ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1990

Во второто продолжение од дваесет и второто поклонение во вечниот град Рим во 1990 година ќе одбележиме дека  Повелбата на пергамент, испишана со калиграфија во духот на Охридската книжевна школа и иницијалите во позлата, што ја обликува ликовниотуметник Нико Този, а  Друштвото на писателите на Македонија со Повелбата од 15 мај 1990година го прогласи Карел Војтила (Папата Јован II) за свој почесен член.

Исто така, треба да се одбележи дека во овој период во Македонија излегле од печат одреден број публикации чии теми се поврзани со прашањето на религијата,  културата, науката и вистината, меѓу кои ќе ги споменеме следните изданија:

Цветан Грозданов „Студии за охридскиот живопис”, Скопје 1990. Во посочената книга своето место го наоѓаат вредни студии за значајниот охридски живопис, во кој својот одраз и израз ќе го најдат значајни општохристијански, но и локални светители. Не случајно во една од нив станува збор за месецословот на Асемановото евангелие и за постариот монументален живопис во Македонија. Во овој месецаслов ги среќаваме канонизирани имињата на светите Кирил и Методиј, на свети Климент Охридски итн. Покрај 19 студии, застапени се: предговор, библиографска белешка, резиме на француски јазик, листа на цртежи и слики и индекс на имиња.

„Свето писмо на Стариот и Новиот завет”, изд. Македонската православна црква во соработка со Британско и инострано библиско друштво – Лондон 1990.

Ова капитално издание на Македонската православна црква е прво од ваков вид на литературен македонски јазик и претставува голем придонес во семејството на многуте преводи на „Светото писмо”. Целта на „Светото писмо”, наречено уште „Библија”, е човекот и неговите поколенија да се запознаат со основните Божји поставки и пораки. Со тоа на луѓето им се дава можност, не само преку збор, туку и преку симболи да ја разберат вечната Божја правда. Библијата е составена од 77 книги , од кои 50 од Стариот, а 27 од Новиот завет .

Стојан Ристески ,Легенди и преданија за свети Наум”, Скопје 1990.

Авторот Стојан Ристески подготвил убаво издание , преку кое целосно може да се согледа свети Наум во народната традиција. Бројните преданиј а и легенди, групирани во четири циклуси, даваат колоритна претстава за односот и претставата на свети Наум во народот. Покрај тоа, авторот се погрижил да даде и опстоен предговор, со што посебно доаѓаат до израз целите и истражувањата на С. Ристески како автор. Покрај резимето на француски јазик следат и библиографски белешки и регистар на лични имиња.

1pokl2

Македонска резба 

Bibliski atlas, The times, uredio James В. Pritchard, “Cankarjeva zalozba”, Ljubljana – Zagreb 1990.

Ова ексклузивно издание на „Цанкарјева заложба” заслужува посебно внимание. Во неа својот интерес може да го најде и библиологот, и научникот, и обичниот љубопитник насочен кон вечната Библија. Посебно поглавје е посветено на развојот на Библијата кај Македонците, со примерите на кирилометодиевскиот превод на Библијата, и понатаму.

Ова поглавје и е доверено на Вера Стојчевска-Антиќ , која се јавува и како еден од соработниците и авторите на изданието број 51.

Мирослав Спировски „Борба за автокефалност”, Нова Македонија, Скопје 1990.

Со дејноста на светите Климент и Наум Охридски во Македонија се зацврстува темелот на организираниот црковен живот. Во Х век се формира и востановува Охридската архиепископија, која ќе се одржи се до 1767 година кога била укината и приклучена кон Цариградската патријаршија. Авторот на оваа книга понатаму го проследува патот на Македонската православна црква до нејзиното прогласување за автокефална.

Ратомир Гроздановски „Свети Климент Охридски основоположник на МПЦ”, Скопје 1990.

Авторот на овој труд ја нагласува светата кирилометодиевска словенска мисија, која го добила својот полн израз во делата на светите Климент и Наум Охридски. Тие својата широка дејност ја прошириле низ цела Македонија и свети Климент Охридски ја сфатил суштината на писмото, големината на „книгата” и започнал да ги расејува. На тој начин создал култура, услови за зачувување и потврдување на иден титетот и создал основа на црковниот живот во Македонија .

Митрополит Повардарски Михаил „Нашето свето православие”, Македонската православна црква, Скопје 1990.

Авторот на овој труд се задржува врз хронолошките периоди низ кои минале Македонците во осознавањето и прифаќањето, а потоа и афирмирањето на христијанството, на нашето свето православие. Започнува со ширењето на христијанството меѓу македонските Словени. Христијанизирањето на Македонците пред добивањето на писменоста, пред IX век, било стихијно, зашто се одвивало на друг јазик, недоволно разбирлив за Славените. Со апостолското и просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј христијанството започнало суштински да се прифаќа.

1pokl3

Вечниот дом на македонскиот великан Гоце Делчев

Нивното дело во Македонија го продлабочиле учениците – светите Климент и Наум Охридски. Климент бил хиротонисан за прв словенски епископ во Велика. Во Х век се создава самостојна Македонска православна црква, олицетворена преку Охридската патријаршија (архиепископија). Митрополитот Михаил понатаму ја следи историјата и развојот, како и укинувањето на Охридската архиепископија, се’ до прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква на 17 јули 1976 година .

Славе Николовски – Катин „Македонски холокауст“, „Студентски збор” 1990, 1-236

Публикацијата „Македонски холокауст“ на авторот Славе Николовски – Катин претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Авторот на публикацијата, меѓу другото, дава текстови за Македонската православна црква во Републиката и дијаспората, како и за судбината на Македонците во поделена Македонија.

Илија Велев: „Преглед на средновековните цркви и манастири во Македонија“, Скопје 1990.

Книгата на авторот Илија Велев претставува 887 македонски цркви и манастири, градени од времето на IX до XVIII век.

Списание „Свети Климентово слово”, Мелбурн , Австралија, 1990 година.

Ова Списание е периодична публикација и орган на Македонската православна епархија во Австралија. Првиот број се појави во април 1990 година, на 20 страници и 2 корици на среден формат, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште во Мелбурн. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има и бројни текстови на англиски јазик. Во текот на трите години од излегувањето се отпечатени 12 броја кои содржат бројни материјали за активностите на македонските православни црковни општини во Австралија и за македонските иселеништва на петтиот континент.

Продолжува

1slave  Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Прво поклонение во вечниот град Рим – Дел 2

По повод 1100-годишниот јубилеј за свети Кирил Солунски, Македонската академија на науките и уметностите и Универзитетот во Скопје, со Советот на академиите на СФРЈ и Заедницата на југословенските универзитети, на 14 февруари 1969 година на гробот на светиКирил положија посребрен венец. Текстот го потпиша претседателот на МАНУ – Блаже Конески и ректорот на Универзитетот во Скопје – Благоја Попов.

По повод 1100-годишнината од смртта на свети Кирил, големиот учител и просветител, творецот на словенската азбука, во зградата на Македонската архиепископија беше одржана свечена академија. На академијата присуствуваа најеминентни претставници на општествениот и културниот живот на СР Македонија, како и претставници на верски и други организации.

Јубилејните свечености започнаа со архијерејска богослужба во црквата „Свети Димитрија” во Скопје. Светата литургија ја служеше поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, во сослужение на нивните високопреосвештенства: митрополит Наум, митрополит Методиј и митрополит Кирил, повеќе протојереи, протоѓакони и ѓакони.

На крајот од службата Божја, поглаварот на Македонската православна црква Неговото блаженство митрополитот охридски и македонски г. Доситеј одржа беседа, во која, меѓу другото рече:

„Свети Кирил заедно со својот брат свети Методиј ги удрија темелите на словенската писменост, составувајќи ја првата азбука за превод на богослужбените книги на словенски јазик со една возвишена цел – ширење и утврдување на православната вера во словенските краишта. Животот на свети Кирил беше, всушност, тешка борба против „ триезичната ерес” – мислење дека на Бога можело да му се служи само на грчки, еврејски и латински јазик.

1.7.7

Поглаварот на МПЦ г.Доситеј

За среќа, тогашниот папа Адријан II, кај кого светите браќа биле тужени и морале да одат во Рим, бил разборит човек и не само што не ја осудил работата нивна, туку и ги благословил преведените словенски богослужбени книги. Истоштен од тешката работа и од напорниот пат свети Кирил не можел повеќе да се врати кај својата сакана паства. Тој починал во Рим во 869 година “.

Понатаму во беседата Неговото Блаженство го изнесе значењето на делото од свети Кирил за работата и дејноста на неговите ученици: свети Климент, Горазд , Ангелариј и други . Тој рече дека духот на свети Кирил ги поел и ги инспирирал душите на нашите верници и светители, кои само така можеле да ги издржат тешките искушенија и мачења за својата православна вера.

По Божјата служба, свеченостите продолжија со академија во новите простории на Македонската архиепископија. Салата беше свечено украсена, а меѓу повеќето плакати можеше да се прочита и оваа: „Кој јазик ќе ги искаже подвизите, напорите и чистотата на неговиот живот?” (свети Климент за свети Кирил).

Свечената академија започна со молебен, што го отслужи Неговото Високопреосвештенство г. Кирил , во асистенција на повеќе протојереи и протоѓакони.

Потоа Неговото Блаженство г. Доситеј ги поздрави присутните на академијата со зборовите:

Почитувана господо, драги гости

1.7.8

Црквата Свети Климент Охридски во Скопје

Ние, претставниците на Македонската православна црква чувствуваме за свој посебен долг, а по повод 1100-годишнината од смртта на свети Кирил, сесловенски апостол и просветител, на еден ваков скормен начин да ја оддадеме нашата почит и благодарност за неговиот свет придонес за сесловенскиот род, а посебно за македонскиот.

Исто така, по повод овој голем јубилеј за нашата македонска црква и македонска нација, се радуваме што можеме во нашата средина да ги поздравиме многубројните гости “.

По поздравниот говор митрополитот дебарско-кичевски, г. Методиј одржа поопширно предавање на тема: „Значењето на делото на свети Кирил и Методиј за македонскиот народ”. Во предавањето беа опфатени сите поважни моменти од животот и работата на светите браќа, а посебно беше потцртано значењето на нивното дело за православната вера и книжевното творештво.

Илјада и стогодишнината од смртта на Кирил Солунски беше свечено и богато одбележана во Македонија. Централно место му беше дадено на симпозиумот „Кирил Солунски”, што се одржа од 23 до 25 мај 1969 година во Скопје и Штип. Организациониот одбор, што го формира МАНУ на 19 јуни 1968 година, го сочинуваа: Х. Поленаковиќ, Р. Угринова-Скаловска и В. Иљоски. Се пријавија 52 учесника од сите југословенски славистички центри. Симпозиумот се одвиваше во Скопје, во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци” и во Педагошката академија во Штип. На 25 мај беше посетен археолошкиот локалитет Баргала во Штип.

Со воведно излагање, симпозиумот го отвори претседателот на МАНУ – академикот Блаже Конески. Собирот го поздравија: претседателот на Академијата на Босна и Херцеговина Бранислав Ѓурѓев, претставникот на ЈАЗУ – Марко Костренчиќ, претседателот на САНУ- Михаило Стевановиќ и претставникот на Словенечката академија – Милко Кос.

Во врска со оваа свеченост, во МАНУ беше отворена изложба на словенски ракописи . Беа презентирани словенски ракописи најдени во Македонија по НОБ . Изложбата ја подготви Архивот на Македонија, под раководство на Владимир Мошин.

Гостите на симпозиумот имаа можност да ги посетат културно-историските споменици во Скопје и Штип.

Поднесените реферати се објавени во двотомен зборник во 1970 година.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН