АФИРМАТОРИТЕ НА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО – ДЕЛ II (28)

Во ова продолжение ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада преку Литературносто друштво „Браќа Миладиновци“ и другите секции 

Литературното друштво „Браќа Миладиновци“имаа посебно место во литературните и културно-образовните процеси, потоа манифестацијата „Карван на нациите, Митровденскиот базар и младинската секција, како делови на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто.

ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „БРАЌА МИЛАДОНОВЦИ“ 

Во една од салите на црквата “Свети Климент Охридски” во Торонто, во приквечерните часови на 6 март 1987 година, се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада.

Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Вржовкса-Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски.

Минаа само десетина дена и на 16 март 1987 година беше избран првиот управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател, Никола Белчевски, потпретседател, Драгица Димовска, секретар, Ратка Шапас, благајник, и Вера Петревска, координатор, кои раководеа со активностите две години.

Во 1989 година избран е нов управен одбор, во состав: Драгица Димовска, претседател, Алексо Лозановски потпретседател, Рада Видиновска, секретар, Вера Петревска, благајник и Весна Карапетрова, координатор.

Тоа е време кога членството на друштвото значително се зголемува, па според податоците во списанието “Литературна мисла”, год. 2, 6р. 3, септември 1990 година, неговиот број изнесува 46 редовни и 10 почесни членови. Бројки за почит и за респект. Инаку, во август 1989 година излезе првиот број на списанието “Литературна мисла”.

Во 1991 година за претседател е избран Данчо Ничевски, Зоран Карапанчев потпретседател, Никола Белчевски, секретар, Вера Петревска, благајник, и Радица Сандовска, координатор. Во 1992 година за претседател е избрана Рада Видиновска, Михајло Дафовски, потпретседател, Вера Јанкуловска, секретар, Радица Сандовска, благајник и Мицко Димовски, координатор. 

Треба посебно да се одбележи податокот дека од мај 1990 година Друштвото е организатор и домаќин на манифестацијата “Денови на македонската литература”, која треба да стане традиционална форма и содржина во неговата работа и дејствување.

Неретко нивни гости и соработници беа писатели културни и научни работници од Републиката, а станале и почесни членови: Анте Поповски, Орде Ивановски, Божин Павловски, Блаже Ристоѕски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Вера Стојчевска-Антиќ, Коле Мангов, Славе Николовски – Катин, Љубиша Георгиевски, Петар Темелковски, Петре М. Андреевски, Вангел Божиновски, Ката Мисиркова – Руменова, Илииден Сласе и други.

Нема приредба, одбележување на значајни настани и личности од македонската историја и култура во кои не учествуваат и овие творци и вљубеници во пишаниот збор, а кои се одржуваат во Канада или пак во Соединетите Американски Држави.

Нераскинлива, и за нив најзначајна, е врската со татковината. Остварена е сработка со Друштвото на писателите на Македонија, традиционалното учество на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби, објавени се прилози на страниците на македонските весници, списанија и книжевна периодика, a ce преземени и други активности.

Спомените од детството, немерливата љубов кон родната грутка – се најлични цветови што никогаш не свенуваат во човековата душа и во неа се носат трајно како пресувани во хербариум. Оттука носталгијата се напластува над се’ таа станува сино небо со илјадници трепкави и светли ѕвезди во кои пие и спие човековиот поглед.

Се множат најубавите соништа и од далечните и студени северни краишта летнуваат бели гулаби, симболи на сите копнежи и стремежи, мечти и соништа, летнуваат кон југ како ненапишано писмо, како единствена можност да се биде свој и среќен.

Четириесетината членови на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” се работници, интелектуалци, ученици, студенти, пензионери. Чета избраници кои, со силата и со моќта на македонскиот збор, војуваат и опстојуваат; патем да забележиме дека неколкумина од нив пишуваат и на англиски јазик, и во светот ја шират вистината за Македонија. Нивното творештво, и во минатото, како и денес, претставува и потребна и суштинска активност на сопственото истрајување во историјата на светот.

A нивното главно оружје е мајчиниот збор, македонскиот литературен јазик, кој денес има изборено свое место во ризницата на светските јазици и култури, јазик што се изучува во светот a co кој непомирливо се војува против сите негирања и присвојувања. Дел од македонската историја и иднина, огледало на реалноста и сегашноста, претставуваат Македонците и нивната работа и активност во Канада.

Во последниве години членови на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” отпечатија неколку стихозбирки, меѓу кои “Бисерни капки од Нијагара”. “Белези на душата” и “Молња во окото” од Рада Видиновска, “Молк” и “Напуштени дворови” од Неда Лозановска, “Статица” од Ристо Милјановски, “Јужни ветрови” од Жаки Петрески – Роберц, a ce очекува во најскоро време да се појават уште неколку изданија.

Се чини стихозбирката “Глас од далечината” што е избор стихови на 24 автори на оваа литературна асоцијација претставува вистински прилог кон македонската поезија во целина. Оваа стихозбирка е резултат на активноста на сите членови Во 1993 година за претседател е избран Петре Гиневски, Алексо Лозановски, потпретседател, Драгица Дииковска, секретар, Вера Петровска, благајник и Танас Јовановски. Координатор.

Во 1994 година за претседател е избран Алексо Лозановски, потпретседател Мице Димовски. секретар Димитар Цонев, благајник Вера Петревска и координатор Борис Видиновски.

Досегашни   членови   на   Литературното   друштво   “Браќа Миладиновци” биле:

Невена Аџиевска, Тане Аџиевски, Стево Букчев, Никола Белчевски, Драгица Белчевска, Вера Бришки, Рада Видиновска, Борис Видиновски, Јани Великов, Динка Владимирова, Петар Гиневски, Перса Гиневска, Стеван Груевски, Драгица Димовска, Мирјана Димовска, Благица Дафовска, Мирјана Диневска, Михајло Дафовски (починат), Д-р Драги Денковски, Мара Ѓонев, Светлана Ефтимовска, Делче Ивановски, Вера Јанкуловска, Танас Јовановски, Бил Јанков, Јошевскп Ратка, Петре Кокаловски, Доне Качоров, Пире Кондов, Мери Кондов, Весна Карапетрова, Неда Лозановска, Јагода Лавринска, Ристо Милјановски, Данче Ничевски, Петре Николов, Александар Николовски, Пара Петковска – Секич, Васа Пагомс, Жаки Петреска – Робертц, Лиле Ристевска, Радица Сандовска, Стево Стерјовски, Љуба Ставрева (почината), Ѓорѓи Тодоровски, Лена Таскас, Донка Трифуновска, Ратка Шапас, Фана Шомова- Лозан, Јанко Пејчинов, Тони Марковски, Вера Струминиковска

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „КАРВАН НА НАЦИИТЕ“

Уште во 1968 година во метрополата Торонто започна да се организира една интересна манифестација под име “Карван на нациите”, на која, пред се, со свои национални вредности се претставуваат десетици нации што живеат на тие простори. На самиот старт македонската заедница влезе во натпреварувачкиот дел со павилјонот “Скопје – Солун“, кој постојано е лоциран во просториите на Управата “Св. Климент Охридски”.

Оваа значајна манифестација обично се одржува во текот на јуни и трае десетина дена. Освен декорот со фолклорни мотиви, атмосферата во павилјоните ја сочинуваат и други национални достоинства, меѓу кои и сценска уметност. Се чини, одличната кујна и вонредните настапи на македонските фолклорни групи придонесоа да биде посетуван македонскиот павиљон “Скопје”.

Во тоа македонско катче се продаваат многу вкусни национални кулинарски   специјалитети и пијалоци   што   ги   подготвуваат и ги сервираат вредните раце на Македонките, нашироко познати со своите пити, погачи, зелници, печива, па вкусното тавче – гравче, ајварите, пинџурите и другите деликатесни јадења, кои со задоволство ги конзумираат посетителите.

Во 1993 година се прослави 25-годишниот јубилеј на манифестацијата “Карван на нациите”. За чермен на павиљонот “Скопје 1993” беше избрана Вера Јанкулова, а во одборот беа Јане Берибаковски, Сашо Поповски, Дана Скотланд и убавицата на павиљонот, Весна Крклински. Тие, заедно со членовите на Управата и на Женската секција на црквата “Св. Климент Охридски”, а посебно со настапите на ансамблот “Македонка” и на играорната група “Солунски бисери”, беа вистински амбасадори и афирматори на македонската старокрајска кујна. на националните и на културните вредности, донесени од Македонија на Канада.

Голем и прекрасен еднонеделен празник е тоа на македонските богати обичаи, традиции и толку богати трпези преполни со роднокрајни специјалитети “Карванот на нациите” е навистина карван што тече како река. Илјадници љуболитливци, намерници, пријатели, нашинци, луѓе од сите бои и нации дефилираат во тие дни низ павиљонот “Скопје” и нашата национална црква врие како во кошница.

Ќе видите Кинези, ќе видите Јапонци, Норвежани, Швеѓани, Англичани, Шкоти, Ирци, Шпанци, Мароканци, Аргентинци…. и да не набројуваме. Ќе видите навистина цела галерија ликови и личности од сите бои и вери, како доаѓаат во македонскиот храм, и како како со задоволство ги пробуваат македонски пити, тавче-гравче, нашите сарми и ширдени и бараат уште и уште.

Вредните раце на Македонките кои се неуморни прават чуда и ги освојуваат пребирливите реки луѓе што се најубаво угостени и удостоени со љубезноста на домаќините во “Свети Климент Охридски”.

Нивните впечатоци се чудесни. Тие изрекуваат најубави комплименти на адреса на нашата гостопримливост. Уште кога ќе се додаде и тоа дека ваквите прекрасни денови се дополнети со настапите на нашите играорци и песнопојци, со македонските роднокрајни фолклорни рефрени и со општото расположение на Македонците, тогаш нема дилеми дека “Карванот на нациите” е една навистина лична карта на македонската комуна.

И не случајно, туку многу заслужено досега, толку пати се нашол во самиот врв и како еден од најдобрите организатори ги освојувал највисоките први и втори места, прогласуван од страна на организаторот на етничките заедници во Онтарио.

МИТРОВДЕНСКИ БАЗАР

Митровденскиот базар е едно прекрасно дружење и интересно славје на македонските верници и на сите оние што ќе посакаат, ќе имаат време и желба да дојдат во својот Светиклиментов храм. Тогаш во светото македонско место врие од народ Врие од млади, од постари и најстари, кои сакаат да дојдат, да бидат тука заедно, да ја споделат убавата атмосфера што владее во сите простории на црквата.

Одличната декорација, богатата програма и богатата и толку разновидна македонска трпеза го прават овој Митровденскм базар навистина да биде оригинален и невообичаен за останлтите заедници во Торонто. Горди се Македонците што и на тој ден можат да си поприкажат, да се видат и чујат, да се дружат и да уживаат во богатство од роднокрајни обичаи и традиции. И нека не ве чуди што еве години и години на ред, се туку пред одржувањето, некој ќе ве праша: “Каде и да сте, аиа на базарот треба да сте”… Е, па има ли поголемо признание од оваа наша сеопшта порака. Навистина Базарот така и го чувствуваат Македонците во Торонто.

МЛАДИНСКА СЕКЦИЈА

Младоста, разбирливо, од секогаш пленувала со својата енергија, ентузијазам, и со своите идеи Таа давала се’ од себе за што поуспешно да ги оргаиизира многуте собири, дружења и други културно-просветни и забавно-рекреативни активности,

Во овие изминати денови, Македончињата организираа толку многу игранки, рецитали и натпревари, што во најубава светлина се претставија и пред македонската публика, а и пред канадската јавност.

Генерациите млади Македонци и Македонки биле и остануваат македонска гордост и вчера и денес и утре. Затоа, и во Младинската секција и во играорните. драмските, литературните, спортските и другите секции и групи   тие сеголемата македонска иднина

Продолжува  

1slave 2 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Семејството Јановски

Во семејството Јановски покојниот Васил беше најстариот брат, човек со среден раст, отворен и љубопитен за се’. Кога го запознав, првата негова реакција беше да чуе за Велушина, за Македонија, за Битола.  Реагираше на начин како вчера да ја напуштил татковината. Интересот го изразуваше со рафали од прашања, со кои го бараше очекуваниот одговор.

Посебен интерес покажуваше за моите книги, за кои слушнал на локалното радио, од весникот „Македонија” што излегува во Toронто, но и од списанието „Македонија“, орган на Матицата на иселениците. Посебна преокупација му беше религиозната тематика чии изданија ги читаше, а кога слушна дека сум автор на Библискиот речник, беше пријатно изненаден и среќен што му се укажала прилика да се сретне и да разговара со еден од авторите на едно такво дело.

По префрлувањето од Грција во Канада, Васил прифаќал разни ангажмани, колку да може да опстане, да ја обезбеди основната егзистенција, Во еден подолг период имал и свој бизнис, со кој не може да се пофали дека бил успешен. Поради тоа и не успеал навреме да се вклучи во проектот за фаориката на браќата, па морал на крајот да им се придружи како општ работник, a не како рамноправен партнер. Сепак, со поголем напор и желба да успее, навлегол во дрводелскиот занает и иако најстар од браќата полека, но сигурно си го нашол своето место како мајстор што има свој корисен придонес за развојот на фабриката.

Марко е вториот брат кого го красат убави особини: благороден, тих, скромен и вреден, Co понизок раст од другите браќа, продорен поглед и широки мустаќи, тој е кормиралот на фабричкиот брод Иако има место во канцеларискиот дел, неговиот мегдан се погоните во кои се произведуваат бараните кујнски производи за канадскиот пазар.

Надгледува, помага и интервенира во разрешуеањето на техничките и другите проблеми што ќе се појават во процесот на производстеото. Неговиот син, исто така, работи на машините. Согругата на Марко беше од Велушина, добра и вредна домаќинка и мајка, која како баба своето време им го посветуваше на внуците, раскажувајќи им приказни од родниот крај.

2mark Петре Јановски                                                   3mark Димитар, Марко, Катин и Петре 

Како што веќе нагласив, Марко првин заминал за Австралија, од каде го повлекле браќата во Канада, каде што со Петре навлегле во посериозен бизнис, кој денес ја доживува својата полна афирмација. Можеби токму поради тоа тие се и неразделни еден од друг (каде да ги сретнеш секогаш се заедно), како тандем кој функционира поврзано и професионално. Она што ги разликува се типично македонските манири кај Марко, кој иако живее во Toронто, се чувствува како да е во Велушина или во Битола и така се однесува во секојдневниот живот.

Бил во управата на катедралната црква Свети Климент Охридскикомуницира со голем број луѓе, не пропушта приредби и разни свечености, на кои задолжително е присутен. Во оваа приказна за Марко има и еден друг куриозитет: При нашата срдедба првпат дозна дека јас сумсинот на неговите пријатели – моите родители, со кои редовно оделе во црква и имале добри пријателски односи, кои му останале во добар спомен.

Посебна била блискоста на нивните сопруги со мојата мајка. И Марко не го криеше својот интерес за моите книги, често прашувајќи за нивната содржина посветена, главно, на тажната судбина на Македонците во дијаспората.

Петар, или Петре е најмалиот брат ко] со своите способности успеал да се издигне во светот на бизнисот и да ги почувствува неговите погодности. Иако богат, парите не го промениле неговиот карактер: останал скромен и срдечен човек, кој повеќе му се радува на семејството и на внуците, односно на човечките вредности, отколку на моќта на капиталот.

Во негови раце е кормилото на фабричната фрегата, посебно на маркетингот, односно освојувањето на пазарот. Овој симпатичен, умен и разговорлив Македонец, милозлив соговорник, со питомо срце и душа, плени со својата појава. Заслуга за тоа имаже и неговата покојна сопруга Софи, која ги сакаше и почптуваше неговите човечки и деловни способности.

4mark

5mark

Меѓународната одисеја на Петре започнала кога тој избегал во Грција, од каде што, по извесно време, се префрлил во Белгија. Оваа земја, позната по својот стандард и култура, извршила големо позитивно влијание врз формирањето на неговата личност во светот на бизнисот.

Престојот во Европа му дошол како приправнички стаж пред да го започне искачувањето на бизнисменскиот олимп во Канада. Се разбира, како и секој домаќин Македонец, така и Петре, во Белгија се одомил, освојувајќи го срцето на неговата сопруга Софи, со што ја воспоставип неопходната ментална рамнотежа, како услов за совладување на канадските бизнис врвови.

Петре Јановски живее во стариот дел на Торонто. Бев гостин во неговиот дом, кој плени со својата убавина. Co својата скромност, чесност и работливост е многу почитуван меѓу Македонците вo Торонто, Во бракот имаат два сина. Семејството е зголемено со уште четворица внуци, кои се чести гости во домот кај дедото и бабата Јановски,

За разлика од него, неговата сопруга беше многу љубопитна и располагаше со широк дијапазон на прашања. Добар дел од нив беа за состојбите во Македонмја и нејзината релација со Канада, а не помалку и за односите меѓу нашите сонародници во оваа земја.

Иако скромен во кажувањата, Петар, или Петре не го криеше задоволството од подготовката на нивната мононографија, која остане трајно сведоштво за неговото семејство, за огромниот број негови членови, а посебно за него и неговите браќа Васил и Марко, но и за нивните родители, за кои ми зборуваа со почит, Не  случајно, фотографијата на неговиот татко Ѓорѓи, се наоѓа на влезот во фабриката.

Внимание заслужува и фотографијата на Марко и Петар со Киро Глигоров, кога бившиот претседател, по настапот во 00Н, го посетил и Торонто и во црквата Свети Климент Охридски, меѓу другите се сретнал и со браќата Јановски.

Семејството Јановски е учесник на голем број манмфестации, меѓу кои и на Интернацио-кзлниот карван на нзциите во Toронто, на Црковно-националните манифестации, како и на бројни активности во македонската колонија.

Исто така, семејството Јановски се едни од големите покровители на црквите, како и на друштвата и секциите што се во нивен состав. Многу пати нивната материјална помош била од голема важност за продолжување на целокупната дејност на црквите, информативните гласила и другите асоцијации на Македонците во Канада.

Затоа, монографијата „Јановски“ од авторот на овие редови, Славе Катин, која е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2002, на 226 страници, на македонски и англиски јазик, ќе остане како документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Мзкедонија и во Канада. Таа опфаќа три генерации: постарага (родителите), среднага (браќата) и најмладата (нивиите потомци), кои живеат во Канада, а имаат завет да не ја заборават Македонија.

Крај

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ОД ТЕРМИНОТ ПРВОСВЕШТЕНИК – ДУХОВЕН ВОДАЧ – ДО ПСАЛМИ –

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од терминот Првосвештеник – врховниот свештеник во еврејското свештенство, духовен водач и Божји претставник пред народот, до терминот Псалми – збирката од религиозни песни кои се пееле како химни при богослужењето и верското воспитување 

Првосвештеник – врховниот свештеник во еврејското свештенство, духовен водач и Божји претставник пред народот. Службата му припаѓала на законскиот поглавар на Ароновиот дом, а ја иаследувал веројатно најстариот син, ако немало законски или, пак, здравствени пречки (3 Мој 21,16-23). Подоцна се бирал испоред политичкиот момент (3 Цар 2,26-27. 35). Должност му била да ја надгледува Светињата над светињите, ризницата; да ја извршува специјалната служба на Денот на очистувањето, кога влегувал во Светињата и се советувал со Бога преку Уримот и Тумимот. Подоцна председавал со Синедрионот, еврејското управно тело под римската власт (Мт 26,57; Дап 5,21). Во почетокот првосвештеничката служба била доживотна, но подоцна од времето на Ирод Велики и Римјаните, не било повеќе правило (Јв 11,49; 18,13). Првосвештеникот имал специјална облека – одежда, во која спаѓале: наградникот украсен со скапоцени камења, во кој се чувале Уримот и Тумимот, ефод, одежда што се носела под ефодот, украсна одежда и покривало со турбан од платно, на кој подоцна се ставала златна круна со триаголна форма.

Понтиј Пилат – петтиот римски прокуратор во Јудеја, Самарија и Идумеја, кој владеел околу 26-32 г. Седиштето му било во Кесарија, а во Ерусалим одел само во време на големите празници. Колебливо го предал Исус Хри-тос на првосвештениците и старешините, зашто се плашел од толпата народ и на тој начин е одговорен за распнувањето. Направил многу грешки и затоа е отповикан во Рим, каде го затвориле. Не се знае дали му ја отсекле главата, или се самоубил (Лк 23,1-25).

Поркиј Фест – римски намесник во Јудеја, после Антоние Феликс (околу 60 г,). Со царот Агрипа решиле да го пратат апостол Павле на суд кај цезарот (Дап 25-26).

Првородени – првото дете родено во семејството. Ако било машко, Му било посветено на Бога и можело да се откупи само со принесување на жртва (2 Мој 13,13.15). Синот првенец го наследувал управувањето со семејството и добивал два дела од татковото наследство.

Посветување на првенецот – секое машко, првородено, животно или човек се сметало Божја своина. Првородениот син морал да се откупи (2 Мој 13,2.11-16; 4 Мој 18,15-16). Тој обред го извршувал свештеникот. Кога Исус Го донеле заради тоа во храмот, било наговестено кому му припаѓа(Лк 2,22-23).

Првосвештеници – извршен одбор на Синедрионот, кој се состоел од првосвештеници, девет заповедници на храмовната стража (Дап4,1) неколку водечки свештеници и три угледни лаици.

Потркалиште– 185-200 м.

2prvosНоевиот ковчег

Прељуба – незаконски полов однос со некого кој не е брачен другар. Во СЗ прецизно е одредено што спаѓа под прељуба; полов однос меѓу мажена или верена жена и некој маж што не бил нејзин маж. Следствено, прељубата ја вршела жената во однос намажот, а тој никогаш во однос на неа, Се сметала за најтежок престап(2Мој20,14;5Мој5,18;3 Мој 18,20) и двата учесника во неа се казнувале со смрт. Нема записи дека се извршувала таа казна, но постојат индикации дека се извршувала во 1 век. На тој начин веројатно се настојувало детето навистина да биде на законскиот маж, како би можело да се лродолжи семејството. Но во НЗ дефиницијата за прељуба е проширена. Според Христовото учење и мажот е одговорен за прељуба и тоа не само по делата, туку и според помислата (Мт 5,32; Мк 10,11; Лк 16,18). Ја забранувале сите новозаветни писатели (Рим 13,9; Гал 5,19; Јак 2,11}. Во преносно значење била симбол на неверството на народот кон Бога (Ос9 ,1; Мт1 2,39).

Преториј – судница на латински-прекрасниот дворец на Ирод Велики во горниот дел на Ерусалим, опкружен со високи ѕидови и кули. Во него подоцна живеел неговиот син Архелај. Кога настапувале еврејскмте празници, во него повремено се вселувал римскиот намесник од Кесарија Филипова и оттаму им судел на луѓето, опасни за општеството. Во тој дворец Ирод Му судел на Исус Христос (Јв18,28.33; 19,9; Мк 15,160). в. Литостротон.

Посланија – долги писма, претставуваат 21 книга од НЗ, од вкупно 27. За 14 се смета дека се напишани од апостол Лавле, а 7 се соборни. За сите не се знае точно од кого се напишани или кога се напишани,

Премудрост – (Јв 28,12; 1 Кор 1,17-24). Според употребата во СП има опширнозначење. Понекогаш се однесува на Бога и го означува највисокото знаење, а понекогаш се однесува на луѓето и ги означува умот, способноста, мудроста во животот. СП наведува некои личности кои биле надарени со ислкучителна мудрост, пр.Соломон.

Постанок (1 Книга Мојсеева) – првата книга во СЗ, го опишува потеклото на светот, на човекот идава извештај за првите луѓе Адам и Ева и нивните потомци.

Премудрост  Соломонова  – девтероканонска книга, напишана веројатно во последните 50 години пред раѓањето на Исус Христос. Имала големо влијание врз првите христијани.

Потоп – Бог го пратил на земјата како казна за грешните луѓе, а спасил само осум луѓе, сместени во ковчег (арка). Тоа било семејството на Ное, кој бил одбран од Бога заради праведноста. Во ковчегот имало по еден или повеќе парови од сите видови животни и птици. Четириесет дена и ноќи врнел силен дожд, а во арката поминале скоро девет месеци. Потопот започнал во 600 година од животот на Ное, во 17 ден од вториот месец. Водата лиела непрекинато и ги покрила планинските врвови, а се’ што било надвор од ковчегот изгинало. Тој лутал по водата, за да застане на врвот на планината Арарат. После 40 дена, Ное на три пати праќал гулаб за да дознае до каде е водата, и тој на крајот му донел палмова гранка во клунот, што значело дека водата опаднала, а денес е симбол на мирот. И така во 601 г. од Ноевиот живот, во 27 ден од вториот месец, луѓето и животните го напуштиле ковчегот. Ное Му принел благодарствена жртва на Господ. Во знак на завет меѓу Него и земјата, Бог го поставил божилакот (1 Мој 6,8). И во другите народи има легенди за потопот. Во близината на ископините на градот Ур, каде биле градските ѕидини, откриени се дебели наслаги тиња, што сведочат дека во минатото се настапил потоп, од огромни размери.

Принесување – во библиски смисол, принесување на жртва, како надворешен израз на човековиот одговор на Божјата благодет. Тоа бил дар за Бога, со кој дародавателот се очистувал од гревовите и воспоставувал однос со Бога. Дарови се принесувале на разновидни начини, со разновидни намени. Во 3 Мојсеева (левитска) се наведуваат прецизно начините на принесување жртви. Во новозаветно време повеќе не се принесуваат жртви. Жртвениот принос на Христос бил Тој самиот, и после тој принос нема повеќе потреба од други жртви, заштое важечки за сите народи и за сите времиња {Евр 2,27;9-10).

Приказна – парабола, заснована на секојдневието во која се изложува христијанското учење. Исус ги користел за да објасни сложени идеи преку едноставни и разбирливи ситуации, со едноставни зборови.

Прискила – сопругата на Аквила и силна христијанка од 1 век. (Дап 18,8).

Пристав – економ на имотот на богатиот човек, надзорник (Мт 20,8), но во Лк16,1-10 се нарекува управител.

Прозелит – обратеник во јудејство. Можел да биде и нееврејски жител во Израел или туѓинец во својата родна земја. Имало веројатно две групи обратеници: оние кои ги примиле повеќето еврејски закони освен обрезувањето.

Проклетство – 1)херем, т.е. завет со Јахве (3 Мој 27,28; 4 Мој 18,14) кој не може да се прекине. Тоа значи нешто што ќе се заветува, било да се пари, или жртви, се одвојува за Господ, станува недопирливо. Оттука потекнува изразот „харем”; 2) теократска смртна казна што се извршувала врз одделни лица (2 Мој 22,19; 3 Мој 27,29); 3) воени прописи кои налагале после поразот на непријателот да се истреби се живо, односно победничката војска да се откаже од било каков плен (4 Мој 21,1-3; ИН 6; Суд 1,7); 4) привремено исклучување од синагогата (Езд 10,8; Мт 18,17); 5) во поширок смисол анатема (Дап 23,14; Гал1,8).

3prvos

Проповедник

Проповедник (Книга на проповедникот) – книга од СЗ. Му се припишува на Соломон, но можно е авторот да е непознат, а да е пишувана по враќањето од вавилонското ропство, во времетокога Евреите биле под окупација. Претставува збирка од говори, запазувања, поговорки, напишани со песимистички призвук. Писателот вели дека се на земјата е суета, односно празнина, освен стравот од Бога,

Пророк – човек кој зборува на местото на друг, односно на Бога. Тој ја претскажува, а не ја претчувствува иднината (Амос 3,7).

 

Пророштво – проповед за нешто што ќе се случи подоцна, според Божјото вдахновение (Лк 1,67).

Псалми – поделба – се разликува во еврејската и античкатагрчка Библија, а како последица на тоа и во останатите преводи кои се правени според тие две изданија. Во еврејската Библија Пс 9 се дели од 22 стих на два и понат-му продолжува како Пс 10. Така броењето на античко грчките псалми од тој псалм натака е за еден поназад. Понатаму, Пс 113, од 10 стих кај Евреите се дели на 114 и 115 псалм, а 114 е веќе 116, но му се придодава и античко грчкиот 115 псалм, На 146 му се присоединува 147 античко грчки и конечно вкупниот број на псалми во сите изданија е 150. Но некои содржат и еден девтероканонски псалм (151) Книгата на псалмите се нарекува и Псалтир. Првобитно била поделена во пет книги: 1 – 1-41пс; 2 -42-72; 3 – 73-89; 4 – 90-106; 5 -107-150. Таа поделба постоела се’ до изготвувањето на Септуагинтата. Исус Христос ја нагласува важноста на псалмите често цитирајќи некои од нив и објаснувајќи некои од пророштвата што тие ги содржат. Ап. Павле ги поттикнува верните да Го слават Господа преку пеење псалми и духовни песни (Еф5,19; КолЗ,16).

Псалми – книга од СЗ, збирка од религиозни песни кои се пееле како химни при богослужењето и верското воспитување. Пишувани се повеќе векови, од повеќе автори, а се средени околу 17О.г.пр.И.Х. Повеќето псалми ги напишал царот Давид, а авторот на еден псалм е Мојсеј. Во денешните преводи се напишани во поетска форма. Ги има вкупно 150, а во некои изданија 151; в. Псалми – поделба. Дел од псалмите се наречени месијански, зашто содржат пророштва за Месијата. Не можат да се издвојат во посебна група, зашто се среќаваат во сите веќе поделени грули; во благодарствените, пофалните.молитвените и поучните псалми. Има 23 месијански псалми: 2, 8, 15, 19, 21, 31, 41, 46,50,67,68,71,77,88, 96, 101, 108,109, 117, 131, 142. Некои од овие псалми се пророчки, зашто содржат пророштва за идните времиња, а некои се праслики на идните настани, опишани подоцна во НЗ.

Псалтир – жичен инструмент. Се држел пред градите додека се свирело на него, а по изглед бил сличен на античката харфа.

Птици небесни – птиците кои летаат, а не некои посебни птици. Во тој смисол треба да се сфати и изразот риби морски,

Пурим – в. Празник на коцките.

Продолжува

1slave 7Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 7)

ЗНАЧАЈНО ДЕЛО ЗА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО НА СЛАВЕ КАТИН

Едно од најзначајните  дела за македонското иселеништво на Славе Николовски – Катин,  „Македонците во САД и во Канада“ („Македонска искра“, 2002, , 1-382, на македонски и англиски јазик) претставува своевиден рубин камен кој ја осветлува библиската вистина за постоењето и вековните страдања на македонската нација во срцето на Балканот.

.Мотивиран од овој факт, Катин ја започна и успешно остварува својата историска мисија, потврдувајќи и докажувајќи дека Македонецот има планетарни цивилизациски корени со кои се гордее, независно дали живее во својата татковина – Република Македонија или во Америка, Канада, Австралија и Европа (Европска Унија).

Оттука, делото „Македонците во САД и во Канада“  е еден вид национален проект на Катин. Делото безмалку се доживува како „семејно житие“ за Македонците во дијаспората, за нивната иселеничка одисеја, со сите елементи битни за историскиот егзодус на еден народ, од неговото осознавање како нација до денес. Импресивен е фактот дека во сите фази низ кои минал, независно од угнетувањата, прогонувањата, негирањата и асимилацијата што над него биле вршени, Македонецот успеал да се одржи и како птицата феникс да го продолжи своето битисување низ историјата. Најсветол пример на овој план е возобновувањето на Светиклиментовата црква на Плаошник во Охрид (разурната уште во XV век), во септември 2002 година.

Оригиналноста на ова дело произлегува и од еден друг факт. Имено, Катин, за разлика од другите истражувачи, на иселеништвото му приоѓа и од друг аспект. Тоа е откривањето на иселеничката генетика на Македонците, осветлувањето на причините (а не само на околностите) за појавата и развојот на овој феномен. Тие кај Катин не се третирани како гола статистика, туку се доживуваат како река која незапирливо тече, како планетарна појава која ги облагородува државите во кои се доселиле, дејствувајќи како амалгам на овие релативно нови цивилизации, не само на американскиот, туку и на австралискиот и европскиот континент. Кај Катин иселеништвото пулсира со живот чија динамика се чувствува на сите овие простори, создавајќи нови релации и нова клима во односите со старата татковина.

Оваа студија на Катин е своевиден калеидоскоп на историската вистина за нашето иселеништво. Во неа се прекршуваат сите вековни премрежија низ кои минувал македонскиот народ низ историјата. Она што му се случувало во Македонија, се рефлектирало, во иста или порадикална мерка и во дијаспората. И таму нашите луѓе биле третирани како Бугари, Срби или Грци, како на такви им биле нудени цркви и весници низ кои ќе ја изразат својат „фактичка национална припадност“. Од таквата „грижа“, за жал, нашите соседи не се откажале и денес, кога Балканот се демократизира и трансформира за вклучување во Европската унија.

Посебно е возбудлив начинот на кој Славе Катин ги отсликува односите меѓу македонските заедници во дијаспората. Неговите аргументи одат во прилог на фактот дека нема сила која може да го скрши духот и вербата на Македонецот во својата национална кауза. Состојбите на овој план денес во Америка, Канада, Австралија и Европа (Европска Унија), најдобро го потврдуваат тоа.

Македонците во државите на овие континенти денес ја доживуваат својата вистинска национална афирмација, што е, пред се’, нивна заслуга, но и заслуга на нивната матична држава, а особено на Македонската православна црква, која одигра извонредно значајна улога во зачувувањето на националниот идентитет и културните традиции на македонскиот народ, на сите светски меридијани.

Магнетизмот на ова дело извира и од еден друг факт. Македонците во Татковината и оние во дијаспората, преку него ќе научат повеќе за себе, ќе осознаат многу нови вистини за својата макотрпна борба за опстанок. Тоа ќе биде нишката која ги поврзува, запознава и зближува, како припадници на еден библиски народ со најдолга историја на планетата, како победнички народ, на чие чело се наоѓале водачи (Филип и Александар Македонски) со планетарна аура, без чии подвизи не може да се замисли, не само македонската, туку и историјата на многу народи.

Затоа оваа книга уште повеќе ќе ги обедини Македонците, ќе ги зближи и мотивира за нови освојувања и пробиви во економијата и културата на државите во кои живеат, но и за афирмација на нивните вредности како припадници на една од најстарите цивилизации во Европа и светот.

Со еден збор, ова дело на Катин е своевиден македонски „Златен мост“  по кој Македонците во Татковината и светот чекорат со една мисла и една цел: создавање стратегија на поврзување и соработка, во рамките на која сите тие ќе бидат генератори на овие процеси, кои ќе придонесат, не само за економскиот развој на Република Македонија, туку и за консолидација на односите со иселеништвото, од една, и смирување на денешните исцрпувачки трендови за доброто на земјата, од друга страна.

Свесен за овој факт, Катин својот генерален пристап кон оваа материја го модифицира и со неговото свртување од македонските заедници кон успешните поединци, чии продори во сферите на бизнисот, го привлекуваат не само вниманието на земјата во која живеат, туку и на старата Татковина, преку повремените контакти што со неа ги одржуваат по разни поводи (прослави, јубилеи, приеми), но не и мотивирани од македонската власт за вложување на нивниот капитал во матичната земја.

Делото „Македонците во САД и канада“ најпрво имаше промоција во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, за кое зборуваа митрополитот Кирил и академикот Блаже Ристовски. Потоа, на 8 декември 2002 година, во Торонто, Канада, кога се одржуваше културната семакедонска манифестација по повод празникот посветен на македонскиот просветител и патрон на македонската православна црква „Св. Климент Охридски“, а во организација на Соборниот македонски храм што го носи неговото име и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ (чиј член е и Катин) се одржа врората промоција.

Во големата сала на храмот, а во присуство на неколку стотини членови на македонските православни црковни општини, на бројни македонски друштва и асоцијации, бизнисмени, македонски дипломати и видни граѓани на културната јавност од метрополата Торонто, беше претставено творештвото на хроничарот на македонското иселеништво, Славе Николовски Катин.

Тогаш беа промовирани неговите најнови двојазични дела (на македонски и на англиски), публикациите „Македонците во САД и во Канада“ и „Монографијата за познатото македонско семејство Јановци“, истакнува Даринка Даневска во својата информација објавена во јавните гласила на Македонците во Канада и во Република Македонија. Оваа значајна манифестација ја отвори претседателот на црквата „Св. Климент Охридски“, Џим Шарковски, интелектуалец од Канада.

Делото „Македонците во САД и во Канада“, истакнува таа, е капитално дело на публицистот Славе Катин, во кое е фокусирана македонската иселеничка голгота од крајот на XIX век до денес. Неговата промоција ја направи познатиот македонски академски сликар од Торонто, Ѓорѓи Даневски. Во своето излагање тој истакна:

„Делото на Катин е драгоцено, репрезентативно и сеиселеничко, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски развој на Македонците од сите делови на Македонија на северноамериканскиот континент. Во истовреме, делото на Катин претставува значен прилог кон македонската книжнина, историографија и вистина, зашто тоа зборува за организираното живеење, постигањата на македонските иселеници на национално, верско, културно, образовно и спортско поле. Исто така, во него се претставени напорите и борбата на Македонците за одбрана на нашиот национален идентитет, традициите и обичаите, кои извираат од нашите библиски корени. Затоа, со право може оваа книга да се нарече Библија за судбината на Македонците во САД и Канада“, истакнува Даневска.

„Посебен акцен во ова капитално дело на Катин за Македонците на северноамериканскиот континет е ставен врз македонските православни цркви, манастири и црковни општини, како и на македонските организации, друштва, медиуми, клубови и друг вид асоцијации што Македонците ги формирале во период од над сто години. Со тоа се заокружува една значајна страница за македонската вистина и се осветлува историскиот и развојниот пат на Македонците на овие демократски и многунационални простори“, истакнува Драгица Белчевска, водител и уредник на македонскиот радио час „Глас од Македонија“, од Торонто.

Исто така, со пригодни зборови на присутните им се обрати и Ѕвонко Муцунски, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Канада, кој дојде специјално за промоцијата на книгите.

Во Детроит, САД, пак, во организација на Друштвото „Полог“ (чиј почесен член е и Катин), на 15 декември 2002 година, публикацијата  „Македонците во САД и во Канада“, беше промовирана пред голем број членови на Друштвото, на Македонската православна црковна општина „Света Богородица“, на повеќе македонски друштва и асоцијации, бизнисмени и други гости.

Ова значајна средба ја отвори претседателот на Друштвото „Полог“, Љупчо Атанасовски, а за ликот и делото на Катин зборуваше свештеникот Благоја Ацески. Делото „Македонците во САД и во Канада“ го промовираше познатиот иселеник, бизнисменот Мишко Васовски, претседател на Македонско-американската асоцијација. Тој истакна дека делото на Катин е драгоцено, репрезентативно и семакедонско, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски развој на Македонците од сите делови на Македонија кои денес живеат на северноамериканскиот континент, се вели во статијата на Дени Гавровски, објавена во повеќе гласила во Република Македонија.

За творештвото на Катин зборуваше и свештеникот на МПЦ „Св. Богородица“  Благој Ацески, кој посебно подвлече дека во ова капитално дело на Катин за Македонците на северноамериканскиот континент, посебен акцент е ставен врз македонските православни цркви, манастири и црковни општини, како и на македонските организации, друштва, медиуми, клубови и други асоцијации формирани од иселениците во измиатите сто години. Со тоа, според него, се заокружува една значајна страница за македонската вистина и се осветлува историскиот и развојниот пат на Македонците на овие демократски и повеќенационални простори.

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 6)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 5)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 4-ТИ ДЕЛ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ТРЕТ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ВТОР ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПРВ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 6)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА  МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

ПУБЛИЦИСТИКАТА НА СЛАВЕ КАТИН- ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ

Публикацијата „Иселеничките хоризонти“ е едно од делата на Славе Катин кое е посветено на македонското иселеништво. Ова дело прави уште еден крупен чекор во освојувањето на македонските олимписки височини на дијаспората. Овој пат низ пристап кој судбината на македонскиот народ ја осветлува низ призмата на нејзините најдраматични фази низ кои минува Македонија во последните 150 години.
Со сите нејзини отпори и страдања, низ битките за докажување на нејзиниот национален и духовен идентитет и интегритет

 

.Делото насловено „Иселеничките хоризонти“, „Македонска искра“, Скопје, 1999, 1-226, (на македонски).  се чита во еден здив, зашто раскажувачката парадигма на Славе Катин пленува со стилот и начинот на трансформацијата на настаните што се нижат како на лента од возбудлив филм кој не води од континент на континент.

Светот што ни го открива не е имагинарен, туку реален и непосредно доживеан, во кој авторот е соучесник и сведок, а не само посматрач. Неговите оценки и констатации извираат од живиот контакт и фактографијата со која го соочуваат неговите соговорници и затоа треба да се прифатат како релевантни факти и една продлабочена анализа за македонското иселеништво.

Всушност, повеќегодишната истражувачко-научна работа на Катин покажува дека неговото внимание е фокусирано на сите аспекти релевантни за целосно согледување на причините и последиците кои доведоа до македонската голгота. Но, не на еден стереотипен и вообичаено прагматичен начин, типичен за луѓето од историската наука, туку низ пристап на непосредна комуникација и опсервација на настаните, лично доживеани низ средбите со нивните актери од бројниот македонски иселенички ешалон на сите континенти. Со нив тој остварува лични контакти и разговори, низ кои, не само изворно, туку и најемотивно ја отсликува нивната судбина, но и суштината на овој историски феномен.

Од овие причини, делата на Катин имаат посебна привлечност и атрактивност, што е резултат на неговата раскажувачка способност. Тие придонесуваат државите, градовите и регионите во светот населени со Македонци, да ги чувствуваме како да ни се на дофат, блиски, познати, како и ние самите да сме дел од нив. Се разбира, таквиот впечаток, како што веќе истакнав, го создава пристапот на Катин кон појавата на иселеништвото, експлицирана во неговата вистинска димензија што ја чини магнетизмот на националниот арсенал и духовниот потенцијал на Македонската православна црква, како неодминлив стожер на Македонците во дијаспората.

„Иселенички хоризонти“ е книга во која Славе Кати како вистински глобротер, со чувство за откривање на возбудливите страни на животот го прави интересно дело за нашата културна и научна јавност. Светот што ни го открива не е имагинарен, туку реален и непосредно доживеан, во кој, тој е соучесник и сведок, а не само посматрач. Неговите оценки и констатации извираат од живиот контакт и фактографијата со која го соочуваат неговите соговорници и затоа треба да се прифатат како релевантни факти на една продлабочена анализа за нашето иселеништво.

На промоцијата на 5 мај 1999 година, во Домот на АРМ. А во присуство на претставници на Владата на Македонија, на МПЦ, верските заедници, научни, културни и други јавни работници, научниот работник професор Вера Стојчевска – Антиќ, ќе истакне:

„Во книгата ни се открива најболната македонска трагедија, крената и возвишена до ниво на една колективна национална судбина и историска категорија. Станува збор за книга која се вклопува во континуитетот на преселничката белетристика, дополнувајќи ги уште пошироко сознанијата за македонската дијаспора“. Како што веќе истакнав, ова дело на Катин е промовирано и во Германија.

Импресивната публицистичка продукција на Катин во 2001 година, е збогатена со книгата „Моите патувања низ светот“ („Македонска искра“ – Скопје, 2001, 1-192, на македонски јазик), во која се опфатени возбудливите импресии од неговиот престој во 20 држави на сите континенти, во кои живеат и македонски иселеници. Станува збор за Италија, Франција, Германија, Данска, Шведска, Унгарија, Романија, Украина, Чешка, Русија, Канада, САД, Бразил, Австралија, Индија, Турција, Египет и Израел.

Поентата за оваа книга Катин ја наоѓа во библиските стихови на Матеја дека „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја населат земјата! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“

За делото „Моите патувања низ светот“, професорот по журналистика д-р Томе Груевски рече: „Добриот репортер умее да ги поврзе работите од различни подрачја и од различни епохи во една целина која ги возбудува мечтите и поттикнува на размислување. Во новинарското обликување на репортажите на Катин доаѓа до израз неговата автентичност, доументарност и конкретното прикажување на она што е најбитно.

Тоа е сигурната информираност за она за што се пишува со мерка и рамнотежа во оценката и квалификациите на ситуацијата, пренесувањето на атмосферата и амбиентот, смислата за реалност во извлекувањето на заклучокот и одредување на пораката на секоја одделна репортажа, со јазик богат и разновиден, литерарно изнијансиран, во суптилен и слоевит стил“.

Во својата обиколка околу светот, на ограничен број страници, Катин пренел многу записи од животот и опстојувањето на човековата цивилизација, истакнува во поговорот на ова дело д-р Васил Тоциновски. Квантитетот на страниците во книгата, од една, и неограничените пространства на светот, од друга страна, се наметнале како егзистенцијална неминовност во еднаквоста на почетокот и крајот на судбината по чии легенди и преданија трага Катин и од нив се извлекува сегашноста како нераскинлива алка со минатото и иднината.

Затоа, секое патување претставува нешто ново, недоживеано, невидено, како во споредба со градот на контрастите Киев, со московските вечери, недогледните канадски хоризонти, за миг застанати во Монтреал, така и за зимската романса во Рио де Жанеиро, за плачот на Калкута, за светата слава на Истанбул, за земјата на фараоните и нејзината престолнина Каиро, за Светата земја Израел.

Патувањата на Катин низ светот се производ на иселеничката магија на Македонците, распрснати на сите континенти. Понесен од магнетизмот на нивната судбина, тој патува со надеж и верба дека ќе ги пронајде и лично ќе ја доживее нивната апокалипса. Затоа Катин трага по нив, не жалејќи време и напори да го оформи македонското иселеничко соѕвездие, без кое не може да се замисли планетарниот универзум. Тој ги забележува познатите историски реалности кои се прекршуваат низ внатрешните немири и возбуди на душата, мислата и срцето со неповторливото негово субјективно гледиште. Затоа тие и не можат да се најдат така оригинални на друго место како во делата на Катин.

Со оглед на фактот дека Славе Николовски – Катин, како никој друг досега, ги открива македонските иселенички хоризонти во нивната оптимална димензија, објективно може да се очекува, не само обединување на Македонците во светот, туку и една поконсектвентна политика на Владата на Македонија, која не случајно, за оваа цел промовира и посебен ресор.

Потпирајќи се на неговите дела, природно е да се очекува државата да ја доизгради долгорочната стратегија кон иселеништвото, за чија реализација се незаобиколни сознанијата и оценките на Катин за состојбите во дијаспората, за кои, инаку ретко каде можат да се најдат толку автентични оценки како неговите.

Публикацијата „Моите патувања низ светот“ своја промоција имаа во Скопје, во Народната библиотека „Свети Климент Охридски“, на која за ова дело говореа д-р Томе Груевски и Фиданка Танаскова.

Исто така, делото „Моите патувања низ светот“ беше промовирано и во Торонто, во МПЦ „Свети Климент Охридски“, а во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Пред поголем број присутни за делото го претстави познатиот македонски академски сликар Ѓорѓи Даневски, кој живее и работи во Торонто.

Зборувајќи пред голем број членови на Друштвото, претставници на црквата и други присутни од македонската колонија во Торонто, сликарот Даневски истакнал дека ова дело претставува репортерско видување и еден вид потрага по Македонците во светот. Во него Катин успеал да ги поврзи суштините на оделни градови, места и региони во светот, од различни епохи, во една целина, која ги возбудува духовите и поттикнува на размислување.

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 5)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 4-ТИ ДЕЛ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ТРЕТ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ВТОР ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПРВ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПЕТТИ ДЕЛ)

ИСЕЛЕНИШТВОТО – ЖИВОТНА ОПРЕДЕЛБА НА СЛАВЕ КАТИН

Македонскиот иселенички печат во светот е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет, на дедовската земја Македонија и на македонскиот јазик. Македонците во светот секаде и во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја. Во таа насока се и настојувањата да се претстави делотона „Поетски иселенички меридијани“

.Како резултат на долгогодишната посветеност на Македонците од сите делови на Макеонија на Слав Катин и Фиданка Танаскова, во 1996 година, се појавува со книгата „Поетски иселенички меридијани“,( Матица на иселениците од Македонија, Скопје, 1995, 1-122, на македонски јазик). Тоа е  зборник на поезија посветен на Македонците раселени ширум светот.

По тој повод д-р Димитар Керамичиев, како претседател на Матицата, во предговорот кон ова издание подвлекува дека овој поетски животопис ги сублимира мислите, надежите, исчекувањата, соништата и стварноста на македонските иселеници, односно нивните деноноќија во далечните и непознати светови, кога секој со своите среќни и тажни судбини си ја плете својата иднина. Во тие непроспиени ноќи, или подоцна, во тие успешни или кошмарни години и децении, многумина од нив пишуваат и стихови, инспирирани од носталгијата за Татковината, за старата мајка, за најблиските, за новите татковини, за новите текови и животни врвици, за небиднината, сновиденијата, проклетијата, среќата, печалбарството, далечините…

Книгата содржи 80 песни посветени на откорнатите од родните прагови, на раселените, на заминатите како печалбари, на тешката мисла и носталгијата овековечени низ поетскиот збор, низ стиховите чувани и носени во душата, како утеха за изгубената мајчинска топлина или за дедовските огништа, за безграничната љубов кон родниот праг, кон полињата и планините, реките и езерата – кон својата сакана Македонија.

Со децении Македонците пејат за толку многу вистини и за убавите нешта во животот. Пишуваат за љубовта, за своите најблиски, за младоста, за новите утра, за една поинаква судбина и стварност, иако живеат во нови далечни светови, во Торонто, во Чикаго, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Детроит, Келн, Њу Џерси, Дизелдорф, Малме, Гетеборг, Вулунгонг…

„Оваа книга што трпеливо стих по стих ја собираа и обликуваа добрите познавачи на македонското иселеништво Славе Николовски – Катин и Фиданка Танаскова, претставува своевиден зборник на поетското творештво на Македонците во дијаспората, прв труд од ваков вид кој пополнува една голема празнина во истражувањата на македонското иселеништво. Истовремено, со овој труд се збогатува истражувачкиот опус на Катин на оваа тема, зашто иселеничките поетски и творечки пораки во ова дело се и општочовечки релации и синтеза на едно минато и една сегашност, доживеани со јазикот на универзалноста“, заклучува д-р Керамичиев.

На промоцијата, пак, што се одржа во Сиднеј во друштвото „Григор Прличев“, Иван Трпоски, поет и автор на десетина книги, ќе истакне: Катин и Танаскова се вистински иселенички повесничари, кои при секој нивен престој во некоја иселеничка колонија, со своите пера оставаат вечни белези во македонските весници. Нивните очи се најполни со иселенички ликови, нивните срца се најболни од исленичките доживувања, нивните души се преболни од сознанието дека македонството расте во светот, а се намалува дома, во Македонија. Да, таа трагедија ја знаат токму тие! Затоа во нивните бележници има место за сечија воздишка, сечиј морник, сечија солза… Тие, Катин и Танаскова ги собрале на едно место сите нивни иселенички желби, клетви, соништа, запишани во стихови и објавени во оваа книга“.

Во „Современост“ бр. 3 и 4 од 1996 година, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, говорејќи за ова дело на Катин и Танаскова, нагласува: „Пред нас имаме покомплетен избор на поезија од нашите сонародници во Австралија, Европа, Канада и САД, инспирирана од иселеничкиот копнеж и носталгијата кон Татковината. Иако нашиот човек се населил во различни средини, во држави многу оддалечени едни од други, нивниот носталгичен сон по <стариот крај> останува длабоко всаден во нив. Преселбите, непроспиените деноноќија, немирите што ги носеле новите средини, логично, наоѓаат посебен израз кај поетите што ни се претставени во изборот на ова книга“, вели Стојчевска цитирајќи, притоа, стихови од Џим Томев, Илија Башевски, Андреа Бранов, Васка Дренкова, Иванка Петровска, Пандора Петровска, Панде Манојлов, Доне Качоров и други поети.

Освен носталгични звуци кај поетите Македонци од Европа, Канада и САД, стиховите на австралиските поети не ги забораваат личностите од рангот на Александр Македонски, Гоце Делчев, Григор Прличев, свети Климент Охридски и други ликови од македонската историја, на кои многумина им посветиле песни.

Во 1998 година Катин, во коавторство со Фиданка Танаскова ја објавува Монографијата за Македонскиот клуб „Илинден 1903 од Хамбург Германија“ („Македонска искра“ – Скопје, 1997, 1-86, на македонски)., по повод дваесетгодишнината од неговото формирање, во издание на „Македонска искра“ од Скопје. По тој повод, претседателот на Клубот Никола Грујовски, во воведот истакнува:

„Германија како наша втора татковина ни овозможи нам на Македонците дел од својот живот, по силата на економските околности да го минеме во рамките на една стара европска цивилизација. Просторно најблиска на нашата Татковина, овозможувајќи ни да ги остваруваме своите потреби и интереси на начин кој обезбедува зачувување и развивање на нашиот национален и културен идентитет. Оттука и нашата благодарност кон оваа држава, која меѓу првите ја призна Република Македонија како самостојна и независна држава и со неа воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади“.

Говорејќи за Клубот, Љубица Хаџи Георгиева, како негова истакната активистка, во поговорот на монографијата истакнува:

„Дваесетгодишниот јубилеј – гледан од аспект на историјата е многу кус и незначаен период. Меѓутоа, погледнат од аспект на идејата, мисијата и улогата на луѓето кои се собираат и му дават живот на тој Клуб, јубилејот е многу важен и многу значаен за сите нас. Во почетокот, истакнува таа, нашите луѓе се наоѓале на маргините на општествените настани во новата средина, одвај забележани. Но, со време, секој од нив со својот придонес, позитивен или негативен – со своето дејствување, или, едноставно, живеејќи во тие краишта, стана значаен фактор, носител на информации, белези и карактеристики на еден народ кој дотогаш во новата средина бил своевидна енигма. А Клубот во Хамбург и околината стана мост меѓу Македонците и Татковината, чувар на вредностите кои им овозможија да го зачуваат својот идентитет“.

Одбележувајќи го овој настан, „Нова Македонија“ во мај 1998 година, истакнува дека Катин и Танаскова прават многу успешен спој на своевидниот временски мост, нагласувајќи ја големата мисија на Клубот „Илинден 1903“ и црковната општина во мултикултурната средина во Хамбург.

За егзодусот на Македонците, расеани на сите континенти и нивната вековна битка за опстанок и зачувување на својот национален идентитет, Катин продолжува да зборува и во неговото наредно дело „Македонски иселенички паноптикум“ (Друштво за наука и уметност, Битола, 1996, 1-296, на македонски јазик). Негова преокупација се пулсациите на нивниот ангажман во изградбата на новата и одржувањето на врските со старата татковина, со што во иселеничката галаксија вградува нови и привлечни соѕвездија, со кои е автентичен и препознатлив, не само на нашите, туку и на други меѓународни простори, на кои, не случајно, е се’ почесто присутен.

Очигледно е дека истражувачката трансферзала на Катин се движи во координати кои откриваат низа сличности во одот низ маките на македонскиот и еврејскиот народ во Европа и светот, правејќи ги комплементарни за проучување низ феноменот на миграциите во планетарни рамки, но и низ нивните генетски пориви и нивното влијание врз промените во државите во кои се стационирани на подолг рок. Во „Македонскиот иселенички паноптикум“, Катин, низ сите аспекти, тоа евидентно го покажува и докажува, откривајќи низа значајни визури од животот и дејствувањето на македонското иселеништво во развојот и унапредувањето на економските и културните процеси во тие држави, со што и ги збогатува општите сознанија за скромниот придонес на Македонците и на овој план.

Посебно место во ова значајно дело на Катин имаат процесите на сопственото организирање и функционирање на Македонците во новата средина, а во тие рамки и придонесот на Македонската православна црква, која не само што ги организира и координира, туку и успешно ги синхронизира иницијативите и активностите на Македонците, без оглед на нивната социјална структура. Причините за тоа, не се само во дистанцата од родниот крај или во носталгијата за него, туку и во чувството за припадност на една стара етничка заедница, чиј опстанок зависел и зависи од функционирањето на законитостите релевантни за <освојување> на просторот во рамките на други планетарни простори и цивилизации. Токму поради тоа и укажувањата на Катин дека Македонија како самостојна и независна држава треба посмело да ги користи светските искуства на нашите сонародници во САД, Канада, Австралија и Европа (Европската Унија), кои нам во овој поглед, очигледно ни недостасуваат.

На промоцијата во Друштвото за наука и уметност во Битола, д-р Трајко Огненовски го истакна следното: „Македонскиот иселенички паноптикум“ на Катин нуди една нова диоптрија за поинакво фокусирање на миграционите процеси меѓу Македонците. Таа е книга за едно пофундирано проучување на овој феномен, кој своите вистински димензии, значење и суштина, се’ повеќе ќе ги добива токму во оваа фаза од развојот на Македонија, како независна држава и рамноправен меѓународен субјект, прифатен и признат од светската заедница на народите, со своја историја и култура, без чии вредности не може да се замисли ризницата на светската култура.

Дел од богатствата на македонскиот дух, преку фолклорот, музиката и песната, носијата, накитот и резбата, веќе се присутни на културните простори на државите во кои Македонците се времено или трајно населени, како што е присутно и нивното книжевно творештво на својот мајчин или на јазикот на кој зборува македонскиот народ. Во сегашниот миг, а и во иднина ова дело, како и целокупниот опус на Катин, ќе претставува значајна и своевидна аргументација за одбраната на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот“

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 4-ТИ ДЕЛ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ТРЕТ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ВТОР ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПРВ ДЕЛ)

 

Чувај ја верата и никогаш немој да ми го заборавиш мојот манастир

ВО ТЕТОВСКО – ГОСТИВАРСКАТА ЕПАРХИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА ЕПАХИСКОТО СПИСАНИЕ “ОГЛЕДАЛО“

Со благослов на неговото високопреосвештенство, митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф излезе од печат новиот број на списанието „Огледало“, списание за православната вера, култтура, образование и наука.

Списанието е двоброј 14/15, во септември 2020 година, во кое е поместена следната порака „Чувај ја верата и никогаш немој да ми го заборавиш мојот манастир“

Имено, тема на овој број на списанието „Огледало“ е: „Тетовско – гостиварската епархија во Полог и Лешочкиот манастир низ вековите“. Во списанието, неговото високопреосвештенство, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф го напиша следното поздравно слово:

Мили чеда,

„И во оваа високосна 2020 година, иако погодени од големи искушенија меѓу кои најповеќе од познатиот коронавирус, сепак со Божја помош повторно сме со Вас преку нашето списание „Огледало“, кое пред сè го издаваме за сите Вас, кои сте „жедните за словото Божјо“. Ете во пресрет на овогодишните јубилеи на нашата Света Македонска православна црква – Охридската архиепископија, кога сите ние сме радосни сведоци на чествувањето на големите и значајни духовни и национални јубилеи: Еден милениум постоење на Бигорскиот манастир; 175 години од блаженото упокојување на игуменот на Лешочкиот манастир, јеромонахот Кирил Пејчиновиќ; 75 години од одржувањето на Првиот македонски црковно-народен собор во Скопје; и 30 години од осветувањето на Соборниот храм во Скопје – излегува од печат, веќе 7-ма година по ред и овој двоброј на епархиското списание на Тетовско-гостиварската православна епархија.

2ogМитрополитот г.Јосиф со поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот г.г. Стефан

Спомнувајќи ги јубилеите, можам слободно да кажам дека не помал јубилеј оваа година доживува и нашиот Лешочки манастир, во кој по скоро цели 200 години се започна со изградба на нов манастирски конак. Како што споменав во мојата беседа за време на осветувањето на темелите во февруари оваа година, и во оваа прилика ќе споменам дека Лешочкиот манастир несомнено уште од дамнина е голем благослов за Полог, па така знаејќи го сето тоа и бивајќи свесни дека годинава во Лешок се започна делото на воскресенски препород на комплексот, во консултација со ценетата Редакција, се одлучивме темата на овој двоброј 14/15 да ја посветиме на: „Христијаните во Полог и Лешочкиот манастир низ вековите.

Освен трудовите поврзани со носечката тема на овогодинешното списание, благодарение на нашите почитувани соработници како и на Редакцијата на списанието, сместивме и научно градиво од многу области и тоа од: црковната и световната книжевност, од црковната уметност, секако трудови со теолошка тематика, потоа од областа на историјата и медицината, како и теми поврзани со периодот на македонската преродба. Исто така, на крајот од списанието се наоѓа и рубриката – Вести и настани од епархијата. Се надевам дека ќе Ви се допадне изборот на трудовите кои се сместени на овие страници и дека тие ќе го привлечат Вашето внимание.

Ја користам оваа прилика од мое лично име, како и од името на членовите на Редакцијата да им се заблагодарам на нашите почитувани соработници, кои со својот труд значително го помогнаа издавањето на ова списание.

Драги читатели, имајќи го во Вашите раце нашето епархиско списание „Огледало“, Ви посакувам успешно чтение и продлабочување на духовните и интелектуалните способности за слава на Троичниот Бог“.

Притоа, митрополит на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, кој е главен уредник на списанието „Огледало“ напиша дека Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот дух да биде со сите нас.

Посебно место во овој број на списанието „Огледало“  е посветен на текстот:на митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф под наслов: “Лешочкиот манастир пред доаѓањето на јеромонанахот Кирил Пејчиновиќ (од создавањето до 1818 година“), со следниот превод на англискиот јазик: THE LESHOK MONASTERY BEFORE THE ARRIVAL OF HIEROMONK KIRIL PEJCHINOVIC (FROM  ITS FOUNDATION UNTIL 1818).

. Во него, меѓу другото, е претставен почетниот дел на бурната историја на Лешочкиот манастирски комплекс низ вековите, периодот од основањето на манастирот, па сè до 1818 година, кога со доаѓањето на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ на чело на манастирот како игумен – манастирот бил возобновен, а со тоа и неговата историја.

Посебно во трудот хронолошки е изложена историјата на манастирот, кој бил и ѐ центар на христијанството во Лешок и во Полошкиот регион, каде христијанството се појавило уште во ранохристијанскиот период. Историските настани се поддржани со бројни археолошки пронајдоци. Денешните остатоци на стариот манастир „Свети Атанасиј Велики“, како и црквата „Пресвета Богородица“ во новиот возобновен манастир се појдовна и темелна точка на овој труд кога станува збор за Лешочкиот манастирски комплекс.

3ogМанастирот „Свети Атанасиј “ во Лешок

Во овој текст митрополит на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф се потрудил да го долови непрестајното егзистенцирање на манастирот, со прикажување на историскиот развој преку претставување на настаните поврзани со основањето, разурнувањето, подигањето и уривањето на храмовите и манастирските конаци, сè до неговото повторно возобновување, како феникс од пепелта во 1818 година под покровителство на игуменот Кирил Пејчиновиќ од Теарце.

Инаку, Лешочкиот манастирски комплес „Свети Атанасиј Александриски и Пресвета Богородица“ е важен духовен центар и игра видна улога во духовната преродба на македонскиот народ. Тој се наоѓа над селото Лешок и е сместен во прекрасниот природен амбиент во подножјето на Шар Планина, на надморска височина од околу 600 метри. Во православниот манастирски комплекс денес се наоѓаат светилишта: манастирската црква „Свети Атанасиј Велики“, старата црква „Пресвета Богородица“ и параклиот „Свети Кирил и Методиј“.

Денес во склоп на манастирот кој повторно е епископско живеалиште влегуваат и: манастирските конаци, вечното почивалиште и спомен-собата на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, како и остатоците од стариот манастир со разурнатата црква посветена на „Светиот Атанасиј Велики“, чии остатоци се наоѓаат надвор од денешните манастирски ѕидини, во непосредна близина на комплексот.

Исто така, во бројот 14/15 на списанието „Огледало“ заслужуваат посебно внимание  и текстовите и научните трудови на дваесет и еден автор кои со своите објави придонесуваат за збогатување на православната вера, култтура, образование и наука кај Македонците, како и го презентираат минатото и сегашноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја прикажуваат вистина за црковно-националното живеење во Република Македонија.

4ogПишува: СЛАВЕ КАТИН

Богатото минато, а и сегашност на древната Македонска земја

4.0.6

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Во делото „Македонски вознес”, посебно место е посветено на  Макакедонија, која е историско и географско подрачје чие име потекнува од памтивека. Таа е спомената како земја на неколку места и во Библијата. Многумина патеписци ја имаат доживеано како библиска земја. Сите кои ја опишале Македонија во поодминатата и во поновата историја, се фасцинирани од неа

Македонија како географски регион зазема дел о д Балканскиот Полуостров кој на север се граничи со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осоговските и со Рилските планини; на исток се шири до западниот дел на Родопите и до реката Места. на југ до Егејското Mope и до реката Бистрица, а на запад се граничи со планините Кораб, Јабланица, Мокра и Пинд. Нејзината вкупна територија изнесува 67 741 квадратни км., од кои на 25.441 квадратни км. се простира Република Македонија, додека Егејска и Пиринска Македонија се наоѓаат во рамките на Грција и на Бугарија, а мал дел е под Албанија.

Дури и во подалечното минато, Македонија беше место каде што се сретнаа различни цивилизации и религии. Нејзината единствена географска и стратешка позиција, која заземаше широк појас од Егејското Mope и раскрсниците на важни меѓународни патишта, доведе до рано потпаѓање на Македонија под влијание на развиениот медитерански базен. Во исто време, примајќи различно влијание, тоа подрачје го ширеше и своето влијание над поширокиот регион од Средоземјето. Значајно е, на пример, дека христијанството тука се појавува многу рано.

Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавина, земја на мистерии каде силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Александар Македонски, преку римските и византиските владеења и преку големите миграции на Словените на југ, Македонија била раскрсница на цивилизации, култури, јазици и на народи.

4.0.7

Карта на Македонската Империја на Александар

Секој камен, секоја грутка црна земја зборува за оваабурна историја, која сеуште во себе крие иногу тајни од минатото. Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името наоваа земјазанераздвоен дел на нивниот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а ова прави силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата земја.

Пред доаѓањето на Турците во XIV век, Македонија беше земја во преродба, со фасцинантна уметност, богата средновековна литература, еден симбол на цивилизација. Отоманските Турци го уназадија временското движење и затоа почна долга борба за опстанок. Така, во духот на ограбувањата на Турците, долго време ширената исламизација, суровиот феудален систем, нивните најразлични завојувачки походи, тешкотиите и страдањата предизвикани од тоа, ќе остават длабок и болен белег на духовниот пејзаж на Македонија и на Балканот, правејќи ги место каде што се вкрстуваат Запад и Исток.

Балканските војни (1912-1913) ќе гоодбележатослободувањето на Македонија од турскиот јарем, но тие исто така ќе ја одбележат трагичната поделба на Македонија од страна на Грција, Бугарија и Србија, и подоцна од Албанија. поради што ќе следат уште погруби услови и дискриминација врз македонскиот народ. Македонскиот јазик беше забранет дури и за домашна употреба во Егејска Македонија и се применуваа строги казни за оние кои се осмелуваа да го зборуваат.

Во Србија, која подоцна ќе прерасне во Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, во југословенската монархија, Македонија беше колонизирана, на Македонците им беше негиран својот национален идентитет, а нивниотјазик потиснат. Во Бугарија, во Пиринска Македонија, како и меѓу бројните македонски политички емигранти кои се преселиле таму по бурните историски настани, имало малку простор за развој на македонскиот јазик.

Само преку активното учество во антифашистичката борба за време на Втората светска војна, Македонците ќе стекнат слобода и тоа само во еден дел од својата територија, Вардарска Македонија, која ќе се конституира како Народна Република Македонија, подоцна Социјалистичка Република Македонија, а од1991 година Република Македонија.

4.0.2

По долговековната потчинетост, народот мораше цврсто да зачекори на сцената на XX век. Кај македонскиот јазик доаѓа до кулминација процесот на стандардизација и стана официјален јазик на Република Македонија. Се развива литературата, која ќе го привлече вниманието на европската и на светската литературна сцена.

Во деловите на Македонија, кои се уште се во состаѕот на Грција и на Бугарија, се уште е доминантен ставот на негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Се случија преселби, означувајќи еден од поголемите, егзодуси на XX век, кои ќе ги раселат Македонците низ светот – од Анадолија до Австралија, од земјите во Источна Европа до Узбекистан и од Германија и Шведска до САД и Канада.

Меѓутоа, треба да се нагласи дека голем број досегашни историски и археолошки наоди потврдиле голем број факти од балканско, европско и светско значење на коишто изворите им се од Македонија и за кои ние Македонците треба да бидеме горди.

Меѓу бројните карактеристики за Македонија се следните:

•  Античка Македонија била првата организирана држава на Балканот и пошироко која имала утврдени граници;

• Филип II Македонски и Александар III Македонски (Велики), први ги вовеле војничките родови: пешадија, коњица и морнарица;

• Македонската фаланга била најдисциплинирана и најобучена војска и била  наоружана со дотогаш непознатото долго копје. Таа војувала неколку децении, често во битки со неколкукратно побројни војски, меѓутоа не изгубила битка;

• Античка Македонија како прва европска империја воспоставила специфични цели и однесувања со потчинетите народи, како: почитување  на  културите  на покорените, неприменување насилство и грабежи на оние кои доброволно се согласиле да се приклучат кон Империјата, утврдување карактеристични државни обележја и организирање посебна одбрана на териториите;

•  Македонците биле првите во Европа кои го прифатиле христијанството како религија   и преку кои се проширило во Еврпа и Азија;

• Од Македонија потекнуваат браќата свети Кирил и свети Методиј кои ги превеле црковните христијански книги на посебно славјанско писмо (старомакедонското), со корени од Македонија;

1MK

• Во Охрид е отворен првиот словенски универзитет, од кој, покрај христијанството се формирала и ширела посебната славјанска култура;

• Во Македонија е нацртана првата ренесансна слика која и денес стои во манастирот Свети Пантелејмон во Нерези, Скоп-ско;

•  Кокино кај Куманово е една од ретките неолитски опсерватории во светот;

•   Македонија е една од ретките територии  со карпести уметности;

•  Алшарот е еден од ретките минерали, преку кој науката може да ги открие тајните на постанокот на вселената;

•  Во Македонија е роден Аександар III Македонски (Велики), кој заедно со својот татко Филип II Македонски претставува меѓник на историјата на војувањето, такти- ката и досега е ненадминат војсководец;

•  Во Македонија е роден Аристотел, „таткото“ на науката и филозофијата;

•  Од македонско потекло е и најпознатата жена во историјата на човештво- то – кралицата на Египет – Клеопатра;

• Во селото Таор, Скопско е роден и најпознатиот   византиски   владетел   Јустинијан, чии правни одредби се учат и денес во сите светски универзитети;

•   Во  Македонија  е  роден  свети  Димитрија, познат христијански маченик;

•  Во Македонија е роден „таткото“ на современа Турција, Кемал Ататурк;

•   Во  Скопје  е  родена  Света Мајка  Тереза,  една  од  најхуманите жени во светот.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Бон Тон – по Вистината за Македонија

Во германската метропола Бон, на 15 март 1992 година, беше одржана најмасовната демонстрација на Македонците од Германија за поддршка на македонската влада за меѓународно признавање на Република Македонија, против двојната политика што ја води бонската влада со признавањето на Република Македонија, како и против грчкиот однос што го има кон Македонија и сѐ што е македонско.

Под мотото „За признавање на Македонија како држава“, во 13 часот, од центарот на Бон – „Бад Годезберг“, започна најмасовната македонска демонстрација со повеќе од 5.000 Македонци од Германија, Белгија, Холандија и од Швајцарија.

Во новинскиот извештај за демонстрацијата „Над 5.000 Македонци – за македонската вистина“, колегата Драшко Антов („Нова Македонија“, 16 март 1992 г.) забележа: „Дождот и студеното време не ги спречија Македонците од неколку градови и места во Германија и од соседните земји: Белгија, Холандија и Швајцарија, да дојдат во Бон, на зборното место во Бад Годезберг, да учествуваат на македонската демонстрација. Во 13 часот сликата беше импозантна, никогаш толку Македонци не се собрале досега на манифестација, како на оваа за поддршка за меѓународно признавање на Македонија и за заштита на името Република Македонија.

Повеќе од 5.000 луѓе со македонски знамиња, транспаренти со пароли на македонски, германски и на француски јазик, со слики на Гоце Делчев, тргнаа кон центарот на Бад Годезберг. Демонстрантите се движеа достоинствено низ бонските улици извикувајќи: ’Македонија’, ’Македонија е наша’, ’Да живее Македонија’. На германски јазик се читаа петицијата и објаснувањето зошто Македонија треба да биде признаена од Европската заедница.

Потоа, демонстрантите се упатија кон грчката амбасада и извикуваа: ’Македонија постои’, ’Македонија е македонска’, ’Засрамете се…’. По реакциите на демонстрантите можеше да се согледа дека беа многу огорчени на грчката политика кон Македонија.

1.6.0

Долгата колона на демонстранти се врати на почетното место. Притоа, беше прочитано писмото што беше испратено до канцеларот Кол, со кое се бараше признавање на Република Македонија, односно бонската влада да има ист третман како што имаше кон Хрватска и Словенија. Притоа, укажувајќи дека Македонија има своја историја, своја традиција и дека една земја членка на Европската заедница  не може да ја краде историјата на македонскиот народ. Се бараше од канцеларот сам да ги прочита светските енциклопедии и да се увери во тврдењата на македонските вистини, а не на грчките фалсификати.

Зошто Балканот да не биде културно поле за натпревар?

Потоа, се обрати и Германецот д-р Волф Ошлис, автор на првата македонска граматика на германски јазик (заедно со Вера Бојиќ). Тој укажа на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик и дека како Германец ја чувствува потребата да ја повтори големата мисла на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ’Јас го разбирам светот како поле на културен натпревар меѓу народите’ и се запраша зошто и Балканот да не биде таков, поле за културен натпревар и соработка? Грција нема право да го негира постоењето на Македонија, зашто таа постои, таа е тука, и никој не може да ја избрише од картата на светот“.

И претседателот на здружението „Македонија“, д-р Томислав Лукаров, упати апел дека демонстрациите не се ништо друго туку „израз на Македонците за правдина, светот да чуе дека постоиме и бараме кон нас да се однесуваат како што беше случајот со Словенија и Хрватска. Македонија заслужи со сѐ да биде признаена“.

Македонската делегација во состав: Гојко Јаковлески (Берлин), Љупка Хаџи Георгиева (Хамбург), Драги Богоевски (Хановер Латцен) и Ристо Косарчев (Хановер) во Министерството за надворешни работи на Германија предадоа декларација од демонстрантите, која беше насловена: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕОДЛОЖНО И БЕЗУСЛОВНО ДА СЕ ПРИЗНАЕ КАКО НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.

Македонскиот идентитет никој не може да го одземе.

„Во процесот на распаѓање на две комунистички империи (руската и српската) дојде до појава на нови држави што веќе добија или допрва ќе добијат поширока меѓународна афирмација и признавање. Решавањето на југословенската криза, крахот на една комунистичка и вештачка држава, е проследено со бруталност каква што модерна Европа нема видено со децении. Југославија нема ни историско, ни морално право на натамошна егзистенција. Денес пред Република Македонија се поставува најсериозно егзистенцијално прашање од шекспировски вид – да се биде или да не се биде независна држава!

Република Македонија реши да ги респектира барањата од Европа што ги постави како услов за признавање. Таа одржа референдум во септември 1991 година и мнозинството од населението што гласаше (повеќе од 95 проценти) изрази поддршка на идејата на оваа република од некогашна Федерална Југославија да тргне по патот на самостојноста. Референдумското „за“ беше најсилна потврда на сегашните права на Македонија за државност. Македонија во декември 1991 година изгласа промени на Уставот, со што јасно ја декларира својата мирољубива политика на Балканот, ја потврди непроменливоста на границите со соседите по пат на сила. Таа, исто така, ги гарантира основните национални, религиозни и културни права на сите свои граѓани.

Република Македонија би требало да ја живее својата прва година како независна држава, со оглед на фактот дека иако ги исполнува основните критериуми, што ги одреди Европската заедница, а кои се пошироко прифатени во демократскиот свет, досега само Република Бугарија официјално ја призна Македонија. Србија ќе се обиде да најде „рационални“ аргументи декларираната суверена македонска држава да остане тоа само на хартија и по секој начин да ја задржи Македонија во рамките на нова редуцирана Југославија, односно проширена Србија.

Албанија сѐ уште не се изјасни, но создадената тензија во Западна Македонија јасно зборува дека и оваа земја би сакала да добие нешто за возврат, за признавањето на независноста на Македонија, иако албанското малцинство во Македонија ужива повеќе национални права гарантирани со меѓународни акти. Грција, пак, дури се противи на употребата на името Македонија, со што бескрупулозно ѝ го одзема правото на една држава својствено за секоја цивилизирана земја, да има свој идентитет, бидејќи тоа име е дел од долгогодишната историја на овој простор, а апсурдно е да му го одрече туѓа држава“.

Барања на демонстрантите:

1. Република Македонија да се признае неодложно и безусловно со нејзиното историско и неотуѓиво име. Секое одложување на признавањето ја зголемува опасноста од нејзино анектирање од страна на Србија, односно се создаваат услови за избувнување воен конфликт на Балканот.

2. Да се повлече ЈНА од целокупниот простор на Македонија.

3. На територијата на Република Македонија да дојдат мировни сили на ООН, благовремено да се спречи секаква воена агресија од страна на Србија или просрпски пуч и да се овозможи мирен и брз премин кон целосно независен државноправен демократски живот.

1.6.1

Македонците на чело со Гојко на демонстрации

4. На овој начин би сакале да ја запознаеме меѓународната јавност дека процесот на демократизација во Македонија, навистина, ќе започне дури со конституирањето и признавањето како независна македонска држава.

5. Само независна и демократска Македонија може да биде гарант за слободите и правата на сите нејзини граѓани. Останувањето во редуцирана Југославија (како и да се именува новата држава) ќе значи србизирање на сите заедно и на секој одделно.

6. Со оглед на фактот дека македонското прашање е интернационално, а не југословенско, бараме од органите на Европската заедница, а во интерес на мирот на Балканот, во Македонија да испрати непристрасно тело што ќе направи објективна политичка анализа за сегашните и потенцијалните конфликти, а со цел да се решат и да се одбегне трагедија од пошироки (балкански) димензии.

7. На крајот им упатуваме молба на сите земји од Европската заедница и пошироко што добиле службено барање од Македонија за нејзино признавање, писмено да нѐ известат зошто тоа не е сторено досега, кои се причините за одложување на признавањето на државноста на Македонија?

Со срце за Македонија

На крајот на 1989 година граѓаните на Европа со будно око ги следеа настаните што беа предизвикани со уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на двете Германии, букурешките настани и другите случувања во Источниот блок на Европа. Македонците, пак, внимателно ги следеа случувањата, односно несогласувањата во партискиот и државниот врв на заедничката југословенска федеративна држава (СФРЈ). Настаните го најавуваа крајот на 45-годишното опстојување на федерацијата, се насетуваше распадот.

Македонците, пак, тука ја гледаа шансата да ги остварат вековните желби и идеали на многу генерации пред нив, Македонија да стане самостојна, суверена и независна држава. Но за да ја искористат шансата со распадот на СФРЈ, потребни беа и големи активности на македонските здруженија, партии во дијаспората и во Македонија. Македонските патриоти тајно беа убедени дека брзо ќе дојде денот кога ќе чукне часот и за Македонија, која со столетија беше напатена, окупирана, ограбувана, палена, парчосувана, делена…, конечно да го добие заслуженото, да стане самостојна и суверена држава, а македонските граѓани „да бидат свои на своето!“

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

За Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и неговите успеси на двата континенти

Господин Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е познат успешен интернационален бизнисмен. Потекнува од Прилеп, село Марул.Својата кариера господин Атанасоски ја почна како инженер, работејќи во Њујорк универзитетот. Во 1975 година, заедно со брат му ја основа сопствената фирма “Микрофлекс Инк.”, која денес е мултимилионска производствена корпорација за флексибилни метални производи. Индустриски комплекс е лоциран во Ормонд Бич, Флорида, но поголемиот дел од бизнисот функционира интернационално, со најразновидни индустриски гранки, како што се, петрохемиската индустрија, НАСА, автомобилската индустрија, електричните централи, авионската индустрија и бродоградбата итн.

Во 1996 година господинот Атанасоски ја основа и стана претседател на “МАК АМ Интернешенл Корпорејшн”. “МАК АМ” е интернационална трговска компанија со филијали во Флорида, САД, Скопје и Прилеп во Р Македонија. Основната дејност на “МАК АМ” е увоз и извоз на производи во и од Македонијa. Неодамна господинот Атанасоски стана сопственик на хотелот “Липа” и фирмата “Жито – Прилеп” од Прилеп во Македонија, како и на компанијата “Flexabol inc” во Атланта , Џорџија, во САД.

Господинот Атанасоски стана член, а подоцна и секретар (1974-1980) на една од најстарите македонски организации во Северна Америка, Македонската заедница во Њујорк. Организацијата ја промовираше македонската нација, нејзината историја и култура. За време на работата во Македонската заедница во Њујорк, тој ја обедини Македонската заедница преку спонзорирање на социо-културни настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, симпозиуми, вечери на поезија, спортски настани и слично.

1.6.3

Исто така, тој соработува и со американските власти за унапредување на правата на Македонците во САД. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија. Имено, шеф е на Организацијата за заштита на македонското име, знаме, Устав, како и промоција на признавањето на Македонија како суверена држава од страна на земјите во светот. Господинот Атанасоски остварува блиски контакти со повеќе дипломати и организации во контекст на моментните случувања во Македонија.

Паралелно со промовирањето на демократијата во Македонија, во мај 1992 година господинот Атанасоски ги фокусираше своите напори за финансиско помагање на Светскиот македонски конгрес. СМК е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините организации.

Истата година Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка, една од највлијателните македонски невладини организации во светот. Неговата работа во СМК резултира со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата во Македонија.

За да ја истакне важноста и за да се создаде верба во независните медиуми во земјава, во која доминираат владини медиуми, на 24 јуни 1994 година господинот Атанасоски го кофинансира, организира и го етаблира првиот светски македонски неделник “Македонско сонце”, кој е отворен за секој граѓанин во земјата и во светот.

Во 1994 и во 1999 година Атанасоски се кандидира за претседател на Македонија, со желба, доколку ја добие довербата на граѓаните, да ја унапреди демократијата во земјата, да промовира економски систем базиран на принципите на слободен пазар и држава во која ќе владеат законите на правниот систем. Основна агенда во неговата кампања беше да се забрза економскиот и социјалниот развој на Македонија. 

Во 1996 година господинот Атанасоски ја формира партијата Македонска алијанса и е нејзин претседател. Партија е регистрирана во Скопје, но има свои ограноци речиси во сите земји во светот, во кои живеат Македонци. Промовирајќи ги своите патриотски ставови, Македонска алијанса стана синоним за националната борба на македонскиот народ.

За таа цел, во 1998 година Македонска алијанса ја формира Македонската национална коалиција, со која учествуваше на парламентарните избори, на кои, за жал, не се здоби со пратеник во Собранието на Р Македонија, од веќе добро познатите причини (лагите и измамите од страна на Коалицијата за промени, составена од ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива).

1.6.4 1.6.5

               Ѓ. Атанасоски и С. Катин пред споменикот на Ченто во Прилеп

Но, и покрај сè, Македонска алијанса упорно продолжува со својот амбициозен план за развој на македонската економија, за излез од кризата и за развој на државата. За таа цел, партијата нуди рака за соработка со сите Македонци и малцинства во Република Македонија, за во иднина сите да партиципираат во севкупниот просперитет на државата.

Името Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња. Децениски потврдено во бизнис заедницата и тука во татковината, но, пред сè, во прекуокеанските меридијани на северноамериканските простори, па и пошироко од тоа. Вистината за Ѓорѓија – Џорџ, премостена на два континента, е една повеќеслојна, необична, интересна и многу убава приказна, која облагородена и со авторовата имагинативност и суптилен пристап, е сместена меѓу кориците на ова прекрасно издание.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е човекот кој досега, со недоброени примери и факти, и таму каде што век векува во Соединетите Американски Држави и во Македонија, од каде што му се корените и постаментот на неговото семејно стебло, тој секогаш е во една лоби – офанзива со афирмативната вистина за Македонија, македонскиот народ и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Во иселеничката заедница на македонските сонародници, тој, отпрвин организационо – активистички, потоа, политички и духовно, заедно со генерациската плејада истомисленици, со многу ентузијазам, успех, промисленост и упорност, работи и придонесуваа за што повисокото позиционирање на македонските иселеници во мултикултурното американско општество.

Џорџ е еден од столбовите на акциите организирани и реализирани во битката за самостојна, суверена и независна македонска држава, и тоа може да се каже, во клучните раздобја на тој пат на истрајноста и посакуваното финале на 8 Септември (гроздобер) 1991 година, кога сонот на генерациите, стана реалност.

Неговите пораки и зборови, имаат мобилизаторска моќ, бидејќи тие се гласот на народот, глас на вистината. Основната мисија на ваквите посветеници и народни борци е да се чуваат најсветите реликвии на својата нација – името, јазикот, културата и духовноста, односно севкупноста на националните доблести, но и да се помага економски.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, непрекинато повикува на сплотеност и единство на својот род. Укажувајќи дека тоа е бедемот на нескршливоста и непокорот, патот да се премостат многуте тегоби, неправди и злото, без разлика од каде и да доаѓаат тие. Единството и заедничкото дејствување се своевидна нескршливоста, на успехот и справувањето со сите предизвици на модерното време, темел во новиот милениум во кој ја изодуваме новата декада.

Затоа со право се вели дека на Џорџ Атанасоски му припаѓа заслуженото високо место во хиерархиската пирамида на луѓето, кои имаат корифејски заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис – мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

Продолжува

 99999

Пишува; СЛАВЕ КАТИН