КИРИЛОМЕТОДИЕВСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО МАКЕДОНИЈА (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН 

Состојбата на македонската средновековна книжевност генерално беше проследена дури по завршувањето на НОБ, кога дефинитивно беше призната и конституирана македонската држава и нација. Со оглед на веќе познатите историсѕси состојби до 1945 година, оваа литература беше разгледувана во составот на бугарската, српската или грчката средновековна литература. Кирилометодиевскиот период, кој зазема клучно место во рамките на македонската средновековна книжевност, особено ео IX, X и XI век, станал предмет на посебни истражувања. Ракописното наследство, колку богато и доминантно во Македонија, многу бргу го привлекло вниманието на славистите, уште во екот од почетниат стадиум од развитокот на славистиката. Грижливо обработуваните ракописи на нашиот терен бргу исчезнувале и го наоѓале своето место во туѓи книгохранилишта. Покрај нивното исчезнување, тие најчесто биле приклучувани кон другите соседни книжевности. Мораме да истакнеме дека и покрај очевидното премолчување или присвојување на македонската редакција, се јавувале пера кои не можеле да ги предвидат и да не ги споменат и нагласат македонските карактеристики.

Во секој случај, книжевноисториската повоена дејност му припаѓа на Харалампие Поленаковиќ.  Во 1949 година проф. Поленаковиќ пишува „Вистината за делото на Кирил и Методиј” (Нова Македонија, 9 јуни). Во 1954 година го пишува предговорот кон делото на Ватрослав Јагиќ „Кирил и Методи и нивиите ученици”. Посебно значаен труд претставуваше „Белешки за кириломе-тодиевското прашање кај Македонците во XIX век (Гласник на ИНИ, Скопје бр. 1, 157-180). Кон овој библиографски преглед може да се приклучи „Прилогкон кирилометодиевската библиографија”, Литературен збор, Скопје

бр. 5). Во 1969 година се појави библиографијата на Вера Стојчевска-Антиќ: „Прилог кон кирилометодиевската библиографија,,, Историја, Скопје, бр. 2, 231-236. 

По 1100-годишниот јубилеј на св. Климент Охридски, по повод неговото доаѓање во Охрид, Вера Стојчевска-Антиќ и Илија Велев подготвија: „Кон кирило-методиевската библиографија во Македонија” (1945-1985), Годишен зборник на Филолошкиот факултет во Скопје, кн. 11-12, Скопје 1987,1-71. Истата година се појави заедннчкиот труд на истите автори: „Литературата за кирило-методиевскиот период во Македонија, XIII научна дискусија, Охрид, 25-28, VIII, 1986, Скопје 1987, 117-129. Прилог кон оваа библиографија претставувaат објавените библиографии: „Харалампие Поленаковиќ” (1909-1984), МАНУ, Скопје 1985, 31-49; „Прилог кон библиографијата иа трудовите на академик Блаже Конескн (Зборник во чест на Блаже Конески, Универзитет „Кирил и Методиј”, Филолошки факултет Скопје, 1984, 3-28), и двете изработени од м-р Милева Милев и Лилјана Ристевска.

Во „Зборник Владимира Мошина” (Београд 1977) се појави неговата „Библиографија радова Владимира Мошина”, 7-17. Во Јубилејниот Годишен зборнмк на Филозофскиот факултет во Скопје (кн. 24-25), Скопје 1972/73, 489-549) се појавија библиографиите на: Димче Коцо, Томо Томоски, Бранко Панов (од Катедрата за историја), Блаже Конески, Радмила Угринова-Скаловска (одКатедрата за македонски јазик), Вера Стојчевска-Антлќ (од Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ).

Во Годишннот зборник на Филозофскиот факултет (кн. 2 (28), Скопје 1976), се објавени библиографиите на: Димче Коцо, Константин Петров и Петар Миљковиќ-Пепек (331-344). Во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје (кн. 13, Скопје 1986), излезе библиографија на Цветан Грозданов (444-445). Комплетина библиографија на Ц. Грозданов, до 1991 година по повод изборот за дописен член на МАНУ, објавена е во: „Пристапни предавања, прилози и библиографија на новите членови на МАНУ”, XI, Скопје 1993, 21-28. Библиографијата на Димче Коцо во: „Споменица на академик Димче Коцо”, МАНУ; Скопје 1993. Библиографиите на академиците: Блаже Конески, Петар Илиевски и Цветан Грозданов, од 1967 година до 1993 година, може да се проследат во Летописот на МАНУ, којшто се печати секоја година.

Библиографија за средновековната книжевност објавила Добрила Миловска: „Библиографија на објавени трудови во врска со средновековната книжевност 1946-1986”, Македонска средновековна книжевност, Македонска книга, Скопје 1991,259-277. Маја Јакимовска ја подготви „Библиографијата на објавени трудови од областа на средновековната киижевност во Македонија за годините1988, 1989, 1990” (необјавена).

1vistin1299

                                                                     МАНУ во Скопје

Со кирилометодиевска библиографија од книжевно-историски аспект континуирано се занимава и асистентката Маја Јакимовска. Во 1989 година таа ја заврши приправничката работа, а дел од неа беше насловен како „Прилог кон кирилометодиевската библиографија во македонската периодика за годините 1985-1986” (трудот е завршен, но не е објавен). Во 1991 година се појави нејзината библиографи: „Прилог кон кирилометодиевската библиографија за годините 1986-1987”, во книгата „Македонска средновековна кnижевност”, Македонска книга, Сколје 1991,277-293. Маја Јакимовска заедно со Добрила Миловска во 1992 година ја објавија библиографијата на В. Стојчевска – Антиќ, Спектар, Скопје 1992, бр. 17,205-225.

В. Стојчевска-Антиќ ги објавила фељтоните за св. Кирил и Методиј, за св. Климент и св. Наум Охридски, и тоа: „Светлиnа на вселената”. Кон 1100-годишнината од смртта на Методиј Солунски (Нова Македонија, 15-26 март 1985); „По повод 1100-goдишнината од доаѓањето на Климент Охридски во Македонија и осnовањето на Охридската книжевна школа.” (Нова Македонија, 17 мај-14 јуни 1986); „Делото на св. Климент Охридски” (Нова Македонија, 25-28 јуни 1993).

Од 29 јуни до 5 јули 1993 година во весникот „Нова Македонија” излегуваше фељтонот „Делото иа свети Наум Охрилски” од протоѓакон Ратомир Гроздановски.

Во оваа книга, покрај книжевно-историските осврти и трудови на посебни книги, претставени се и изданија од други научни дисциплини, насочени кон кирилометодиевските истражувања. Во 1994 година, по истекот на значајните јубилеи за св. Климент и св. Наум Охридски, ќе може да се пристапи уште еднаш кон заокружувањето на кирилометодиевската библиографија во Македонија.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЖИВАТА ТРАДИЦИЈА НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ (7)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Од книжевните извори што се однесуваат на животот и делото на свети Клнмент Охридски добиваме најконкретни показатели за продолжувањето на кирилометодиевската традиција. Анонимен автор ги составил опширните словенски житија за Климент и Наум Охридски. Било пронајдено краткото словенско житие за Наума, а подоцна и второто кратко словенско Наумово житие.

За нивната слава, што се пренесувала низ вековите, зборуваат дејностите на охридските архиепископи, по потекло Грци (Елини), кои секогаш имале неадекватен однос кон словенските културни придобивки. Во XI век архиепископот Теофилакт го составил опширното грчко (елинско) житие за Климент Охридскн, кое и денес претставува основен извор за проучување на животниот Климентов пат. Дека во XIII век Климент бил присутен и актуелен се гледа од Краткото грчко житие, што го составил охридскиот архиепископ Хоматијан.

Живата традиција на св. Кирил и Методиј, што ја пренеле св. Климент и Наум Охридски се протегнува и во XVIII век, кога во Москополската печатница се печателе грчките служби и житија посветени на св. Климент и Наум Охридски, составени од грчките архиепископи: Хоматијан, Кавасила Григориј и од охриѓанецот Козма – драчки митрополит. Овие грчки автори оставиле убави канони и тропари во нивна чест.

Оваа традиција е засведочена и преку Стематогафијата на Христифор Жефаровиќ. И во XIX век не била заборавена оваа традиција, и покрај засиленото влијание на грцизмот, особено во јужните делови од Македонија.

Првиот македонски превод на опширното Климентово житие го направил македонскиот преродбеник Партениј Зографски, употребувајќи го притоа галичкиот дијалект. Браќата Миладиновци биле живо заинтересирани за оваа традиција, особено по контактите на Димитар Миладинов со рускиот славист Виктор Григорович. Светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски се присутни во творештвото на Рајко Жинзифов, Ѓорѓи Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Григор Прличев и др.

Почит кон кирилометодиевското дело изразиле: Гоце Делчев, Горче Петров, Крсте Мисирков и Димитар Чуповски. Посебни творби им посветиле Григор Прличев и подоцна Никола Јонков Вапцаров, како и други. Денес современите македонски поети честопати се задржуваат врз нивното трајно и значајно дело. Тие се присутни и во богатото македонско народно творештво.

1trad56

Интересно е да се констатира дека македонските современи писатели, особено поетите, им посветиле посебни творби на творците на словенската (македонската) писменост – браќата св. Кирил и св. Методиј и на нивните ученици св. Климент и св. Наум Охридски. Секако, во овој случај предничат творбите што му се посветени на св. Климент Охридски, чија традиција во Македонија живеела низ вековите, а денес како да воскреснува со нови сили и со нов крвоток кој тече.

Од прозните автори посебно треба да ги потенцираме имињата на Лазо Каровски, Видое Подгорец и Томе Арсовски. Лазо Каровски ги состави првите романизирани биографии за светите Климент и Наум Охридски. Подгорец со делото„Ас буки, веди…” го сврте вниманието кон словенските (македонските) просветители на поширокиот читателски круг.

Во најново време кон оваа дејност беше насочено вниманието на Томе Арсовски, кој покрај дводелниот телевизиски драмски текст за св. Климент Охридски, го состави романот „Св Климент Охридски”, оживувајќи ја повторно словенската епопеја од времето на IX и X век.

Повеќе македонски поети им посветија песни на светите Кирил и Методиј. Меѓу нив да ги споменеме: Славко Јаневски (Браќата Солунски), Петре Бакевски (Ѕвездата на Константин Филозоф), Јован Павловски (поема „Строгоста наживеењето” – посветена на св. Методиј), Тодор Чаловски (Вруток на утока), Веле Смилевски (Вратени од Ѕап Klemente), Кирил Бујуклиев (На Солунските браќа) итн.

На св. Климент му се посветени и бројни и одбрани стихови. Посебен поетски однос кон него реализира поетот Матеја Матевски, симболизирајќи ја неговата непроодност и неуништливост преку насловот на песната „Сенката што пее”.

Поетот Радован Павловски му посвети на св. Климент посебна песна, изнаоѓајќи го Климентовото дело низ вокалите распрснати во ѕвездите на еден народ. За Климент испеале стихови; Бошко Смаќоски, Јован Котески, Славко Јаневски, Георги Сталев, Душко Наневски, Цане Андреевски, Трајан Петровски, Љупчо Стојменски, Ристо Јачев, РадмилаТрифуновска и многудруги. Него го опеале и поетите од македонското иселеништво: Невена Аџиевска, Рада Видиновска, Цим Томев, Гоче Малинов идруги.

Активниот однос на современите македонски уметници кон словенските просветители е видлив и присутен во Македонија. Сликарските и скулпторските дела во Македонија ја збогатуваат нивната претстава и визија. Ваквиот однос само ја потврдува живата традиција на словенските (македонските) просветители денес во Македонија.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

КИРИЛОМЕТОДИЕВСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Најраната дејност на светите Кирил и Методиј во Македонија би требало да се бара во времето пред изведувањето на Моравската мисија. Во славистиката е познато дека Методиј управувал во една словенска област. Меѓу убедливите докажувања каде се наоѓала таа област, мошне показателни се и укажувањата за неговото дејствување во Македонија, лри што посебно се подвлекува Струмичката област, како и Брегалничкиот регион.

Во врска со оваа дејност на младиот и снажен Методиј се споменува посебно неговиот труп „3акон суднци модем”составен насловенски (старомакедонски) јазик. Во славистиката мошне убедливи документи во прилог на ваквото тврдење изнесе С. Троицки, истакнувајќи ја македонската теорија како место каде што настанало ова дело, составено со грчки алфавит, наспроти панонската и бугарската теорија.

Во развојннот период на славистичката наука, особено во периодот на активноста на Копитар и Миклошич, била афирмирана панонската теорија, којашто главно се базирала врз основа на бројните моравизми и панонизми што се среќавале во најстарите словенски ракописм. Со истражувањата на В. Јагиќ, и потоа на В. Облак убедливо предимство и’ било дадено на македонската теорија, според која во основата на старословенскиот јазик, издигнат од браќата св. Кирил и Методиј на ниво на литературен јазик, влегол говорот на македонските Словени од околината на Солун. Во селата Сухо, Зарова и Висока биле пронајдени остатоци од назалниот изговор на носовките, како и многу други старм црти, карактеристични за споменатиот старомакедонски јазик. Со ваква македонска основа, старословенскиот јазик ја одиграл она спонтана обединувачка улога меѓу Словените, кои во тој стадиум од развитокот, речиси подеднакво го разбирале тој јазик.

На овој јазик биле преведени од грчки јазик најнужните црковни дела неопходни за изведување на Моравската мисија. Од 863 година отпочнало активното одвивање на Моравската мисија, кога преведувачката работа на браќата Солунчани продолжила, исто така интензивно. Со проширувањето на првите словенски преводи и со афирмацијата на писмениот словенски јазик доаѓало и до интензивирање на македонските дијалекти, вткаени во општата основа на литературниот јазик.

Во 885 година, со смртта на Методиј, беше означен крајот на Моравската мисија. Непријателите на словенската култура и самостојност мошне сурово и нечовечки започнале да се однесуваат кон учениците на Кирил и Методиј, грижливо и систематски подучувани со години, првин од двајцата браќа, а потоа само од Методиј, кој по смртта на Кирил во 869 година самиот го понел тешкиот  товар на мисијата. Својот наследник, учениот Моравец Горазд Методиј го избрал за време на животот.

Тој, како исите кирилометодиеви ученици бил измачуван и протеран од Моравија и Панонија. Едни од нив, можеби највредните, Климент и Наум Охридски со група други учениии преку Белград стигнале во Бугарија, каде што кнезот Борис пријатно ги дочекал, бидејќи бил заинтересиран за словенски просветители и афирматори на словенскиот (старомакедонскиот) јазик.

Меѓутоа, многу бргу, речиси се’ уште неодморен од страдањата и патот, Климент заминал да учитествува во Кутмичевица, со средиштата: Девол, Главеница и Охрид. Во последниов центар Климент ќе ја формира познатата средновековна школа, т.н. Охридска книжевна школа или прв Словенски уни-верзитет. Во овој важен центар ќе се пренесе целата кирилометодиевска традиција, зашто Климент и Наум Охридски, целата наука што им ја пренеле браќата, ќе ја втемелат во овој центар, од каде шго се издигнале нови 3. 500 ученици, кои во разни делови од Македонија ја продолжиле кириломе-тодиевската традиција, којашто се огледувала низ повеќе развојни тенденции.

Во Охридската книжевна школа долго време продолжила глаголската традиција. Низ целиот X и XI век преовладувале глаголски словенски ракописи, а се јавувало и паралелно присуство на кирилските текстови. Јазикот на најстарите текстови е доста близок од кирилометодиевскиот и во однос на лексиката, како и според одредени граматички својства, глаголските ракописи покажуваат поголема старина, во однос на кирилските. Покрај тоа, тие откриваат одредени фази од развитокот на народниот јазик во Хвек: губење на еровите, нивна замена во силна позиција со О и Е, итн.

Зачуваните глаголски споменици од оваа школа влегде во старословенскиот канон. Меѓу нив посебно место зазема Асемановото евангелие, изборно евангелие пишувано со обла глаголица. Денес се чува во Ватиканската библиотека. Интересно е прашањето во врска со неговото датирање, кое се движи во распон од X до крајот на XI век.

1harm09012367

Добромирово евангелие, Асеманово евангелие

Постарата славистичка школа беше склона да го датира во XI век, додека најновите истражувања го поместуваат датирањето во X век. ова евангелие го содржи најстариот словенски глаголски синаксар. Во него се наоѓаат словенските (македонските) светители: Кирил и Методиј и Климент Охридски. Блнску до овој словенски споменик стои и Зографското глаголско евангелие.

Од кирилските споменици од овој центар кои стојат блиску до кирилометодиевската традицмја, спаѓаат: Охридскиот апостол, апракос од неполн текст на апостолски читања; Добромировото евангелие. мошне значајно македонско четвороевангелие препишувано во јужномакедонски центар каде што се чувствувало и влнјанието на грчкиот говор; Македонското кирилско ливче, класичен пример на старословенскиот канон и претставува дел од Методиевиот апилог (поговор) кон словенскиот превод на полниот

Нов завет (или на целата Библија); Евангелието на поп Јован, македонско мзборно евангелне, кое по-кажува доста сличности со Остромировото евангелие, Савината книга, Асемановото евангелие. Листовите на Ундолски, Добромировото евангелие; Болонскиот псалтир, всушност претставува толковен псалтир, пишуван во охридското село Рамне и се јавува како типичен претставник на ракописната традиција во Охрид од XIII век.

Во Охридската книжевна школа е вткаено целокупното дело на Климент Охридски, кој ја пренел и негувал глаголицата и успеал најдолго да ја одржи, за разлика од Преславската школат во која уште во почетокот на X век преовладува кирилицата. Климент Охридски е автор на многубројни книжевни состави, кои, главно, се поделени на поучителни и пофални слова, а се однесуваат на претставници и настани од христијанската религија, која Климент сакал да ја доближи до народот, по еден јасен и трасиран начин.

Откако во 893 годдина бил избран за велички епископ, неговата работа во Кутмичевица, особено во Охрид, ја продолжил Наум Охридски, за кого веќе се знае дека се јавува и како учител и како автор на химнографски творби. И двајцата ја негувале и употребувале глаголицата. Нивните творби биле проширувани преку бројните словенски преписи низ наредните векови кај сите Словени.

Постојат уверливи доказн дека кон Охридската школа припаѓа и делото на Црноризец Храбар, трактатот „О писменах”’ кој ги изнесува мошне битните етапи од развитокот на словенската писменост, како и продолжителните полемики со тријазичниците, кои го оспорувале словенскиот напредок воопшто. Во науката преовладува мислењето дека Храбровата полемика првобитно била напишана со глаголска азбука. Се почести се искажувањата од современите слависти дека и Азбучната молитва од епископ Константин била напишана со глаголски букви.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

КНИЖЕВНОТО И ПРЕВЕДУВАЧКОТО ДЕЛО НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (4)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Како аргати на лозје, откакоја споделиле дневната мака и горештина заедно со оние што дошле во единаесеттиот час, што беа удостоени во иста мерка со Божја благодат, така. во последниот век, на истото дело дојдоа, овие двајца нови проповедници и светила на целата вселена, и тие, опишани со добар подвиг и со цврста вера, поминаа како сонце, осветлувајќи ги темните места со своите стапки, ија разгонуваа со духовен оган секоја еретичка и паганска магла, не поштедувајќи ги ни своите тела, ни своите души, секогаш борејќи се за правата вера слатко да јаиспијат Христовата чаша…”, напишал Свети Климент Охридски.

Никои подобро не можел да ги знае делата и подвизите на словенските просветители Кирил и Методиј од Климент Охридски, нивниот вреден ученик, којшто најдоследно ја продолжил значајната кирилометодиевска традиција во средновековната Охридска школа. И Климент Охридски во IX век, а и ние денес, ќе се согласиме во смисла на најсовременото сознание дека нивната основна карактеристика била трудољубивоста. Од неа се изродувале значајните дела на браќата коишто се сметаат за најдостојни патоводители на словенските народи кон културен ратеж, којшто започнал во втората половина на далечниот IX век.

Панонските легенди, нивните најзначајни и најопширни житија изобилуваат со податоци за нивната сестрана културна дејност. Меѓутоа, и покрај големиот број извори што достигнале до нас на словенски, грчки и латински јазик, не достигнал до нас ниту еден автограф од двајцата првоучители. Токму затоа до денес немамецелосна реконструкција на нивното сеопшто дело, особено на нивните книжевни лични и преведувачки творби.

Откако првин ја составиле словенската азбука, Кирил иМетодиј го издигнале старословенскиот (старомакедонскиот) јазик на ниво на литературен јазик, во чијашто основа влегол говорот на македонските Словени од околината на Солун. И денес во говорот на селата од оваа област: Сухо. Зарова и Висока се наоѓаат најстарите остатоци на тој јазик. Кирил и Методиј ја отпочнале значајната преведувачка работа од грчки на словенски (старомакедонски) јазик користејќи го токму овој говор.

Потребата од преводите на најнеопходните црковни книги се наметналаведнаш, бидејќи пред нив претстоел долгиот пат за изведување ни нивната трета значајна мисија – Моравската. Во славистиката се смета дека првиот преведен стих се наоѓал во Евангелието од Јован, со кое почнувало Изборното евангелие: „Искони беслово, и слово бе у Бога и Бог беше слово”. Неуморните браќа морале да работат бргу, зашто во Моравија ги чекале со нетрпение да ја отпочнат христијанската служба на словенски јазик. Претстава за првиот превод на Изборното евангелие денес можат да дадат старите зачувани споменици: глаголското Асеманово евангелие, настанато во Македонија во Х-ХI век.

Од двајцата браќа, Кирил се одликувал со посебен книжевен талент, којшто дошол до израз уште во најраните негови години. Неговиот инспиратор, учител и патоводител по врвиците на богатата византиска книжевност бил многу познатиот н популарен византискн автор Григориј Богослов, чиишто бројни поетски дела почнале да го формираат младиот Кирил. Иако немаме многу податоци и извори за неговите први книжевни чекори, се смета дека својот прв поетски состав, една кратка молмтва, му го посветил на Григориј Богослов.

Благодарение на цитатите со коишто изобилуваат Панонските легенди, овој вдахновен и искрен поетски состав е зачуван во третата глава од Панонските легенди. Кириловата приврзаност кон христијанската религија и Бога, од најраните години, наоѓа одраз и во другата молитва, којашто исто така, се наоѓа во споменатата глава од Панонските легенди. Меѓутоа, подоцна кога своите длабоки и сестрани познавања и ги ставил на услуга на својата земја, во творбите ќе дојдат до израз конкретните акции и желби и неговата висока општествена свест. Веќе во третата, претсмртната молитва, којашто ја наоѓаме во осумнаесеттата глава од Панонските легенди, неговата најголема желба е да продолжи започнатото дело, т.е. Моравската миснја.

Покрај овие молитви коишто се зачувани на словенски јазик, односно вклопени во нивните опширни житија, Кирил составил и книжевни форми на грчки јазик. Книжевните полемики биле доста омилена и распространета литература во Византија. Кирил, кој одлично ги запознал достигањата на византиската наука, култура и литература, се обидел и на ова поле, бидејќи акциите што ги презел во трите изведени мисии му овозможиле богат и интересен материјал. И овие негови грчки состави не се стигнати до нас во оригинален вид, туку ги среќаваме во делови, расфрлени како цитат во делата што им се посветени точно ним. Во Х-та глава од Кириловото житие нагласено е дека Кирил составил книги, подоцна преведени на словенски јазик од Методиј и поделени на осум делови. Житиеписецот сигурно ги имал тие состави прирака, зашто употребил доста голем број цитати. Првиот Кирилов полемичен и книжевен труд се однесува на полемиката со византискиот патријарх Јован VII, којшто им бил верен приврзеник на иконоборците.

1isks123456778Во 842 годнна во Византија бил повторно воспоставен култот кон иконите, а на Јован VII му престанала патријаршката должност. Кирил во тој период бил младо момче, но образовано и подготвено да влезе во полемика со белокосиот и упорен иконоборец Јован. Кирил воопшто не се збунил на прашањата на симнатиот патрнјарх, туку напротив многу смело му одговарал на нападите коишто имале за цел да не се признае светоста и култот на иконите.

Се смета дека во 851 година Кирил, веќе познат на византискиот двор како многу учен и паметен човек, бил испратен да ја изведе првата мисија – Сараценската, со верско-политичка цел. Багдадскиот калифат многу се проширил во IX век и Византија ја презела оваа дипломатска мисија, со цел преку христијанизацијата да воспостави мирнососедски односи со Сарацените. Во оваа мисија учествувал и брат му Методиј. Учените Сарацени поставувале прашања од најсложените поставки на христијанската религија. Притоа, им го објаснил значењето на Светата Троица, сфаќање коешто посебно ги збунувало муслиманите. Покрај точните и убедливи одговори, Кирил во полемиките покажал надареност за вонредно убаво изразување, користење на стил којшто многу одговарал на полемичната нота, потоа со сликовито разјаснување на проблемот доаѓал до убедлив заклучок така што ги збунувал противниците и излегувал како мудар победник.

И полемиката кај Хазарите, во врска со изведувањето на третата Хазарска мисија, оставила траги во опширното Кирилово житие, преку бројните прашања и одговори, преку цитатите коишто зборуваат и за постоењето на овој книжевен состав. Кај Хазарите Кирил и Методиј морале да им се спротивстават и на двете религии: еврејската и муслиманската, коишто зафатиле многу подлабоки корени во државата на Хазарите, додека бројот на христијаните бил многу мал. Светата Троица била повторно предмет на разговори, полемики, потоа односите на византискиот двор, неговите постапки, особеностите на христијаните, итн. И од оваа полемика браќата излегле како победници, и како подарок им биле дадени, како и кај Сарацените, заробените Византијци. Хазарскиот каган со високи пофалби ги испратил браќата и мисионерите.

Четвртата полемика се случила во Венеција кога Кирил и Методиј по престојот во Моравија, тргнале кон Цариград или Рим, да го издејствуваат ракоположувањето во повисоки чинови. На нападите од тријазичниците, коишто никако не го признавале словенскиот (старомакедонскиот) јазик како рамноправен со трите „богоизбрани” јазици, Кирил им одговорил со зборови, коишто убедливо го расчистувале патот по кој оделе браќата просветители: „Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А Сонцето, не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви…”

Во врска со изведувањето на Хазарската мисија Кирил составил уште три состави на грчки јазик, посветени на чинот на изнаоѓањето на моштите на одамна починатиот римски папа Климент. Задоволен што точно нему му паднала таа чест, Кирил составил расказ, свечено слово и химна по повод ненадејното наоѓање на светите мошти. За жал, и овие состави, коишто биле преведени и на латински јазик (освен химната) од Анастасиј Библиотекарот, не стигнале до нас во оригинален вид.

За книжевните состави на Методиј многу помалку знаеме. За некои дела во славистиката постојат противречии искажувања, Меѓу раните трудови на Методиј се споменува делото „Закон судниј лјудем”. Се смета дека составот настанал во Стримонската клисурз, каде што управувал, или кнезувал, Методиј и тоа некаде околу 835 година. Според тоа, и важноста на овој труд е од неоспорно големо значење бидејќи настанал пред Моравската мисија.

Методиј претставува горостас во културната исторнја на Словените преку своите значајни преводи, особено на Библијата којашто ја правел целосно, 60 глави, (освен Книгата на Макавеите којашто ја сметал за еретичка) и на неа работел речиси до последните часови од својот живот. Покрај овој обемен труд во славистиката се’ уште предизвикуваат интерес и се истражуваат преводите на Номоканонот и Петерикот.

Продолжува

 1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

КОН ХАЗАРСКАТА МИСИЈА НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ (3)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН 

Црноризец Храбар напишал за браќата свети Кирил и Методиј дека ако ги запрашате грчките книжевници кој ви ја создал азбуката и кој ви ги превел книгите? – Сите знаат и ќе одговорат: „Свети Константин филозоф, наречен Кирил, тој ни ја создаде и азбуката и ни ги преведе книгите и брат му Методиј.”

Во „Похвалата за свети Кирил и Методиј” од Климент Охридски, пак, пишува дека откако свесно примија крст на плеќите, ја зајдоа сета вселена исполнувајќи ја со поуки. А во оние места во кои не се запреа или заради долгиот пат, или заради мноштво други околни земји, во нив се растурија како сончеви зраци, осветлувајќи го со светлината на благоразумноста сиот свет.

На 14 февруари 869 година во Рим починал Кирил Филозоф во екот на изведувањето на Моравската мисија, задолжувајќи го својот постар брат Методиј да ја доора започнатата бразда. Оваа важна мисија, со непроценливо значење за културниот развиток на сите словенски народи, настанала по претходно остварената Хазарска мисија, во којашто учествувале и двајцата браќа. Од далечната хазарска одисеја браќата ги донеле во Рим светите реликвии-моштите на римскиот папа Климент, заради што папата Адријан II им укажал посебна почест.

Во IX век Византија била моќна империја, чиешто непрегледно сестрано богатство го свртувало вниманието на соседните народи и племиња. Во 860 година на север и североисток од државата постоела видлива опасност од инвазијата на словенските и хазарските народи. Словенските племиња претставувале постојана опасност уште од VI век, додека источно-турските номадски хазарски племиња во VIII век формирале силна држава – Хазарски каганат, по долниот тек на реките Волга и Дон.

Сакајќи да ја елиминира опасноста од експанзијата на Хазарите, византискиот двор прибегнал кон испробаната практика и ја организирал Хазарската христијанска мисија. Која што имала суштинска политичка цел и преку верскиот карактер на преговормте требало да се наметне христијанската религија. Византија честопати преку христијанизацијата успевала да ги смири скитачките и воинствено расположените племиња и да ги сопре нивните завојувачки намери. Главната улога при изведувањето на оваа мисија им била доверена на браќата Кирил п Методиј.

Хазарите имале можности да се запознаат со еврејската и со муслиманската религија. Пратениците на Хазарите побарале од византпскиот император учени луѓе коишто ќе им докажат на Хазарите, Евреите и Муслиманите дека христијанската вера е единствената вистинска вера. Императорот веднаш го повикал Кирил Филозофот, според опширното Кирилово житие, му рекол: „Оди Филозофе кај тие луѓе, па проловедај им и протолкувај им за Светата Троица, со нејзина помош, зашто никој друг тоа не може да го стори подостојно”.

На патот кон Хазарите Кирил и Методиј навратиле во градот Херсон на Црното Море, каде што Кирил одлично го изучил еврејскиот јазик и превел осум делови од граматиката, Потоа, во овој град Кирил стапил во контакт со еден Самаритјанин и ги изучил и самарнтјанските книги. Панонските легенди соопштуваат дека во Херсон Кирил го изучил и рускиот јазик, а пронашол и евангелие и псалтир пишувани со руски букви. Тука Кирил ги пронашол моштите на одамна починатиот римски папа Климент, коишто по деветгодишна одисеја ги пренел во Рим. Пронаоѓањето иа моштите го инспирирало Кирила и по тој повод составил три книжевнн творби: расказ за пронаоѓањето на моштите, свечено слово по истиот повод и химна за херсонскиот настан. И трите творби биле составени на елински (грчки) јазик, а потоа преведени на латински јазик од Анастасиј библиотекарот.

Кирил и Методиј пристигнале кај хаварскиот каган, којшто прв беседувал со нив, а потоа браќата се впуштиле во долготрајните полемики со Евреите и Муслиманите, кои успеале помасовно да им ја наметнат својата религија на Хазарите, додека христијанските приврзаници биле најмалубројни. Искусните браќа одлични полемичари и со длабоки познавања на суштинските поставки на христијанската религија, предизвикале восхит кај непријателите.

Кирил им објаснил многу непознати работи во догмите, а посебно суштинското значење и славењето на Светата Троица. Учениот каган бил многу задоволен од одговорите м го пофалил Кирила кај византискиот император. Каганот сакал да им даде богати дарови на мисионерите, но овие го замолиле да им ги подари заробените Грци. Според Панонските легенди, по успешните толкувања на христијанската религија, многу луѓе од хазарската држава го примиле христијаиството, а односите меѓу Византија и Хазарскиот каганат биле подобрени. Верската нота на мисијата постигнала значајна политичка и дипломатска цел.

По завршувањето на мисијата вредниот Кирил ја составил книжевната хазарска полемика, којашто во оригинал не достигнала до нас, но многубројните цитати што ги среќаваме во Панонските легенди го откриваат нејзиниот книжевен извор, којшто сигурно достигнал до раката на житиеписецот.

3esm4567

Свети Кирил од Рим, Италија, Свети Кирил од Солун, Македонија

Третата државна мисија на двајцата браќа билапознатата Моравска мисија, којашто отпочнала по барање на моравскиот кнез Ростислав во 863 година. За нејзиното остварување и двајцата браќа макотрпно ја граделе низата отстапки што ја извршувале римските папи, заинтересирани за младите словенски кнежевства и држави, како и цариградските патријарси и императори. Нивната пожртвуваност и љубовта што ја гаеле кон словенскиот род, им била основна поента на многу слависти, кога се определувале за нивното словенско потекло. Но, без оглед на нивната припадност, делото на солунските браќа останува како траен залог, вткаен во културната историја на Словените.

Браќата Кирил и Методиј се појавиле пред Словените во пресудните моменти од нивното егзистирање, во IX век кога овие народи се бореле за опстојување, опколени со држави со долга традиција и со аспирации за престиж во соседството. Затоа, мисијата што ја покренал моравскиот кнез Ростислав ќе биде од пресудно значење за натамошниот општествено-културен растеж и зацврстување на Словените, зашто генијалната работа на Константин – Кирил врз создавањето на словенската (старомакедонската) азбука, ќе биде општо достоинство за сите нив. Првите преводи на старословенски јазик, врз основа на дијалектот на Македонските Словени од околината на Солун, ќе бидат подеднакво разбирливи за сите Словени, иако наменети за изведување на мисијата во Моравија.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

КОИ БЕА СЛОВЕНСКИТЕ (МАКЕДОНСКИТЕ) ПРОСВЕТИТЕЛИ И СВЕТИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ? (2)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Во врска со публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин, рецензентот проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска, напиша дека и покрај убавината на темата што ја пласира овој обемен ракопис, радува фактот што тој е посветен по повод чествувањата на Солунските браќа во последните педесет години 1944-1994.

Тоа значи редослед на нивното присуство во словенскиот свет, особено во Македонија, а е опфатено и чествувањето на Светите Браќа во Рим на „Деновите во чест на свети Кирил“ со учество на бројни поклоници, претставници, делегации, поединци, истакнати научни и јавни работници и др. кои посебно се занимаваат со нивното дело.

Од нашата средина изникна Охридската книжевна школа, основана од ученикот на Браќата – Свети Климент Охридски. Тој ја продолжи работата на сввети Кирил и Методиј и како резултат на тоа од Охридскиот центар ќе се рашири македонската книга, македонското слово и македонскиот збор ширум сите словенски средини, ширум Балканот и ширум сите културни народи во Европа. Од нашата средина се појавија луѓе чија големина и широчина и денес сите нас не напојува. Меѓу нив се нашите стари Учители – ветите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски и многу други.

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил, пак, во својата рецензија напиша дека подготвениот текст во делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“,   подготвениот текст им нуди и на сите заинтересирани читатели материјал за проследување на кирилометодиевската проблематика кај нас, негувана во образовните и научните институции, истовремено во црковните. Кирилометодиевскиот опус е значаен во нашата средина, од каде што знаменитиот филолог Кирил Солунски, ги зеде македонските дијалекти и ги вткаи во литературниот старословенски јазик, проширен и прифатен во сите словенски средини.

Со нивното христијанско и мисионерско дело се развиваат мошне значајни процеси, особено на историски и културен план. Откако беше оформено „Словото”, можеше да се чекори по културната европска врвица. Нивното дело го продолжуваат непосредно во Македонија нивните продолжувачи – светите Климент и Наум Охридски. Токму затоа, и замислата на авторите на овој труд, д-р Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин да ги приклучат кон кирилометодиевското дело и последните споменати Учители е наполно оправдана. Без нив кирилометолневскиот период би бил нецелосен.

Архиепископот г.г. Михаил исти така напиша декане можеме да ги одминеме, иако често цигираните мудри мисли од Светите Браќа изречени во Венеција во борбата со тријазичниците, на кои никако не им одговарала идејата за рамноправност на Божјите народи:„Човече, хажи ни кахо си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту Римскиот папа, ниту Григориј Богослов, ниту Ероним, ниту Августии. А ние знаеме само три јазици на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејскиот, елинскиот и латинскиот?”Филозофот на тоа одговорил:

„Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А Сонцето, не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви…”

Во публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ се вели дека Солунските браќа се појавија на ветрометините од влијанијата меѓу Цариградската патријаршија и Папската столица во Римвкрстени над Балканот и Словените. Набргу нивнитепросветителски и светителски ореоли станаа симболи за дејноста на браќата Солунчани. Најраното вакво бележење чува Асемановото глаголско изборио евангелие од крајот на X или од почетокот на XI век, со провениенција од Охридската книжевна школа. За овој споменик важни се студиите на Блаже Конески, за култот и канонизацијата на словенските светци, на Владимир Мошин и други слависти.

Кирилометодиевската литература и библиографија доживува постојан растеж до денешни дни, иако браќата Кирил и Методиј се јавуваат на општествено-историската сцена на Словените во далечниот IX век, односно пред повеќе од единаесет векови. Импозантната цифра на библиографски единици, собрани во делото на Г. А. Илинскиј и М. Г. Попруженко – „Опит систетическој Кирило-Методиевској библиографии”, до денес е толку зголемена, што и најновите библиографски податоци од среднните на сите словенски книжевности, не можат прецизно да ја заокружат нивната бројна состојба. Во секој случај сигурно е дека, и покрај ваквата ситуација воопшто во славистиката, постојано се јавуваат значајни студии или ракописи коишто го привлекуваат вниманието наистражувачите.

Епохалното дело на светите Кирили Методиј ги постави темелите на словенската култура воопшто, стана достоинство на словенската писменост, книжевност и култура, бидејќи резултатите од нивната дејност најдоаблагопријатна почва кај Словените. Нивната активност ќе отпочне по иницијативата на моравскиот кнез Ростислав, а ќе биде пресудна за растежот на сите Словени.

1iselr2245Солун

Барањето на моравскиот кнез упатено до византискиот император Михајло се состоело во истакнатата потреба од христијански мисионери коишто ќе умеат да го шират Христовиот збор на разбирлив словенски (старомакедонски) јазик. Византискиот император имал токму такви луѓе, испробани мисионери во Сараценската и Хазарската мисија.

Словенските првоучители и апостоли потекнувале од видна фамилија и нивните родители, таткото Лев и мајката Марија, живееле во средновековниот културен центар Солун. Таткото заземал висок чин на воен заповедник друнгариј (потстратег) и им овозможил на децата солидно образование. Во тој поглед посебно се истакнал младиот Кирил, кој откако ја завршил високата Магнаурска школа во Цариград, го добил називот Филозоф.

Љубовта кон книгата го следела Кирил од најмладите години, истакнуваат Панонските легенди, коишто се најважните извори за проследување на животниот пат на браќата. Иако досега книжевната историја не ги утврдила точните податоци за потеклото на нивните родители, познато е дека во Солун и неговата околина живееле македонски Словени, што значи дека тие имале можност добро да го научат словенскиот (старомакедонскиот) јазик.

Кирил, по завршувањето на високата школа каде што ги совладал: граматиката, поезијата, геометријата, дијалектиката, филозофијата, реториката, итн. ги добил сите почесни титули и станал библиотекар во цариградската црква „Света Софнја”. На 24-годишна возраст бил испратен од византискиот двор да ја изведе верско-дипломатската мисија кај Сарацените, (851-855). Втората мисија на двајцата браќа била Хазарската (860-861). Третата, Моравската мисија, ја започнале во 86З година.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН