ДВАЕСЕТ И ОСМОТО И ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО РИМ И ПОКЛОНЕНИЕ ВО ЕЛВАНГЕЛ Во 1996 година црковната делегација беше во состав: Митропоитот Дебарско-кичевски Тимотеј, свештеник Зоран Данев и протоѓаконот Ратомир Гроздановски. Предводник на државната делегација беше и тогашниот претседател на Собранието г-динот Тито Петковски. На специјална аудиенција во папската библиотека, македонската делегација беше примена од папата Јован Павле II, кој прочита и поздравен говор на француски јазик. Особен интерес папата покажал за делото и култот на светите Климент и Наум во Македонија. Наредниот ден, на 24 мај, на гробот на свети Кирил Солунски митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше со молебенот, по што државната делегација положи венец. Црковната делегација оваа година оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Ватикан, како што беше средбата со кардиналот Содана, со отецот Јозеф Мај од Советот за единство на христијаните, епископот Пјер Дипре, отецот Јиржи Весели од Ватиканскиот универзитет Анџеликум. Црковната делегација ја посети и библиотеката на најголемиот католички универзитет Грегоријана. На 1 јуни 1996 година во градот Елванген во Германија каде што свети Методиј бил затворен од 870 до 873 година, беше одбележан Денот на светите Кирил и Методиј. По свечената богослужба во чест на Браќата, присутниот Архиепископ и поглавар на МПЦ – господин, господин Михаил, со митрополитите господин Кирил, господин Горазд и протоѓаконот Александар Цандовски, одржаа беседа за грандиозното дело на Светите Браќа. Црковната делегација изврши молебен, а делегацијата на Владата на Р. Македонија беше предводена од министерката Софија Тодорова и Славе Николовски-Кати, потпретседател на Републичката комисијата за односи со верските заедници. Пред спомен-плочата беа положени венци, посебни од амбасадорот на Р. Македонија г-дин Срѓан Керим во Германија . По беседата на поглаварот Господин, Господин Михаил, беше осветена спомен-плочата со ликот на свети Методиј, изработена во бакар и бронза од скулпторот Боро Митриќески, на ѕидот од манастирот каде што бил затечен свети Методија. На банкетот во нивна чест слово одржа господинот Буке, заменик-градоначалник на градот Елванген. Од издавачката дејност: Илија Велев: Македонскиот книжевен XIV век, Веда, Скопје 1996. Илија Велев: Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Менора, Скопје 1996. Вера Стојчевска-Антиќ: Апокрифи, Табернакул, Скопје 1996. Илинка Дракулевска-Грубовиќ, Славе Николовски-Катин и Никола Јордановски: English-Macedonian Veterinary Dictionary Англиско-македонски ветеринарен речник, „Матица македонска“, Скопје, 1996, 1-296, (на англиски и македонски). Славе Николовски – Катин: Македонски иселенички паноптикум, Друштво за наука и уметност, Битола, 1996, 1-296 ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1997 Дваесет и деветтото поклонение во вечниот Рим се оддржа во годината кога МПЦ одбележуваше 30 години автокефалност. Црковната делегација беше предводена од Архиепископот Охридки и македонски г.г. Михаил, кого го придружуваа митрополитот кумановско – полошки Кирил, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, протојерејот Стојко Ристевски и протоѓаконот Ратомир Грозданоски. Во државно-црковната делегација беа вклучени и Скопскопризренскиот бискуп д-р Јоаким Хербут, министерот за култура г-дин Слободан Унковски и потпретседателот на Републичката комисија за односи со верските заедници Славе Николовски-Катин. Архиепископот Михаил, во присуство на голем број верници, се поклони на светите мошти и отслужи молебен на гробот на свети Кирил Солунски. Веднаш потоа одржа вдахновено празнична слово за светителот, што беше проследено со големо внимание и интерес од присутните, особено од новинарите кои цитираа делови од словото во медиумите. Откако се поклони, делегацијата оствари и повеќе средби со видни личности и институции на Ватикан, како и со папата Јован Павле. На средбата, папата беше информиран за поставувањето на камен-темелникот на римокатоличката црква „Св. Кирил и Методи“ј во Охрид и, по тој повод, му беше упатена покана да ја посети Македонија. Црковната делегација оствари средба и со кардиналот Ечегариј. Од издавачката дејност: Илија Велев (со коавтори): Македонски скрипторски центри IX-XV/11век, Скопје 1997. Илија Велев: Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје 1997. Илија Велев: Кирилометодиевската традиција и континуитет, Институт за македонска литература, Култура, Скопје 1997. Вера Стојчевска-Антиќ: Свети Климент Охридски, Епоха, Скопје 1997. Фиданка Танаскова, Славе Николовски-Катин: Македонски клуб Илинден 1903 во Хамбург (1978-1998), „Македонска искра“ – Скопје, 1997, 1-86 (на македонски). Петко Златевски, Славе Николовски–Катин: Библиски речник, Библиско здружение на Македонија и „Македонска искра“, Скопје, 1997, 1-215 (на македонски). Славе Николовски-Катин: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и германски, „Македонска искра“, Скопје, 1997, 104. Славе Николовски-Катин:Речник во слики – Ајде да учиме англиски и француски, „Македонска искра“, Скопје, 1997, 104. Продолжува
|
Tag: мпц
ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1981 ГОДИНА
ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1981 ГОДИНА
Манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил”, се одржа од 23 до 26 мај, меѓутоа делегацијата на Македонката православна црква престојуваше во Рим од 19 до 22 мај и за првпат молебенот е отслужен на 21 мај, а не на Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа се случи поради смртта на поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј. Оваа година Светиот синод на Македонската православна црква за шеф на делегацијата го испрати дебарско-кичевскиот митрополит г. Ангелариј, а беше придружуван од архимандритот Петар Каревски (сега митрополит преспанско-битолски г. Петар) и ѓаконот Јован Таковски, додека официјалната југословенска делегација ја предводеше проф. Анатоли Дамјановски, републички секретар за наука и образование на СР Македонија, а останатите членови беа – Димитар Солев, директор на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски” од Скопје и Ерос Секви, уредник на списанието „Ла Батана”, од СР Србија. Поради прогласувањето на светите браќа Кирил и Методиј за заштитници на Европа, заедно со делегацијата од СР Македонија допатува и бискупот скопско-призренски д-р Јоаким Хербут со секретарот Анте Цериматиќ. Програмата што се одржа во рамките на манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил“ на Европа, заедно со свети Бенедикт; врз папата Јован Павле 11 е направен обид да се изврши атентат; како и смртта на поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, кој се упокои во Господа на 19 мај, на денот кога делегацијата пристигна во Рим. Бидејќи погребот на поглаварот г. Доситеј беше закажан за 24 мај, токму на Денот на светите браќа, програмата на делегацијата мораше да претрпи поголеми промени. Така, на 20 мај делегацијата го посети Секретаријатот за единство на христијаните, каде беше примена од потпретседателот монсињор Торела и отец Никола Вирвол.
Како и во минатите, така и оваа година на гробот на свети Кирил се одржа молебен, но не на 24 мај, туку на 21 мај, во четврток во 10 часот. На молебенот чинодејствуваше дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Ангелариј, во сослужение на архимандритот Петар Каревски и ѓаконот Јован Таковски, а во придружба на хорот на Институтот „Русикум”, под диригенство на отец Пихлер. На овој свечен чин, покрај државната делегација присуствуваше амабасадорот на СФРЈ при Светата столица г. Зденко Свете, бискупот д-р Хербут Јоаким , неговиот секретар Анте Цериматиќ, како и претставници на повеќе институти од словенско потекло и бројни поклоници . Културната делегација, пак, имаше средби со југословенските амбасадори во Рим и Ватикан, а беше примена и во Министерството за надворешни работи на Италија од заменик-директорот на Дирекцијата за културна соработка г. Античи. По одржувањето на молебенот, митрополитот г. Ангелариј одржа пригодна слово за значењето на светите браќа, во кое, меѓу другото, рече: … Дозволете ни од името на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква и од свое име да искажам топла и искрена благодарност за Вашето присуство на овој свечен чин, кога македонскиот народ и Црквата ја манифестираат својата љубов кон свети Кирил Солунски, великиот учител, апостол, светител и просветител, и чие мисионерско дело, извршено заедно со неговиот брат свети Методиј, вечно ќе ги осветлува со евангелска светлина душите и срцата, не само на нашиот туку и на сите словенски народи. Нашата радост е уште поголема што од средината наша се појавија вакви синови кои, испратени од византискиот цар Михаил, неуморно и самопрегорно го проповедаа словото Божја, а откако ја преведоа Библијата и светите богослужбени книги од грчки на словенски јазик, тие ги осветлија душите на словенските народи со вечниот факел на вистинската духовна просвета и наука Божја.
Поради тоа, деветтиот век, кога им беше поверена мисионерската служба на светите браќа, е век на нашето духовно раѓање зашто со благодатна сила на Светиот Дух, беа украсени и просветени словенски народи. А како апостоли, со проповедта на христијанската вера и Божјата премудрост, не ослободија од темнината за која говори свети апостол Павле: „Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа (Еф. 5, 8) ” .. Веднаш по пригодното слово пред гробот на свети Кирил Солунски, дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Ангелариј отслужи краток помен за покој на душата на блажена починатиот поглавар на МПЦ архиепископот г. Доситеј. Другиот ден, двете делегации се вратија за Скопје за да присуствуваат на закопот на архиепископот, што се одржа на 24 мај во црквата „Свети Димитрија” во Скопје. „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и занационална држава”, том први, Универзитет „Кирил и Методиј”, Скопје 1981. Во првиот дел од книгата, во којашто се презентирани документите од периодот на VI до XVIII век, своевиден одраз наоѓаат текстовите од времето на кирилометодиевскиот период. Италијанското списание „La battana” (maggio 1981, anno XVIII, 59), numero speciale Macedonia, целосно ѝ е посветено на Македонија (јазик, литература, култура итн.). На 24 мај 1981 година Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, од името на свештенството и верниците, му додели Благодарница на Неговата Светост папата Јован Павле II за извонреднотобогоугодно и екуменско дело – прогласувањето на словенските апостоли Кирил и Методиј за созаштитници на Европа . Благодарницата е потпишана од архиепископот Доситеј, изведена на пергамент, со позлата, ликовно-графички обликувања од сликарот Нико Този, а футролата во резба ја изработи познатиот охридски мајстор-резбар Славе Атанасовски-Крстанче. Продолжува
|
ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ЧУВАР НА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТОРОНТО
Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија
Мајката македонска земја, која низ вековите толку многу била поробувана, парчосувана и ограбувана, никогаш не потклекнала пред теророт, пред клетите тирани и пред освојувачките походи. Нејзините синови и ќерки – гордите Македонци и Македонки се бореле и гинеле, но останале простум да им пркосат на сите неправди и зла.
Суров и крвав е данокот што е платен и со кого е натопена македонската земја и за време на Самоила и за време на Илинден, и за време на балканските и на светските војни. Недоброени храбри чеда ги оставија својата младост и животот за слободното само едно наше парче, Вардарско, Македонско.
Поробувачите, тортурите, војните, претешкиот суров живот под стегите на непријателските чизми, натерал илјадници Македонци да ги напуштат своите татковски и дедовски огништа и да тргнат по патот на печалбарската неизвесност.
Тешко, речиси невозможно е точно да се каже кога тргнала големата македонска печалбарска река во прекуокеанските континенти, но, вистина е дека првите стапки на канадско-американската земја од Македонците се пречекорени некаде пред 100 лета. Значи, уште пред еден век кога од разни краишта тргнале со параходите на долгиот пат, најпрво малку, а потоа е побројно и се помасовно.
Канада станува и останува привлечна, некаква “ветена земја” за Македонците, со својата големина, богатство и можност за заработувачка и за подобар живот. Па не биле малку оние што во себе ја носеле мислата, откако ќе заработат нешто, еден ден сепак да се вратат дома. Некои така и сториле, се вратиле. Други дошле и останале засекогаш сами, а трети ги повлекле и своите најблиски.
Според одделни податоци, се смета дека по Илинденското востание, од Македонија кинисале по светот околу 30.000 луѓе. Дури во своите писанија и истакнатиот револуционер и борец за правата на својот народ Ѓорче Петров, во далечната 1903 година вели дека на Северноамериканскиот континент заминале седум до осум илјади лица, во 1904 година, меѓу девет и десет илјади, следната 1905 година бројот на иселените е 10-15 илјади. Најголем дел кинисале од своите села, од цела Македонија, десетина проценти од нив биле занаетчии и учени луѓе, а од сите, близу половината останале во далечниот свет и таму се и денес тие или нивните потомства.
Значи, прапочетоците на иселувањето на Македонецот се некаде во втората половина на минатиот век, кога првите дојденци во новиот свет биле оние храбри што решиле да ги минат океаните и да бараат заработувачка и спас од сиромаштијата.
Вториот преселнички бран се врзува со Илинденското востание, со времето пред и по него, кога судејќи според бројките, тој бран е доста голем и продолжил се до балканските војни и поделбата на Македонија. Тогаш, причините за напуштањето на Татковината се и политичките мотиви, политичките валкани игри околу Македонија и теророт над сите нејзини три дела.
Значи, следи третиот период кој е сврзан токму со парчењето на Македонија, кога во нејзините села и градови газдувале српските, бугарските и грчките деспоти и крвници со сите тешки злодела, што и ги нанеле на разделена Македонија. Тоа што се случувало во Македонија, се пренесло и во преселничките држави, каде на Македонците не им се давал мир. Притоа, туѓите пропаганди непрестајно ровареле среде иселеничките етнички заедници и пуштале прсти секаде каде што тоа било можно.
Од непризнати и негирани, без никакви права и без свое национално име, во егејскиот и во пиринскиот дел, а во вардарскиот дел стегнати во менгемето на жандармеријата и асимилаторските канџи, голем број Македонци кинисувале на долгиот пат, знаејќи дека е неизвесен и тежок и дека туѓината е пуста јабана.
Гордоста и желбата да се зачува името свое македонско била посилна од се а неможејќи да го поднесуваат тој невиден терор, Македонците ги напуштале родните свои огништа и бегале или биле прогонувани по белиот свет.
Примерот со Беломорска Македонија е еден од најцрните и најтаговен што ги познава цивилизираниот свет. Овде некако се надоврзува и четвртиот период, оној за време на Втората светска војна и на Граѓанската војна на Грција. Масовниот егзодус, на 28.000 дечиња и многу, многу патриоти и храбри борци, кои биле прогонети од диктаторските режимочувари на Грција, а кои се раселени на сите страни во светот, е трагична страница во историјата на човештвото. Голем дел од нив свој животен пристан и среќа најдоа овде во Канада.
Bo годините no Втората светска војна, а посебно no поразот на Демократската армија во Граѓанската војна во Грција, иселувањето е вистинска река. Само во Леринско за десетина години, од 1950 до 1960 година, биле издадени околу 10,000 иселенички визи, па кога ќе ги додадеме и другите региони во сите три дела на Македонија, тогаш статистиката е поразна.
Петиот иселенички период е од почетокот на шеесетите години и еве трае до овие денешни дни. Време во кое Македонија-првата татковина и натаму неповратно се празни. Според официјалните бројки, според пописот на населението, од Републиката во 1971 година се иселиле 34.420 лица, што е нереално. Според грчки статистички извори по првото тримесечие на 1970 година од егејскиот дел на Македонија се имаат иселено 3.918 лица, а од нив само од Леринско 1.840.
Меѓутоа, вистината е поинаква. Денес се смета дека на четирите континенти се заминати и живеат околу 700.000 Македонци од сите делови на незаборавената и мила родна земја-Македонија.
Исто така, во оваа пригода треба да се нагласи дека во егејскиот дел на Македонија грчкиот режим ја покажа својата вистинска суровост кон македонскиот народ кога испрати многу Македонци во затвор, во затворските логори на грчките острови, едноставно затоа што зборуваа на својот мајчин јазик; единствениот јазик што го познаваа.
Сите балкански држави, соседи на Македонија – Грција, Србија, Бугарија и Албанија – се мешаа во македонските работи и во текот на Втората светска војна и во текот на Грчката граѓанска војна. Но, конечната навреда врз македонскиот народ е зададена кога Грција, во 80-тите години на минатиот век, го воведе Законот за репатријација, кој дозволува само „Грци по раѓање“ да се вратат во своите места на потекло, односно во местата каде биле родени.
Меѓутоа, во Егејска Македонија постои вековно мислење дека тие се Македонци затоа што тие, нивните татковци и мајки, нивните дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени во Беломорска Македонија, биле Македонци, бидејќи земјата на која се родени, во која тие се пораснати и во која почиваат се вика Македонија. На нив не им требаат нивните непријатели да ги дефинираат и да им кажуваат кои се тие, а кои не се. Тие се Македонци бидејќи се Македонци од поделена Македонија, оградена со граници.
Треба да се истакне дека Грција ја користи позицијата дека е мезениче на Англија и САД и продолжува да блокира, бидејќи е членка на Европската Унија. Сепак, треба да не се заборави дека таа не е национално хомогена, туку, всушност, е мултинационална држава, имајќи ги сите потенцијални политички последици. Обврзка е на Грција и на Бугарија, да ја прифатат европската регулатива во врска со третманот на малцинствата и заштитата на нивните човекови и културни права.
Грција, за жал, е земјата од каде што, потекнува зборот “демократија”. Заедно со Македонија е земја од минатото, со надеж дека ќе биде земја на иднината, и, конечно, таа е сосед на Република Македонија, кој треба да биде своевитен генератор, а не кочничар без преседан кон подоброто утре на еден Господов народ.
Градското собрание во Торонто
Општо познато е дека македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист.
Тоа го направи со доселувањето на православното турско населени (просвиги) во цела Егејска Македонија. Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн.
Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Особено егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, како последица од војните и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја.
Треба да се истакне дека македонскиот и грчкиот народ, без оглед на нивната државна политика, соработувале во добри и лоши времиња. Ова е потврдено во последниве децении со зголемување на соработката меѓу двете земји и нивните народи на културно и друго поле. Како потврда на ова, на пример, да посочиме дека се направени бројни преводи од македонски јазик на грчки јазик и обратно, а има голема соработка помеѓу фолклорни и забавни групи, театарски и други асоцијации.
Голем број на грчки интелектуалци ги осудуваат политиките и неправдите нанесени на познати и признати македонски граѓани кои потекнуваат од Егејска Македонија. Исто така, мора да се нагласи значењето на грчкиот Хелсиншки комитет и други здруженија за заштита на човековите и други права на секој граѓанин во Република Грција.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Чувај ја верата и никогаш немој да ми го заборавиш мојот манастир
ВО ТЕТОВСКО – ГОСТИВАРСКАТА ЕПАРХИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА ЕПАХИСКОТО СПИСАНИЕ “ОГЛЕДАЛО“
Со благослов на неговото високопреосвештенство, митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф излезе од печат новиот број на списанието „Огледало“, списание за православната вера, култтура, образование и наука.
Списанието е двоброј 14/15, во септември 2020 година, во кое е поместена следната порака „Чувај ја верата и никогаш немој да ми го заборавиш мојот манастир“
Имено, тема на овој број на списанието „Огледало“ е: „Тетовско – гостиварската епархија во Полог и Лешочкиот манастир низ вековите“. Во списанието, неговото високопреосвештенство, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф го напиша следното поздравно слово:
Мили чеда,
„И во оваа високосна 2020 година, иако погодени од големи искушенија меѓу кои најповеќе од познатиот коронавирус, сепак со Божја помош повторно сме со Вас преку нашето списание „Огледало“, кое пред сè го издаваме за сите Вас, кои сте „жедните за словото Божјо“. Ете во пресрет на овогодишните јубилеи на нашата Света Македонска православна црква – Охридската архиепископија, кога сите ние сме радосни сведоци на чествувањето на големите и значајни духовни и национални јубилеи: Еден милениум постоење на Бигорскиот манастир; 175 години од блаженото упокојување на игуменот на Лешочкиот манастир, јеромонахот Кирил Пејчиновиќ; 75 години од одржувањето на Првиот македонски црковно-народен собор во Скопје; и 30 години од осветувањето на Соборниот храм во Скопје – излегува од печат, веќе 7-ма година по ред и овој двоброј на епархиското списание на Тетовско-гостиварската православна епархија.
Митрополитот г.Јосиф со поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот г.г. Стефан
Спомнувајќи ги јубилеите, можам слободно да кажам дека не помал јубилеј оваа година доживува и нашиот Лешочки манастир, во кој по скоро цели 200 години се започна со изградба на нов манастирски конак. Како што споменав во мојата беседа за време на осветувањето на темелите во февруари оваа година, и во оваа прилика ќе споменам дека Лешочкиот манастир несомнено уште од дамнина е голем благослов за Полог, па така знаејќи го сето тоа и бивајќи свесни дека годинава во Лешок се започна делото на воскресенски препород на комплексот, во консултација со ценетата Редакција, се одлучивме темата на овој двоброј 14/15 да ја посветиме на: „Христијаните во Полог и Лешочкиот манастир низ вековите.
Освен трудовите поврзани со носечката тема на овогодинешното списание, благодарение на нашите почитувани соработници како и на Редакцијата на списанието, сместивме и научно градиво од многу области и тоа од: црковната и световната книжевност, од црковната уметност, секако трудови со теолошка тематика, потоа од областа на историјата и медицината, како и теми поврзани со периодот на македонската преродба. Исто така, на крајот од списанието се наоѓа и рубриката – Вести и настани од епархијата. Се надевам дека ќе Ви се допадне изборот на трудовите кои се сместени на овие страници и дека тие ќе го привлечат Вашето внимание.
Ја користам оваа прилика од мое лично име, како и од името на членовите на Редакцијата да им се заблагодарам на нашите почитувани соработници, кои со својот труд значително го помогнаа издавањето на ова списание.
Драги читатели, имајќи го во Вашите раце нашето епархиско списание „Огледало“, Ви посакувам успешно чтение и продлабочување на духовните и интелектуалните способности за слава на Троичниот Бог“.
Притоа, митрополит на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, кој е главен уредник на списанието „Огледало“ напиша дека Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот дух да биде со сите нас.
Посебно место во овој број на списанието „Огледало“ е посветен на текстот:на митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф под наслов: “Лешочкиот манастир пред доаѓањето на јеромонанахот Кирил Пејчиновиќ (од создавањето до 1818 година“), со следниот превод на англискиот јазик: THE LESHOK MONASTERY BEFORE THE ARRIVAL OF HIEROMONK KIRIL PEJCHINOVIC (FROM ITS FOUNDATION UNTIL 1818).
. Во него, меѓу другото, е претставен почетниот дел на бурната историја на Лешочкиот манастирски комплекс низ вековите, периодот од основањето на манастирот, па сè до 1818 година, кога со доаѓањето на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ на чело на манастирот како игумен – манастирот бил возобновен, а со тоа и неговата историја.
Посебно во трудот хронолошки е изложена историјата на манастирот, кој бил и ѐ центар на христијанството во Лешок и во Полошкиот регион, каде христијанството се појавило уште во ранохристијанскиот период. Историските настани се поддржани со бројни археолошки пронајдоци. Денешните остатоци на стариот манастир „Свети Атанасиј Велики“, како и црквата „Пресвета Богородица“ во новиот возобновен манастир се појдовна и темелна точка на овој труд кога станува збор за Лешочкиот манастирски комплекс.
Манастирот „Свети Атанасиј “ во Лешок
Во овој текст митрополит на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф се потрудил да го долови непрестајното егзистенцирање на манастирот, со прикажување на историскиот развој преку претставување на настаните поврзани со основањето, разурнувањето, подигањето и уривањето на храмовите и манастирските конаци, сè до неговото повторно возобновување, како феникс од пепелта во 1818 година под покровителство на игуменот Кирил Пејчиновиќ од Теарце.
Инаку, Лешочкиот манастирски комплес „Свети Атанасиј Александриски и Пресвета Богородица“ е важен духовен центар и игра видна улога во духовната преродба на македонскиот народ. Тој се наоѓа над селото Лешок и е сместен во прекрасниот природен амбиент во подножјето на Шар Планина, на надморска височина од околу 600 метри. Во православниот манастирски комплекс денес се наоѓаат светилишта: манастирската црква „Свети Атанасиј Велики“, старата црква „Пресвета Богородица“ и параклиот „Свети Кирил и Методиј“.
Денес во склоп на манастирот кој повторно е епископско живеалиште влегуваат и: манастирските конаци, вечното почивалиште и спомен-собата на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, како и остатоците од стариот манастир со разурнатата црква посветена на „Светиот Атанасиј Велики“, чии остатоци се наоѓаат надвор од денешните манастирски ѕидини, во непосредна близина на комплексот.
Исто така, во бројот 14/15 на списанието „Огледало“ заслужуваат посебно внимание и текстовите и научните трудови на дваесет и еден автор кои со своите објави придонесуваат за збогатување на православната вера, култтура, образование и наука кај Македонците, како и го презентираат минатото и сегашноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја прикажуваат вистина за црковно-националното живеење во Република Македонија.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Дел од историскиот развој на Македонската Православна Црква
За одбележување е тоа што во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците од сите делови на Македонија ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија
Затоа во историскиот преглед објавен во монографијата „Македонски вознес“ се вели дека Македонската православна црква е еден од важните, ако не и најважен фактор кој игра значајна улога во собирањето на Македонците во земјата и надвор од неа. Затоа, македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се бореше и за независност на својата православна црква.
Историјата на македонскиот народ во последниве илјада години секогаш беше тесно врзана со Македонската православна црква, со Охридската архиепископија. Немајќи своја сопствена држава, Македонците добија, во некоја смисла, национална независност за долг временски период, преку Охридската архиепископија.
Црквата беше таа која организираше голем дел од културната, од уметничката дејност на македонскиот народ, пред се преку градење цркви и манастири, чии ѕидови се украсени со фрески и со икони. Црквата беше одговорна за создавањето на традиционал-ното, средновековно македонско сликарство, денес познато низ целиот свет како автентично сликарство на оваа земја. со сите карактеристики на оригинална креативна посебност.
Историјатот на Македонската православна црква се карактеризира со три основни фази: 1. Охридската архиепископија (XI век до 1967); 2. Јурисдикцијата на туѓите цркви во Македонија (1767-1944); и 3. Македонската православна црква (од 1944 до денес).
Првиот период почнува, некаде од VII век кога населението на Македонија беше покрстено. Македонците кои беа населени во централниот дел од огромното Византиско царство. беа поблиску до императорот и до црковниот центар Константинопол (Цариград). Цариградската патријаршија ги затворила светите браќа Кирил и Методиј поради мисионерската работа во Моравија.
Меѓу нивните ученици и следбеници беше свети Климент, кој, по враќањето во Македонија, стана прв словенски епископ со седиште во Охрид (893). Затоа, се смета дека тој е првиот организатор на Словенската Македонска православна црква со локално свештенство.
Официјалната наша православна црковна заедница беше основана кон крајот на X век, кога Самоил беше прогласен за крал на новоформираното кралство, и кога беше основана Охридската патријаршија, на чело со патријарх. Се претпоставува дека на новата црква исе олеснило со благословот на римскиот Папа кој на кралот Самоил му пратил кралска круна.
Како и да ет византискиот император Василие Втори, по падот на Самоиловото царство во 1018, ја симнал Охридската патријаршија на ранг на архиепископија, без да ја укине нејзината автокефалност или да ја намали нејзината слобода.
Охридската Архиепископија останала во рамките на Византиската империја во периодот од XI и XII век. Меѓутоа, на почетокот на XIII ѕек, се случуваат чести политички промени на Балканот.
Неподносливата положба на христијанското население и црквата натера многу охридски архиепископи и епархиски протоереи да одат низ Европа и да собираат милостина за плаќање на долговите на Турците. Западнат во долгови што тешко можеше да ги плати, Архиепископот Охридски дозволи извесно мешање на Цариградската патријаршија во внатрешните работи кои се однесуваа на кандидати за архиепископи и за епархиски протоереи.
Охрид
Конечно, султанот Мустафа Трети ја укина Охридската архиеписколија и ги приклучи нејзините епархии кон Цариградската патријаршија која, за возврат, беше обврзана да ги плати долговите. По повеќе од седум и пол векови автокефален живот, Охридската архиепископија беше незаконски укината од страна на султанот во 1767 година.
Следната фаза на православната црква во Македонија почнува со нејзиното потпаѓање под јурисдикција на Цариградската патријаршија, кое со право се смета за црковно ропство на македонскиот народ, поради фактот што тој ја изгубил не само својата религпозна и економска слобода, туку бил подложен на елинизација, додека ширењето на словенското воспитување и култура биле забранети.
Населението во македонските епархии се сроди со Бугарската егзархија поради словенскиот карактер, иако тежнението за формирање своја сопствена православна црква за обновување на Охридската архиепископија не исчезна. Бугарската Егзархија го ширеше своето влијание во Македонија преку воспитниот систем. Ова предизвика незадоволство кај македонскиот народ кој го подигна својот глас, дури и подалекучујно, во барањето за обновување на Охридската архиепископија како Македонска национална црква.
По Берлинскиот конгрес (1878), Македонија остана под турска власт, која исто така го остави нерешено прашањето за Македонската православна црква. Македонците јасно ја изразија својата желба за формирање своја национална црква во Кресненското востание, т.е. во “Уставот на идната Влада на Македонија”. Сепак, преговорите со Римокатоличката црква (1879) не само што не го решија црковното прашање, туку и го искомплицираа.
Српската национална пропаганда, користејќи го незадоволството на македонскиот народ во постојната ситуација, успеа да организира неколку црковни и образовни совети во градовите и во селата, за време на осумдесеттите години на минатиот век, Co форсирање на почетокот на македонството ги придоби незадоволните членови на Цариградската патријаршија и на Бугарската егзархија, со што се отвори нов фронт. Ова доведе до тројна победа на македонскиот народ,
Така, често се случуваше тројца браќа од иста фамилија да имаат различна вера и националност. Следбениците на Патријаршијата, Егзархијата и на Српската црква се бореа меѓу себе. За време на првата деценија од XX век, ова ривалство се претвори во оружена борба, како резултат на различни вери и национални пропаганди. За време на овој период, различни револуционери и еволутивни кругови на македонскиот народ се обидоа да го решат црковното прашање со обновување на Охридската архиепископија. Но, политиката на големите сили и на Турција им го попречија патот.
Народноослободителната борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна не беше насочена само кон национално и социјално ослободување, туку и кон решавање на проблемот на Македонската православна црква. Првото свештеничко собрание на слободната територија во Западна Македонија се одржа есента во 1943 година во селото Издеглавје. Ова беше крај на втората фаза на македонското црковно прашање.
Во есента 1944 година дел од Македонија беше целосно ослободен. Новоформираната македонска држава стана целосно рамноправен член на нова Југославија. Затоа, православните верници и македонското свештенство го одржа Првиот црковно-народен собор во 1945 година, кој ја усвои Одлуката за формирање Македонска православна црква преку обновување на Охридската архиепископија.
Во 1959 година епископскиот Синод на Српската православна црква ги призна решенијата од Вториот црковно-народен собор на Македонската православна црква, одржан во Охрид (4-6 октомври 1958 година) за одделување на Македонската православна црква како независна, со новоизбран поглавар – архивпископот Охридски и Македонски митрополит, г. Доситеј. Претставниците на Српската православна црква на чело со патријархот Герман учествуваа во интронизацијата на македонскиот митрополит Климент.
Третиот црковно-народен собор на Македонската право-славна црква се одржа на 18 јули 1967 година so Охрид, кога беше одлучено да се прогласи самостојност на Македонската православна црква на чело со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Доситеј. Диецезата на Македонската православна црква се совпаѓаше со границите на македонската народна држава – СР Македонија.
Последниот Устав на Македонската православна црква беше донесен во 1974 година, според кој Македонската православна црква своите работи ќе ги управува и ќе ги води независно, во согласност со догматското и канонското единство со другите православни цркви. Македонската православна црква има свој грб, свое знаме, а службен јазик е македонскиот.
Црковно-епархиски тела и адиминистративни органи на Македоиската православна црква се: 1. Архиепископот, 2. Светиот архиерејски синод, 3. Архиерејскиот црковен суд,4. Епархиите, седум во Република Македонија и три во прекуокеанските земји (Американско-канадска, Австралиска и Европска епархија), кои се управувани од надлежни владици со помош на архиерејски заменици во градовите на овие епархии. Основни единици на територијалната поделба се парохиите, управувани од свештениците.
Светиот архиерејски синод е одговорен за религиозните и за воспитните активности, за издавање на религиозна литература, како и за воспитување на свештенството и на монаштвото. Македонската православна црква има свое четиригодишно средно училиште (Богословија) каде што се школуваат идните свештеници, како иТеолошки факултет во Скопје.
Денес на чело на Македонската православна црква е архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Михаил, кој беше избран и востоличен иа 4 декември 1993 година во Охрид, дамнешната престолнина на Охридската архиепископија.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Дел од сликата на ПМЦ „Свети Климент Охридски“ во Берлин
85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (18)
Македонските православни цркви и црковни општини (МПЦО) во Европската Унија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини, пред сѐ, имаат добиено широка поддршка од домашните влади и од мајката – Светиклиментовата црква.
Со формирање на црквите и црковните општини во Европа, во голема мера се придонело да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на македонските доселеници во Европската Унија, без разлика од кој дел на Македонија, и со какви патни исправи се дојдени во новите средини.
Преку МПЦО, преку членување во тие духовни домови, добивале документи што сведочат дека се Македонци, а со тоа стекнувале право да избираат и да бидат избрани во црковно-општинските тела. Така, тие добивале крштеници, венчаници, смртовници, и други документи кои се официјални и законски пред тамошната админстрација.
Со поголемиот прилив на емигрантите во Европа, во последните педесетина години, се зголемил бројот на православното население, чиј број е за неколку десетици илјади поголем во споредба од пред Втората светска војна. Затоа има мешање на православните со луѓе од другите религии. Сето тоа доведува до брзи промени во општеството каде што припаѓаат и македонските православни верници. Македонската православна црква, како и другите православни цркви што дејствуваат во Европската Унија, има своја Епархија што е значајно духовно и културно просветно тело.
Европската епархија на МПЦО ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на Македонците од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода. Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од Европската Унија, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со големи заслуги за културниот развој и на другите народи и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и новите татковини.
Св. Климент на Плаошник
Со зголемувањето на бројот на македонските православни црковни општини во западноевропските земји, денес Европската Унија, се појави потребата од формирање на нова епархија на Македонската православна црква. По примерот и начинот на работењето на Американско-канадската и Австралиската епархија, започна да се размислува за организираноста на македонските православни црковни општини и во Европа во една епархија што ќе го носи името „Европска епархија на МПЦ“.
Така, оваа идеја беше искористена во текот на посетата на високата делегација на МПЦ предводена од поглаварот господин господин Михаил, прва од таков вид во Германија, во февруари 1994 година. Тогаш се формирал и голем иницијативен одбор за основање на Европска епархија.
Имено, на 27 февруари 1994 година во Мајнц се собрале претставници на МПЦО од СР Германија, Шведска, Данска и Швајцарија, при што биле прифатени одлуките на Црковно-народниот собор на МПЦ од 4 до 6 декември 1993 година за основање на европска епархија. Потоа било избрано времено тело што ќе ги врши сите работи околу основањето на епархијата, а бил формиран и фонд на име на Епархијата. Посебна важност и време делегатите посветиле на прашањето околу пополнувањето на црковните општини со редовни свештеници.
Реалноста говори дека Македонците во западноевропските земји своите верски празници ги прославуваат во клупските простории, или, пак, во изнајмени црковни објекти, обично на Католичката, Методистичката и Евангелистичката црква во Германија, кои за среќа, секогаш им излегувале во пресрет. Меѓутоа, Македонците сѐ повеќе сакаат да се организираат во свои цркви во кои ќе се одржуваат богослужби на македонски јазик, крштевки и други активности поврзани со црковниот живот. Затоа било неопходно да се формира Европската епархија.
Инаку, Македонците во Германија се организирани во три заедници: Македонска заедница за Северна, Средна и Јужна Германија. Седиштето на Македонската заедница е во Лацен и во неа се вклучени следните асоцијации: со име „Македонија“ постојат клубови во градовите: Берлин, Биелефилд и Бремен, со името „Гоце Делчев“ во Берлин и во Вилхемшафен, со името „Јане Сандански“ во Брауншвајг, „Илинден – 1903“ во Хамбург и Лацен, „Никола Карев“ во Оберкирхен, „Македонска зора“ во Офенбург, „Вардар“ во Синделфинген, „Изгрев“ во Сан Георген, „Свети Кирил и Методиј“ во Улм, „Пелистер“ во Елванген, „Малеш“ во Манхаим, „Македонско сонце“ во Карлсруе, „Скопје – Балкан“ во Дозенхаин, „Александар Македонски“ и други.
Меѓутоа, за Македонците во Берлин најзначајна духовно – национална институција, секако е Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. Иницијатори за формирање на оваа црковна општина се членовите на Македонскиот клуб „Гоце Делчев“, на чело со Гојко Јаковлески. Иницијативата за формирање на црковна општина датира од 13 ноември 1972 година, кога Гоце Македонски испратил писмо до Светиот архијерејски синод на МПЦ со барање за формирање на македонска црковна општина под име „Свети Климент Охридски“ во Берлин.
Идната година во јануари 1973 година, првиот поглавар на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски – господин, господин Доситеј испратил делегација во која биле протојерејот Петар Јорданов и Доне Илиевски, кои престојувале како гости кај Гоце Македонски.
Исто така, архиепископот Доситеј му испратил одговор на писмото на Гојко, во кое, меѓу другото се вели: „Со поднесените информации, делегацијата не извести и во детали не запозна со Вашите настојувања и ангажирања за поуспешно организирање на црковниот живот за Македонците, верници на нашата Светиклиментова македонска православна црква. И овој пат Светиот архијерејски синод Ви ја испраќа својата архипастирска порака да бидете поврзани со искрена братска љубов, да ги сакате и христијански да се однесувате со сите луѓе со коишто живеете и работите, да ги негувате позитивните државни и црковни законски норми на земјата во којашто живеете. Нашиот човек отсекогаш бил трудољубив, чесен и покорен на државните закони.
Западна Германија е земја што се раководи од демократски и хумани традиции, кои легнале длабоко во нејзиното законодавство. Наша желба е Вие чедата на Македонската православна црква со своите дела и со својот живот да ја манифестирате припадноста на еден чесен народ и на една црква која со векови не раководела во духовниот живот според евангелиските принципи.
На своето последно заседание, одржано на 8 март 1973 година, Светиот архијерејски синод уште еднаш го разгледа Вашето писмо и едногласно донесе одлука и ја потврди веќе организираната македонска православна парохија „Свети Климент Охридски“. Свети Климент Охридски е основоположник и патрон на Македонската православна црква и на сѐ што не карактеризира како одделен народ.
Кон писмото ја приложуваме нашата одлука, со која Ве примаме во Македонската православна црква. Вие сте составен дел на Македонската православна архиепископија и ќе бидете под директно раководење на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква.
Ви го испраќаме нашиот архипастирски благослов и Му се молиме на нашиот Господ Бог и спасител Исус Христос, на свети Климент Охридски – да бидат секогаш со Вас, да ги просветуваат и да ги осветуваат Вашите души и срца, за да го прославувате името Божјо и да го следите патот на свети Климент и на сите оние што работеле и се бореле за доброто и за духовното издигнување на македонскиот народ.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Македонски православни цркви во Германија
Меѓу двете светски војни од властите во Австралија, Канада, САД, европските држави и во други земји во дијаспората не се регистрирани верски објекти на Македонците како македонски институции, бидејќи дури и во сопствената земја немале автокефална црква во тоа време. Така, според патните исправи македонските иселеници не можеле да се запишат дека се Македонци. И таму им бил негиран националниот идентитет, што е дел од историската објективна вистина за Македонците во дијаспората.
Затоа, во минатото одреден број на македонски доселеници своите црковни, семејни, брачни, традиционални, културни и слични потреби ги извршувале во другите православни цркви. Особено во бугарски, грчки, српски, руски, украински, сириски и други православни цркви, како и во објекти на Католичката, односно Англиканската црква и некои протестантски цркви.
За црковното, духовното и националното живеење за Македонците во Германија, втората татковина на Гојко Јаковлески, секако е најзначајнаЕвропската епархија, како дел од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Имено, со зголемувањето на бројот на македонските православни црковни општини во западноевропските земји се појави потребата од формирање на нова епархија на Македонската православна црква. По примерот и начинот на работењето на Американско-канадската и Австралиската епархија, започна да се размислува за организираноста на македонските православни црковни општини и во Европа во една епархија што ќе го носи името „Европска епархија на МПЦ“.
Така, оваа идеја беше искористена во текот на посетата на високата делегација на МПЦ предводена од поглаварот господин господин Михаил, прва од таков вид во Германија, во февруари 1994 година. Тогаш се формира и голем иницијативен одбор за основање на Европската епархија. Имено, на 27 февруари 1994 година во Мајнц се собраа претставници на МПЦО од СР Германија, Шведска, Данска и Швајцарија, при што беа прифатени одлуките на Црковно-народниот собор на МПЦ од 4 до 6 декември 1993 година за основање на европска епархија.
Потоа беше избрано времено тело што ќе ги врши сите работи околу основањето на епархијата, а беше формиран и фонд на име на епархијата. Посебна важност и време делегатите посветија на прашањето околу пополнувањето на црковните општини со редовни свештеници.
Реалноста говори дека Македонците во западноевропските земји своите верски празници ги прославуваат во клупските простории, или, пак, во изнајмени црковни објекти, обично Католичката и Методистичката црква во Германија, кои за среќа, секогаш им излегувале во пресрет. Меѓутоа, Македонците сѐ повеќе сакале да се организираат во свои цркви во кои ќе се одржуваат богослужби на македонски јазик, крштевања и други активности поврзани со црковниот живот. Затоа беше неопходно да се формира Европската епархија.
Прв надлежен архијереј за Европската епархија беше владиката Петар, потоа од 1995 година е избран за надлежен архијереј владиката Горазд, а подоцна во 2006 година е избран митрополитот Пимен кој и денес е на таа должност.
Митрополитот Пимен, чие родено име му е Сотир Илиевски е роден на 3 октомври 1971 година во Ресен. Уште како студент на Теолошкиот факултет, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг. Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет.
На предлог на Синодот на МПЦ, како архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на постдипломски студии на „Свети Сергеј“ факултетот, каде и ја извршува парохиската служба во тамошната црковна општина. За време на студиите, господин Пимен е хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станува викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на Собирот на сите македонски светии во октомври 2005 година во црквата „Света Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006 година е поставен за митрополит европски, при што го сели седиштето на епархијата во Малме, Шведска.
Како митрополит, по барање на некои дневни весници и интернет-портали пишува и колумни секогаш со теолошка содржина и смисла. Како плод на ова творење во 2011 година ја издаде и збирката колумни со еклезијастички дух „Што напишав, напишав“ (Quod scripsi scripsi).
Во Германија постојат следните црковни општини:
„Света Тројца“ во Минхен. Македонците во Минхен започнале да се организираат на национално и културно спортско поле во 1972 година. Тогаш е формиран Клубот „Илинден“ кој бил регистриран пред германските власти во 1975 година под името Македонски културен центар „Илинден“. Во Центарот со успех работела фудбалската екипа, шаховската секција и играорната група. Идејата за формирање религиозна заедница за Македонците од Минхен датира од 1972 година, меѓутоа, конкретни чекори се преземени во 1976 година кога е одржан првиот иницијативен состанок.
На 19 јануари 1987 година е одржана првата богослужба на мајчин македонски јазик. Членовите на црквата „Света Тројца“ имаат поддршка од Католичката и Евангелистичката црква, како и од германските црковно-државни власти. Црквата е регистрирана пред надлежните судски власти во 1990 година, а во 1992 година е пререгистрирана како црковно-национална институција на македонскиот народ во Минхен и околината. Оваа црква во јуни 1997 година го прослави својот 10-годишен јубилеј.
„Свети Ѓорѓи Кратовски“ во Хамбург. Македонскиот клуб „Илинден-1903“ бил формиран во 1978 година. Членовите на овој клуб биле иницијатори за формирање на Македонска православна црковна општина, чии активности започнале на 14 јануари 1991 година. На 6 април истата година бил формиран Црковниот одбор кој одлучил црквата да го носи името „Свети Ѓорѓи Кратовски“ а активностите започнале на 12 мај 1992 година. Македонците во Хамбург земале под наем евангелистичка црква каде ги одржувале богослужбите.
„Свети Климент Охридски“ во Берлин. Иницијатори за формирање на Црковната општина „Свети Климент Охридски“ се членовите на Македонскиот клуб „Гоце Делчев“. Иницијативата за формирање на црковна општина датирала од ноември 1972 година, а на 8 март 1973 година Светиот архијерејски синод го потврдил нејзиното постоење.
Црковната општина „Свети Климент Охридски“ го започнала својот духовен живот на 17 мај 1991 година кога се одржало првото собрание.
„Свети Кирил и Методиј“ во Штутгарт. Во Штутгарт со успех работи Македонскиот клуб „Вардар“ и Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“, кои се носители на бројни активности. Во Штутгарт секоја година се одржуваат поетски вечери посветени на светите Кирил и Методиј. Црковната општина за секој поголем христијански празник организира доаѓање на свештено лице од Македонија кое врши црковни потреби.
„Свети Никола“ во Мајнц. Иницијативата за формирање на оваа Црковна општина се родила на 23 декември 1990 година, за потоа на 19 јануари 1991 година Црковната општина да биде регистрирана пред германските власти. Богослужбите се одржувале во Католичката црква „Свети Бернард“ во Мајнц во која имало поставено иконостас по православните канони и кој е осветен од владиците Михаил и Стефан.
„Свети Спас“ во Хановер. Првите иницијативи за дружење меѓу Македонците се јавиле во Фудбалскиот клуб „Вардар“ кој бил формиран во 1975 година. Потоа на 27 мај 1979 година се формирало Спортското друштво “Илинден“ кое од 1985 година го носи името Македонски клуб „Илинден“. Македонците во Хановер се организирани и во Црковната општина „Свети Спас“ која претставувала прва регистрирана македонска црква пред надлежните власти во Германија.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
20 години од востоличувањето на петтиот поглавар на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан
Во последните неколку децении, Македонската православна црква (МПЦ) била, е и веројатно, ќе биде цел на дискусии, полемики, расправии, па и напади на црковните институции на соседните земји и пошироко, коишто настојуваат да го спречат и одолжат нејзиното влегување во семејството на рамноправните црковни организации во православието. Притоа, се чинат обиди да се оспорат и историските канонски темели на целокупниот живот на Македонската православна црква.
Во притисоците, изолацијата и негирањето на Македонската православна црква и на нејзиното легитимно постоење, е ангажиран голем дел од пропагандната и медиска машинерија, која има за цел да ги искривува и премолчува историските факти од минатото и од сегашноста, а тоа се прави со намера да се доведат во прашање основните обележја на православниот македонски народ, неговиот црковен организам и неговата вистина, како народ кој постои со векови, го чува православието да има самостојна, суверена и независна држава – Република Македонија.
Исто така, одредени кругови и поединци на православните цркви на соседните земји, како да го заборавиле и сопствениот пат на стекнување на самостојност и право на своја православна народна црква. Се премолчува осумвековното постоење на Охридската архиепископија чие основно јадро, од нејзиното формирање до нејзиното незаконско укинување, ги претставувало христијаните од сите делови на Македонија.
Со право се вели дека немајќи своја сопствена држава, Македонците добија, во некоја смисла, национална независност за долг временски период, преку Охридската архиепископија. Црквата беше таа која организираше голем дел оддуховната, културната и друга дејност на својот народ, пред сé, преку градење на цркви и манастири.
Така, Македонската православна црква во Република Македонија е сопственик на околу 2.000 цркви, манастири, параклиси и други верски објекти, кои припаѓаат на седум епархии во Република Македонија, потоа под нејзина јурисдикција се околу осумдесет македонски православни цркви, манастири и црковни општини во дијаспората, кои припаѓаат на четири епархии со околу петстотини свештенослужители и монаштво, дванаесет високодостојници (владици), на чело со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, господин господин Стефан во Република Македонија и светот. Таа има Богословско средно училиште и Факултетот за богословија „Свети Климент Охридски“ кој е во состав на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
На 12 ноември 2009 година, Македонската православна црква во своето име ја вклопи додавката Охридска архиепископија, како директна наследничка на старата Охридска архиепископија. Покрај додавање на додавка, Македонската православна црква – Охридска архиепископија изврши и промени во грбот и знамето, односно наместо приказот на црквата „Света Богородица–Перивлепта“, сега е црквата „Света Софија“ од Охрид, како седиште на архиепископите на Охридската архиепископија.
Денес поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) е господин господин Стефан, кој има титула архиепископ охридски и македонски и е петти по ред. Првиот поглавар беше господин господин Доситеј, кој беше поглавар на Македонската православна црква од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година и кој пред сè, има големи заслуги за духовното, националното и црковното живеење на Македонците. Тој ја возобнови Македонската православна црква и од него почна сè. Вториот поглавар беше господин господин Ангелариј (18.8.1981 до 15.7.1986 година). Третиот поглавар господин господин Гаврил (4.10.1986 до 9.6.1993 година), го направи првиот македонски превод на Библијата, а четвртиот поглавар беше господин господин Михаил (од 21.12.1993 до 6.6.1999 година). Петтиот поглавар на Македонската православна црква е денешниот архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан, кој беше востоличен на 10.10.1999 година.
Господин господин Стефан е роден на 1 мај 1955 година, во село Добрушево – Битолско, како Стојан Велјановски, во патријархално православно македонско семејство, како шеста рожба на неговите родители Тале и Стојанка.
Инаку, Добрушево, родното место на архиепископот господин господин Стефан е битолско село сместено во југозападниот дел на Република Македонија и припаѓа во Општина Могила. Се наоѓа во срцето на Пелагонија, североисточно од Битола. Населението се занимава исклучително со земјоделска работа. Во селото има осумгодишно основно училиште, пошта, амбуланта, ветеринарна станица, земјоделска задруга, дом на културата и селска црква „Христово вознесение“ а селска слава е Спасовден. Добрушево има фудбалски клуб ФК „Добрушево“, кој е основан во 1948 година и кој опстојува и денес. Инаку, по повод 50-годишнината на овој фудбалски клуб излезе од печат пригодна монографија, на која рецензенти беа архиепископот господин господин Стефан и авторот на овие редови, Славе Катин.
Карактеристично за ова село е тоа што во неговата околина се наоѓаат археолошките локалитети: Ерековски Ливади – населба од римско време; Плочи – населба од римско време и Селиште – некропола од средниот век. Селото Добрушево отсекогаш било едно од подобрите села, па и денес не го изгуби тој примат, туку напротив. Во него живеат повеќе од 600 жители и е единствено село што има и сопствен парк. Инфраструктурно селото е поврзано и со Прилеп и со Битола, со асфалтни патишта. Од Добрушево се иселиле голем број луѓе во минатото, посебно во текот на 60-тите години на минатиот век. Најголем број се населиле во Австралија, во градовите Мелбурн и Сиднеј, во Соединетите Американски Држави, во Њу Џерси, Канада во Торонто, Германија во Минхен и Франкфурт, во Шведска во Малме и Гетеборг. Селото Добрушево кое е познато и како попско село, изнедрило околу 20 свештеници, меѓу нив и Стојан Велјановски, архиепископот господин господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
По завршувањето на основното училиште, есента 1969 година се запишал во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, која со успех ја завршил во 1974 година. Потоа се запишал на Белградскиот православен факултет.
По дипломирањето на Факултетот, во 1979 година, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква го поставил за професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, а веќе идната година бил испратен на постдипломски студии на Екуменско-патролош-киот институт „Св. Николај“ во Бари-Италија, на кој магистрирал во 1982 година.
По враќањето од Италија бил поставен за предавач на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Свето писмо на Стариот завет и Патрологија, должност од која е избран за архијереј на Македонската православна црква.
Инаку, архиепископот господин господин Стефан беше замонашен на 3 јули 1986 година во манастирот „Свети Наум Охридски-Чудотворец“ во Охрид, а хиротонисан за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје како митрополит злетовско-струмички, а кратко потоа бил именуван за митрополит на Брегалничката епархија.
Во наредните години тој работел како професор на Православниот богословски факултет во Скопје, бил главен уредник на весникот „Црковен живот“ и ја вршел функцијата ректор на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје во периодот од 1991 до 1999 година, а бил и портпарол на Светиот архијерејски синод.
На Црковно-народниот собор, одржан на 9 октомври 1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска архиепископија „Света Софија“ во Охрид, беше избран, а на 10 октомври 1999 година востоличен како петти поглавар на МПЦ-ОА и оттогаш тој ја извршува должноста архиепископ охридски и македонски, а истовремено е и надлежен архијереј на Скопската православна епархија. И покрај 44-годишната возраст на господин господин Стефан, на изборот Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ја вложи довербата во неговата интелектуална и морална зрелост.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија, под водството на поглаварот господин господин Стефан, преку своите епархии: Американско-канадско-македонската епархија, Австралиско-новозеландската епархија, Австралиско-сиднејската епархија и Европската епархија ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода. Епархиите обезбедуваат услови за сè поголема афирмација на целокупното културно наследство и напредокот на македонскиот народ и Република Македонија.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН