако Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски подолго време живее и твори во САД, од своето емигрирање до денес, тој е нераскинливо поврзан со судбината и со настаните во Македонија.

Меѓу другите активности во новата средина во САД, господинот Атанасоски стана член, а подоцна и секретар (1974-1980) на една од најстарите македонски организации во Северна Америка, „Македонската заедница во Њујорк“. Организацијата ја промовираше македонската нација, нејзината историја и култура. За време на работата во „Македонската заедница во Њујорк“, тој ја обедини македонската заедница преку спонзорирање на социокултурни настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, симпозиуми, вечери на поезија, спортски настани и слично.

Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија. Имено, шеф е на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, устав, како и промоција на признавањето на Македонија како суверена држава од страна на земјите во светот.

Паралелно со промовирањето на демократијата во Македонија, во мај (косар) 1992 година, господинот Атанасоски ги фокусираше своите напори за финансиско помагање на „Светскиот македонски конгрес“ (СМК). Оваа асоција е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините организации.

Истата година, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е избран за претседател на „Светскиот македонски конгрес за Северна Америка“, една од највлијателните македонски невладини организации во светот. Неговата работа во СМК резултира со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата на Македонија.

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Атанасоски активно се вклучи во македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во земјава и во светот, при што особено внимание посветува на нивниот економски напредок.

На 24 јуни (жетвар) 1994 година, за да ја назначи важноста и да создаде верба во независните медиуми, тој го кофинансира, организира и етаблира првиот светски македонски неделник „Македонско сонце“, кој успешно опстојува на македонскиот медиумски простор, отворен за секој граѓанин во земјата и во светот.

Како резултат на неговата политичка кариера, на претседателските избори во октомври (листопад) 1994 година, македонскиот бизнисмен Атанасоски се кандидираше за независен кандидат за претседател на Република Македонија.

Беше потребно за исклучително кратко време да обезбеди десет илјади потписи. И кога сè беше завршено во рекордно време, Републичката (државна) изборна комисија, за жал, „констатира“ дека не е обезбеден потребниот број потписи. Аргументираните докажувања не вродија со плод.


1djop12

Ѓ. Атанасоски и С. Катин пред споменикот на Ченто во Прилеп

Исто така, и во 1999 година Атанасоски се кандидира за претседател на Република Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. За жал, од слични причини не успеа да ја реализира својата намера.

Меѓутоа, Атанасоски не ја напушти почнатата патека за доброто на македонскиот народ и за неговата подобра сегашност и иднина. Продолжи со своите активности и како резултат на тоа, во текот на јануари (коложег) 1996 година, поведе иницијатива за формирање на политичката партија „Македонска алијанса“.

Окружниот суд во Скопје, како надлежен за Судскиот регистар на политичките партии, во вонпроцесна постапка, а во согласност со законските одредби, одлучи и донесе решение со кое „Македонската алијанса“ со седиште во Скопје стекнува својство на правно лице и дека може да започне со работа од 22 март (цутар) 1996 година.

Од 1996 година па до денес, господинот Атанасоски е претседател на партијата „Македонска алијанса“. Партијата е регистрирана во Скопје, но има свои ограноци речиси во сите земји во светот, во кои живеат Македонци. Промовирајќи ги своите патриотски ставови, „Македонска алијанса“ стана синоним за националната борба на македонскиот народ. За таа цел, во 1998 година „Македонска алијанса” ја формира „Македонската национална коалиција“, со која учествуваше на парламентарните избори. За жал, партијата не се здоби со пратеник во Собранието на Република Македонија, од веќе добро познатите причини.

Меѓутоа, и покрај сè, „Македонската алијанса“ упорно продолжува со својот амбициозен план за развој на македонската економија, за излез од кризата и за развој на државата. За таа цел, партијата нуди рака за соработка со сите Македонци и малцинства во Република Македонија, за во иднина сите да партиципираат во севкупниот просперитет на државата.

Познатиот македонски бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е уште поголем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални и културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци. Тој дава сеопфатна стручна економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко.

Тој долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците во соседните земји со спонзорирање на социокултуролошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Тој особено се грижи за Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, Македонците од Мала Преспа, Горна и цела Албанија.

Затоа со право се вели дека Големиот Џорџ навистина е прототип на Македонец кој со своето знаење, интелигенција, итрина и приспособливост успешно се снашол во туѓина. Воден од љубовта кон Македонија и од нејзиното сонце, како Големиот Александар, активен е и во Македонија.

Цели дваесет години од осамостојувањето на Република Македонија, тој со срце, душа и голема љубов учествува и инвестира во економијата, политиката, културата, медиумите и воопшто во социјално-општественото живеење и опстојување на македонскиот народ и Македонија.

Ѓоргија-Џорџ Атанасоски денес живее со неговата Марија Гoнчарова, родена на 11.04.1965 година. Таа е интернист и е внука по тетката Наталија Гoнчарова Николовна, сопругата на најголемиот руски поет, Александар Сергеевич – Пушкин.

Меѓу другото, треба да се истакне дека по осамостојувањето на Република Македонија, господинот Атанасоски активно се вклучи во македонската политичка сцена, а на меѓународен план е еден од најголемите борци за зачувување и негување на националните интереси на Македонците во земјава и во светот. Во 1999 година Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидира за претседател на Република Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар

Продолжува

1slavek1 Пишува; СЛАВЕ КАТИН

МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА – ТАА Е ЕДНА ОД КРСТОСНИЦИТЕ НА СВЕТОТ – ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски живее и твори во САД, меѓутоа тој е со душата и срцето во Македонија. Негова преокупација е родната земја. Во овие четириесетина години на распетие меѓу САД и Македонија тој се покажал и докажал како вистински бизнисмен и патриот кон двете татковини.

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски нагласиува дека векот кој измина ни се случија Илинден и Крушевската Република, но ни се случија и Балканските војни кога нè разделија. Меѓутоа, Втората светска војна, на Македонија ù го донесе вториот Илинден и АСНОМ, како и одлуките за остварување на вековните стремежи на илјадниците македонски синови – создавање на македонска држава за прв пат во вековната историја.

Ни се случи и третиот Илинден кога Македонија стана независна самостојна држава. Затоа, според бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски Македонија им припаѓа на Македонците каде и да се на оваа планета Џорџ Атанасоски особено го почитува и се радува на историскиот развој на Македонија. Така, по повод 60-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, во 2003 година, ќе го напише следниот текст:

„Во славното Крушево на Мечкин Камен уште еднаш ќе екне песната на македонскиот непокор. Гордо славиме 60 години – Република Македонија, 101 година од Илинденското востание, 2342 години од историската решавачка битка кај Херонеја кога била воспоставена македонската хегемонија над елинскиот свет и 2360 години од раѓањето на Александар Македонски. Многу значајни јубилеи – повод за големо славење. Но, повторно темните орли нè надлетуваат, создавајќи немир меѓу македонскиот народ. Договорот за територијалната поделба на Република Македонија повторно создаде духови на неспокој. Се растревожи македонскиот народ и го крена својот глас. Ние сме нација на непокорот, тоа историјата го потврдува“.

Во понатамошното излагање Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски нагласи дека векот кој измина ни се случија Илинден и Крушевската Република, но ни се случија и Балканските војни кога нè разделија. „Таа поделба, истите тие што ја направија, ја потврдија и по Првата светска војна и таквата состојба остана и до ден-денес. На македонскиот народ му се случија крвавите пресметки во 20-тите и во 30-тите години на минатиот век, кога беа ликвидирани најголемите синови на Македонија. 

Најголемата катастрофа на XX век, Втората светска војна, на Македонија ù го донесе вториот Илинден и АСНОМ и одлуките за остварување на вековните стремежи на илјадниците македонски синови – создавање на македонска држава за прв пат во вековната историја.

Тоа не беше резултат на добрата волја или подарок од некого, туку беше резултат на борбата и жртвите кои македонскиот народ ги заложи во антифашистичката војна. Конечно, во овој век нам ни се случи и третиот Илинден, односно независна и самостојна Република Македонија, која постои и покрај многуте премрежиња, градејќи го својот независен демократски развој.“

Илинден е запишан со крупни позлатени букви во календарот на македонскиот народ во етничка Македонија и кај македонските иселени ширум светот. Илинден 1903 година е највисок револуционерен врв на борбата што ја водел македонскиот народ за соборување на султанската тиранија. Тој беше патоказ во национално-револуционерната борба на македонскиот народ и другите народи кои живееле во тогашна етничка Македонија за слобода и независност.

Затоа илинденскиот херојски подвиг длабоко и цврсто се врежап во свеста на македонскиот народ и кај широките народни маси на Македонија. Оттука не е чудно што илинденскиот чин станал знаме, симбол и патоказ на борбените македонски генерации, кои не дозволиле македонското ослободително дело, македонската кауза да скршне од новата револуционерна епопеја.

Првото заседание на АСНОМ, пак,  претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

Президиумот на АСНОМ е раководен орган на АСНОМ со извршни и законодавни ингеренции. Своите законодавни ингеренции ги извршува во периодите помеѓу пленарните заседанија на АСНОМ, а извршните ингеренции – самостојно. Избран е на Првото заседание на АСНОМ на 2 август1944 година, а постои до Третото заседание на АСНОМ од април 1945 година, кога се реконституира како Президиум на Народното Собрание на Македонија. Претседател на Президиумот на АСНОМ е Методија Андонов – Ченто

6789012Манастирот Св. Прохор Пчински

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски вели дека крстопат на светот е Македонија и продолжува: „Каде и да одиш, повторно се враќаш во нејзините прегратки, на нејзините корени. А македонските корени се длабоки и мистериозни. Тие им припаѓаат само на Македонците! На оние кои први зачекорија на оваа земја, на оние кои први им подарија писменост и духовност на европските народи! Но, судбината сакаше токму Македонија да го чекори трновитиот пат, да коленичи и да моли, да ги боледува туѓите лудила и идеологии. Но, токму тие искушенија ги калеја Македонија и Македонците достојно и смело да чекорат и херојски да гинат!“

„Сме постоеле и ќе опстоиме – запишано е во нашите гени. Поседуваме богато духовно, историско и политичко наследство, кое им пречеше на балканските земји и на големите европски сили.

Културното богатство на Македонија е непроценливо. Македонија е волшебна земја за археологијата. Сè уште недоволно истражена, таа е предизвик на иднината. Од Македонија потекнуваат и глаголицата и кирилицата, азбуката, којашто во IX век ја осмислиле Македонците од Солун, браќата Кирил и Методиј, а нивните ученици на чело со Климент и Наум ја рашириле и го описмениле неписменото население на Балканот и пошироко.

Денес, врз основата на старомакедонскиот јазик, се оформиле повеќе светски јазики. Стотици манастири и цркви, насликани со живописни фрески, насликувајќи го секојдневниот живот во Македонија, потекнуваат токму од овој период.

Една стара поговорка вели: „Кога ќе одиш низ Македонија, немој ниту да пееш, ниту да играш, зашто и ќе те натпеат и ќе те надиграат.“ Македонија има непроценливо музичко наследство. Народната музика се пренесувала од генерација на генерација и во нејзината содржина се испреплетени сите аспекти од секојдневниот живот, заедно со обичаите, традицијата, верувањата…

Исто така, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски вели: „Македонија им припаѓа на Македонците каде и да се на оваа планета. Да ја зачуваме, славиме и градиме, бидејќи таа е единствена и наша. Нека ни се вечни и свети македонските Илиндени!“ 

Продолжува

1sla2 Пишува; СЛАВЕ КАТИН

ПОСТАВУВАЊЕ НА СПОМЕН – ПЛОЧА ВО РИМ ЗА ПЕРСЕЈ, КРАЛОТ НА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Според историските податоци, Персеј бил роден како постар син на Филип V со Поликратеја од Арг во 213 година пред нашата ера. На престолот стапил во летото 179 пред Христа. Живеел 48 години. Три години по заробувањето, по краткиот престој во затворот „Мамертин“ во Рим, и нешто подолгиот престој во римската колонија Алба, на Фукинското Езеро, починал во 165 година пред Христа. Некаде во Алба и денес се наоѓала неговата гробница во која можеби се погребани и неговите деца.

Затоа големиот Македонец Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил вљубеник во античка Македонија, особено за Филип и Александар Македонски. Исто така тој се заинтересира и за кралот Персеј. Се смета дека споменикот кој му бил подигнат на кралот Персеј се наоѓал на западната градска некропола, на 2,8 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија. За жал, тој сè уште не е откопан.

Тоа и го поттикна бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски на 13 јуни (жетвар) 2008 година, со делегација на неговата партија, Македонска алијанса, од име на целиот македонски народ да му оддаде достојна почит на кралот Персеј. Всушност, на тој ден бизнисменот Атанасоски постави масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце. Со тоа се потврди дека традицијата и почитта кон големите ликови од сопственото минато е нешто најсвето и секогаш ги носи народите кон посреќна иднина.

Делегацијата на Македонска алијанса се состоеше од шест члена. Покрај господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски присуствувале: неговиот син Никола Џорџ Атанасоски, директорот на ТВ „Сонце“, Славко Манговски, археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ од Институтот за археологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Кирил Добрушевски, претседател на Македонско-италијанското друштво од Битола и Мирко Брдаровски, претседател на друштвото „Персеида“ од Црнобуки (град Персеида).

Делегацијата пристигна во Алба преку Рим, на 13 јуни (жетвар) 2008 година (петок). Првата средба се одржа во просториите на Туристичкиот и културен сервис на Алба на Виа Кастело Орсини. Делегацијата ја пречека професор д-р Вилма Пјерфедеричи и археологот Даниела Либераторе, како и претставници од локалната самоуправа на гратчето Маса д’Албе.

Точно напладне делегацијата пристигна пред остатоците од споменикот на Персеј на Виа Валерија. Според зборовите на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, споменикот се наоѓа на општествено земјиште, опкружен со приватни имоти, на само 30 метри северно од асфалтниот пат. Се претпоставувало дека трасата на Виа Валерија водела токму во појасот на тие 30 метри, секако, покрај самиот споменик. Географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж.

Кон југозапад и југ се протегаат разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнува дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит е типично медитерански, би се рекло дури и балкански.

Според археолозите, пак, самиот објект – споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно. Во урнатините до споменикот се гледа и дел од една покривна ќерамида – тегула, коринтски тип, што датирал од подоцнежно време. Во нивите се забележуваат ретки фрагменти на садови од керамика, кои, веројатно, потекнуваат од некрополата.

Исто така, според зборовите на Атанасоски, претпоставка е дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба. Но, вниманието го привлекаат уште две контури на нешто помалите надгробни споменици, недалеку од западната Порта Максима. Тие споменици сè уште не се археолошки ископани, така што се налага потребата да се извршат студиозни археолошки ископувања за да се лоцираат точно споменикот и гробот на македонскиот крал Персеј.

Според зборовите на Ѓорѓи- Џорџ Атанасоски. денес, по изминати речиси 22 века, со гордост и пиетет се сеќаваме на овој човек и на неговите дела. Тој имаше само 13 години кога како македонски принц јаваше на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запре пробивот на дарданските орди. Долг е списокот на херојските подвизи на кралот Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија.

Инаку, според историските документи, точно пред 2.175 години, на 22 јуни (жетвар) 168 година пред Христа, во битката кај Пидна загинале 20.000 македонски воини. Тој ден завршила кралска Македонија, зародена во далечниот VII век пред Христа. А таа, Македонија, под Филип II Македонски и Александар III Македонски (Велики) блеснала дури со империјален-царски цивилизациски блесок.

Александар го освоил светот, но по него како сè да било хаос. Неговата Македонска Империја ја разнебитиле Келтите – Скордисците, Дарданците, Римјаните… По пет века Кралството Македонија станало Република, поточно дел – провинција од Римската Република. Сепак, името Македонија преживеало до ден-денес.   

1mt234567

Размислувањата на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се, како да го зачуваме името Македонија и да го предадеме да биде исто како некогаш? Тој, меѓу другото за името вели: „Кралство на Македонците? Само еден е одговорот. Мораме искрено да ја почитуваме античката македонска кралска куќа и секако кралското општествено уредување кое, како што се гледа, на голем број европски земји денес им носи ред, мир и благосостојба. Но, мораме да го прдооложиме континуитетот. Сè поочигледно е дека е потребно обновување на Кралството Македонија.Токму тоа беше поводот да му оддадеме достојна почит на Персеј. Но, кој беше човекот кој не би смеел да остане запаметен во историјата како последен македонски крал?

Крајот на Кралството бил драматичен. Третата македонско-римска војна завршила со битката кај Пидна, која траела околу еден час. Персеј се повлекувал во Амфипол, потоа на Самотрака. И тогаш го ограбила и го напуштила гардата од 500 Криќани, бегајќи со македонската благајна, со која тој планирал да го врати Кралството.

Конзулот Емилиј Паул го водел кралското семејство во Амфипол, потоа заедно со илирскиот крал Гентиј ги повел во Рим. Во триумфалната церемонија, која траела три дена, низ улиците продефилирале селектираните македонски богатства. Плутарх спомнува статуи, слики, македонско оружје, 750 ќупови со сребрени пари – по околу 80 килограми во секој, садови за вино, бикови со позлатени рогови, златни и сребрени садови, потоа 77 ќупови со по 80 килограми златни пари во секој, светата македонска урна од масивно злато тешка 270 килограми, опточена со благородни камења. Конечно дефилираше кралската кола на Персеј, со неговото оружје и кралската дијадема, неговите три деца, принцовите Филип VI, Александар и ќерката Лариса. На крајот одeл Персеј со кралската придружба.

Бидејќи традицијата и почитта кон големите ликови од сопственото минато е нешто најсвето и ги носи народите секогаш кон посреќна иднина, неколку дена пред темниот јубилеј, 22 јуни (жетвар) – Пидна, Македонска алијанса, под водство на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, од името на целиот македонски народ му оддаде достојна почит на кралот Персеј во местото каде тој не успеал да ја надмине тагата во 48 година од животот.

На масивна бронзена спомен-плоча што ја поставил Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски пишува на македонски, англиски и италијански јазик. Според зборовите на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски: „Тој навидум минорен хепенинг денес би требало да има и друга димензија. Тој денеска го покренува прашањето на кралскиот континуитет, како Велика Британија, Норвешка, Шведска и други напредни современи кралства во Европската заедница на народите. За некои 16 години независна Република Македонија, Македонците во Македонија и низ светот се разделија во партии, а тоа толку кристално ги имплицира зборовите поделба и разнебитување. Да, се чини дека навистина ни е потребен обединувачки фактор, а тоа може, како што изгледа, да го гарантира промената на уредувањето од република во Кралство Македонија, на чело со крал и кралица. Македонци, да го обновиме Кралството Македонија. Само тоа е вистинскиот одговор на сите наши непријатели и разнебитувачи. Да продолжиме таму каде што застана Персеј“! вели Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е првиот Македонец кој го обнови последното почивалиште и го воскресна ликот и делото на македонскиот крал Персеј. За тоа историско и хумано дело македонскиот народ и Македонија секогаш ќе му бидат благодарни. Имено, чинот со поставувањето на спомен-плочата, всушност, се постави темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Италија и Република Македонија.

Исто така, денес овие две држави и два христијански народа ги поврзува вечното почивалиште на свети Кирил Солунски, големиот македонски и сесловенски просветител.

Неговиот гроб се наоѓа во црвката Сан Клементево Рим, недалеку од почивалиштето на Персеј. Пред гробот на свети Кирил се поклонуваат неговите почитувачи и продолжувачи на сесловенската, односно македонската култура, јазик и христијанска вера.

Во 1969 година Република Македонија започна свечено да го слави името и делото на свети Кирил, кога била поставена и споменплоча на неговиот гроб во црквата Сан Клементе. Оттогаш до денес, високи претставници на Република Македонија и на Македонската православна црква, Охридска архиепископија го посетуваат гробот на свети Кирил.

Секоја година на 24 мај, Денот на македонските и сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, всушност, е и ден на македонската култура во Италија. Покрај церемонијата на гробот на свети Кирил, на која присуствуваат бројни поклоници на името и делото на солунските браќа, во многу градови ширум Италија се одржуваат бројни средби на државно ниво, прием кај папата на Римокатоличката црква, концерти, изложби, театарски претстави и други културни манифестации. Сето тоа ги потврдува високите дострели, потврди и релации од културата, религијата и општествено-политичкото живеење меѓу Италија и Република Македонија.

Продолжува

1sla2 Пишува; СЛАВЕ КАТИН

ВИСТИНАТА ЗА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ (1)

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави

Монографско дело „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ на авторот Славе Николовски – Катин, кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а е на македонски и на англиски јазик, е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Името Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња. Децениски потврдено во бизнис заедницата и тука во татковината, но, пред сè, во прекуокеанските меридијани на северноамериканските простори, па и пошироко од тоа. Вистината за Ѓорѓија – Џорџ, премостена на два континента, е една повеќеслојна, необична, интересна и многу убава приказна, која облагородена и со авторовата имагинативност и суптилен пристап, е сместена меѓу кориците на ова прекрасно издание.

За човекот кој досега, со недоброени примери и факти, и таму каде што век векува во Соединетите Американски Држави и во Македонија, од каде што му се корените и постаментот на неговото семејно стебло, тој секогаш е во една лоби – офанзива со афирмативната вистина за Македонија, македонскиот народ и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

На Џорџ Атанасоски му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави. Во иселеничката заедница на македонските сонародници, тој, отпрвин организационо – активистички, потоа, политички и духовно, заедно со генерациската плејада истомисленици, со многу ентузијазам, успех, промисленост и упорност, работи и придонесуваа за што повисокото позиционирање на македонските иселеници во мултикултурното американско општество.

Џорџ е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава, и тоа може да се каже, во клучните раздобја на тој пат на истрајноста и посакуваното финале на 8 Септември (гроздобер) 1991 година, кога сонот на генерациите, стана реалност.

Неговите пораки и зборови, имаат мобилизаторска моќ, бидејќи тие се гласот на народот, глас на вистината. Основната мисија на ваквите посветеници и народни борци е да се чуваат најсветите реликвии на својата нација – името, јазикот, културата и духовноста, односно севкупноста на националните доблести, но и да се помага економски.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, непрекинато повикува на сплотеност и единство на својот род. Укажувајќи дека тоа е бедемот на нескршливоста и непокорот, патот да се премостат многуте тегоби, неправди и злото, без разлика од каде и да доаѓаат тие. Единството и заедничкото дејствување се своевидна нескршливоста, на успехот и справувањето со сите предизвици на модерното време, темел во новиот милениум во кој ја изодуваме новата декада.

Јунакот од оваа моногравско дело, постојано се залага и така дејствува, за неопходноста од стабилноста и кохезијата на македонската заедница во цела етничка Македонија, потоа во македонските иселенички колонии, како и во сите други сфери, кои се витални за опстојот и крупните исчекори на една нација и во мирнодопски, но и во турбулентни времиња.

Таквите угледни бизнисмени, патриоти – вљубеници во својата татковина, секогаш ги води онаа родољубива и света мисла – никогаш да не престанат да го заштитуваат својот народ, и да бидат онаа непремостлива брана, во бедемот на одбраната на неговиот идентитет и национална самобитност.Од најблиските и подалечните тој не случајно е наречен легенда, што е сосема заслужен епитет за Атанасоски, кој се вброи во елитните бизнис – формации и во татковински мисионер.

Па, иако кармата му била да не остане дома, туку да замине по светот, тој во секој момент од неговиот животек и активизам придонесува за својот народ. Атанасоски е доследен човек во кажаното и ветеното. Не останува само на зборови кога вели дека татковината треба да се помага и треба да придонесуваме во мозаикот на сите нејзини развојни фази.

1ctki1234

Сонцето од Кутлеш (Палатица), симболот на античките Македонци

Потврда за тоа е и фактот, дека во Прилеп, од каде одамна кинисал по светот, за да се задоми во Соединетите Американски Држави, инвестира, гради и помага, успешно менаџирајќи фирми, кои под неговата диригентска бизнис – палка, станаа препознатлив бренд во градот под Марковите кули. И, се разбира, пошироко, и повисоко, до каде достига погледот и на статуата на најголемиот цар на сите времиња епскиот јунак Александар Македонски, среде Прилеп, за чија изградба донацијата е на господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Од питорексното Марул, до вечниот Прилеп и натаму преку европските земји, сѐ до мегалополисот Њујорк, и блискиот до него Њу Џерси, со конечен пристан до сончевата Флорида на југот од големиот континент, во сите тие трансферзали, се испишува приказната за амбициозниот Македонец, Џорџ Големиот. Кинисува како доста млад од градот под Марковите кули во потрага по еден поинаков животек, поинаква иднина и среќа во далечните простори.                      

Снаодливоста, работата, упорноста и визионерството, отсекогаш му биле личен белег и силна страна, која го водеше и го воздигна таму каде што е денес. Исклучителна вредност е и тоа, дека, иако тој одамна замина, но никогаш не ги заборави својот Прилеп и својата Македонија. Напротив, се враќаше и се враќа толку многу пати, каде што го влечат корените и носталгичните вибрации.

Направи многу крупен чекор и служи за пример неговата одлука и гест, да изгради хотелски објекти, да го воскресне од дното еден од најголемите комбинати, да спонзорира спортска екипа и да прави уште многу добри дела. Тоа, прилепчани и сите вистинољубиви луѓе, го ценат и уважуваат, бидејќи Џорџ со личен пример покажа како се сака и помага родниот крај и Македонија. Неговата максима преточена во дело е и онаа Кенедиевата, дека, не е важно што татковината ќе стори за тебе, туку, најважно е, што ти ќе сториш за неа.

Атанасоски е и дел од првата формација на Светскиот македонски конгрес, беше кандидат во трката за претседател на Република Македонија, претседател на политичката партија „Македонска алијанса“, иницијатор и сопственик на гласилата „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“.

Затоа со право се вели дека Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски е човекот кој активно се вклучува во оние активности во кои се работи и се придонесува за доброто на татковината. Тој е еден од оние видни личности кои македонскиот народ низ своите историски, развојни и цивилизациски епохи, имал такви луѓе, имал борци и верни чеда.

Затоа, со право се вели дека еден од македонските патриоти, бизнисмени и хуманисти, кој со својата харизма, упорност и докажани дела и вредности, и кој со својата харизма и неотстапност останува доследен и горделив Македонец, двигател на мислата за слободна Македонија, за обединет македонски народ во своите етнички граници, е Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Тој заслужува големо признание за сето она што го прави за татковината, за Прилеп, за македонскиот народ како претставник на лозата Атанасоски.

Низ ваквите корифејни примери и продонес, се гледа и подемот на еден народ, на една црква и на една држава – на македонскиот народ и Македонската православна црква, Охридска архиепископија и на суверена Република Македонија. Тоа се нашите три вечни факели кои се живи одблесоци и кои не само што опстојале низ времето, туку тие редат нови успеси, вредности и постигања на сите полиња.

А доблесни патриоти ја шират вистината за нив, се борат за нивното име и престиж, помагаат и придонесуваат на најдобар можен начин. Во Њујорк и Њу Џерси, во Флорида и во Македонија, покрај активноста во македонската заедница, Џорџ Атанасоски, како верник, со многу духовна промисла и посветеност, а и потоа на Флорида каде што живее семејството Атанасоски, придонесува за воздигнувањето на својот род и светоста на МПЦ-ОА.

И токму затоа, за него може да се нижат многу факти, дела, заслужени епитети, комплименти и восхит. Тој насекаде го истакнува своето македонско потекло и македонски корени, и правејќи го тоа со огромна љубов, и непрекината верност кон татковината. Атанасоски го прави тоа со својата најубава библиска земја на Балканот, во јужните поли на европскиот континент, или отаде Атлантикот во неговата втора татковина, Америка.

Продолжува

1sla2 Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски – кандидат за претседател на Република Македонија

3.1.7

Како резултат на политичката кариера бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски се кандидираше за претседател на Република   Македонија   како   независен кандидат на изборите во 1994 и 1999 година. Неговата желба беше доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија, особено за подобра сегашност и иднина на македонскиот народ и за неговата татковина.

Како резултат на неговата силна желба, спроти претседателските и парламентарните избори во 1994 година во Република Македонија, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски истакнал:

„Искрено ме радува фактот што еден голем број луѓе од Македонија и од странство имаат доверба во мене и јас најтопло им се заблагодарувам. Според сите индикации, македонскиот народ заслужува многу повеќе од ова што сега го поседува. Јас го делам мислењето дека во Македонија навистина се потребни промени и најверојатно затоа народот бара нови лидери со нови идеи коишто конкретно ќе ги спроведуваат истите. Само масовното учество на македонскиот народ и на идните избори ја гарантира оваа можност.

Точно е тоа дека неколку македонски ор- ганизации од Америка и од Европа, а сега и од Австралија, активно ме поттикнуваат да се кандидирам за функцијата претседател на Република Македонија. Исто така, и неколку политички партии и асоцијации од татковината ме поттикнуваат  за  да  се  кандидирам  ветувајќи ми целосна поддршка.

Ако македонскиот народ навистина е под- готвен за промени, мислам дека на идните из- бори ќе се појават лидери коишто, пред сè, со своите професионални способности ќе се борат за  подобрување  на  македонската  економија  и во исто време за изградба на демократско опш- тество.

Во моментот ја разгледувам можноста да прифатам врз себе една ваква обврска, бидејќи јас имам свои семејни и професионални обврски, коишто морам истовремено да ги разгледам во контекстот на кандидатурата. Затоа, сметам дека за неколку седмиц ќе бидам во можност да дадам конкретен одговор на прашањето за мојата кандидатура“.

По повод парламентарните и претседателските избори што се одржаа на 16 октомври (листопад) 1994 година, бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски ги повика сите Македонци и македонски граѓани масовно да излезат на изборите.

Тој ги повика за учество на изборите сите оние коишто ѝ мислат добро на државата Македонија, а сè со цел, Македонија да биде национална држава, демократска заедница и на другите етнички малцинства. Тој сметаше дека излегувањето на изборите е морална и патриотска должност на секој државјанин да учествува во конституцијата на идната македонска власт.

Покрај успешниот бизнисмен Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски, кандидати за претседател на Република Македонија  во 1994 година, беа Киро Глигоров,  избран  од    Сојузот  на  СДСМ,  ЛП  и СП  и Љубиша Георгиевски, кој беше избран на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

3.1.8

Македонската јавност го памети бизнисменот Атанасоски по претседателските избори во 1994 година, кога имаше смелост со својата кандидатура да му се спротивстави на сè уште актуелниот претседа- тел на Македонија, Киро Глигоров.

За разлика од другите кандидати, македонскиот бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски по- долг период беше во САД  во текот на изборите. Беше потребно за исклучително кратко време да обезбеди десет илјади потписи. Благодарение на неговиот изборен тим и големата поддршка, особено во неговиот Прилеп и Прилепско, беа собрани потребните потписи. И, кога сè беше завршено во рекордно време, Републичката (државна) изборна комисија, за жал, „констатира“ дека не е обезбеден потребниот број потписи. Аргументираните докажувања не вродија со плод.

Меѓутоа, народот на Македонија, а и самиот Атанасоски сметаа дека неправдата ќе се исправи во наредните избори и дека ќе завладеат законите на правниот систем во новото демо- кратско македонско општество.

Исто така, и во 1999 година Атанасоски се кандидираше за претседател на Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. За жал, од слични причини и во 1999 година не успеа да ја реализира својата намера.

Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски не успеа да стане претседател  на  кандидатските  избори  во  1994 и 1999 година, меѓутоа тој остана запаметен по многу новинарски интервјуа, пресконференции, политички дискусии, јавни трибини, изјави и блиски разговори со ѓраѓаните. Така, во едно интервју за „Македонско сонце“, како кандидатот за претседател на Република Македонија господинот Атанасоски, меѓу другото, потенцираше:

Во западната демократија, бизнисмените кои го достигнале својот подем настојуваат да се вклучат во политиката во својата држава што во извесна смисла претставува и патриотски долг кон неа, бидејќи таа му помогнала да се оствари како човек и бизнисмен. Во нашата земја, не ретко политичарите ја присвојуваат политиката, па најчесто државничките функции ги сметаат како начин за стекнување на материјални добра и богатства. 

Јас сакам моите искуства, знаења и можности да ѝ ги подарам на Македонија. Кога еден човек својот живот го дава и работи за сопствениот народ, својата држава и култура, тој никогаш не треба да се откаже од идејата. За неа тој треба да се бори, без разлика на тоа од кои причини не успеал да ја оствари целта.

Мислам дека како и поранешната, така и оваа власт се плаши од Македонците од дијаспората. Никој не може нив да ги исклучи од севкупните текови на политиката во матичната држава, туку напротив, тие треба да се искористат за афирмација на Македонија во светот и да се создаваат услови за нивно враќање во татковината.  Но,  на  Македонците  кои  живеат  во  странство  им  е  одземено  правото  на глас,  иако  го  задржале  државјанството,  што не е случај со другите европски земји, како, на пример, Полска и Хрватска. Македонците се надеваа дека со закон ќе се реши нивната желба, но владејачката гарнитура не му дозволува на Македонецот да гласа, им го одзеде уставното право!

Мислам дека насекаде во Македонија и во светот постои тој синдром. Постои раздор меѓу Македонците. Јас лично сметам дека мо- жам да бидам еден вид катализатор за нивните размислувања и разијдувања. Чувствувам дека можам да им помогнам на Македонците во нашата земја и во светот. Доволно сум силен и умен да ги убедам и да им помогнам во изградбата на една здрава, суверена, независна економска држава – Македонија.

3.1.9

Покрај развојот на демократијата во Македонија, најважно е да се создадат услови за нови инвестици. Нашата држава мора да направи нови закони кои ќе бидат поволни за странските инвеститори и нивните проекти. Јас во овој момент тоа го гледам како приоритет затоа што без нив нема демократија, нема економски просперитет“.

Тој сметаше дека жестоките партиски кон- фронтации треба да престанат доколку се сака да се направи една генерална стратегија, нацио- нална програма и да се оди напред во развивањето на Македонија. Во неа секој Македонец ќе си го најде своето место.

Исто така, Атанасоски велеше дека маке- донската национална историја и корените на македонскиот народ се длабоки и тоа е општо познато во целиот свет. Ние постоиме со векови и претставуваме дел од европската и светската култура и цивилизација. Нашите корени почнуваат уште пред Филип и Александар Македонски и тие можат многу лесно да се видат и прочитаат и во светската историска литература. Тој сметаше дека ние можеме да се браниме со историските агрументи што веќе постојат; дека  македонскиот народ е библиски и дека тој ќе постои вечно, без оглед на нечии претензии и аспирации.

Во продолжението на интервјуто тој рече:

Ако ние Македонците, без разлика дали живееме и работиме во Македонија или во странство, ги дефинираме македонските национални стратешки интереси, ќе можеме да  ги надминеме  сите проблеми со Република Грција.

Истото   важи   и за политиката кон другите соседи, а во таа борба ќе мора да се употребат   сите можности, како и меѓународното право и конвенциите.

Ние во Република Македонија и сите оние што живеат на Балка- нот треба да работиме да се отворат границите, што е заеднички интерес. Само што тоа мора да биде на едно такво ниво каде што ќе  има  меѓусебно  почитување и признавање. На тој начин сите држави ќе имаат своја иднина. Со затворање на границите државата економски заостанува, не може да оди напред. Затоа јас се залагам со сите соседни земји да имаме добри односи. Во тој контекст не треба само да ја гледаме Македонија, туку пошироко. Македонија е крстопат на Балканот и ние мораме да ја искористиме оваа можност што ни се нуди за да стане таа привлечна земја за инвестици. 

Името, знамето и Уставот, според мене, не смеат да бидат предмет на никакви преговори. За жал, се влезе во преговори и сега власта има проблем да излезе од тие неприлики. Јас мислам дека е подобро да се прекинат тие процеси, за да не се направат грешки, катастрофални грешки за иднината. Со промена на овие елементи нема да  постоиме!

Не  прифаќам  никакви  преговори за симболите. За прифаќањето на името ПЈРМ требаше да има един- ство помеѓу сите, без разлика дали беа позиција или опозиција, а не да решава само една страна. Понекогаш излегуваме недефинирани, неосознаени за светот, бидејќи многу поединци – официјални личности од Македонија можат да преговараат околу името. Тоа е катастрофа, ужас, зашто ќе нè снема. Затоа, ги повикувам сите Македонци, без разлика    дали    се на    позиција    или во   опозиција,   да се   здружиме,   да се обединиме за доброто на Ма- кедонијавели бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Големата љубов на бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ – Атанасоски кон родната Македонија

Бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ – Атанасоски се наметна и ја увери македонската јавност  дека  успешно  се  снашол  надвор од  границите  на  Македонија,  во  својата втора татковина – Соединетите Американски Држави. Тој навистина се претставил како прототип на Македонец кој со сите свои квалитети, умеења, знаења и приспособливост, станал еден од најзначајните бизнисмени и најбогатите Македонци во дијаспората. Воден од љубовта кон Македонија и од нејзиното сонце, активен е и во својата родна Македонија. Неговите резултати во економијата, политиката, медиумите, хуманитарните и други донации се видливи и многу значајни за Македонија и македонскиот народ.

Во текот на неговите престојувања во Македонија имал голем број средби, разговори, со видни личности од општественполитичкото живеење. Исто така, тој учествувал на трибини, митинзи, избори, деловни и други разговори, за што дал бројни изјави и интервјуа. Така, во јуни (житар) 1994 година, како претседател на „Македонскиот светски конгрес“ за Северна Америка, господинот Атанасоски преку медиумите се обрати до македонската јавност. Меѓу другото, тој ги изложи своите погледи за можностите за македонски економски препород и за нејзиниот натамошен демократски развој.

Во своето обраќање како кандидат за претседател на Република Македонија, бизнисменот Атанасоски само што пристигна од САД рече дека Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име. Меѓутоа, Ма- кедонија постоела, постои и ќе постои сè додека светот светува и векот векува и продолжил со своето излагање:

2.6.6

Опстанокот на Македонија и нејзиниот економски развој е апсолутно пренагласен од донесувањето нови системски закони со кои демократијата конкретно, а не само номинално како досега, би можела да просперира. Донесувањето на системските закони, односно воспоставувањето на правната држава, власта неколку пати го пролонгира во Собранието, а македонскиот Устав не ја санкционира оваа ситуација и покрај првобитно донесениот уставен рок од шест месеци.

Тоа значи дека само Собранието на Македонија во еден квалитативно нов состав, кој длабоко сум убеден ќе биде конституиран на следните избори, релативно брзо ќе ги изврши потребните промени. Државната структура е толку јака колку што се цврсто поставени нејзи- ните правни темели. Развојот на економијата, речиси насекаде во светот, па така и во Македонија, е тесно поврзан од односот на овие две компоненти. Накратко, без правна држава, во којашто граѓаните навистина се еднакви пред законот, а судската власт совесно и независно ја врши својата улога, не гледам можности за долгорочен економски развој туку само продол- жување на сегашните состојби“.

Во врска со непочитувањето на најосновните права на граѓаните за гласање, конкретно во ИК 103 во Скопје Атанасоски потенцира:

Јас искрено се надевам дека такви епизоди како во Изборната единица 103, во којашто спо- ред сите добиени информации се случиле низа незаконитости, ќе останат зад нас, бидејќи тие водат во неверојатна политичка поларизација и подвојување на македонскиот народ и на останатите граѓани. Слично подвојување кај народот истите кругови се обидоа да направат и во работата на Светскиот македонски конгрес минатата година. Мислам веќе се сфаќа дека тука (на Запад з.н.) постојат институции коишто можат многу лесно да ги надгледуваат следните избори и да ја одредат нивната законитост, што најверојатно тие ќе го направат. Морам да подвлечам нешто што за Македонија е особено важно, а тоа е фактот дека и опозицијата и позицијата треба да направат голем напор да ги зближат нивните ставови покрај постојните разлики за коишто сум свесен дека се големи. Сè друго води во подвојување кое на Македонците најмалку им е потребно.

Во крајна линија, сите треба заеднички  да  работиме  на  градењето на македонската држава, бидејќи Македонија и сите ние ќе имаме најголема добивка од такви- от приод. Слично е и во Америка: две доминантни, а идеолошки многу спротивставени партии, Републиканската и Демократската, и по изборите здружено и на еднаква основа одлучуваат за најгорливите прашања со  коишто  Америка се судира, и затоа Америка како држава просперира. Зошто таков однос да нема и во Македонија?

Исто така, Атанасоски, во своето обраќање рече дека покрај сите тешкотии тврди дека во Македонија и тоа како е можно да се постигне економски степен на развој на којшто би завидувале многу земји. Конкретно, за да успее една долгорочна макроекономска програма мора да се има соодветна поткрепа за да ги ублажи ефектите на економскиот скок, што сега не е случај и продолжил:

„Програмата треба да биде така направена што сите граѓани релативно пропорционално би го носеле товарот на промените. Дополнителна поткрепа, што не е незначајно, е странската помош. Со оглед на тоа дека последнава не може да се очекува секогаш или е често ограничена, поткрепата би се барала од дијаспората, но со точно одредени инвестициски гаранции, даночни олеснувања итн. 

Јас познавам доволен број Македонци со финансиски солидноснова коишто се подготвени да инвестираат во Македонија само ако постојат минимум гаранции на нивните инвестиции. Но, мислам дека најпотребна алка во системот е една навистина независна Македонска централна банка за самостојно да ги одредува каматните стапки и оптекот на средства што, исто така, мислам дека во моментов не е случај. Сите овие потези се релативно лесно изводливи само ако народот има волја за промени, а дали има ќе се види на идните избори во ноември.“

Според мислењето на бизнисменот од САД, Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски за една солидна макроекономска програма, особено е важно идните политичари во Собранието да одат на широка коалиција. Таа треба да ѝ даде безрезервна поддршка и легитимитет на програмата со што и ќе се спречи секаков државен патернализамшто постои сега. Во продолжение тој рекол: „Затоа и ви напомнав дека и реформираните комунисти се дел од македонскиот политички спектар, а во едно општество во транзиција како нашето, тие луѓе, просто, не може да се негираат. И тие се потребни во изградбата на земјата.

Ова го кажувам како човек којшто емигрирал од својата татковина со целото семејство, со цел да не биде репресиран од комунизмот и чиешто семејство изгубило многу вредни материјални добра и земја низ налетите на национализацијата. Искуството ме научи дека Македонците треба да одат по патот на помирување, дури и од еко- номска гледна точка, а не по патот на реваншизам и конфронтирање.

2.6.7 

Карта на Римската Империја во Колосеумот во Рим

Во сите посткомунистички земји емигра- цијата има големо влијание на политичките состојби. Македонската емиграција повеќе од кој било фактор одигра пресудна улога Македонија да не биде збришана од картата на Европа. За македонските иселеници економски да ѝ  помогнат на Македонија и на друг начин да  се вклучат во социјалниот и културниот живот на Републиката, тие мора да имаат и соодветно влијание коешто ги диктира условите на сто панисување – што сега очигледно не е случај. Во моментов, најголем дел од иселениците, немаат доверба во системот за да го вложат својот капитал. 

Вие и самиот го спомнавте државниот грабеж од една милијарда девизни заштеди. Инаку, би потсетил дека секој што е роден Македонец, според законот има право да добие македонско државјанство, а со тоа и право на глас и одбивање на соодветна политичка опција и јас ги поттикнувам Македонците во дијаспората да го направат тоа. Иселениците можат директно да се вклучат во македонскиот политички и економски живот и преку „Македонскиот свет- ски конгрес“. 

СМК е во процес на обединување на 700 македонски  асоцијации на сите континенти, што претставува огромен македонски културен, финансиски, политички и дипломатски потенцијал. Значи СМК е тој инструмент преку кој ќе се артикулираат и координираат интересите на сите Македонци за полесно да се определи стратегијата на македонските национални и државни интереси. За жал, сега властите немаат чувство за соработка иако ние буквално најобемно и на секое поле би можеле да ѝ помогнеме на татковината.

Се надеваме дека во блиска иднина ќе се најде разбирање ваквата ситуација да се смени во интерес на македонскиот народ и државата. Ве уверувам дека Конгресот продолжува активно да работи на остварувањето на македонските национални интереси“, заклучил во своето обраќање бизнисменот од САД, Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

За монографијата за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

“За подготвувањето на монографијата за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски беше потребно подолго време, знаење, труд, трпение, прегледување на многу објавени и необјавени материјали, разговори со голем број личности кои живеат во Македонија, во САД и на други места, а кои придонесоа авторот Славе Катин да го подготви делото.”

Оваа значајна и по многу нешта уникатна монографија со наслов Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”, а со две изданија на470 и 500 страници, доживеа големи и спектакуларни промоции во 2012 и 2015 година.Таа е едно од луксузните изданија на книгоиздателството „Македонска искра”, на „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“, Скопје, на македонски и на англиски јазик.

Публикацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”, е едно од најзначајните изданија на реномираната издавачка куќа „Македонска искра“ од Скопје, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Ова моногравско дело е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

При оваа прилика, во две продолженија ќе го споделиме разговорот на Елизабета Димитровска, објавен во списанието „Македонско сонце“, од 30.12.2005 година, за што е посветено посебно внимание и место во монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“. Во продолжение го објавуваме делот во кој е запишано следното:

Господине Атанасоски, зад Вас е уште една работна година во која Вие амбициозно и под- еднакво работевте на сите полиња (економија – политика – македонска кауза). Дали сте за- доволен од Вашиот завршен биланс?

АТАНАСОСКИ: Во некои полиња од мојот живот задоволен сум од  постигнатите резултати, а на некои други полиња, со кои требаше да тргнеме кон подобра иднина, не се постигнати оние успеси кои ги планиравме, но секако ќе се трудиме во иднина, во претстојната година тие работи да ги оствариме.

Да почнеме по ред. Во центарот на збиднувањата оваа година за Вас, а се разбира, и за нас Македонците беше одликувањето кое Белата куќа Ви го додели како заслужен граѓанин од странско потекло. Вие тоа го примивте мошне скромно, но за Македонија е од големо значење затоа што имаме успешен човек кој таму нè претставува.

АТАНАСОСКИ: Јас како Македонец многу сум горд што ми беше доделено едно такво признание, еден таков медал. Тоа не е гордост само за Ѓорѓија Атанасоски, туку тоа е гордост за сите Македонци, независно каде живеат во светот. И во иднина ќе се трудиме и други Македонци да бидат присутни во таа организација, која доделува вакви награди. Колку што повеќе Македонци се присутни во оваа организација, толку ќе можеме сè повеќе да вршиме голема мисија и да даваме придонес за Македонија.

Лично јас, како и моите соработници, работиме за македонската кауза. Одвреме-навреме, кога мислиме дека е потребно, имаме контакти со угледни луѓе од Белата куќа и од други важни ин- ституции, особено кога се работи за витални прашања за Македонија. Ние не сакаме нив секојдневно да ги контактираме доколку за тоа нема одредена причина, и не одиме кај нив само за да се видиме. Овие контакти ги одржуваме и во иднина ќе ги одржуваме, сè во корист на Македонија, на маке- донската нација и на Македонците кои живеат во Соединетите Американски Држави.

Нивното расположение за успешна соработка со Македонија се докажа по изборот на претседателот Џорџ Буш. Веднаш по првиот ден откако настапи вториот круг за претседател на САД, на дневен ред беше Македонија, која беше призната под уставното име. Мислам дека тоа е голем чекор и голем чин и ние секогаш треба да им бидеме благодарни на Соединетите Американски Држави, пред сè, на претседателот Џорџ Буш.

Можам да кажам дека живеам во САД и дека сум член на Ре- публиканската партија и повремено се вклучувам во нивните економски рекламни кампањи. Имам добиено и награда како советник на Републиканската партија што, исто така, е големо дело, кое во весникот  “Њујорк тајмс” беше објавено на една страница. Луѓе од разни држави од Соединетите  Американски  Држави, Флорида, Тексас и други, ставени се на листата и одвреме- навреме ним им се испраќаат прашалници  кои ги содржат клучните прашања за инвестиции и економски развој и сè што е пот- ребно во кроењето на политиката на САД.

Вашиот бизнис во Америка и натаму е во нагорна линија. Мајкрофлекс  е бренд  кој во САД котира  мошне  високо, што е уште една потврда за Вашата успешност  на планот на економијата.

АТАНАСОСКИ: Нашата компанија  Мајкрофлекс,  која се наоѓа во Ормонд Бич, Флорида, и годинава беше многу успешна. Сите зацртани цели ги постигнавме, па дури и ги надминавме. Се надевам дека идната година ќе бидеме на уште подобар пат и ќе постигнеме повеќе  резултати,  ќе вметнеме  нови дејности,  така што компанијата  ќе биде уште побогата  и поголема.  Во иднина планираме да изградиме и објекти во кои ќе ги сместиме новите производства,  со што ќе бидеме  поконкурентни на пазарот  во САД, па и пошироко во светот.

Храбро  и оптимистички  вложивте  големи  инвестиции  и во Македонија. И покрај тоа што се соочивте со низа про- блеми, сепак покажавте како треба да се расчистат ра- ботите, што може да биде и добар пример за компетент- ните институции  во Македонија.

АТАНАСОСКИ: Во овој бизнис секој човек може да се соочи со проблеми.  Јас со вакви проблеми се соочив во Прилеп каде што имам инвестиции, тоа се странски инвестиции  (пари кои се донесени  од  мојот  бизнис             во САД) и, да напомнам,  тоа е сума од 4 до 5 милиони  долари. Хотелот “Сонце”, бензинска пумпа,  базен,  тениски  игралишта  и фитнес  центар,  е еден  од  комплексите  кои  ги  имам.  Имам  голем  дел од  хотелот  “Липа”,  кој  е во  центарот,  витален  објект кој ќе се реновира, тоа ќе биде  прекрасен   објект,   со кој сите во Прилеп  и пошироко      во Македонија  ќе можат  да се гордеат. Минатата година решив да инвестирам и во други   објекти,   го   купив   и “Жито Прилеп”.  Тоа  е, исто  така,  витална  компанија  за  градот  Прилеп  и  пошироко.

Иако се соочив со многу проблеми,  од кои на прво место би ја ставил корупцијата,  како и проблемите произлезени  од некои “законски регулативи”,  сепак  не се откажувам.  Сигурно со ова ќе се согласат и многу други стопанственици, со кои во иднина, се надевам, ќе се потрудиме  да ги надминеме  овие проблеми  и верувам  дека и другите инвеститори   како   мене   ќе  влезат   со  свои   странски инвестиции.  И покрај  сите  проблеми  на кои наидов,  јас никогаш  нема да се откажам  од моите  идеали,  затоа  што човек кој се откажува  не може да успее. Ќе напомнам, за оние  луѓе  кои  ќе  сакаат  да  инвестираат  во  Македонија, поради сите проблеми кои тука се случуваат, многу тешко ќе  можат  да  просперираат,  затоа  што  доколку   немаат врски нема да можат да останат во бизнисот, што воопшто не е добро за инвестирањето во Македонија.  Би требало сите услуги да бидат пристапни за сите граѓани, за сите бизнисмени, без разлика од какво потекло се. Ако ние тоа го направиме, мислам дека во иднина многу поедноставно би дошле инвестициите. Затоа   сакам   да   ги   повикам   политичарите и сите компетентни, овие проблеми да се решат и да се преземат  соодветни  мерки  за промена  на законите, за што пократко време да й се спротивстават на корупцијата  која владее во Македонија.

Во неколку наврати й понудивте на државава  да потро- шите 5 години од Вашето скапо време за да ја водите напред и да й покажете како треба една држава да функ- ционира. И покрај тоа што не станавте официјален лидер, сепак сте видени насекаде кога се работи за судбината на Македонија.

АТАНАСОСКИ: Секогаш кога се работи за Македонија  јас активно учествувам  во сите преговори,  особено кога се работи за витални прашања за нашата држава, а особено кога преговорите се водат со Соединетите  Американски  Држави. Не толку транспарентно,  но максимално  позитивно  учествувам  во сите прего- вори за нашава земја, пред сè, воден од сопствениот  македонски национален  идентитет. Во иднина не треба да се плашиме од вистината. Ние сме Македонци, директни потомци на Александар Македонски и не смееме да отстапиме од нашата историја, од нашата култура која ја имаме низ вековите, ѝ изјавил на Елизабета Димитровска бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Македонското иселеништво – дел од судбината и иднината на Македонија

Македонија, татковината на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е библиска, света земја. Таа со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец. Нејзината географска положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи. И денес Македонија сè уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации.

Често се вели дека Македонија е земја на премрежиња, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстојувања, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската Империја.

Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја

Инаку, развојниот пат на македонското иселеништво во основа се совпаѓал со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се  движеле настаните околу Македонија. Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред сè, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за печалбарството.

Затоа, печалбарството при крајот на 19-от и почетокот на 20-от век станало масовна појава и еден од најсилните докази за неподносливата состојба, особено во македонските села. Селаните ја напуштале Македонија и оделе во Солун, Цариград, Смирна, Скадар и надвор од границите на Турција во соседните земји: Србија, Грција, Бу- гарија и Романија, а понекогаш и во Австро-Унгарија, Франција и Египет. Така, по неколку илјади од Леринско, Преспа и Костурско секоја година оделе во Цариград и Смирна; од Струшко и Битолско најчесто се упатувале за Скадар; од Прилеп и прилепските села оделе во Србија и Бугарија; од Охрид и околината оделе во Србија, Бугарија и Романија, а голем број печалбари имало од Велешко, Кичевско, Демирхисарско и Тетовско. По некое непишано правило, печалбарите се враќа- ле дома по неколку години и со спечалените пари најчесто купувале имот.

1.9.8

Така, при крајот на 19-от век и на почетокот на 20-от век Македонците почнале да одат на печалба и во прекуокеанските земји, САД, Канада, Австралија и Јужна Америка (особено Аргентина). Така, се знае дека првите печалбари од Македонија пристигнале на севернамериканскиот континент во 1885, а првата поголема група претежно од селото Буф, Леринско, во 1898 година. Во Австралија првите Македонци – печалбари пристигнале по Првата светска војна, а првите групи дошле во 1924 година, слично како и во Јужна Америка.

Печалбарството, односно преселувањето од Македонија во САД и Канада било карак- теристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, Тетовско и други делови на Македонија.  Иселеничките  движења  од  овие  краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по Балканските војни и по Првата светска војна.

Карактеристичен бил и периодот по 1960 година. Тогаш со отворањето на СФР Југославија спрема светот и со вклучувањето во меѓународната поделба на трудот, паралелно со создавањето на аграрно население во градовите и со либера- лизацијата на политиката за одење на работа во други земји, дошло до иселување на поголем број работници и интелектуалци од тогашна СР М кедонија на северно-американскиот континент. Преселнички движења од Македонија кон светот се присутни и денес, меѓутоа нивниот интензитет e различен, зависно од економско-политичкиот момент во Македонија, на Балканот и во светот.

Поради миграционите движења, како и поради зголемувањето на наталитетот, бројот на македонските доселеници расте од година во година. Меѓутоа, не постојат целосни и попрецизни податоци за бројот на македонските иселеници во прекуокеанските земји и во Европската унија, како и во некои соседни земји.

Раселувањето на емигрантите од логорите во Грција, Италија и Австрија, пак,  започнал 1951 го- дина, главно, во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка (Бразил и Аргентина), од 1957 година во Белгија, 1958 и 1961/62 во скандинавските земји, а потоа и во САД, Канада и други држави. Исто така, според неофицијални податоци има и десетици илјади Македонци од Беломорска Македо- нија, потоа од Пиринска Македонија, од Албанија и Косово.

Уште со доаѓањето во новите средини во повоениот период, Македонците во новите средини правле обили да се организираат. Во почетокот иницијатори биле поединци-емигранти декларирани  како  антикомунисти  во  прифатните  логори. Оние, пак, емигранти во грчките логори кои изјавиле дека се Македонци биле изложени на посебен режим на измачување. Тие биле, главно, членови на Македонскиот национален комитет (МНК), подоцна преименуван во Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ) и други организации. Особено Македонците во западно-европските земји, покрај тоа што се организирале во политички партии, обично се групирале и печателе информативни гласила, преку кои ја изразувале својата политичка и национална определба.

Исто така, значајно поглавје во историскиот развој на Македонците во дијаспората е и пра- шањето со Македонците со муслиманска вероисповед. Нив ги има неколку стотици илјади во Истанбул, Измир, Бурса и во други градови во Турција, како и во европските и во прекуокеанските земји. Тие се дојдени претежно од Дебарско, Реканскиот крај, с. Горно Врановци, Велешко,  Скопско, Тетовско, Гора (во Србија и Црна Гора, односно Косово) и од други места. Карактеристино за оваа македонска популација е тоа што ја примила муслиманската вера, а ги задржала:  македонскиот  јазик,  културните  вредности, обичаите и традициите донесени од Македонија.

Инаку, во минатото македонските печалбари, а потоа и иселениците  биле претежно од селските средини, во потешка економска состојба, со понизок степен на образование и со ниски стручни квалификации, за разлика од денешните доселеници кои, претежно, се со високо образование и стручно оспособени. Оттука, главната цел на иселувањето била обезбедување на основната егзистенција и создавање материјални резерви за семејството.

Мал број иселеници го напуштиле родниот крај поради политички причини, како и од  традицијата за одење во друга земја. Меѓутоа, кај последните неколку генерации, како и кај доселениците од поново време, особено од Република Македонија, се јавува иселување на лица со високо образовно, И со повисоко културно и социјално ниво, што условува нов структурален степен  во  македонската  дијаспора.  Така,  меѓу нив има интелектуалци од различни сфери на различни области кои се афирмирани не само во македонски туку и во светски рамки.

1.9.9

Промените во економската, социјалната, образовната и квалификационата структура, паралелно со остварениот материјален потенцијал, условуваат и делумна трансформација на животните навики на македонските иселеници во дијаспората. Притоа, голем број од нив, особено од егејскиот дел на Македонија се пробиле во повисокото општество во кое живеат. Меѓутоа, во политичкиот живот во новите средини и  општества, македонските доселеници осетно заостануваат зад другите етнички групи, а тоа е случај и со другите иселеници од балканските земји. Сепак, нивните постигнувања на економски,  духовен, образовен,  културен и спортски  план, сè повеќе придонесуваат тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интегрален и важен фактор во новите средини во дијаспората, особено во мултиетничките општества.

И покрај разликите што иселениците од македонско потекло во дијаспората ги поседуваат во социјалната структура, а кои се резултат на различните нивоа на образование и материјална состојба, за нив се карактеристични некои заеднички обележја во социјалниот живот. Така, голем број од доселениците од Македонија, на одредн начин, се асимилирани или  се наоѓаат “зовриени’ во котелот на асимилирањето.

Поголемиот   дел   од   македонските   доселеници, пак, само привидно ја прифаќа интеграцијата во тамошното општество, а му останува верен на традиционалниот начин на живеење. Тие и понатаму се тесно врзани со семејството, во суштина засновано и одржувано во традиционален и патријархален дух. Обезбедувањето и комплетирањето на семејството, претставува еден од приоритетните животни цели на македонските иселеници во новата средина.

Затоа и нивниот најголем дел од општествениот живот се одвива, главно, во рамките на македонските етнички заедници. Во исто време, дел од нив пружаат извесен отпор на настојувањата на новата средина и тешко се вклопуваат во новиот начин на живеење, плашејќи се дека ќе го загубат личниот и националниот идентитет. Затоа, поголемиот број македонски доселеници ја продолжуваат поврзаноста и се групираат во македонските етнички заедници лоцирани, главно, во поголемите индустриски центри, каде и го започнале првиот организиран живот.

Продолжува

 99999

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Интервју со големиот бизнисмен и македонски патриот – Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски

Јунакот од оваа моногравско дело, Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски постојано се залага и така дејствува, за неопходноста од стабилноста и кохезијата на македонската заедница во цела етничка Македонија, потоа во македонските иселенички колонии, како и во сите други сфери, кои се витални за опстојот и крупните исчекори на една нација и во мирнодопски, но и во турбулентни времиња.

Од најблиските и подалечните тој не случајно е наречен легенда, што е сосема заслужен епитет за Атанасоски, кој се вброи во елитните бизнис – формации и во татковински мисионер.Иако кармата му била да не остане дома, туку да замине по светот, тој во секој момент од неговиот животек и активизам придонесува за својот народ. Атанасоски е доследен човек во кажаното и ветеното. Не останува само на зборови кога вели дека татковината треба да се помага и треба да придонесуваме во мозаикот на сите нејзини развојни фази.

Потврда за тоа е и фактот, дека во Прилеп, од каде одамна кинисал по светот, за да се задоми во Соединетите Американски Држави, инвестира, гради и помага, успешно менаџирајќи фирми, кои под неговата диригентска бизнис – палка, станаа препознатлив бренд во градот под Марковите кули. И, се разбира, пошироко, и повисоко, до каде достига погледот и на статуата на најголемиот цар на сите времиња епскиот јунак Александар Македонски, среде Прилеп, за чија изградба донацијата е на господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Приказната за амбициозниот Македонец, Џорџ Големиот се испишува од питорексното Марул, до вечниот Прилеп и натаму преку европските земји, сѐ до мегалополисот Њујорк, и блискиот до него Њу Џерси, со конечен пристан до сончевата Флорида на југот од големиот континент. Во сите тие трансферзали тој кинисува како доста млад од градот под Марковите кули во потрага по еден поинаков животек, поинаква иднина и среќа во далечните простори.                                   

Затоа, при оваа прилика ќе го поместиме разговорот на Елизабета Димитровска, објавен во списанието „Македонско сонце“, бр. 534 од 24.09.2004 година, за што е посветено посебно внимание и место во монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“. Затоа, во продолжение го објавуваме интервјуто во кое е пренесено следното:

1.7.5 Господине Атанасоски, Вие сте претседател на партијата Македонска алијанса. Оваа партија функционира и во Македонија и во САД. Кои се нејзините заложби во татковината, но и во државата во која живеете повеќе години?

АТАНАСОСКИ: Македонска    алијанса е национална  граѓанска  политичка  партија.  Според нејзините програмски определби таа настојува да се наоѓа во центарот на македонската политика. Партијата Македонска алијанса е формирана на 14 јануари 1996 година. Со нејзиното настанување се обидуваме да придонесеме во воспоста- вувањето на поинаков политички амбиент во земјата, односно политичко однесување на македонската политичка и јавна сцена. Македонска алијанса, почитувајќи го духовното, културното, историското и државното наследство на македонскиот народ, на целата негова етно-историска територија, секогаш го потенцира фактот дека Македонија е национална   држава. Во  оваа  наша  држава   македонскиот народ е неприкосновен носител на нејзината државност, а суверенитетот на Македонија го остваруваат сите граѓани, без оглед  на  нивната  етничка,  социјална,  политичка,  верска  и друга припадност, како и определба и убедување.

Македонска  алијанса  во  Македонија  и  секаде  во  светот каде што има свои членови, како и симпатизери, цврсто застанува и работи во интерес на одбраната и заштитата на севкупните витални македонски национални, стратешки, безбедносни, политички, економски и духовни придобивки, при што максимално се ангажира за нивно позитивно решавање. Наша определба е во иднина да поагресивно на овој план, со цел да допринесеме за ек- ономски просперитет на Македонија и за нејзино политичко стабилизирање. Македонска алијанса постои за доброто на Македонија.

Како функционира Македонска алијанса во Македонија, но и во дијаспората? Постојат ли Ваши конкретни заложби за Македонија кај власта во САД?

 

АТАНАСОСКИ: Активностите на Македонска алијанса во Македонија и во дијаспората се насочени кон политичко дејствување со цел да се остварат нејзините програмски цели. Сметаме дека политичката платформа на Македонска алијанса е прифатлива за сите Македонци, токму затоа   ние сме отворени и подготвени за соработка. Во Македонска алијанса членуваат Македонци од сите делови на Македонија, од Егејска, Пиринска, од Мала Преспа, како и оние кои живеат и работат во Европа, Канада, Америка, Австралија и Нов Зеланд. Секој наш член, односно секој Македонец кој се наоѓа во светот чувствува морална обврска никогаш да не престане да ја шири вистината за Македонија и за македонскиот народ. Всушност, во таа насока се движат и сите наши активности во презентирањето на Македонија кај властите во државите во кои се наоѓаме.

Господине Атанасоски, Вие сте познат успешен бизнисмен. Тоа значи дека   добро Ви се познати економските односи. Можете ли да ни кажете какви се погледите и ставовите на Македонска алијанса во однос на економското и социјалното функционирање на Македонија?

АТАНАСОСКИ: Непобитен факт е дека за една држава, за мирот во неа, за стабилноста, за напредокот, успешната економија мора да биде во нејзината основа. Македонска алијанса смета дека Македонија треба да биде изградена како демократска правна држава. Тоа значи дека исклучително и во секој сегмент мора да се почитуваат човековите права на сите граѓани без исклучок. Во однос на економијата мораме да ги прифатиме ставовите дека е крајно време во државава да почнат да се применуваат коректни деловни односи, затоа што пазарната економија е единствениот начин со кој ќе можеме да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Економските односи задолжително треба да бидат во рамките на законите на една правна држава. Крајно време е во Македонија да се создадат услови и поволен амбиент да се стимулираат сите гранки во стопанството, односно со тоа да се создадат можности за привлекување на странски инвестиции, особено ако како инвеститори се јавуваат Македонци од дијаспората. Всушност, економските прашања се дел од приоритетите на Македонска алијанса.

Неодамна бевте во официјална посета на Белата куќа како претставник и претседател на Македонска алијанса. Која беше целта на посетата и во која насока се одвиваа разговорите?

АТАНАСОСКИ: Политичката и економската состојба во која се наоѓа Македонија, неопходно налагаа Македонска алијанса да се сретне со претставници на Белата куќа. Во двочасовниот разговор со претставниците на Националниот совет за безбедност ги разгледавме проблемите со кои се соочува Македонија и нејзиното опкружување, односно Балканот. Во насока на стабилноста, безбедноста, мирот и економската благосостојба, ние побараваме поголемо ангажирање на САД во Македонија.

Тоа конкретно би можело да се реализира преку зголемена финансиска помош во различни видови, како и подготвување на програма за американски инвестиции во приватниот македонски сектор. Исто така, потребна е помош во решавањето на проблемот со границата со Косово, како и соодветно и правилно применување на Рамковниот договор, а во рамките на тоа почитување и на определбата на македонските граѓани за референдум за новата територијална организација на локалната самоуправа. Во разговорите особено внимание му посветивме на прашањето за враќање на насилно иселените лица во време на воениот конфликт во 2001 година, во нивните домови во Западна Македонија, за што е потребно политичка и економска помош. Настојувавме САД да се заложат за признавање на Македонија под нејзиното уставно име, зачленување во НАТО –алијансата и во ЕУ. Воедно беа разгледани и други витални прашања за иднината на Македонија. Националниот совет за безбедност потврди дека американската Влада, односно Стејт департментот, ја смета Македонија за свој близок сојузник, при што сесрдно го поддржува нејзиниот територијален интегритет и нашата држава ја смета за клучен фактор за стабилноста на целиот регион.

Македонска алијанса воспостави позитивна и пријателска комуникација со Белата куќа и во иднина се планира да се одржуваат постојани контакти. Сакам во мојата татковина и секаде во светот да се знае дека Македонија има еден голем пријател – Соединетите Американски Држави.

Господине Атанасоски, постои ли соработка меѓу Македонска алијанса и Републиканската партија на претседателот на САД, Џорџ Буш? Дали Македонците од САД едногласно ја даваат својата поддршка за неговото повторно кандидирање за претседател?

АТАНАСОСКИ: Меѓу Македонска алијанса и Републиканската партија секогаш постоела и ќе постои соработка. Во политиката на една држава или партија задолжително постојат одредени стратешки интереси, кои можат да се реализираат и да се спроведат само со дијалог и со меѓусебна соработка што е во интерес на двете страни. Во овој исклучително важен историски момент за Македонија, на нашата држава и се потребни вистински пријатели и остварување блиска соработка со САД. За иднината на Македонија е многу важно какви ставови ќе заземеме и во која насока ќе се одвива нејзината внатрешна и надворешна политика.

Ние Македонците од дијаспората можеме да помогнеме на овој план. Претседателските избори кои во САД ќе се одржат во ноември се од големо значење за иднината на македонската држава и македонскиот народ. Имајќи го предвид тоа сакам да истакнам дека ние многу добро знаеме кој и е пријател на Македонија – тоа е лидерот на слободниот демократски свет, претседателот на САД, Џорџ Буш. Македонска алијанса и Македонската заедница во САД едногласно ја даваат својата поддршка за неговата повторна кандидатура за претседател.

Која е Вашата прогноза за иднината на Македонија, доколку за претседател на САД биде избран Буш, односно Кери? Какви треба да бидат нашите очекувања?

АТАНАСОСКИ: На ова прашање ќе одговорам кратко. Изборот на Џорџ Буш за претседател на САД посочува дека дел од македонските интереси и очекувања ќе бидат остварени во 2005 година.

Од гирното интервју на Елизабета Димитровска може да се заклучи дека снаодливоста, работата, упорноста и визионерството, отсекогаш му биле личен белег и силна страна, која го водеше и го воздигна таму каде што е денес. Исклучителна вредност е и тоа, дека, иако тој одамна замина, но никогаш не ги заборави својот Прилеп и својата Македонија. Напротив, се враќаше и се враќа толку многу пати, каде што го влечат корените и носталгичните вибрации. 

Направи многу крупен чекор и служи за пример неговата одлука и гест, да изгради хотелски објекти, да го воскресне од дното еден од најголемите комбинати, да спонзорира спортска екипа и да прави уште многу добри дела. Тоа, прилепчани и сите вистинољубиви луѓе, го ценат и уважуваат, бидејќи Џорџ со личен пример покажа како се сака и помага родниот крај и Македонија. Неговата максима преточена во дело е и онаа Кенедиевата, „Не е важно што татковината ќе стори за тебе, туку, најважно е, што ти ќе сториш за неа“.

Значајно е тоа што Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е и дел од првата формација на Светскиот македонски конгрес, беше кандидат во трката за претседател на Република Македонија, претседател на политичката партија „Македонска алијанса“, иницијатор и сопственик на гласилата „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“, ѝ изјавил на Елизабета Димитровска бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Продолжува

 99999

Пишува: СЛАВЕ КАТИН