МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 7)

ЗНАЧАЈНО ДЕЛО ЗА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО НА СЛАВЕ КАТИН

Едно од најзначајните  дела за македонското иселеништво на Славе Николовски – Катин,  „Македонците во САД и во Канада“ („Македонска искра“, 2002, , 1-382, на македонски и англиски јазик) претставува своевиден рубин камен кој ја осветлува библиската вистина за постоењето и вековните страдања на македонската нација во срцето на Балканот.

.Мотивиран од овој факт, Катин ја започна и успешно остварува својата историска мисија, потврдувајќи и докажувајќи дека Македонецот има планетарни цивилизациски корени со кои се гордее, независно дали живее во својата татковина – Република Македонија или во Америка, Канада, Австралија и Европа (Европска Унија).

Оттука, делото „Македонците во САД и во Канада“  е еден вид национален проект на Катин. Делото безмалку се доживува како „семејно житие“ за Македонците во дијаспората, за нивната иселеничка одисеја, со сите елементи битни за историскиот егзодус на еден народ, од неговото осознавање како нација до денес. Импресивен е фактот дека во сите фази низ кои минал, независно од угнетувањата, прогонувањата, негирањата и асимилацијата што над него биле вршени, Македонецот успеал да се одржи и како птицата феникс да го продолжи своето битисување низ историјата. Најсветол пример на овој план е возобновувањето на Светиклиментовата црква на Плаошник во Охрид (разурната уште во XV век), во септември 2002 година.

Оригиналноста на ова дело произлегува и од еден друг факт. Имено, Катин, за разлика од другите истражувачи, на иселеништвото му приоѓа и од друг аспект. Тоа е откривањето на иселеничката генетика на Македонците, осветлувањето на причините (а не само на околностите) за појавата и развојот на овој феномен. Тие кај Катин не се третирани како гола статистика, туку се доживуваат како река која незапирливо тече, како планетарна појава која ги облагородува државите во кои се доселиле, дејствувајќи како амалгам на овие релативно нови цивилизации, не само на американскиот, туку и на австралискиот и европскиот континент. Кај Катин иселеништвото пулсира со живот чија динамика се чувствува на сите овие простори, создавајќи нови релации и нова клима во односите со старата татковина.

Оваа студија на Катин е своевиден калеидоскоп на историската вистина за нашето иселеништво. Во неа се прекршуваат сите вековни премрежија низ кои минувал македонскиот народ низ историјата. Она што му се случувало во Македонија, се рефлектирало, во иста или порадикална мерка и во дијаспората. И таму нашите луѓе биле третирани како Бугари, Срби или Грци, како на такви им биле нудени цркви и весници низ кои ќе ја изразат својат „фактичка национална припадност“. Од таквата „грижа“, за жал, нашите соседи не се откажале и денес, кога Балканот се демократизира и трансформира за вклучување во Европската унија.

Посебно е возбудлив начинот на кој Славе Катин ги отсликува односите меѓу македонските заедници во дијаспората. Неговите аргументи одат во прилог на фактот дека нема сила која може да го скрши духот и вербата на Македонецот во својата национална кауза. Состојбите на овој план денес во Америка, Канада, Австралија и Европа (Европска Унија), најдобро го потврдуваат тоа.

Македонците во државите на овие континенти денес ја доживуваат својата вистинска национална афирмација, што е, пред се’, нивна заслуга, но и заслуга на нивната матична држава, а особено на Македонската православна црква, која одигра извонредно значајна улога во зачувувањето на националниот идентитет и културните традиции на македонскиот народ, на сите светски меридијани.

Магнетизмот на ова дело извира и од еден друг факт. Македонците во Татковината и оние во дијаспората, преку него ќе научат повеќе за себе, ќе осознаат многу нови вистини за својата макотрпна борба за опстанок. Тоа ќе биде нишката која ги поврзува, запознава и зближува, како припадници на еден библиски народ со најдолга историја на планетата, како победнички народ, на чие чело се наоѓале водачи (Филип и Александар Македонски) со планетарна аура, без чии подвизи не може да се замисли, не само македонската, туку и историјата на многу народи.

Затоа оваа книга уште повеќе ќе ги обедини Македонците, ќе ги зближи и мотивира за нови освојувања и пробиви во економијата и културата на државите во кои живеат, но и за афирмација на нивните вредности како припадници на една од најстарите цивилизации во Европа и светот.

Со еден збор, ова дело на Катин е своевиден македонски „Златен мост“  по кој Македонците во Татковината и светот чекорат со една мисла и една цел: создавање стратегија на поврзување и соработка, во рамките на која сите тие ќе бидат генератори на овие процеси, кои ќе придонесат, не само за економскиот развој на Република Македонија, туку и за консолидација на односите со иселеништвото, од една, и смирување на денешните исцрпувачки трендови за доброто на земјата, од друга страна.

Свесен за овој факт, Катин својот генерален пристап кон оваа материја го модифицира и со неговото свртување од македонските заедници кон успешните поединци, чии продори во сферите на бизнисот, го привлекуваат не само вниманието на земјата во која живеат, туку и на старата Татковина, преку повремените контакти што со неа ги одржуваат по разни поводи (прослави, јубилеи, приеми), но не и мотивирани од македонската власт за вложување на нивниот капитал во матичната земја.

Делото „Македонците во САД и канада“ најпрво имаше промоција во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, за кое зборуваа митрополитот Кирил и академикот Блаже Ристовски. Потоа, на 8 декември 2002 година, во Торонто, Канада, кога се одржуваше културната семакедонска манифестација по повод празникот посветен на македонскиот просветител и патрон на македонската православна црква „Св. Климент Охридски“, а во организација на Соборниот македонски храм што го носи неговото име и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ (чиј член е и Катин) се одржа врората промоција.

Во големата сала на храмот, а во присуство на неколку стотини членови на македонските православни црковни општини, на бројни македонски друштва и асоцијации, бизнисмени, македонски дипломати и видни граѓани на културната јавност од метрополата Торонто, беше претставено творештвото на хроничарот на македонското иселеништво, Славе Николовски Катин.

Тогаш беа промовирани неговите најнови двојазични дела (на македонски и на англиски), публикациите „Македонците во САД и во Канада“ и „Монографијата за познатото македонско семејство Јановци“, истакнува Даринка Даневска во својата информација објавена во јавните гласила на Македонците во Канада и во Република Македонија. Оваа значајна манифестација ја отвори претседателот на црквата „Св. Климент Охридски“, Џим Шарковски, интелектуалец од Канада.

Делото „Македонците во САД и во Канада“, истакнува таа, е капитално дело на публицистот Славе Катин, во кое е фокусирана македонската иселеничка голгота од крајот на XIX век до денес. Неговата промоција ја направи познатиот македонски академски сликар од Торонто, Ѓорѓи Даневски. Во своето излагање тој истакна:

„Делото на Катин е драгоцено, репрезентативно и сеиселеничко, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски развој на Македонците од сите делови на Македонија на северноамериканскиот континент. Во истовреме, делото на Катин претставува значен прилог кон македонската книжнина, историографија и вистина, зашто тоа зборува за организираното живеење, постигањата на македонските иселеници на национално, верско, културно, образовно и спортско поле. Исто така, во него се претставени напорите и борбата на Македонците за одбрана на нашиот национален идентитет, традициите и обичаите, кои извираат од нашите библиски корени. Затоа, со право може оваа книга да се нарече Библија за судбината на Македонците во САД и Канада“, истакнува Даневска.

„Посебен акцен во ова капитално дело на Катин за Македонците на северноамериканскиот континет е ставен врз македонските православни цркви, манастири и црковни општини, како и на македонските организации, друштва, медиуми, клубови и друг вид асоцијации што Македонците ги формирале во период од над сто години. Со тоа се заокружува една значајна страница за македонската вистина и се осветлува историскиот и развојниот пат на Македонците на овие демократски и многунационални простори“, истакнува Драгица Белчевска, водител и уредник на македонскиот радио час „Глас од Македонија“, од Торонто.

Исто така, со пригодни зборови на присутните им се обрати и Ѕвонко Муцунски, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Канада, кој дојде специјално за промоцијата на книгите.

Во Детроит, САД, пак, во организација на Друштвото „Полог“ (чиј почесен член е и Катин), на 15 декември 2002 година, публикацијата  „Македонците во САД и во Канада“, беше промовирана пред голем број членови на Друштвото, на Македонската православна црковна општина „Света Богородица“, на повеќе македонски друштва и асоцијации, бизнисмени и други гости.

Ова значајна средба ја отвори претседателот на Друштвото „Полог“, Љупчо Атанасовски, а за ликот и делото на Катин зборуваше свештеникот Благоја Ацески. Делото „Македонците во САД и во Канада“ го промовираше познатиот иселеник, бизнисменот Мишко Васовски, претседател на Македонско-американската асоцијација. Тој истакна дека делото на Катин е драгоцено, репрезентативно и семакедонско, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски развој на Македонците од сите делови на Македонија кои денес живеат на северноамериканскиот континент, се вели во статијата на Дени Гавровски, објавена во повеќе гласила во Република Македонија.

За творештвото на Катин зборуваше и свештеникот на МПЦ „Св. Богородица“  Благој Ацески, кој посебно подвлече дека во ова капитално дело на Катин за Македонците на северноамериканскиот континент, посебен акцент е ставен врз македонските православни цркви, манастири и црковни општини, како и на македонските организации, друштва, медиуми, клубови и други асоцијации формирани од иселениците во измиатите сто години. Со тоа, според него, се заокружува една значајна страница за македонската вистина и се осветлува историскиот и развојниот пат на Македонците на овие демократски и повеќенационални простори.

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 6)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 5)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 4-ТИ ДЕЛ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ТРЕТ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ВТОР ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПРВ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ВТОР ДЕЛ)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ (2)

ПУБЛИЦИСТИКАТА НА СЛАВЕ КАТИН- ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ

Во еден подолг период Славе Николовски – Катин го свртува вниманието на себе со својата динамична информативна и публицистичка дејност поврзана со иселеничкиот корпус.  Притоа, тој навлезе во суштината на проблемите со кои се преокупирани Македонците во дијаспората, но и државните структури во земјата, кои во разни периоди имаа различни погледи кон иселеништвото, што е и причина за отсуството на една подолгорочна и конзистентна државна стратегија кон нив.

 

.Свесен за тој факт, Катин настојува да ја пополни таа празнина, да го надомести тој вакуум и да воспостави извесен баланс во односите на државата со раселените Македонци, со што започна да го гради големиот (златен) мост на поврзување на Македонците расселени по светот со Татковината, како самостојна и независна држава. Но, и нивното меѓусебно запознавање и зближување, независно од оддалеченоста на нивните дестинации.

Широката палета на Катин за остварување на стратегиските цели на овој план, опфаќа бројни зафати, дел од кои веќе функционираат. Освен неговите релативно чести посети на трите континенти и личните средби со иселениците, преку монографските изданија за најуспешните од нив, Катин се обидува интересот за соработката со дијаспората да го пробуди и кај луѓето во државниот врв на земјата.

Публицистичкиот опус на Славе Катин опфаќа 60 наслови на книги, од кои дваесет и една се тесно поврзани со иселеништвото, дваесеттина се дела за познати и признати иселеници, десеттина се посветени на духовно-националното живеење на Македонците во светот и десетина се лексикографски изданија.. Со ваков импозантен историографски корпус посветен на македонската дијаспора, не можат да се пофалат многу македонски историчари.

И не само тоа. Македонската голгота во делата на овој автор е осветлена од сите аспекти: историските околности кои довеле до нејзината појава, динамиката со која се развивала, структурите на населението кои се нашле под нејзин удар, динамиката на нивното интегрирање во новите средини, негувањето на културните традиции, комуникациите со Татковината, економската консолидација и нивното афирмирање како значаен етнички фактор во државите во кои се доселиле и останале да живеат.

Македонската иселеничка проблематика е доминантна во делата Македонски холокауст (НИО „Студентски збор“, 1990), Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД („Нова Македонија“, 1991), Во Австралија како дома („Матица македонска“, 1992), Македонскиот иселенички печат (НИО „Студентски збор“, 1993), Печалбарски копнеж („Матица македонска“, 1993), Македонски иселенички паноптикум (Друштво за наука и уметност, Битола, 1996), Поетски иселенички меридијани („Матица на иселениците од Македонија, 1996), Иселенички хоризонти („Македонска искра“, 1999), Моите патувања низ светот“ („Мкедонска искра“, 2001), Македонците во САД и во Канада („Македонска искра“, 2002), Илинден 1903-2003 и македонските иселеници („Ма-кедонска искра“, 2003), „Иселеничка вртелешка,  „Македонска искра“ – Скопје, 2008, „Love Stories  (Љубовни приказни), „Македонска искра “, Skopje, 2011, „Илинден во Љубојно и Преспа,, „Македонска искра“, Скопје, Македонско друштво „Љубојно“- Детроит, 2013,  „Светот на дланка, „Контура“, Скопје, 2014, „Македонски иселенички меридијани  „Македонска искра“,Скопје, 2017, „Израел и Македонија„Македонска искра“, Скопје, 2017 Macedonians in the World, „Македонска искра“ и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“, Скопје, 2018, „Македонците во светот“„Македонска искра“ Скопје, 2019 и „Преспанска разгледница“, „Македонска искра“ Скопје, 2020

Особено внимание заслужуваат неговите монографиите: „Атанас Близнаков“ (2000), Андреа Бранов“ од Мелбурн, Австралија (2001,  „Семејството Јановски“ од Торонто, Канада (2002), „Светле (Стив) Стамевски“ од Детроит, САД (2005),„Митрополитот Кирил“ од Македонија (2007), „Ѓорѓи (Џорџ) Томов“ од Њујорк (2007), „Бошко Рајчовски–Пелистерски“ од Флорида (2008), „Петар Стаматов“ од Чикаго (2010), „Ѓорѓија–Џорџ  Атанасоски“ од Флорида, (2012),  „Атанас Близнаков“од Гери, САД (2015)  (на македонски и англиски јазиk), и „Есма Реџепова-Теодосиевска“ од Скопје (2015),  (на македонски, англиски и ромски јазиk), како и делото „Гога Печенковски“ од Ресен (2004) (на македонски јазик).

Славе Катин е коавтор и на делата: „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ (2004), „Од Панонија до Егеј“ (2007), (на македонски) со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо, „Македонија во античко време“ (2010) и „Балканот и Македонија“ (2014) (на англиски) со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Ристо Стефов, потоа „Во чест на Свети Кирил и Методиј“  (1994), „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Сливничка во Преспа“ (2007),(на македонски) со проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, и „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил во Рим“(2008) (на македонски), со проф.  д-р Вера Стојчевска-Антиќ и епископ Климент, како и делата „Македонски вознес“ (1994) (на македонски и англиски), „Поетски иселенички меридијани“ (1995) и„Македонците во Хамбург (1978-1998)“ (1997), (на македонски јазик) трите со Фиданка Танаскова, „Илинден во Љубојно и Преспа“ (2013) (на македонски и англиски) со Бошко Рајчовски–Пелистерски и „Силјан Мицевски“ од Битола (2015) со Ѓорѓи Лумбуровски (на македонски јазик).

Делото An English–Macedonian Limnological Dictionary / Англиско–македонски лимнолошки лексикон, Хидробиолошки завод, Охрид, 1986, 1-206, (на англиски и македонски јазик). Е првото дело на Славе Николовски-Катин, а публикацијата „Преспанска разгледница“, „Македонска искра“ Скопје, 2020, 1-340, (на македонски јазик) е шеесетто дело

Славе Катин е познат и со неговите лексикографски изданија за деца „Ајде да учиме македонски и англиски“ (1997)(на француски, германски, турски, со Исние Шабан,   албански, со Лирија Реџепи, влашки со Захарица Порчу  и со Љатив Демир на ромски јазик), и „Англиско-македонски биотехнички речник“ (1994), потоа “Англиско-македонски ветеринарен речник”(1996) со проф. Илинка Дракулевска-Грубовиќ и проф. Никола Јордановски„Библиски речник“ (1997), со проф. д-р Петко Златески, Водич низ компјутерската терминологија“(2000), со Стеван Томовски.

Тој е познат и по преведените бројни дела и трудови од македонски на англиски јазик и обратно, меѓу кои: „Селото Неволјани-Леринско“ (1986) (од македонски на англиски) од Ристо Кираџиев од Торонто, на преводите на  „Јубилејното издание посветено на 50-годишнината од основањето на хидробиолошки завод – Охрид“, Охрид, (1985), на „Развојот и исхраната на младите циприниди во Охридското Езеро“ (1988), (од македонски на англиски), докторска дисертација на биологот Милчо Точко од Охрид, „Страници за Македонија и Македонците“ (1990) од Христо Андоновски, од Скопје и „Македонски стопански речник“ (1990) на Стопанска комора на Македонија, „По патеките на Евлија Челебија“ (2007) (на турски јазик.) како  и други преводи на научни трудови од македонски на англиски и обратно, Тој е особено познат со преводот од англиски на македонски јазик на романот Александар Македонски“ (1988) од Урлих Вилкен.

Наведениве наслови недвосмислено говорат за широкиот интерес и упатеност на Катин во исленичката проблематика. Посебна потврда за тоа е и фактот што своето високо мислење за неговите дела го дале голем број истакнати македонски историчари, научни работници, новинари и публицисти, со нагласена интелектуална позиција во македонското општество и надвор од него.

Така, делото „Македонски холокауст“, (НИО „Студентски збор“, Скопје, 1990, 1-236 на македонски јазик) непосредно и аргументирано ги прикажува животните судбини на Македонците. Во секој презентиран текст читателот го чувствува присуството „на последное целивание“ на Македонецот со родната грутка, со најблиските во родниот крај и со гробовите на починатите. Никој од насилно отселените од родниот праг не верувал нити пак ќе поверува дека латинската поговорка: „Ibi bene ibi patria“ (Таму каде што ти е убаво, таму ти е и татковината) претставува вистина. Затоа и за на век вака ќе се одгласуваат како вистина испеаните песни: „Бог да бие кој прв спомна Америка“, „Туѓината пуста да остане“ и други македонски песни.

За првото дело на Славе Катин „Македонски холокауст“, посветено, главно, на иселеништвото, истакнатиот македонски општествен и културен работник Живко Василевски, претседател на Културно-просветниот собор на Собранието на Република Македонија, а потоа и претседател на Матицата на иселениците од Македонија, ќе истакне:

“Ова дело претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваат со години, децении и векови и се’ уште упорно ја продолжуваат и се надеваат на конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Македонија, таа срцевина на Балканот, од искона била и ќе биде крстосница на најзначајните магистрали меѓу Северна и Средна Европа, од една, и Медитеранот и Блискиот Исток, од друга страна. Преку овие магистрали постојано се движеле цивилизациите од Север кон Југ и од Југ кон Север и секоја зад себе оставила траги од својата материјална култура. Веројатно оваа вистина за Македонија била и мотив железниот канцелар Бизмарк, кон крајот на XIX век да ја изговори познатата синтагма: Оној што владее со долината на Вардар, владее и со Балканот.

Оваа вистина претставувала основа за завојувачката политика на Отоманската империја кон Европа, како што била и мотив во политичката стратегија на балканските монархии за доминација на Балканот. Во контекстот на геостратешкото значење на Македонија на Балканот, а и пошироко, се кроеше судбината на Македонија и на Македонците, се кроеја нејзините голготи и искоренувањето. Во прилог на тоа говорат бројните притисоци над Македонците, колонизациите со немакедонско население, асимилацијата и денационализацијата и како крајно средство, физичкиот геноцид над македонското население.

Во рамките на овие и вакви ангажирања на аспирантите за владеење со Балканот, станува сосема разбирлива и вистината за една третина од отселените Македонци од својата родна грутка во прекуморските земји. Оваа судбина е карактеристична и за народот од Израел и за Ерменците.

Во Македонскиот холокауст Славе Катин непосредно и аргументирано ги прикажува животните судбини на Македонците. Тој ги дава сведоштвата за Лерин, Желево, Габреш, К’басница, Воден, за Љубојно, Брајчино, Велгошти, Вевчани, за Мелник, Петрич и Сандански, за Мала Преспа и преселбите и разделбите на Македонците и за нивниот непребол кон родната грутка. Во фокусот на неговото внимание се иселениците, кои се потврдуваат како мошне значаен фактор во борбата на Македонецот за својата национална легитимација, или поточно за својот јазик и култура, колку слични, толку и различни од историјата, јазикот и културата на другите словенски народи.

На промоцијата на ова дело во Клубот на новинарите на Македонија, Живко Василевски, истакна дека во сегашниот миг на разгорени страсти за господарење со средиштето на Балканот, а и во иднина, ова дело на Славе Катин ќе претставува значајна и своевидна документација за одбраната на националното битие на Македонецот, но и аргументација за проширување на сознанијата на општествено-политичката, културната и научната јавност во светот за македонскиот дел на Балканот.

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

 

Кој е Славе Николовски – Катин?

СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН, кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во Македонците насекаде во светот. Тој и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

 

Разновидната палета на Катин за реализација на стратешките цели на ова поле опфаќа бројни напори, од кои дел веќе функционираат. Покрај релативно честите посети на трите континенти и неговите приватни средби со мигрантите, преку неговите монографски публикации за најуспешните од нив, Катин, исто така, се обидува да предизвика интерес кај државните лидери во земјата за соработка со дијаспората. Ова особено се очекува со објавување на неговата 55 книга Израел и Македонија (на англиски и македонски и хебрејски).

 

Тој е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец. Тој е роден точно на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него.

Во големата светска катаклизма, во семејството на Сандра и Ристо Николовски (Барџевски) се родил синот Славе кој ќе ја продолжи семејната лоза. И не само тоа, тие како да претчувствувале дека нивното прво и единствено чедо, ќе стане познато и признато име, не само во Преспа, туку и во Македонија и надвор од неа ширум светот.

Во неговата биографија е забележано дека извесен период по неговото раѓање, семјеството се преселува во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра (од семејството Грежловци). Таму Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со над 5.000 книги Таму од мали ноѕе го почувствувал тешкиот печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печалбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов.

Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно, а Средно техничкото училиште, геодетски отсек во училиштето „Здравко Цветковски“ во Скопје. Студирал две години Геодезија на Вишата геодетска школа во Белград., се школувал и во Торонто, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Во брак е со Нада Николовска, родена Иванова, во Винива во 1949 година. Таа денес е пензионерка, а беше советник и инспектор по македонски јазик во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование на Република Македонија. Нада Николовска – Катин е автор на дваесетина учебници и друга литература и на повеќе од дваесет дидактички дела по македонски јазик кои значат голем придонес во наставниот процес во училиштата во Македонија. Нејзините дела, во исто време се и афирматори и бранители на македонскиот јазик и литературата во земјата и светот.

Нада и Славе Катин имаат две деца: Синот Александар, роден во Скопје во 1974 година, доктор по ветеринарна медицина – ДВМ и ќерката Дафинка, родена во Штип во 1975, професор по англиски, шпански и македонски јазик. Александар е женет со Радмила Николовска, родена Чрчева, во Гостивар во 1974 година, доктор по ветеринарни науки. Тие имаат три ќерки, Сандра Николовска – Катин, родена во Скопје во 2003 година, која го носи името на покојната мајка на Славе Катин. На нејзиниот шести роденден Катин објави пригодна монографија со цртежи што таа ги направи во градинката и фотографии од нејзиното предшколско детство. Втората ќерка Костадина (Дина) Николовска – Катин, е родена во Скопје во 2006 година. И на нејзиот шести роденден Катин објави пригодна монографија со цртежи што таа ги направи во градинката и фотографии од нејзиното предшколско детство. Третата ќерка Надја, која го носи името на бабата Нада, е родена во 2016 година.

Дафинка, пак, е мажена за Џампаоло Скатоца познат како Џипи (Giampaolo Scatozza – Jippi) роден во Рим, Италија. Тој завршил Музичка академија во Рим и сега е џез музичар, (бубневи) и професор по музика, со кого има една ќерка Изабел (Isabel) Катин – Скатоца родена во Торонто во 2006 година и синот Масимо (Massimo) Катин – Скатоца, роден во Торонто во 2007 година. И на невните  шести родендени Катин објави пригодна монографии со цртежи што тие ги направија и фотографии од нивното  предшколско детство. Изабел е и автор на тријазичната стихозбирката „Дождот“, која беше промовирана на 02,08 2017 година на големиот македонски национален празник Илинден.

По завршувањето на средното образование, неколку години Славе Катин работи како геометар во Собранието на Општината Ресен. Како студент во Белград, во почетокот на 1966 година заминува за Канада, каде останува четири години. Во Торонто се школува на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература „Раерсон“. Извесен период работи како геодет, а пројавува активност и во македонската колонија во Торонто. Еден мандат, во 1978 година, бил генерален секретар на Црковната управа на Македонската православна соборна црква “Свети Климент Охридски” во овој град. Паралелно се занимавал со новинарство, активно соработувајќи со списанието “Духовна искра” од Торонто, но и со други печатени и електронски македонски медиуми во Канада и Соединетите Американски Држави.

 

Во летото 1970 година, по препорака на тогашниот југословенски амбасадор Митко Чаловски се вратил во Македонија како студент на Владата на тогашна Социјалистичка Република Македонија, преку Матицата на иселениците од Македонија. Заедно со неколку студенти од Канада и Австралија имал статус и бенефиции како странски студент во Македонија, со цел, пак, да се врати во Канада.

Меѓутоа, во 1972 година стапил во брак со Нада Иванова, професор по македонски јазик и литература и останал да живее во Македонија, во древниот Охрид. По дипломирањето на Филолошкиот факултет (1974), Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон. Во овој период, интензивно работи на повеќе преводи од научен и стручен карактер, од македонски на англиски јазик и обратно, за потребите на Заводот, но и на низа преводи на англиски јазик на научни трудови објавувани во земјата и странство.

Од 1979 до 1984 година, Катин е во Матицата на иселениците од Македонија, каде ја води Информативната служба и работи како преведувач и новинар во списанието “Македонија”. Од 1984 до 1990 година се наоѓа во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (РК ССРНМ), каде го уредува “Информативниот преглед” и други информативни публикации на оваа општествена организација. Воедно, од Претседателството на РК на ССРНМ е именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ во сферата на религијата и верските заедници.

 

Од 1991 до 1998 година Катин (именуван од Собранието на Република Македонија, како самостојна и независна држава) ја врши функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Во 1999 година повторно се враќа во Матицата на иселениците од Македонија, сега веќе трансформирана во Министерство за иселеништво, кое, по една реконструкција на Владата, е рангирано во Агенција за иселеништво. Со цел поангажирано да се посвети на иселеништвото, во 2001 година, Катин ја напушта Агенцијата и заминува во предвремена пензија.

Меѓутоа, во овие дваесеттина години по пензионирањето, тој е активен во издавачката дејност. Како главен и одговорен уредник на една од престижните издавачкати куќи–Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје, тој постигнал видни резултати во издаваштвото, особено во учебникарството. Славе Катин уредил и објавил неколку стотини наслови од кои најголем број се учебници и дидактичка литература, кои значат голем прилог и придонес во образовните процеси во Република Македонија и за учениците во дијаспората, а кои се одобрени од Министерството за образование и наука на Република Македонија, потоа дела на македонски иселеници, асоцијации и организации во Канада, САД, Автралија и Европската Унија, како и книги на бројни познати и непознати автори од Македонија, како и дела од творештво на Славе Катин.

Како функционер на Владата на Република Македонија, Славе Катин бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и  Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбил  и Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква -Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, бројни европски земји, Турција и Израел.

Во неговиот творечки опус од 60 дела, посебно внимание заслужуваат книгите: Македонците во САД и Канада (на македонски и англиски),Македонските православни цркви во Австралија, Канада и САД; Илинден 1903-2003 и македонските иселеници; Македонски холокауст; Македонскиот иселенички печат (на македонски);, како и делата Придонесот на Македонија во светската цивилизација; Од Панонија до Егеј, Во чест на св. Кирил и Методиј, 40 Поклоненија на гробот на Св. Кирил во Рим), Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Сливничка во Преспа, Праисторија на Централниот Балкан, Благоја Механџиски-Зегин од Скопје (на македонски и англиски) Есма Реџепова-Теодосиевска,  Монографија за бизнисменот Стив Пљакас од Канада (на македонски, англиски и ромски) Силјан Мицевски од Битола (во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски) и Гога Печенковски од Ресен (на македонски), како и монографиите Монографија за семејството Видиновски и Монографија за бизнисменот Гојко Јаковлески, (на македонски и англиски) (во подготовка). дело Израел и Македонија (Israel and Macedonia)  (на англиски, и македонски и хебрејски), Macedonians in the World (Македонците во светот), Александар Македонски, во коавторство со Ѓорѓи Бранов, (на македонски) и 60 – дело – Преспанска разгледница, (на македонски).

Славе Катин е автор на делата за големите македонските донатори од дијаспората, Атанас Близнаков (две изданија), Петар Стаматов (коавтор со проф. Методиј Трајковски) и Ѓорѓи-Џорџ Атанасоски (две изданија), од САД,  на митрополитот Кирил, Георги Томов од Њујорк, Светле (Стив) Стамевски од Детроит, Андреа Бранов од Мелбурн, Семејството Јановски од Торонто,  Бошко Рајчовски-Пелистерски од Флорида, Благоја Механџиски-Зегин од Скопје (на македонски и англиски)(подготвена за печат),  Есма Реџепова-Теодосиевска, Монографија за бизнисменот Стив Пљакас од Канада  (на македонски, англиски и ромски) Силјан Мицевски од Битола (во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски) и Гога Печенковски од Ресен (на македонски), како и монографиите Монографија за семејството Видиновски и Монографија за бизнисменот Гојко Јаковлески, (на македонски и англиски) (во подготовка).

Тој е исто така познат со лексикографските изданија: Англиско-македонски лимнолошки лексикон, речниците за деца: Ајде да учиме македонски, англиски француски, германски, турски, албански, влашки и ромски, како и со преводот на романот Александар Македонски (од англиски на македонски) од Урлих Вилкен, како и по делата: Evliya Celebi’nin dunnya seyahatleri izlerinden (По стапките на Евлија Челебија) (на турски) и Love Stories, (Љубовни приказни) (на англиски). 

Посебно место во творештвото на Катин заслужуваат последните негови дела: Илинден во Љубојно и Преспа (на англиски и македонски), педесеттото дело Светот на дланка и Македонски иселенички меридијани (на македонски), како и педесет и петтото дело Израел и Македонија (Israel and Macedonia)  (на англиски  македонски и хебрејски), Macedonians in the World (Македонците во светот), Александар Македонски, во коавторство со Ѓорѓи Бранов, (на македонски) и 60 – дело – Преспанска разгледница, (на македонски).

Во текот на неговата работа и творечка дејност објавил шеесет публикации, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно.  Исто така, автор е на над три илјади новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот.

Славе Николовски – Катин беше акредитиран новинар од Македонија за Австралиско-македонски неделник од Мелбурн во период од три години и за Меѓународна политика од Белград. Поголемиот број од неговиот опус на материјалите се однесува и е сврзан со активностите и животот на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада, САД и Европската Унија, како и на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земји, а 50-тина преводи од македонски на англиски во рубриката ,,Од месец до месец” во списанието Македонија се однесуваат на културно-политичкиот и општествениот живот во Република  Македонија.

Има учествувано на 60-тина симпозиуми, трибини, конференции и друг вид сесии во земјата и во светот на кои има презентирано, главно, реферати што се однесуваат на културата, литературата, јазикот и религијата, како и на информативната и друга дејност на македонските иселеници во прекуокеанските и во западноевропските земји.

Како активен новинар беше избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа беше член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Беше член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград и член на „Друштвото на литературните преведувачи на Македонија“. Два мандата беше потпретседател, како и член на Друштвото за литература и култура Македонија-Канада, потоа бил почесен член на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” . Бил член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД, а почесен член е на Литературното друштво „Браќа Миладиновци” од Торонто, Канада и на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, а е член на Друштвото за наука и уметност од Битола.                       

Во еден подолг период Катин го свртува вниманието на себе со својата динамична информативна и публицистичка дејност поврзана со овој корпус, поради што е централна фигура во односите меѓу црквата и државта, од една, и односите на државата, црквата и дијаспората, од друга страна. Ваквата негова позиција му овозможи номинација во разни друштва, здруженија и организации во Републиката и пошироко. Исто така, забележително е неговото учество на бројни симпозиуми, трибини и семинари во земјата и странство, на барање од нивните организатори кои ги ценат и почитуваат неговите погледи по низа прашања од сферите во кои дејствуваат. На овој план, Катин оствари исклучително богата и динамична комуникација со бројни субјекти во државата и светот. Тоа му овозможи да навлезе во суштината на проблемите со кои беа преокупирани Македонците во дијаспората, но и државните структури во земјата, кои во разни периоди имаа различни погледи кон иселеништвото, што е и причина за отсуството на една конзистентна држвна стратегија кон нив.

Свесен за тој факт, Катин настојува да ја пополни таа празнина, да го надомести тој вакум со предлози и сугестии, но и со конкретни практични чекори да воспостави извесен баланс во односите на државата со раселените Македонци, со што започна да го гради големиот (златен) мост на нивното поврзување со Татковината, како самостојна и независна држава. Но, и нивното меѓусебно запознавање и зближување, независно од оддалеченоста на нивните дестинации. Меѓутоа, неговиот придонес не запира тука. Катин е свесен дека на Македонија може да и’ се помогне најмногу ако во неа се инвестира во реализацијата на низа проекти од значење за нејзиниот побрз развој, односно ако за тоа се заинтересираат и самите тие во дијаспората, како успешни бизнисмени.

Широката палета на Катин за остварување на стратегиските цели на овој план, опфаќа бројни зафати, дел од кои веќе функционираат. Освен неговите релативно чести посети на трите континенти и личните средби со иселениците, преку монографските изданија за најуспешните од нив, Катин се обидува интересот за соработката со дијаспората да го пробуди и кај луѓето во државниот врв на земјата.

Ефектите од ваквите посети на угледни Македонци од дијаспората на својата Татковина, допрва ќе се почувствуваат, како што ќе се почувствува и придонесот на Катин на овој план. Историската димензија на неговиот национален проект поврзан со иселеништвото, објективно го афирмира во уникатен лидер на едно светско семакедонско движење за промоција на Македонија, не само како колевка на една стара цивилизација, туку и како држава која придонесува развиениот свет сè повеќе да ја чувствува и во сопствениот развој.

Славе Катин, во период од педесетина години објавил над 5.000 текстови, главно, за Македонија, за иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата и други области во информативни гласила во Република Македонија и странство и тоа во: „Нова Македонија”, „Вечер”, списанијата „Македонија”, „Македонска ревија”, „Литературен збор”, „Културен зивот”, „Студентски збор” „Лик”, „Весник на МПЦ”, „Трудбеник”, „Бирлик”, „Климентов збор”. „Духовна искра”, „Обединети Македонци”, “Македонија”, “Искра”, „Повод”, „Австралиско-македонски неделник”, „Македонска искра”, „Македонски весник“, „Духовна искра“, „Македонски иселенички алманах“, особено во Веб-порталот „Македонска нација’, како и во други гласила и портали во Македонија и странство, како што се: „Македонско Сонце“, „Pollitecon Publications“, „Македонски збор“, Публицитет“, „Матица на иселениците од Македонија“, „Macedonia info Diaspora“, „Илинден“, „Виножито“, „Медиа 24.мк“ „Огледало“ и други.

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој е исто така добитник на најпрестижната награда „Крсте П. Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката.

Борче Наумовски, 

поранешен министер за култура

Личности од Преспа – Славе Николовски Катин од Љубојно, како аналитичар на македонското иселеништво

Славе Николовски-Катин кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во Македонците насекаде во светот. Тој и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората

Тој е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец. Тој е роден точно на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него.

Во големата светска катаклизма, во семејството на Сандра и Ристо Николовски (Барџевски) се родил синот Славе кој ќе ја продолжи семејната лоза. И не само тоа, тие како да претчувствувале дека нивното прво и единствено чедо, ќе стане познато и признато име, не само во Преспа, туку и во Македонија и надвор од неа ширум светот.

Во неговата биографија е забележано дека извесен период по неговото раѓање, семјеството се преселува во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра (од семејството Грежловци). Таму Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со над 4.000 книги Таму од мали ноѕе го почувствувал тешкиот печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печалбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов – Грежлов.

Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно, а Средно техничкото училиште, геодетски отсек во училиштето „Здравко Цветковски“ во Скопје. Студирал две години Геодезија на Вишата геодетска школа во Белград., се школувал и во Торонто, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Во брак е со Нада Николовска, родена Иванова, во Винива во 1949 година. Таа денес е пензионерка, а беше советник и инспектор по македонски јазик во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование на Република Македонија. Нада Николовска – Катин е автор на дваесетина учебници и друга литература и на повеќе од дваесет дидактички дела по македонски јазик кои значат голем придонес во наставниот процес во училиштата во Македонија. Нејзините дела, во исто време се и афирматори и бранители на македонскиот јазик и литературата во земјата и светот.

По завршувањето на средното образование, неколку години Славе Катин работи како геометар во Собранието на Општината Ресен. Како студент во Белград, во почетокот на 1966 година заминува за Канада, каде останува четири години. Во Торонто се школува на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература „Раерсон“. Извесен период работи како геодет, а пројавува активност и во македонската колонија во Торонто. Еден мандат, во 1978 година, бил генерален секретар на Црковната управа на Македонската православна соборна црква “Свети Климент Охридски” во овој град. Паралелно се занимавал со новинарство, активно соработувајќи со списанието “Духовна искра” од Торонто, но и со други печатени и електронски македонски медиуми во Канада и Соединетите Американски Држави.

Во летото 1970 година, по препорака на тогашниот југословенски амбасадор Митко Чаловски се вратил во Македонија како студент на Владата на тогашна Социјалистичка Република Македонија, преку Матицата на иселениците од Македонија. Заедно со неколку студенти од Канада и Австралија имал статус и бенефиции како странски студент во Македонија.

По дипломирањето на Филолошкиот факултет (1974), Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон. Во овој период, интензивно работи на повеќе преводи од научен и стручен карактер, од македонски на англиски јазик и обратно, за потребите на Заводот, но и на низа преводи на англиски јазик на научни трудови објавувани во земјата и странство.

Од 1979 до 1984 година, Катин е во Матицата на иселениците од Македонија, каде ја води Информативната служба и работи како преведувач и новинар во списанието “Македонија”. Од 1984 до 1990 година се наоѓа во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (РК ССРНМ), каде го уредува “Информативниот преглед” и други информативни публикации на оваа општествена организација. Воедно, од Претседателството на РК на ССРНМ е именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ во сферата на религијата и верските заедници.

Од 1991 до 1998 година Катин (именуван од Собранието на Република Македонија, како самостојна и независна држава) ја врши функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Во 1999 година повторно се враќа во Матицата на иселениците од Македонија, сега веќе трансформирана во Министерство за иселеништво, кое, по една реконструкција на Владата, е рангирано во Агенција за иселеништво. Со цел поангажирано да се посвети на иселеништвото, во 2001 година, Катин ја напушта Агенцијата и заминува во предвремена пензија.

Меѓутоа, во овие дваесеттина години по пензионирањето, тој е активен во издавачката дејност. Како главен и одговорен уредник на една од престижните издавачкати куќи–Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје, тој постигнал видни резултати во издаваштвото, особено во учебникарството. Славе Катин уредил и објавил неколку стотини наслови од кои најголем број се учебници и дидактичка литература, кои значат голем прилог и придонес во образовните процеси во Република Македонија и за учениците во дијаспората, а кои се одобрени од Министерството за образование и наука на Република Македонија, потоа дела на македонски иселеници, асоцијации и организации во Канада, САД, Автралија и Европската Унија, како и книги на бројни познати и непознати автори од Македонија, како и дела од творештво на Славе Катин.

Како функционер на Владата на Република Македонија, Славе Катин бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и  Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбил  и Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква -Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, бројни европски земји, Турција и Израел.

Во неговиот творечки опус од 55 дела, посебно внимание заслужуваат книгите: Македонците во САД и Канада (на македонски и англиски),Македонските православни цркви во Австралија, Канада и САДИлинден 1903-2003 и македонските иселеници; Македонски холокауст; Македонскиот иселенички печат (на македонски);, како и делата Придонесот на Македонија во светската цивилизација; Од Панонија до Егеј, Во чест на св. Кирил и Методиј, 40 Поклоненија на гробот на Св. Кирил во Рим) и Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Сливничка во Преспа, (во коавсторство со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ), Macedonia in Ancient Times, (Македонците во античкиот период), The Balkans and Macedonia (Балканот и Македонија) (во коавсторство со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Ристо Стефов).

Славе Катин е автор на делата за големите македонските донатори од дијаспората, Атанас Близнаков (две изданија), Петар Стаматов (коавтор со проф. Методиј Трајковски) и Ѓорѓи-Џорџ Атанасоски (две изданија), од САД,  на митрополитот Кирил, Георги Томов од Њујорк, Светле (Стив) Стамевски од Детроит, Андреа Бранов од Мелбурн, Семејството Јановски и Семејството Видиновски од Торонто,  Бошко Рајчовски-Пелистерски од Флорида, Благоја Механџиски-Зегин од Скопје (на македонски и англиски), Есма Реџепова-Теодосиевска (на македонски, англиски и ромски) Силјан Мицевски од Битола (во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски) и Гога Печенковски од Ресен (на македонски).

Тој е исто така познат со лексикографските изданија: Англиско-македонски лимнолошки лексикон, речниците за деца: Ајде да учиме македонски, англиски француски, германски, турски, албански, влашки и ромски, како и со преводот на романот Александар Македонски (од англиски на македонски) од Урлих Вилкен, како и по делата: Evliya Celebi’nin dunnya seyahatleri izlerinden (По стапките на Евлија Челебија) (на турски) и Love Stories, (Љубовни приказни) (на англиски). 

Посебно место во творештвото на Катин заслужуваат последните негови дела: Илинден во Љубојно и Преспа (на англиски и македонски), педесеттото дело Светот на дланка и Македонски иселенички меридијани (на македонски), Израел и Македонија (Israel and Macedonia)  (на англиски,хебрејски и македонски), Александар Македонски (на македонски),   како и педесет и осмото дело Macedonians in the world (Македонците во светот) (на англиски).

Во текот на неговата работа и творечка дејност објавил педесет и осум публикации, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно.  Исто така, автор е на над три илјади новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот.

Славе Николовски – Катин беше акредитиран новинар од Македонија за Австралиско-македонски неделник од Мелбурн во период од три години и за Меѓународна политика од Белград. Поголемиот број од неговиот опус на материјалите се однесува и е сврзан со активностите и животот на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада, САД и Европската Унија, како и на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земји, а 50-тина преводи од македонски на англиски во рубриката ,,Од месец до месец” во списанието Македонијасе однесуваат на културно-политичкиот и општествениот живот во Република  Македонија.

Има учествувано на 50-тина симпозиуми, трибини, конференции и друг вид сесии во земјата и во светот на кои има презентирано, главно, реферати што се однесуваат на културата, литературата, јазикот и религијата, како и на информативната и друга дејност на македонските иселеници во прекуокеанските и во западноевропските земји.

Како активен новинар беше избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа беше член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Беше член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград и член на „Друштвото на литературните преведувачи на Македонија“. Два мандата беше потпретседател, како и член на Друштвото за литература и култура Македонија-Канада, потоа бил почесен член на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Фондацијата „Браќа Џидрови“ на д-р Лефтер Манче од Отава. Бил член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД, а почесен член е на Литературното друштво „Браќа Миладиновци” од Торонто, Канада и на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, а е член на Друштвото за наука и уметност од Битола. Република Македонија.

Во еден подолг период Катин го свртува вниманието на себе со својата динамична информативна и публицистичка дејност поврзана со овој корпус, поради што е централна фигура во односите меѓу црквата и државта, од една, и односите на државата, црквата и дијаспората, од друга страна. Ваквата негова позиција му овозможи номинација во разни друштва, здруженија и организации во Републиката и пошироко. Исто така, забележително е неговото учество на бројни симпозиуми, трибини и семинари во земјата и странство, на барање од нивните организатори кои ги ценат и почитуваат неговите погледи по низа прашања од сферите во кои дејствуваат. На овој план, Катин оствари исклучително богата и динамична комуникација со бројни субјекти во државата и светот. Тоа му овозможи да навлезе во суштината на проблемите со кои беа преокупирани Македонците во дијаспората, но и државните структури во земјата, кои во разни периоди имаа различни погледи кон иселеништвото, што е и причина за отсуството на една конзистентна држвна стратегија кон нив.

Свесен за тој факт, Катин настојува да ја пополни таа празнина, да го надомести тој вакум со предлози и сугестии, но и со конкретни практични чекори да воспостави извесен баланс во односите на државата со раселените Македонци, со што започна да го гради големиот (златен) мост на нивното поврзување со Татковината, како самостојна и независна држава. Но, и нивното меѓусебно запознавање и зближување, независно од оддалеченоста на нивните дестинации. Меѓутоа, неговиот придонес не запира тука. Катин е свесен дека на Македонија може да и’се помогне најмногу ако во неа се инвестира во реализацијата на низа проекти од значење за нејзиниот побрз развој, односно ако за тоа се заинтересираат и самите тие во дијаспората, како успешни бизнисмени.

Широката палета на Катин за остварување на стратегиските цели на овој план, опфаќа бројни зафати, дел од кои веќе функционираат. Освен неговите релативно чести посети на трите континенти и личните средби со иселениците, преку монографските изданија за најуспешните од нив, Катин се обидува интересот за соработката со дијаспората да го пробуди и кај луѓето во државниот врв на земјата.

Ефектите од ваквите посетите на угледни Македонци од дијаспората на својата Татковина, допрва ќе се почувствуваат, како што ќе се почувствува и придонесот на Катин на овој план. Историската димензија на неговиот национален проект поврзан со иселеништвото, објективно го афирмира во уникатен лидер на едно светско семакедонско движење за промоција на Македонија, не само како колевка на една стара цивилизација, туку и како држава која придонесува развиениот свет сè повеќе да ја чувствува и во сопствениот развој.

Славе Катин, во период од педесетина години објавил над 3.000 текстови, главно, за Македонија, за иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата и други области во информативни гласила во Република Македонија и странство и тоа во: „Нова Македонија”, „Вечер”, списанијата „Македонија”, „Македонска ревија”, „Литературен збор”, „Културен зивот”, „Студентски збор” „Лик”, „Весник на МПЦ”, „Трудбеник”, „Бирлик”, „Климентов збор”. „Духовна искра”, „Обединети Македонци”, “Македонија”, “Искра”, „Повод”, „Австралиско-македонски неделник”, „Македонска искра”, „Македонски весник“, „Македонски иселенички алманах“, особено во Веб-порталот „Македонска нација’, како и во други гласила и портали во Македонија и странство.

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој е исто така добитник на најпрестижната награда „Крсте П. Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката.

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

Македонска нација