МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ГЕРМАНИЈА, АВСТРИЈА И ФРАНЦИЈА (33)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

III. ГЕРМАНИЈА

Денес Македонците во Германија се организирани во три заедници: Македонска заедница за Северна, Средна и Јужна Германија. Седиштето на Македонската заедница е во Лацен и во неа се вклучени следните асоцијации: со име “Македонија” постојат клубовите во градовите: Берлин, Биелефилд и Бремен, со името “Гоце Делчев” во Берлин и во Вилхемшафен, со името “Јане Сандански” во Брауншвајг, “Илинден – 1903” во Хамбург и Лацен, “Никола Карев” во Оберкирхен, “Македонска Зора” во Офенбург, “Вардар” во Синделфинген, “Изгрев” во Сан Георген, “Св. Кирил и Методиј” во Улм, “Пелистер” во Елванген, “Малеш” во Манхаим, “Македонско сонце” во Карлсруе, “Скопје – Балкан” во Дозенхаин, “Александар Македонски” и други.

Во Германија постојат следните црковни општини:

1.”Св. Тројца” во Минхен

Македонците во Минхен започнале да се организираат на национално и културно спортско поле во 1972 година. Тогаш е формиран Клубот “Илинден” кој бил регистриран пред германските власти во 1975 година под името Македонски културен центар “Илинден”. Во Центарот со успех работат фудбалската екипа, шаховската секција и играорната група. Идеја за формирање религиозна заедница за Македонците од Минхен датира од 1972 година, меѓутоа, конкретни чекори се преземени во 1976 година кога е одржан првиот иницијативен состанок.

На 19 јануари 1987 година е одржана првата богослужба на мајчин македонски јазик. Членовите на Црквата “Св. Тројца” имаат подршка од Католичката и Евангелистичката црква, како и од германските црковно-државни власти. Црквата е регистрирана пред надлежните судски власти во 1990 година, а во 1992 година е пререгистрирана како црковно-национална институција на македонскиот народ во Минхен и околината. Оваа црква во јуни 1997 година го прослави својот 10-годишен јубилеј.

2. “Св. Ѓорѓи Кратовски” во Хамбург

Македонскиот клуб “Илинден-1903” бил формиран во 1978 година. Членовите на овој клуб биле иницијатори за формирање на Македонска православна црковна општина, чии активности започнале на 14.01.1991 година. На 6 април истата година е формиран Црковниот одбор кој одлучи црквата да го носи името “Св. Ѓорѓи Кратовски” кога активностите започнале на 12 мај 1992 година.  Македонците во Хамбург земаат под наем евангелистичка црква каде ги одржуваат богослужбите.

3. “Св. Климент Охридски” во Берлин 

Иницијатори за формирање на Црковната општина “Св. Климент Охридски” се членовите на Македонскиот клуб “Гоце Делчев”. Иницијативата за формирање на црковна општина датира од ноември 1972 година, а на 8 март 1973 година Светиот архиерејски синод го потврди нејзиното постоење.

Црковната општина “Св. Климент Охридски” го започна својот духовен живот на 17 мај 1991 година кога се одржа првото собрание.

4. “Св. Кирил и Методиј” во Штутгарт 

Во Штутгарт со успех работи Македонскиот клуб “Вардар” и Македонската православна црковна општина “Св. Кирил и Методиј”, кои се носители на бројни активности.  Во Штутгарт се одржуваат поетски вечери посветени на Св. Кирил и Методиј секоја година. Црковната општина за секој поголем христијански празник организира доаѓање на свештено лице од Македонија кое врши црковни треби.

5. “Св. Никола” во Мајнц 

Иницијатива за формирање на оваа Црковна општина се родила на 23 декември 1990 година, за потоа на 19 јануари 1991 година Црковната општина да биде регистрирана пред германските власти.  Богослужбите се одржуваат во Католичката црква “Св. Бернард” во Мајнц во која има поставено иконостас по православните канони и кој е осветен од владиците Михаил и Стефан.

6. “Св. Спас” во Хановер 

Првите иницијативи за дружење меѓу Македонците се јавија во Фудбалскиот клуб “Вардар” кој е формиран во 1975 година.  Потоа на 27 мај 1979 година се формира Спортското друштво “Илинден” кое од 1985 година го носи името Македонски клуб “Илинден”. Македонците во Хановер се организирани и во Црковната општина “Св. Спас” која претставува прва регистрирана македонска црква пред надлежните власти во Германија.

IV. AVSTRIJA 

1ctki12 “Св. Климент” во Виена

Во Виена постои Македонскиот клуб “Илинден”. Тој е единствен во Австрија и еден од најактивните во Западна Европа. Зградата на клубот е под австриските власти, која Македонците со свои средства и со многу доброволни средства и работни денови успеале да го реновираат и да создадат услови за работа на клубот.

Исто така, во Виена постои и МПЦО “Св. Климент Охридски”. Иницијатива за формирање на црковна општина се родила на 14 јуни 1987 година кога 30-тина македонски

семејства во еден од парковите на градот организирале заеднички ручек. Оваа црковна општина е регистрирана пред австриските власти. Бројот на верниците постојано се зголемува, со што повремено ја посетуваат свештени лица од Република Македонија.

V. ФРАНЦИЈА

Франција била од секогаш  раскрсница и предизвик за голем број емигранти од Балканот, а со тоа и за Македонците, кои формирале поголем број асоцијации. Така, таму постојат: Македонската асоцијација за Франција, Друштвото “Скопје – 93”, КУД “Нова Македонија”, Информативниот македонски центар “Вардар – Експрес”, клубовите “Франција – Македонија” и “Цар Самоил”, “Треска”, “Пелистер” и др. Исто така, е формирана Македонската православна црковна општина “Св. Климент Охридски”, што е прва и единствена македонска асоцијација во Франција.

1. “Св. Климент Охридски” во Париз 

Македонците во Париз на духовно црковно поле започнале да се организираат заедно со другите доселеници ширум Европа. Така, во една мала црквичка на 9 декември 1990 година се собрале поголем број македонски семејства каде се одржала богослужба на француски јазик. Со тоа се отвори еден нов црковен и духовен центар за Македонците во Париз.

Потоа, во 1991 година за празникот “Св. Климент” повторно била одржана богослужба, но овој пат на македонски и на француски јазик, со што се поставиле темелите на црковното живеење на Македонците во Париз.

VI. ШВАЈЦАРИЈА

Македонците во Швајцарија се организирани во следните асоцијации: македонските културни друштва со име “Македонија” во Арберг, Баден, Ешаленз, Неухаузен и Локарно. Со името “Гоце Делчев” во Арванген, “Илинден” во Минхенвиши, потоа во Гемајншаген, во Муртен и Цирих, “Александар Македонски” во Еменбрук, како и во црковните општини “Св. Наум Охридски” во Спрајтенбах и “Св. Богородица” во Локарно.

1. “Св. Наум Охридски” во Спрајтенбах

Оваа македонска православна црковна општина била формирана на 22 февруари 1992 година по иницијатива на мал број верници. Меѓутоа, тој број од ден на ден се зголемува. Тие одржуваат богослужби во други христијански објекти, меѓутоа, се очекува во скоро време да купат свој црковен национален дом.

2.”Св. Богородица во Локарно

Иницијатива за формирање на македонска православна црква во Локарно постоела од поодамна. Меѓутоа, на 8 ноември 1999 година меѓу верниците во Локарно престојуваше државна и црковна делегација при што надлежниот архиереј Гораст ја обслужи првата богослужба на македонски јазик. Оттогаш Македонците почнале да ги задоволуваат своите религиозни потреби во Католичката црква “Св. Богородица” во Локарно која им е отстапена да ја користат во неделите.

Продолжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ЧЕТИРИЕСЕТТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ ВО 2008 ГОДИНА

 

Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така,  е формирано денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

Македонска искра“  е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

1kir123479012

 

Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). 

За ова дело Архепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле – помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано декачетириесет години Македонската републичка делегацијасвечено го одбележува Денот на словенските просветителисветите Кирил и Методиј во Рим. Во месец мај веќе 40 годиние претставувано македонското традиционално наследство, во кое е вткаена плодната дејност на солунските просветители,кои во основата на литературниот старословенски јазик ги вткаајужномакедонските говори од околината на Солун .

Во програмите вочест на свети Кирил Филозоф и свети Методиј, широко чествувани воМакедонија, важно место зазедоа и тие во Рим, посветени на поклоненијатапред гробот на Свети Кирил Филозоф, починат во Рим , на 14февруари стар стил, (27 нов стил), во 869 година. Во широкото откривањена Кирилометодиевското наследство, преку културни, научни идруги уметнички програми и манифестации во Рим, и МПЦ со пиететги одбележа изминатите чествувања, на кои посебно се задржувамево оваа книга. Разбирливо е дека ваквиот однос се засили со признавањетона автокефалноста на МПЦ во 1967 година, по што веќе во1969 година започнаа редовно одржуваните молебени на гробот насвети Кирил Филозоф во Рим.

Првиот архиепископ на МПЦ, г.г. Доситејим даде значаен белг на сите чествувања, кои понатаму го продолжијаистиот пат наредните архиспикопи, за да ја одбележи 40-годишнинатана поклоненијата денешниот охридско-македонски архиепископ г.г.Стефан.

На чествувањата во Рим и во Република Македонија земаат учество високи претставници на Владата на Р. Македонија, на Министерството за култура, на Министерството за надворешни работи, на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во училиштата ширум Македонија, кои го носат името на просветителите денот се одбележува празнична и свечено.

1kir123479013Свети Климент во Рим

Оваа година е посебно одбележана во календарите за прослави, во која зема учество Македонската државна делегација. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан организира свечен настап со молебен на гробот на свети Кирил, со посебна беседа. Покрај свечениот чин пред гробот предвидени се и билатерални средби на државно, верско, културно и научно ниво.

Резимиран осврт на досегашните 40 прослави дава монографијата “40 чествувања пред гробот на Св. Кирил Филозоф во Рим”, изработена од авторите: проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и  епископот Климент, промовирана на четириесеттиот јубилеј во Рим, со промотор од страната на охридско-македонскиот архиепископ г.г. Стефан.

Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје организира, како и секоја година, покрај свечената прослава и академија, молебен пред споменикот на светите Кирил и Методиј во универзитетскиот комплекс.

Музејот на Македонија учествува со “Етнолошка изложба на македонски народни носии и накит”. Избор на хорски изведби подготви женскиот камерен хор “Света Злата Мегленска” од Скопје.

Во изминатите чествувања се остваруваа контакти со папите Јован

павле II и Бенедикт XVI.

Издавачка дејност:

Вера Стојчевска – Антиќ и Методиј Златанов: По стапките на христијанството во Македонија (книга З) , Скопје 2008.

Славе Николовски-Катин: Иселеничка вртелешка, „Македонска искра“ – Скопје, 2008,1-254,

Славе Николовски-Катин: Монографија за Бошко Рајчовски-Пелистерски од Детроит, „Македонска искра“ – Скопје, 2008, 1-254 (на македонски и англиски)

Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин, епископ Климент40 поклоненија пред гробот на свети Кирил во Рим, „Македонска искра“, Скопје, 2008, 1-228 (на македонски).

Крај

1slave  Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО РИМ ВО 1986.– ДЕЛ II

ОСУМНАСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Високодостојникот на Римокатоличката црква кардиналот ПаулПупар со одбрани зборови се осврна и на екуменското значение наизложбата, завршувајќи го своето обраќање до пристутните со следнивезборови:

– Ова изложба е, исто така, еден културен чин на зближување на народите и државите, како и на луѓето со различни идеолошки хоризонти. Во името на Понтификалниот совет за култура, а една од неговите задачи е плодниот дијалог меѓу културите, јас ја изразувам сета моја радост за оваа уметничка манифестација со убеденоста дека таа ќе создаде едно проширување на културните хоризонти и исклучително збогатување, човечко и духовно за сите што учествуваат во неа. На сите творци на оваа исклучителна изложба им се упатени мојата жива благодарност и длабока восхит.

На крајот од оваа прекрасна свеченост, од тоа инаугурирање на македонските икони во ризницата на светското уметничко богатство во средина и место каде што тој чин добива највисок легитимитет, зборуваше директорот на Дирекцијата на Ватиканските музеи, проф. Карло Пјетранџели.

На Денот на свети Кирил и Методиј, 24 мај, главните свечености се одржаа во базиликата „Свети Климент” во Рим пред гробот на свети Кирил. Притоа, митрополитот австралиски г. Тимотеј одржа молебен на којшто учестуваа хорот на просветните работници „Свети Кирил и Методиј” од Скопје со диригентот Тоде Радевски и октетот „Русикум”, од Рим, а во присуство на југословенските амбасадори при Светата столица и при Република Италија – Штефан Цигој и Анте Скатерлетко, и културната делегација на чело со академик Матеја Матевски. Пред одржувањето на молебенот беа положени венци во името на културната делегација и на амбасадорите.

Денес на молебенот во катедралата „Сан Клементе” присуствуваше и мноштво народ кој веќе беше во катедралата и со внимание го следеше оддавањето почит и благодарност кон солунските браќа свети Климент и свети Методиј, што претставува континуирано оддавање благодарност на свети Кирил и свети Методиј во прославувањето на нивните светителски ликови” – истакна митрополитот Тимотеј во својата беседа над Кириловиот гроб, додавајќи дека ова, истовремено, е и „наша голема и трајна благодарност на свети Климент Охридски, зошто се што го красеше свети Климент научи од своите учители”.

2ikoni

Натаму, митрополитот Тимотеј нагласи: „Во овој скромен вид на манифестирање на нашата благодарност како кон свети Кирил, така и кон свети Климент Охридски, ние како самостојна црква и како народ конституиран во македонска држава, во братска заедница на рамноправни народи и народности, Социјалистичка Југославија, уште повеќе ја чувствуваме потребата од оживување на делото на светите браќа, како и на свети Климент Охридски”.

Во текот на еднонеделниот престој делегацијата на Македонската православна црква имаше разговори во Секретаријатот за единство на христијанските цркви и во Ориенталниот институт, а ја посети и Марјанската академија.

Со целовечерниот концерт на хорот на просветните работници „Кирил и Методиј” од Скопје, што се одржа во црквата „Сан Ангело”, заврши програмскито дел на манифестацијата „Во чест на свети Кирил”, која сепак останува да трае со изложбата на икони од Македонија од IX до XVII век што во присуство на голем број културни и политички работници на Ватикан и Рим беше отворена во просториите на Ватиканските музеи, која остана таму до 29 јуни.

Во текот на манифестацијата, државната делегација имаше срдечна средба и отворени разговори со министерот за надворешни работи на Ватикан г. Силвестрини. Притоа, од страна на шефот на делегацијата академик Матеја Матевски беше изразена благодарност за прифаќањето на изложбата на иконите и беа подвлечени добрите меѓусебни односи на Југославија и Ватикан.

На планот на односите со СР Македонија, беше изразена желбата да ѝ се излезе во пресрет на Македонската православна црква да добие дел од моштите на свети Кирил за осветување на Македонската соборна црква. Тоа не е само религиозен однос и црковен чин, туку и израз на пиететот што го има македонскиот народ кон основоположниците на словенската и македонската писменост и култура.

Кардиналот Силвестрини изрази задоволство од средбата и благодарност за приредувањето на изложбата, при што подвлече дека Ватиканските музеи не примиле досега изложба од ниедна земја и дека овој „преседан” е направен од највисоко место во Ватикан (т.е. папата) поради нивната голема вредност, а и со оглед на традиционалното чествување на свети Кирил во Рим.

3ikoni

Теракотна икона од Виница

Во сличен дух и атмосфера дојде до средба и разговори со кардиналот П. Пупар, министер на културата и П. Пјетранџели, директор на Ватиканските музеи, на ручекот приреден од амбасадорот на Југославија при Светата столица, Ш. Цигој за високи ватикански функционери и двете делегации, при што содржината на разговорите беше идентична со онаа при средбите со папата и г. Силвестрини.

Културната делегација и амбасадорот во Италија, А. Скатерико, беа примени во Министерството за надворешни работи на Италија каде што се водеа разговори со амбасадорот Д’Анреа, кој од италијанска страна ги води работите за реализација на одредбите на Осимските спогодби. Шефот на делегацијата академик Матеја Матевски имаше среба и со потсекретарот во Министерството за надворешни работи на Италија, г. Фјорети.

Во 1986 година беа подготвени повеќе манифестации, научни собири и изданија во чест на свети Климент Охридски. Централен настан претставуваше Меѓународниот научен собир, организиран од Македонската академија на науките и уметностите на тема: „Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета”,

Симпозиумот се одржа од 25 до 27 септември 1986 година во Охрид. Претседател на Орган изациониот одобор од Македонската академија на науките и уметностите беше академикот Матеја Матевски . Симпозиумот го отвори М. Матевски, со беседа за Климент Охридски. Собирот го поздравија : претседателот на Извршниот совет на СР Македонија – Глигорие Гоговски, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите – Јордан Поп-Јорданов и претседателот на Собранието на Општина Охрид – Димитар Зарчев. Беа поднесени 40 реферати на научници од СФРЈ и од странство.

Во 1986 година основното училиште „Кирил и Методиј” од Скопје свечено го прослави јубилејот „Сто и педесет години воспитна и образовна дејност” (1836-1986). Јубилејот беше одбележан свечено, со богата приредба, на којашто учествуваа гости и претставници од воспитнообразовните институции, од Градското собрание и од Владата на Македонија.

Во 1986 година излезе од печат првото дело на авторот на овие текстови Славе Николовски – Катин под наслов An English–Macedonian Limnological Dictionary / Англиско–македонски лимнолошки лексикон, издание на Хидробиолошкиот завод во Охрид, на 206 страници на англиски и на македонски јазик.

Тој е резултат на долгогодишната работа на авторот, реализирана пред сè во Хидробиолошкиот институт (завод) во Охрид. Речникот е подготвен со цел да пополни празнина во областа на биотехничката терминологија и да биде од помош за студентите, како и на научните работници кои го користат англискиот јазик во оваа област и други природни и биотехнички науки. Покрај тоа, речникот може да биде корисен и во многу македонски и други домови како потсетник, прирачник и јазична помош.

Продолжува

6slave  Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПЕТТИ ДЕЛ)

ИСЕЛЕНИШТВОТО – ЖИВОТНА ОПРЕДЕЛБА НА СЛАВЕ КАТИН

Македонскиот иселенички печат во светот е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет, на дедовската земја Македонија и на македонскиот јазик. Македонците во светот секаде и во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја. Во таа насока се и настојувањата да се претстави делотона „Поетски иселенички меридијани“

.

Како резултат на долгогодишната посветеност на Македонците од сите делови на Макеонија на Слав Катин и Фиданка Танаскова, во 1996 година, се појавува со книгата „Поетски иселенички меридијани“,( Матица на иселениците од Македонија, Скопје, 1995, 1-122, на македонски јазик). Тоа е  зборник на поезија посветен на Македонците раселени ширум светот.

По тој повод д-р Димитар Керамичиев, како претседател на Матицата, во предговорот кон ова издание подвлекува дека овој поетски животопис ги сублимира мислите, надежите, исчекувањата, соништата и стварноста на македонските иселеници, односно нивните деноноќија во далечните и непознати светови, кога секој со своите среќни и тажни судбини си ја плете својата иднина. Во тие непроспиени ноќи, или подоцна, во тие успешни или кошмарни години и децении, многумина од нив пишуваат и стихови, инспирирани од носталгијата за Татковината, за старата мајка, за најблиските, за новите татковини, за новите текови и животни врвици, за небиднината, сновиденијата, проклетијата, среќата, печалбарството, далечините…

Книгата содржи 80 песни посветени на откорнатите од родните прагови, на раселените, на заминатите како печалбари, на тешката мисла и носталгијата овековечени низ поетскиот збор, низ стиховите чувани и носени во душата, како утеха за изгубената мајчинска топлина или за дедовските огништа, за безграничната љубов кон родниот праг, кон полињата и планините, реките и езерата – кон својата сакана Македонија.

Со децении Македонците пејат за толку многу вистини и за убавите нешта во животот. Пишуваат за љубовта, за своите најблиски, за младоста, за новите утра, за една поинаква судбина и стварност, иако живеат во нови далечни светови, во Торонто, во Чикаго, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Детроит, Келн, Њу Џерси, Дизелдорф, Малме, Гетеборг, Вулунгонг…

„Оваа книга што трпеливо стих по стих ја собираа и обликуваа добрите познавачи на македонското иселеништво Славе Николовски – Катин и Фиданка Танаскова, претставува своевиден зборник на поетското творештво на Македонците во дијаспората, прв труд од ваков вид кој пополнува една голема празнина во истражувањата на македонското иселеништво. Истовремено, со овој труд се збогатува истражувачкиот опус на Катин на оваа тема, зашто иселеничките поетски и творечки пораки во ова дело се и општочовечки релации и синтеза на едно минато и една сегашност, доживеани со јазикот на универзалноста“, заклучува д-р Керамичиев.

На промоцијата, пак, што се одржа во Сиднеј во друштвото „Григор Прличев“, Иван Трпоски, поет и автор на десетина книги, ќе истакне: Катин и Танаскова се вистински иселенички повесничари, кои при секој нивен престој во некоја иселеничка колонија, со своите пера оставаат вечни белези во македонските весници. Нивните очи се најполни со иселенички ликови, нивните срца се најболни од исленичките доживувања, нивните души се преболни од сознанието дека македонството расте во светот, а се намалува дома, во Македонија. Да, таа трагедија ја знаат токму тие! Затоа во нивните бележници има место за сечија воздишка, сечиј морник, сечија солза… Тие, Катин и Танаскова ги собрале на едно место сите нивни иселенички желби, клетви, соништа, запишани во стихови и објавени во оваа книга“.

Во „Современост“ бр. 3 и 4 од 1996 година, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, говорејќи за ова дело на Катин и Танаскова, нагласува: „Пред нас имаме покомплетен избор на поезија од нашите сонародници во Австралија, Европа, Канада и САД, инспирирана од иселеничкиот копнеж и носталгијата кон Татковината. Иако нашиот човек се населил во различни средини, во држави многу оддалечени едни од други, нивниот носталгичен сон по <стариот крај> останува длабоко всаден во нив. Преселбите, непроспиените деноноќија, немирите што ги носеле новите средини, логично, наоѓаат посебен израз кај поетите што ни се претставени во изборот на ова книга“, вели Стојчевска цитирајќи, притоа, стихови од Џим Томев, Илија Башевски, Андреа Бранов, Васка Дренкова, Иванка Петровска, Пандора Петровска, Панде Манојлов, Доне Качоров и други поети.

Освен носталгични звуци кај поетите Македонци од Европа, Канада и САД, стиховите на австралиските поети не ги забораваат личностите од рангот на Александр Македонски, Гоце Делчев, Григор Прличев, свети Климент Охридски и други ликови од македонската историја, на кои многумина им посветиле песни.

Во 1998 година Катин, во коавторство со Фиданка Танаскова ја објавува Монографијата за Македонскиот клуб „Илинден 1903 од Хамбург Германија“ („Македонска искра“ – Скопје, 1997, 1-86, на македонски)., по повод дваесетгодишнината од неговото формирање, во издание на „Македонска искра“ од Скопје. По тој повод, претседателот на Клубот Никола Грујовски, во воведот истакнува:

„Германија како наша втора татковина ни овозможи нам на Македонците дел од својот живот, по силата на економските околности да го минеме во рамките на една стара европска цивилизација. Просторно најблиска на нашата Татковина, овозможувајќи ни да ги остваруваме своите потреби и интереси на начин кој обезбедува зачувување и развивање на нашиот национален и културен идентитет. Оттука и нашата благодарност кон оваа држава, која меѓу првите ја призна Република Македонија како самостојна и независна држава и со неа воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади“.

Говорејќи за Клубот, Љубица Хаџи Георгиева, како негова истакната активистка, во поговорот на монографијата истакнува:

„Дваесетгодишниот јубилеј – гледан од аспект на историјата е многу кус и незначаен период. Меѓутоа, погледнат од аспект на идејата, мисијата и улогата на луѓето кои се собираат и му дават живот на тој Клуб, јубилејот е многу важен и многу значаен за сите нас. Во почетокот, истакнува таа, нашите луѓе се наоѓале на маргините на општествените настани во новата средина, одвај забележани. Но, со време, секој од нив со својот придонес, позитивен или негативен – со своето дејствување, или, едноставно, живеејќи во тие краишта, стана значаен фактор, носител на информации, белези и карактеристики на еден народ кој дотогаш во новата средина бил своевидна енигма. А Клубот во Хамбург и околината стана мост меѓу Македонците и Татковината, чувар на вредностите кои им овозможија да го зачуваат својот идентитет“.

Одбележувајќи го овој настан, „Нова Македонија“ во мај 1998 година, истакнува дека Катин и Танаскова прават многу успешен спој на своевидниот временски мост, нагласувајќи ја големата мисија на Клубот „Илинден 1903“ и црковната општина во мултикултурната средина во Хамбург.

За егзодусот на Македонците, расеани на сите континенти и нивната вековна битка за опстанок и зачувување на својот национален идентитет, Катин продолжува да зборува и во неговото наредно дело „Македонски иселенички паноптикум“ (Друштво за наука и уметност, Битола, 1996, 1-296, на македонски јазик). Негова преокупација се пулсациите на нивниот ангажман во изградбата на новата и одржувањето на врските со старата татковина, со што во иселеничката галаксија вградува нови и привлечни соѕвездија, со кои е автентичен и препознатлив, не само на нашите, туку и на други меѓународни простори, на кои, не случајно, е се’ почесто присутен.

Очигледно е дека истражувачката трансферзала на Катин се движи во координати кои откриваат низа сличности во одот низ маките на македонскиот и еврејскиот народ во Европа и светот, правејќи ги комплементарни за проучување низ феноменот на миграциите во планетарни рамки, но и низ нивните генетски пориви и нивното влијание врз промените во државите во кои се стационирани на подолг рок. Во „Македонскиот иселенички паноптикум“, Катин, низ сите аспекти, тоа евидентно го покажува и докажува, откривајќи низа значајни визури од животот и дејствувањето на македонското иселеништво во развојот и унапредувањето на економските и културните процеси во тие држави, со што и ги збогатува општите сознанија за скромниот придонес на Македонците и на овој план.

Посебно место во ова значајно дело на Катин имаат процесите на сопственото организирање и функционирање на Македонците во новата средина, а во тие рамки и придонесот на Македонската православна црква, која не само што ги организира и координира, туку и успешно ги синхронизира иницијативите и активностите на Македонците, без оглед на нивната социјална структура. Причините за тоа, не се само во дистанцата од родниот крај или во носталгијата за него, туку и во чувството за припадност на една стара етничка заедница, чиј опстанок зависел и зависи од функционирањето на законитостите релевантни за <освојување> на просторот во рамките на други планетарни простори и цивилизации. Токму поради тоа и укажувањата на Катин дека Македонија како самостојна и независна држава треба посмело да ги користи светските искуства на нашите сонародници во САД, Канада, Австралија и Европа (Европската Унија), кои нам во овој поглед, очигледно ни недостасуваат.

На промоцијата во Друштвото за наука и уметност во Битола, д-р Трајко Огненовски го истакна следното: „Македонскиот иселенички паноптикум“ на Катин нуди една нова диоптрија за поинакво фокусирање на миграционите процеси меѓу Македонците. Таа е книга за едно пофундирано проучување на овој феномен, кој своите вистински димензии, значење и суштина, се’ повеќе ќе ги добива токму во оваа фаза од развојот на Македонија, како независна држава и рамноправен меѓународен субјект, прифатен и признат од светската заедница на народите, со своја историја и култура, без чии вредности не може да се замисли ризницата на светската култура.

Дел од богатствата на македонскиот дух, преку фолклорот, музиката и песната, носијата, накитот и резбата, веќе се присутни на културните простори на државите во кои Македонците се времено или трајно населени, како што е присутно и нивното книжевно творештво на својот мајчин или на јазикот на кој зборува македонскиот народ. Во сегашниот миг, а и во иднина ова дело, како и целокупниот опус на Катин, ќе претставува значајна и своевидна аргументација за одбраната на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот“

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

ОСВЕТУВАЊЕ НА ПРВИОТ ГОЛЕМ ДУХОВЕН МАКЕДОНСКИ ДОМ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ТОРОНТО

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонско сонце“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето, за која до]де мигот кој спага во оние најсвечените, вековните, историските, кога се отворија светите порти.

Се беше подготвено, се беше завршено. Луѓето го исчекуваа, веруваа и го дочекаа тој ден, имајќи со што да се гордеат, за што да наздрават и да прослават, за што заеднички да ја споделат големата радост.

За таа пригода специјално од Република Македонија допатува највисока делегација на Македонската православна црква, предводена од блаженопочинатиот архиепископ Охридски и Македонски господин господин Доситеј, која беше толку срдечно пречекана од страна на многу верници и активисти кои дојдоа на аеродромот за да го поздрават Неговото блаженство г.г. Доситеј со неговите соработници. По величественото добредојде, беше упатен заеднички апел, во кого се повикуваат сите Македонци и Македонки, граѓани на демократска Канада, на 18 април 1965 годинада да присуствуваат на осветувањето, на евангелисувањето на МПЦ “Св. Климент Охридски”, со што, уште еднаш, како што беше речено, ќе ја докажат својата љубов и приврзаност кон мајката Македонска православна црква во мултикултурна Канада.

И осамна тој долгоочекуван ден – 18 април 1965 година, кога и конечно се предадоа клучевите и се отворија светите лорти за сите верници, за сите добронамерници и љубители на правдата, верата и вистината. Тогаш негово блаженство архиелископот Охридски и Македонски господин господин Доситеј во придружба на неговото високопреосвештенство митрополитот Злетовско-струмички Наум, на протаставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, протаѓакон Стојан Јанковски и архиѓаконот Кирил Поповски, пред сиот тој насобран народ кој специјално за оваа пригода од многу страни доЈде да го види на дело трудот на своите собраќа, ја осветија новата црква.

2pop

Момент од осветувањето на цркаата “Св. Клнмент Охридски”

Чудесна беше глетката кога по благословот народот си подаваше раце, си честиташе, се бакнуваше, и се прегрнуваше, посакувајќи долговечна мисија и голема радост непрестајно да се излева во него Во тие моменти кон народот свој македонски и кон многуте гости се обрати неговото Блаженство г.г. Доситеј, кој меѓу другото. рече:

Драги сонародници, возљубени чеда на Господа,

Прекусо е времето и прејаки се чувствата за да се зборува, уште повеќе да се даде оценка на големината на делото што денес го извршивме, во спава на Господ Бог, со негова и со помошта на св. Климента, Наума и другите наши светители. Само историјата ќе може да го каже својот збор и да го одреди местото на големото и на Бога угодно дело остварено низ светите молитви, принесени на жртвеникот Божји при осветувањето на храмот “Св. Климент Охридски”, во убавото Торонто, во прекрасната и благородна канадска земја. Големината на светиот чин што денес го завршивме се состои во   тоа   што е  изграден и осветен уште еден храм во кој ќе се слави името Божјо. 

Оваа црква е паметник на првоапостолот и патронот на Македонската православна црква, ученикот на светите браќа Кирил и Методиј. светителот и просветителот Св. Климент Охридски Чудотворец, што е создадено свето катче, сврзано со мајката црква и мајката земја. бидејќи во денес осветениот храм Божји е вѕидана – земја од црквата “Св. Климент Охридски“ од Охрид, и во ова катче од денес, на мајчиниот македонски јазик ќе се слави името Божјо, и најпосле што е храмот “Св. Климвнт Охридски” вo Торонто?

Тој е неразделен дел од обновената Охридска архиепископија, Македонската Светиклиментова лравославна црква. Новиот монументален храм, издигајќи ја славата на Македонска православна црква, пред овие и идните поколенија, едновремено ќе биде сведоштво и благодарност за љубовта и за трудот што нашите сонародници кои го изградија и се вградија во Божјиот овој храм. 

3pop

Од пречекот на поглаварот на МПЦ г.г. Доситеј со делегацијата во Торонто

Мили мои чеда во Господа,

Осветувајќи го својот храм Божји, во кој од денес на родниот мајчин македонски јазик ќе се молите, ќе се слави името Божјо, вие не можете, а да не им заблагодарите и на сите оние при кои досега ctq ги задоволувале вашите духовни потреби. Признанието и благодарноста се одлики на нас Македонците. Co изградувањето и осветувањето на нашата Македонска православна црква во Торонто вие исполнивте само еден долг пред вашите дедовци и татковци, пред црковната и националната историја на македонскиот народ, Пазувите на обновената Светиклиментова Охридска архиепископија се широко отворени за да ги примат и да ги прегрнат сите Македонци. 

Осветениот храм Божји, нека внесе мир, љубов и единство меѓу сите сонародници – Македонци, нека низ искрените молитви кон Бога лродолжи духот на св. Климент и нашите дедовци кај сите вас, наши мили сонародници. Денешниов ден и светиов чин на осветувањето на македонската црква, длабоко верувам, ќе биде забележан со златни букви во нашата историја. Тоа е големо дело што ќе служи на чест и слава”, рече во својот говор г.г, Досиетеј.

Солзи радосници се лиеја по образите, а прегрнати и среќни луѓето си заветуваа дека ќе сторат се да придонесат пред се за свое добро и за иднината на своите дечиња. Во името на генерациите цјто доаѓаат, сите заедно се заколнија дека ќе го чуваат овој храм како најсакан дар, а кој отсега, па во иднина ќе биде незаобиколното место на нивното секојдневие. Тука ќе се развива еден широк, богат, значаен и потребен духовен културно-просветен, образовен и друг живот.

Тука ќе се внесе дух старокрајски кој во еден спој со новото, тукашното – канадското, ќе значи ем врска и незаборав на корените и македонското потекло, ем еден голем центар во кој ќе доаѓаат луѓе од сите возрасти и генерации, на свој начин ќе се прави спојот меѓу двете татковини – Македонија и Канада.

Продолжува 

1slave 1
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Појавата на македонскиот иселенички печат во светот е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија. Македонците во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја.

Во таа насока се настојувањата во овие продолженија во „Македонска нација“ преку публикацијата  „Македонскиот иселенички печат” (НИО Студентски збор“, Скопје, 1993, 1-254), да се претстават хронолошки по години информативните гласила пред читателите, да се прикаже љубота на Македонците кон пишаниот збор, вистината на иформирањето, постигнатите резултати на полето на новинарството и публицистиката и со еден аналитички пристап да се претстави историскиот развој на новинарската дејност кај Македонците во светот. Рецензенти од оваа научна студија се д-р Боро Мокров и д-р Весна Шопар, додека издавач е „Студентски збор“ од Скопје на чело со почитуваниот директор и учител во новинарството, Насте Стојкоски,

Мотивиран од Кенедиевата синтагма „Не прашувајте што сторила татковината за вас, туку што можете вие да сторите за неа“, Катин успеа да ја заврши и објави книгата која го опфаќа иселеничкиот печат од трите континенти – главно онаму каде што живеат и работат поголеми агломерации на македонското иселеништво – Австралија, Северна Америка (САД и Канада) и Европа (Европската Унија).

Во споменатите земји, за период од 45 години, печатот е опфатен со околу 150 печатени гласила и преку 40 радио и ТВ часови. Тој број денес е намален на активни гласила и радио и ТВ часови. Се работи за изданија (гласила) на одделни друштва, поединци или цркви кои се пласираат и пошироко од седиштето на нивното појавување.

Тој е свесен дека печатот во дијаспората е оној интегративен фактор кој на нашите иселеници им овозможува не само да ги афирмираат своите активности поврзани со националната припадност и културата, туку и да ги следат и бидат во тек со најбитните настани и случувања во нивната матична држава. Во истовреме, тие го збогатуваат и мозаикот на мултинационалните култури во САД, Канада, Австралија и Европската Унија, зашто македонските културни вредности, во светски рамки, претставуваат највисок цивилизациски дострел на една од најстарите нации во светот – македонската нација.

Публикацијата „Македонскиот иселенички печат“претставува прв труд од ваков вид во Македонија, кој има за цел да пополни извесна празнина во историографската анализа на печатот кај иселеништвото во Австралија, Канада, САД и Европа (Европската Унија). За нејзиното подготвување Катин користел многу извори (публикации, научни трудови, извештаи, разговори и други архивски податоци), но и сопствениот фонд со кој располага за оваа сфера, врз основа на неговите долгогодишни истражувања.

Книгата “Македонскиот иселенички печат” од Славе Николовски – Катин е резултат на неговата долгогодишна истражувачка работа во областа на печатот и новинарството и достигнувањата на македонските иселеници во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји. .Таа е подготвена со цел да пополни празнината во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од 1945 година, односно од конституирањето на НР Македонија од 1992 година, времето кога Македонија стана самостојна суверена и независна држава.  Оваа книга има исто така за цел да биде помош за новинари, културни, историски, политички, научни и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници во новата средини.

Весниците во голем број случи го носат името “Македонија”, кое јасно говори за нивната силна врска со нивната дедовска земја, додека одреден број гласила носат името на историски настан или личности од старата татковина. Така, под името “Македонија” во Австралија, Канада, САД и Европа има 40 гласила чии содржини вклучуваат културни и историски настани, настојуваат да ги разбудат патриотските чувства кај читателите и, уште поважно, тоа се гледа како еден начин на поддршка на Македонија.

http://mactel.com.au/newsite/uploads/zdruzenie na novinari na makedonija.jpgКако по некое непишано правило, издавачката продукција на Катин секоја година се збогатува со нови дела за македонската иселеничка галаксија. Во 1993 година се појавува неговиот „Печалбарски копнеж“, („Матица македонска“, Скопје, 1993, 1-156, на македонски, а е посветен на неговите родители) кој доживува и второ издание и беше промовирано во Здружението на новинарите на Македонија.

„Во преку 44 публицистички текстови за македонските иселеници во Америка и Канада, Катин раскажува за своите средби и разговори со нив во македонските православни цркви, клубови и друштва, во овие две големи држави на Американскиот континент. Пред нас дефилираат најразлични човекови судбини на повеќе генерации македонски иселеници, чии заеднички одлики, како своевидни мотиви во овие раскажувања, се носталгијата кон родниот крај, врските со старата татковина и стремежите за зачувување на нивниот национален и културен интегритет“, истакнува д-р Томе Саздов во својот предговор кон ова дело.

Со оглед дека „Печалбарски копнеж“ се појавува само две години по осамостојувањето на Македонија, како суверена и независна држава, во неа посебен акцент е даден на заложбите на македонските иселеници за брза консолидација и успешна трансформација на земјата во демократска држава и нејзината ориентација за вклучување во евроатлантските структури. Во овој историски момент, заедничка и единствена благородна цел на сите Македонци, е развојот на Република Македонија како матица на сите свои чеда, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат и на кои меридијани тие живеат.

Од тие причини, ова дело на Катин е богата, автентична и значајна современа хроника на македонското иселеничко движење во дијаспората, во случајов во САД и Канада. Всушност, по книгата „Во Австралија како дома“, со овој свој нов ракопис, Катин ги заокружува своите репортерски записи и кажувања за бројните македонски иселеници. Тие првобитно биле само макотрпни печалбари, а денес се и видни граѓани на земјите во кои живеат и работат во попријатни околности, но со ненамалена желба и копнеж почесто да се најдат во преградките на својата прва татковина – Македонија.

Ваквите оценки за ова дело на Катин беа изнесени и на промоцијата на книгата во Матицата на иселениците од Македонија, во излагањето на нејзиниот претседател д-р Димитар Керамичиев, како и во кажувањата на Фиданка Танаскова, уредник во „Нова Македонија“ која, меѓу другото, вели дека авторот на оваа книга сторил завиден напор да ни стави на дланка макар парче од таа разгранетост и реалност на македонскиот етникум ширум северно-американскиот континент.

Значајно е да се одбележи дека во рамките на Илинденските иселенички средби во Љубојно се промовираат поголем број литератуни дела на љубанци, со особена нагласка на творештвото на Славе Николовски-Катин. Така, на  2 август 2000 година, на „Полена“, а пред голем број љубанци, туристи, гости и намерници на средбите беа промовирани книгите: „Печалбарски копнеж“, „Македонски иселенички паноптикум“ и монографијата за најголемиот донатор од иселеништвото „Атанас Близнаков“ чии  автор е Славе Катин. Пред присутните, на „Полена“ за трите книги и за творештвото на Катин зборуваа проф. д-р Томе Саздов, д-р Петре Лубаровски и Бошко Рајчовски – Пелистерски.

http://mactel.com.au/newsite/uploads/mpc sveti kliment ohridski toronto.jpgУште незаборавени импресиите од делото „Печалбарски копнеж“, пред читачката публика, во 1994 година се појави “Македонски вознес“ (МПЦ „Свети Климент Охридски“, Торонто, 1994, 1-232, на македонски и англиски јазик).  на Катин и Ф. Танаскова, монографија за Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто, која, во истовреме, е и издавач на ова дело.

Во својата рецензија за книгата, полошко-кумановскиот архиереј, митрополитот Кирил, истакнува дека големиот празник, тридеценискиот јубилеј на светиот македонски храм „Свети Климент Охридски“ во Торонто е вистински македонски вознес за сите браќа и сестри од род македонски, за сите имени и безимени кои вградија огромна љубов, дарување, труд и самопрегор во неговите темели и го подигнаа овој прекрасен и најголем соборен храм на северноамериканскиот континент.

Црквата била и останува да биде симбол на македонското име, непокор, тврдокорност и постоење на далечните прекуокеански простори, во чии двери пулсира една извонредно динамична активност, атрактивна, привлечна и неодминлива за сите генерации Македонци, подвлекува митрополитот Кирил во предговорот под наслов „Летопис на генерациите“.

„Повеќе од еден век е зад нас откако од македонската родна земја кон канадскиот простор тргна и се’ уште трае масовната брановита преселничка река. Така, денес само во Торонто е формирана повеќе од стоилјадна македонска комуна. Во сите години зад нас, македонскиот етникум разви импозантен самоорганизиран колаж кој оствари извонредно широка и значајна активност на сите полиња. Црквата „Свети Климент Охридски“ со оваа монографија го овековечува своето постоење и мисија“…, истакнува вториот рецензент на оваа книга, Христо Андоновски.

Во посветата на монографијата за црквата „Св. Климент Охридски“, г.г. Михаил вели: „Плодот што го роди дрвото посадено од свети Климент Охридски во Македонија, доведе до создавање на Охридската архиепископија, која денес постои во лицето на Македонската православна црква. Корените на тоа Светиклиментово дрво се раширија насекаде низ цела Македонија и светот и стасаа до северноамериканскиот котнинент, каде изникна еден од најголемите и најзначајни духовно-национални и културно-просветни храмови што македонските иселеници го имаат – соборниот храм-црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Во изминатите три децении црквата оствари значен црковен, духовен, национален и културен развој, со што даде голем придонес во севкупното живеење на македонските доселеници од сите делови на Македонија и го збогати мозаикот на демократска и мултикултурна Канада“.

Промоцијата на ова дело е извршена во Соборната црква на Американско-канадската македонска православна епархија „Свети Климент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело е промовирано и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото на Катин и Танаскова претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Трајановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како реликвиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-национална историографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Струмица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа професорите д-р Вера Стојчевска Антиќ, универзитетски професор и д-р Димитар Керамичиев, како претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

Продолжува…  Душан Ристевски

ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕН – ТЕМЕЛНИКОТ НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ СВЕТ ХРАМ ВО ТОРОНТО

1klimВо ова продолжение за читателите на порталот „Македонско сонце“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето. Нестрпливо беше исчекуван денот кога ќе биде ставен камен-темелникот и осветена првата лопата бетон што со аирлија и благослов ќе се стави во него.

Имено, Беа завршени сите подготовки, сите трчкања, беа испратени поканите до сите верници и гости, a на локацијата беше поставена првата табла на која се повикуваше народот да учествува во градбата на својата прва македонска црква, што беше и гаранција дека се ќе почне и ќе заврши во предвиденото време.

На тој 5-ти април 1964 година, претпладнето, на тоа свето македонско парче земја, се слеваше река народ од сите страни на Онтарио, сакајќи на самото место да ја увеличат големата веселба. По црковната богослужба, точно во 13.30 часот после пладне, во беспрекорен ред, се тргна кај новото место за изградба на македонската црква.

Напред се вееше големиот барјак на света Богородица, a no него дечиња носеа пет црковни икони. Потоа во колоната беше свештеникот во блескаво одејание од чија лева и десна страна масата луѓе ја красеа млади Македонци во живописна народна старокрајска носија. Неколку чекори по нив, беа претседателот, потпретседателите, секретарот и воопшто сето црковно настојателство, предводејќи ги оние околу 500-мина што ја чинеа големата поворка.

Глетката беше импресивна. И разбирливо што претставниците на медиумите со камери и со пишан збор трчаа постојано да го овековечат настанот, Во 13.45 часот, во присуство на претставниците на месната власт, претседателот на околијата и членот на Контролниот комитет г-дин Арчар, како и од претседателите иа општините Лисајд – госпоѓата Никсон, се почна со овој голем, голем чин – осветувањето на темелот. По тој повод во специјална кутија беше ставена посвета на македонски јазик, а во неа меѓу другите пораки беа запишани и имињата на сите настојатели и местото на нивното раѓање во Македонија.

На 5-ти април 1964 година на протоставрофорот Кирил Стојановски му падна честа на свечен начин да го вгради камен-темелникот и Повелбата. Осветувајќи ги темелите, тие беа поставени на здрава основа и гранитен камен, на кого не ќе можат “да му оддолеат ни вратите на пеколот”, беше речено на свеченоста.

3klimПоставување на каментемелниког на црквата Св. Климент Охридски”

На присутните потоа им се обратија свештеникот Кирил Стојановски, гостите – претставникот на канадските власти, претседателот на новиот духовен дом Сгиро Сандерс и секретарот Дон Папас, сите топло и долго поздравени од масата народ што го исполни овој плац и што сакаше ете, одблизу да го види чинот на осветувањето. Потоа, присутните беа почестени со кафе и колачи, a ce развија и македонски песни и ора. Луѓето празнуваа, се радуваа на овој редок момент, на поставувањето камен -темелник на новата Македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто.

Славјето беше и мина. Радоста што се почувствува на лицето на секој присутен, беше обврска што побргу и што поубаво да биде  подигнато  новото  светилиште.   Набргу беше  обезбеден  и првиот заем од 120.000 долари, а на градилиштето катадневно се дотураше се она што беше потребно за градбата. Визионерот и творец дедото Петре (Питер) СтоЈанов беше постојано зафатен како и толкутемина Македонци околу градбата ама смогна сили и најде време да ја нацрта.

Насликал чудесен спој на генерации, еден симбол возвишен со подадените раце на луѓето. Ракувајќи се тие го изразуваат својот стремеж да бидат еден ден заедно така како што се едно браќата од Егеј, од Вардар и од Пирин, a во Канада слогата и разбирањето да ги красат сите честити луѓе. Во горниот дел патот го осветлуваат сончевите зраци. и целосниот лик на светиот народен храм, „Св. Климент Охридски”.

Мошне убаво компонирани елементи, големи симболи и силни пораки. Се правеше се црквата што побргу да биде готова. За цело време градилиштето беше посетувано од неброени Македонци, кои нежалеЈЌи го своето време доаѓаа, помагаа и уживаа гледајќи како пред нивни очи се раѓа прекрасното ново здание, македонскиот храм на канадската земја. Восхитот беше дотолку поголем што е остварен долгиот сон да се има свое катче, да се престане шетањето од една до друга туѓа црква, и да му се стави крај на однародуеањето и присвојувањето кој како ќе стигне и престигне.

4klim

Храмот е веќе факел и светилник кој ќе го краси и ќе го афирмира македонското име. He еднаш меѓу луѓето можеше да се чујат и овие зборови на восхит кои можеби и на најдобар можен начин говорат за значењето на црквата, за нејзината огромна и незаменлива улога на канадските простори.

Овој труиф народен – заеднички ги поттикна луѓето да ја воспеваат победата, како македонска победа,  а на младите и најмладите, на поколенијата што доаѓаа, на нивните деца и внуци да им даваа ука и совет на секого да му ја раскажат убавата приказна за македонското ново големо духовно дело.

Ако некој запраша: колку пари чини вашата црква? – Вие одговорете: Нашата црква бидејќи е првата и најголема изградена на овие простори и надвор од етничко географските граници на Македонија – таа е – без цена.

Ако некој праша колку е висока? Кажете му:  Нејзината височина го достигнува небото.

Ако продолжи и натаму да ве прашува и ви рече: А колку е широка? Тогаш одговорете му: Co својата широчина ја обвива земјата.

И најлосле доколку љубопитниот посака да дознае колку ќе и биде долг животот? Тогаш, гордо и одважно ставете му го до знаење   ова:   Должината   на  нејзиниот живот е само – вечноста.

Вистина, храмот блесна со сета раскош и убавина кога вредните градителски раце го завршија целосно. Во неговите ѕидини, во неговите двери се вградени љубовта и вербата дека заедно може да се победи се: многуте маки, тешкотиите, многуте проблеми и најразличните сопки и пречки што особено ги задаваа непријателите, неможејќи да се помират со тоа што Македонците со братска слога и со љубов ја изградија својата голема значајна и убава црква. И дека е тоа заедничко дело на сите, без ралика од кој крај потекнуваат, без разлика на големите жртвувања, без разлика кој колку и како можеше да помогне.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

ПАПСКИ АПОСТОЛСКИ ПИСМА ВО ВРСКА СО КУЛТОТ НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ДЕЛ ОД ПОКЛОНЕНИЈАТА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

По смртта на браќата светители Кирил и Методиј, нивниот најран забележан светителски ореол се среќава во синаксарот на Асемановото евангелие. Ова изборно евангелие е датирано различно, но за најран датум се смета крајот на Х век. Ова говори дека нивниот култ бил рано оформен и веќе влезен како канонизиран непосредно по нивната смрт. Нивната светителска традиција се пренесувала во словенските земји, па и пошироко. Европа била запозната со нивната епохална дејност.

На 30 септември 1880 година, папата Лав XIII посебно го апострофира и прошири нивниот култ со Енцикличното послание „Grande Munus”. Со ова послание нивниот култ посебно беше нагласен во Европа .

Папата Павле VI, со Апостолското послание „Pacis nuntius”, од 24 октомври 1964 година го прогласи свети Бенедикт за покровител на Европа. На 31 декември 1980 година, папата Јован Павле II го издаде Апостолското послание „Egregiae Virtutis”, со кое ги прогласи светите Кирил

и Методиј за сопокровители на Европа, заедно со светиот Бенедикт. Со ова писмо вниманието на Европа се сврте кон свети Бенедикт и кон светите Кирил и Методиј.

На 2 јуни 1985 година, папата Јован Павле IIго издаде Енцикличкото Послание за словенските апостоли, упатено до сите епископи, свештеници, монашки заедници и до сите христијани, во спомен на евангелизаторското дело на светите Кирил и Методиј. Во него папата го нагласува нивното епохално дело, евангелизаторското слово меѓу Славените, нивните настојувања за заеднички братски живот, за почитувањето на достоинството на секој народ, заради што и нивната слава се разлеа надалеку.

Не случајно папата Јован VIII во далечната 880 година ја одобри употребата на словенскиот јазик во богослужбата, преведена од светите браќа. Ова послание е по повод 1100-годишнината од смртта на Методиј, со што папата Јован Павле II се осврнува на најважните пунктови од нивниот апостолски, просветителски и творечки пат.

2rimРим

Оваа енциклика е преведена на повеќе јазици, а на македонски гласи: „Енциклично послание за словенските апостоли од врховниот архијереј папата Јован ПавлеII”.

Енцикликата од 1980 година гласи: „Litterae apostolicae ѕѕ. Cyril/us et Methodius, totius Europae caelestes apud deum compatroni а ѕитто Pontifice notu proprio constituuntur”.

Комплетниот италијански печат им даде значајно место на вестите за високиот ранг на светите Кирил и Методиј.

Денот на свети Кирил и Методиј, на 28 ноември 1985 година во Брисел свечено беше прославена 1100-годишнината од смртта на Методиј, во организација на ,,lnstitut Libre Marie Нарѕ”, во Конгресната палата, сала Бенелукс.

Свечениот пленарен собир го отвори К. Ј. Верлеј со рефератот: „Европеизација и екуменизмот на Кирил и Методиј“, а втор настапи П. Девос. Од Републи ка Македонија учествуваше Вера Стојчевска-Антиќ, со реферат за датирањето на некои словенски ракописи од раниот период на писменоста. Ф. Ј. Томсон говореше на тема за старословенските преводи, а М. В. Паријс за светите Кирил и Методиј.

 

Нашиот претставник проф. В. Стојчевска-Антиќ го запозна Универзитетот во Брисел и членовите на Славистичката катедра. Во Институтот контактирше со А. Ј. Фаниел, кој предава руски јазик и литература и кој повеќе пати потоа гостувал на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Скопје и Охрид.

Прочитаните реферати се објавени во “Laпgage l’homme\ (lnstitut Libre Marie Нарѕ\, Bruhelles vol. 21/1986). Директор на Институтот бешегоспоѓата Ц. Голоши-Жиблет.

Стјепан Антолјак и Бранко Панов: „Средновековна Македонија”, том I-III,издавач „Мисла”, Скопје 1985.

Публикацијата „Средновековна Македонија” опфаќа три тома. Во обемната содржина се застапени монографии, статии и други позначајни научни трудови. Истите автори ги имаат пишувано во периодот од 1958 до 1983 година. Поголемиот број од трудовите се објавени низ страниците на повеќе списанија, зборници и други публикации, а дел од нив за првпат се објавуваат овде. Ова импозантна издание содржи поширок преглед на македонското културно и историско минато. Опфатен е периодот од населувањето на Славените во Македонија до првите векови на османлиското владеење, т.е. периодот меѓу VI и XVI век.

Наум Охридски. „Научен зборник“, издавач Историски архив-Охрид, Охрид 1985, стр. 1-130.

Овој научен зборник посветен на Наум Охридски, претставник на првата генерација кирилометодиеви ученици, содржи десет научни прилози од исто толку научни истражувачи. Како што ќе биде забележано и во воведниот дел на Зборникот, главна иницијатива за неговото составување е „да внесе нови светлини во една одамна присутна празнина во научната литература – делото на Наум Охридски и севкуните традиции на неговиот манастирски комплекс”. Содржински, прилозите се одинтердисциплинаренкараткер и опфаќаат дотични истражувања од областана лингвистиката, историјата, книжевноста, ликовната уметност,архитектурата, палеографијата, археологијата и психијатријата.

Јован Белчовски, „Автокефалноста на Македонската православна

црква”, „Студентски збор”, Скопје 1986.

Овој труд е пресек на историјата на Македонската православна црква од времето на Самоил до ден-денес.

Продолжува

 
1 slave1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

ДОСТОЈНА ПОЧИТ НА ДРЖАВНАТА И ЦРКОВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (20)

Манифестацијата на македонското културно и духовно создавање ,Денови на македонската култура” и во 1976 година се одржа во Рим и Неапол од 23 до 27 мај. Таа уште еднаш ги отврди можностите за успешно презентирање и афирмирање на македонските културни духовни дострели и во средини каде што на овој план се зацртани богати традиции. Ваквите релации добиваат особено значење во светлината на фактот што манифестацијата во Италија се одржува во чест на рамноапостолот свети Кирил Солунски, чии мошти се наоѓаат во базиликата „Свети Климент Римски”.

Се чини посебна чест што во слава на епохалното дело на свети Кирил,што стои во основата на писменоста и културниот развиток на словенските народи, се презентира македонскиот растеж од културата и црквата , кој се посведочено и поевидентно се вклучува во европските културни и духовни текови.

И оваа година како и во седумте минати, во Рим допатува делегација со претставници од државата и од црквата, и тоа: Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква како водач на делегацијата го одреди преосвештениот епископ пелагониски г. Ангелариј, а членови беа прота-саврофор Велко Филиповски, ѓаконот Јован Таковски и г. Јовица Симоновски , додека државната делегација ја предводеше академик Ацо Шопов, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, во која се наоѓаа и членовите д-р Радмила Угринова-Скаловска, професор на скопскиот Филолошки факултет и Михаил Бенде, помошник претседател на Комисијата, како и Ансамблот за игри и песни „Танец”.

Во деновите пред молебенот, црковната делегација посети повеќе понтификални просветни институции , меѓу кои: Ориенталниот институт, Институтот „Русикум”, Словачкиот институт „Свети Кирил и Методиј” и манастирот „Гротаферата”, кој се наоѓа недалеку од Рим. Исто така, делегацијата ја посети Руско-католичката црква „Свети Антониј”, каде присуствуваше на светата литургија. Потоа, епископот г. Ангелариј, во сослужение на прота-ставрофор Велко Филиповски, отец Антоние Корен и ѓаконот Јован Таковски отслужи панихида за настраданите во земјотресот што веќе ја беше зафатил Северна Италија. На панихидата одговараше хорот на Ориенталниот институт, а потоа епископот г. Ангелариј одржа пригодна слово, во кое, меѓу другото, рече:

2dosНеапол

„Веста за катастрофалниот земјотерс што ги снајде североисточните предели од вашата земја длабоко ги трогна сите југословенски народи, а особено нас Македонците кои пред 13 години ја доживеавме истата несреќа, кога катастрофалниот земјотерес го разруши нашиот главен град Скопје и однесе голем број човечки животи. Чувствувам света должност пред Бога, Господарат на живите и мртвите, да принесеме молитва за покој на душите на загинатите од земјотресот, за простување на нивните волни и неволни гревови и за живот вечен во царството небесно. Се молиме и за утеха на членовите на нивните семејства кои ја преживеаја оваа трагедија”.

На 24 мај, пак , делегацијата на Македонската православна црква, културната делегација, претставниците на амбасадите, ансамблот „Танец” и бројните поклоници кои пристигнаа од Македонија влегоа во базиликата „Свети Климент Римски”. Сите тие се поклонија пред моштите на свети Кирил Солунски што се наоѓаат на престолот во базиликата, а потоа се формира литија до гробот. Хорот на црквата „Света Петка” од Скопје го пречека епископот г. Ангелариј , а потоа со пеење стасаа до гробот, на кој делегацијата на СР Македонија на чело со академикот Ацо Шопов, претставници на амбасадите положија венци со пригодна посвета.

Веднаш потоа, почна молебенот, на кој покрај пелагонискиот епископ г. Ангелариј, служеа прота-ставрофор Велко Филиповски, ѓаконот Јован Таковски, како и членови на делегацијата, а со благослов на епископ г. Ангелариј зедоа учество протојереите ставрофори Трајан Митревски, ректор на Македонската православна богословија во Скопје, Славчо Петров, старешина на црквата „Света Петка” во Скопје и свештеникот Илија Димитриевски, парох од Скопје.

Молебенот се служеше на македонски јазик, а на ектенијата на оваа света молитва одговараше хорот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец” од Скопје облечени во народни македонски носии, со кој диригираше г. Ѓоко Димчевски кој годинава допатува ро Рим за да учествува на манифестацијата „Денови на македонската култура”.

По молебенот, епископот Ангелариј одржа пригодна слово, во кое, покрај другото, рече: 

… На небескиот небесклон над вечниот град Рим, светлеа безброј ѕвезди. Се радуваме што една од тие е и ѕвездата на нашиот народ и на сите Славени, големиот сесловенски просветител и учител, св. Кирил Солунски. 

Во времето на /Х век, словенските народи, кои живееле во незнаење и под сенката на смртта, светите солунски браќа, со светлоста на Христовото евангелие, ги просветиле и ги накалемиле, како диви маслинки, на благородното стебло на христијанството. 

Во вршењето на оваа божествена мисија извршени се големи дела, но епохално и значајно за нас, како и за сето словенство е создавањето на нашата прва азбука и описменувањето. Јазикот на македонските Славени, од Солун, што светите браќа добро го познавале, го овековечија со словенското писмо, преведувајќи ги потребните книги, за светите богослужби и христијанската просвета што им беше доверена од кнезот Ростислав во Моравија. На тој начин ја поставија цврстата основа за натамошното црковно и културно издигнување на словенските народи. 

Христовата наука проповедана на словенски јазик – мајчин јазик, и на моравските Славени падна како здраво семе на плодната земја во широката нива на словенската душа. Нивните сотрудници и ученици, слично на Христовите апостоли, од Моравија, каде ја адвија мисијата Свети Кирил и Методиј во проповедањето на Христа, се растуриле по сите словенски земји и го проповедале и утврдиле започнатото дело на своите учители…

По молебенот и говорот на г. Ангелариј, професорот отец Лацко ги запозна присутните со историјата на базиликата „Свети Климент Римски” и со историјата на критпата во која се наоѓа гробот и светите мошти на свети Кирил Солунски. Потоа, епископот Ангелариј се заблагодари на старешината на црквата и изрази топла благодарност за грижата околу чувањето и одржувањето на гробот на просветителот и учителот свети Кирил.

Во текот на манифестацијата се одржаа бројни средби и разговори со претставници на ватиканските институции. Од приемите треба да се истакне оној кај кардиналот Шепар, со ректорот на Институтот „Џуридичи”, г   Кармело Нигро, како и со бискупот Роман Тореља, при

што домаќините покажаа големо интересирање за животот и активностите во Македонската православна црква, богословијата, можностите за развој на кадрите и друго.

Државната делегација, пак, покрај другото, беше примена од директорот на Одделот за источно-европски студии при Институтот за ориентални јазици на Универзитетот во Неапол – познатиот италијански лингвист, професор Нула Миниси, кој, меѓу другото, рече: „Сите култури и јазици имаат исто предимство, зашто сите народи и мали и големи имаат исто значење во контекстот на остварените вредности на човековата цивилизација”. Овие зборови имаат и практично значење.

3dosОхрид

Имено, македонскиот јазик е еден од 70-те јазици што се изучуваат на Институтот во Неапол, кој по својата намена и значење е единствен во Италија и е еден од ретките во светот. Лекторатот за македонски јазик е формиран во 1970 година и во неговото досегашно работење триесетина студенти ги завршиле студиите под раководство на лекторот Наум Китановски.

„Деновите на македонската култура” во Италија годинава беа под знакот на презентирање на македонското фолклорно богатство. За тоа се погрижи Ансамблот за народни игри и песни „Танец” од Скопје кој со концертите во преполнетите сали на „Театарот Париоли” во Рим и во театарот „Сан Фердинандно” во Неапол ги освои симпатиите на публиката.

Посебно треба да се одбележи предавањето на сликата „Свети Кирил и Методиј” од Димитар Кондовски на Музејот на современата уметност со религиозна тематика во Ватикан, којашто претставува прво уметничко дело од Македонија што влегува во редот на еден извонредно богат фонд од врвни светски остварувања.

Подвлекувајќи дека делата на многу сликари живо сведочат за култот на Кирил и Методиј и на нивните ученици и дека една таква традиција ги инспирира и современите македонски сликари, Ацо Шопов при предавањето на сликата рече дека меѓу нив посебна заслуга му припаѓа на академскиот сликар Димитар Кондовски, кој во својот богат опус постави еден дефиниран префинет однос кон културното наследство на својот народ.

Понатаму академикот Шопов нагласи дека ова дело носи искрени пораки со кои македонскиот народ го дава својот дар како знак за особена почит кон споменот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, така и во знак на благодарност кон вечниот град Рим во чии пазуви блажена почиваат моштите на свети Кирил Солунски.

Исто така, академикот Ацо Шопов по завршувањето на манифестацијата посебно подвлече дека годинешните успешни настапи го даваат правото за изнаоѓање нови фирми за што поцелосно искористување на реални можности македонското културно наследство и современите културни достигнувања да излегуваат на светската сцена, која се понагласено

ја изразува својата заинтересираност за она што се создава во Македонија. 

Cvetan Grozdanov: Les icons et les fresques du fresor de /а Macedoine, Skopje, 1976.

Меѓу светителските ликови неизбежни се старите портрети на словенските просветители.

Продолжува  

4dosПишува: СЛАВЕ  КАТИН

Осветување на темелите на црквата „Св. Климент Охридски“ во Берлин

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (19)

Во донесената Одлука, меѓу другото, се вели дека Управата на македонска православна парохија при црквата „Свети Климент Охридски“, Западен Берлин – Германија, потпаѓа под канонска јурисдикција и под директна управа на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква со седиште во Скопје.

Истата, за своите потреби ќе се обраќа  до Светиот архијерејски синод, и ќе се управува според Уставот на Македонската православна црква и според правилата кои Светиот архијерејски синод ќе ги пропише за таа македонска православна црква.

Светиот архијерејски синод едногласно го потврдува и го официјализира  предложениот состав: Гоце Јаковлески, за претседател, Спасе Трпевски, за потпретседател, Стеван Доневски, за секретар и Јордан Јаневски, за благајник.

За жал, оваа желба и барање не се оствариле за формирање на црковната општина „Свети Климент Охридски“ и покрај тоа што сите подготовки биле направени за отпочнување на црковниот живот.

За среќа, Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“конечно била формирана на 17 мај 1991 година во Берлин, по поминати 18 години од првата благородна црковно-патриотска иницијатива на Гоце Јаковлески. Овој пат нејзин прв претседател на црковниот одбор бил Маноил Јаковлески – Мане брат на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски.

Инаку, на 27 јануари 2002 година на Годишното собрание, на предлог на надлежниот епархиски архијереј Неговото високо преосвештенство господин Горазд, Гојко Јаковлески со акламација е прифатен за доживотен претседател на црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин.

Во организација на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин, на „Осдорфер штрасе“ 16, во местото Лихтерфелде, со благослов на митрополитот на Европската епархија, господин Пимен, биле поставени темелите на црковниот објект – Крштилница, што ќе биде составен дел на Македонската православна црква во Берлин.

2.1.7

Како што соопшти Амбасадата на Република Македонија во Берлин, со чинот на осветувањето на земјиштето за изградба на црква, купено пред две години, и со поставувањето на темелите на придружниот објект, Македонците во Берлин го остварија својот долгогодишен сон да имаат свој сопствен црковен објект, како место каде што ќе го негуваат својот македонски идентитет, култура и верски обичаи.

На свеченоста на која присуствувале околу 1.000 Македонци од Берлин и од другите црковни општини од Германија и од Европа, како и многубројни Германци, пријатели на Македонија, се обратил амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Тој истакнал дека Македонија во последните 10 дена била присутна во германската јавност со три значајни настани. На 10 септември во Охрид на поранешниот германски претседател д-р Роман Херцог му било доделено највисокото  државно признание орденот „8. Септември“ за неговиот придонес како член на Бадинтеровата комисија, давајќи позитивно мислење за меѓународното признавање на Република Македонија, а пред една недела, на покана на сојузниот германски претседател д-р Хорст Келер, во неколкудневна посета на Берлин престојувала македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

– Чинот на осветувањето на местото за изградба на Македонска црква и поставувањето камен-темелник на придружниот објект Крштилница, исто така, е голем настан. Со ова почнале да се реализираат долгогодишните заложби  на Македонците во Берлин, со заеднички сили и со разбирање да изградат сопствена црква, истакнал Филипов кој им оддал признание на митрополитот на Европската епархија, Пимен, на претседателот на МПЦО „Свети Климент Охридски“, Стојмир Костадиновски, на сите сегашни и поранешни членови на управните одбори, како и на сите Македонци кои живеат и работат во Берлин, кои со своите финансиски прилози, но и со многу верба и труд придонеле за почнувањето на градежните работи за Македонска црква.

Да се навратиме малку во историјата, за да видиме дека оваа убава вест денеска  за сите Македонци од Германија, поконкретно од Берлин, всушност е продолжение на една поранешна иницијатива, која гледаме како успешно се развива.

Во 1991 година, Македонците во Берлин меѓу првите во Германија основале црковна општина, а за патрон бил избран свети Климент Охридски, светител, учител и просветител. Истата година бил  избран и Црковен одбор на чело со  господин Мане Јаковлески.

2.1.8  2.1.9

На 12 мај 1991 година, тогашниот митрополит брегалнички, а сега архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан, ја посетил црковната општина во Хамбург. Македонците од Берлин го поканиле да ги посети во Берлин и да ги поучи во словото на вистината. Митрополитот Стефан, како некогаш, светиот апостол Павле во Троада, кој имал видение во кое видел пред него човек – Македонец, кој дошол да го покани апостолот да ја посети Македонија и Македонците, ја прифатил поканата и го посетил Берлин.

На 17 мај 1991 година во просториите на Македонскиот клуб „Гоце Делчев“ се одржало основачко собрание и се одбрал Црковен одбор од 16 членови. Оттогаш, Одборот работи активно и веќе наредната година во ноември, митрополитите Тимотеј и Стефан дошле во Берлин и го осветиле иконостасот, во преполнетата црква од верници Македонци. Од тогашната глетка на присутните во црквата, може да се заклучи дека навистина не има доста, дури и повеќе од 4.000 Македонци.

Од 1991 година до денес, богослужбите ги извршуваме во црква во Берлин – Њеддинг.

Во јуни 2007 година, сегашниот одбор на чело со господин С. Костадиноски купил место за изградба на наша Македонска православна црква. Задачата на сегашниов одбор, како и на другите во иднина, е да најде средства да го финансира овој проект заедно со нашите браќа и сестри и да ги обедини сите Македонци на едно место.

Денес во Берлин функционираат Црковната општина „Свети Климент Охридски“и Фудбалскиот клуб „ Македонија 1970“. Ако имаме црква со помошни простории, тогаш сите активности би се одвивале на едно место.

Храмот Божји не е само место за молитва, туку наше македонско катче за сите наши средби, разговори, свечености, празнувања…

Продолжува

 1KatiN
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН