ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЕСМА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Во оваа прилика ќе претставиме некои од карактеристиките на домот на Есма. Имено, треба да се нагласи дека куќата на Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова-Теодосиевска, постојано беше полна со луѓе и со песна. Својот живот го посвети на песната и на хуманоста. Речиси и да нема некој што не знае дека Есма во својот живот израсна 47 машки деца и едно девојче, кои денес се солидно згрижени во сопствени домови, а луѓето што ја почитуваат нејзината музика и ја познаваат професионално со задоволство ја именуваат со титулата Кралица на ромската музика

Есма беше личност која во својот живот многу патувала и посетила многу земји во светот, се претставила со својата музика, а секогаш на највисоко ниво ја претставувала и земјата од која доаѓа – Република Македонија.

За Македонија таа често го повторуваше следното: „Сум се родила тука и тука ќе умрам. Го сакам македонскиот народ, оваа земја. Секогаш со гордост истакнувам од каде сум. По цел свет кажувам дека сум родена во Македонија, во која Ромите најмногу ги зачувале јазикот, традициите и обичаите на својата прататковина Индија. Дека имаме две ромски телевизии, радиостаници, свој застапник во парламентот, ромски градоначалник. Кога со Стево се вративме во Скопје, по триесет години живот во Белград, изгубивме многу пари, ама не жалам. Така одлучивме и никогаш не се покајавме“, велеше Есма.

Кога зборуваше за другите градови освен Скопје, кое го сака на свој начи, велеше дека од градовите во светот најголем впечакот ѝ оставил Ленинград, денешен Петровград, а од државите Индија. За неа Ленинград беше град кој поседува автентична убавина, поубав е дури и од Венеција. Таа беше фасцинирана од знаменитостите и старите архитектонски зданија кои можат да се видат во овој град. Но кога би имала можност повторно да избира каде да живее, таа би ја одбрала Германија.

Според Есма, Германија е земја која на свој специфичен начин се грижи за своите граѓани и им го олеснува животот. Таа велеше дека таму постои голема дисциплина, ред, мир, сѐ она што му е потребно на еден човек за пријатен и спокоен живот. Исто така, за Есма беше карактеристично што таа имала добиено многу подароци. Нејзината колекција на подароци не беше само од обичните граѓани, од нејзината публика на нејзините концерти, туку и од високи државници.

За подароците Есма Реџепова-Теодосиевска велеше дека тие биле многу вредни, но добила и такви кои воопшто не се скапи, но за неа имаа огромно значење ѝ беа посебно драги. Многу често неа можеше да ја израдува и најмала ситница. Меѓу посебно драгите подароци ѝ беа сарите кои ги добила лично од Индира Ганди, кога ја прогласила за Кралица на ромската музика.

Исто така, во најдрагите подароци го вбројуваше и прстенот што за нејзиниот роденден ѝ го подари синот Симеон, како и обетките од нејзиниот зет за сестра што ѝ ги подарил кога била на гости во Шпанија. Тие обетки ги носеше неколку години и многу ги сакаше.

Многу ѝ беше драго гуменото маче, кое ѝ беше подарок од едно четиригодишно девојче, кога пред 30 години имала концерт во Австралија. По завршувањето на концертот, малечкото девојче ѝ пришло и ѝ го дало малото маченце. Велеше дека тоа и е најдраг подарок, бидејќи  е од дете, а децата имаат најчиста душа.

Меѓу поспецифичните предмети што можат да се забележат во домот на Есма, а и нејзе ѝ беа од голема важност, секако скулптурата на Исус, направена од камен. Скулптурата била изработена специјално за Есма, за да биде Господ со неа и да ја чува. Ја изработил студентот Ќазим Дурмиш, кога бил во прва година на Академијата за ликовна уметност. Во нејзината дневна соба можепе да се забележи и полицата  со бел резбан камен на која имаше два големи и остри меча. И тие  беа од камен, а на Есма ѝ беа посебно драги, бидејќи беа од Франција.

Есма Реџепова-Теодосиевска имаше многу пријатели и тоа не само од Македонија, туку од целиот свет. Добрeдојдена беше во многу земји, па и таа со широко срце ги пречекуваше сите што доаѓаат во нејзиниот дом.

Инаку, кога Стево и Есма живееја во Белград, како гостин нивниот дом го посетила Индира Ганди, а нешто подоцна и Тешеира. Се пренесувало низ Белград дека кога го прашале Тешеира што сака да посети од знаменитостите во Белград, тој им одговорил дека е согласен да го шетаат домаќините каде што сакаат, но на крајот да го однесат кај Есма на кафе и на колачиња. Тоа потврдува дека во нејзиниот дом вратите секогаш биле ширум отворени.

 1globi44Во домот музеј

Есма пеела за Движењето на неврзаните, кога во 1962 година се основало во Белград. Повеќе пати се сретнала со Индира Ганди, за која стекнала впечаток дека била мошне племенита личност, а исто така, пријатно се чувствувала и во друштво на Јосип Броз Тито. Кога била на Бриони, каде Тито примал странски државници, секогаш ѝ велел да им подарува нејзини плочи и да им посака добредојде со својата убава песна. Живо се сеќаваше на посетата на Гадафи кога Јосип Броз Тито ѝ рекол дека тој е најголемиот маж и дека мора да го бакне кога ќе му ги подарува плочите. Таа вели дека Тито секогаш бил непосреден и сакал да се шегува.

Еве, уште една анегдота со странски државник. Имено, во 1968 година кога Есма Реџепова-Теодосиевска имала концерт во париската „Олимпија”, од тогашниот Советски Сојуз се враќал Шарл де Гол. Му доцнел авионот, па задоцнил во телевизиското студио. За да ја пополнат празнината во програмата, Француската телевизија пуштила снимка од концертот на Есма. Затоа, утредента во париските средства за информирање пишувало дека Шарл де Гол ја лансирал Есма.

Од многубројните случки, ќе одбележиме една аукција за настраданите од цунами. Тогаш Есма ја дала својата омилена слика со својот лик. Притоа, изјавила дека таа живее под мотото „Ако имаш две, тогаш подели го со оној што нема ниту едно“. Есма имала неколку слики – портрети со нејзиниот лик, но решила да ја даде онаа слика што ѝ значела најмногу, велејќи дека тој што ја добил добро ја чува.

Таа сметаше дека сликата по нејзината смрт ќе достигне висока цена. Есма сметаше  дека кога луѓето ќе изгубат нешто или некого што има посебно значење во нивниот живот, не само во нивната земја, туку и, воопшто во светот, тогаш го величат, му подигаат споменици. Така, таа веруваше дека истото ќе се случи и со нејзината слика.

Меѓутоа, таа велеше дека  пред сѐ сликата ја подарила од срце, иако ѝ била најдрага, но знаела дека им ја дава на некои беспомошни луѓе кои изгубиле сѐ. Затоа со право се вели дека таа е личност која се трудеше оние што биле во нејзина близина да се чувствуваат пријатно и денот да им помине поубаво.

А што се однесува до животот, и онаму каде што живееше, каде што ѝ беше домот и сите деца и пријатели, таа велеше дека и покрај ситуацијата во земјата, за која се надева дека ќе се подобри, во моментот таа мислеше дека е најсреќната личност во светот. Токму тогаш ѝ се живееше, бидејќи децата за кои се грижеа таа и Стево тогаш и возвраќаа, така што тие се грижеа за неа, секојдневно ѝ се јавуваа…

Исто така, Есма велеше дека има особено почитување од публиката. Навистина ѝ се случувале многу убави работи. Затоа, како што изјавуваше самата, немало посреќна личност од неа и затоа ѝ се живеело.

Во врска со враќањето на Есма и Стево Теодосиевски од Белград во Скопје, Есма со задоволство го изјавила следното: „Во 1989 година се вративме во Македонија, зашто сакав во родниот град да основам Дом на хуманоста и Музеј на музиката. Домот е голем и се протега на површина од 840 метри квадратни. Во него ќе изложам сѐ што Стево и јас сме собрале на патот по светот: поклони, признанија, предмети и друго. Планирам во Домот да профункционира и аптека и амбуланта за деца од сиромашните семејства, кои немаат пари за лекување и лекови.

Кога ја поведовме иницијативата, од градот ни беше понудена локација на Водно, ама јас сакав да биде тоа на Кале. Бидејќи и онака тојот предлог наиде на остар прием кај водњанците. Но, јас, сепак, не им се лутам. Можеби тие се сметаат за луѓе од повисок ранг, додека, пак, јас сметам дека сите луѓе на светот се еднакви. Исто се раѓаме, исто, со празни раце, ќе заминеме од овој свет.

1globi444

Оркестарот „Теодосиевски“ во почетните години

Кога во јавноста се слушна дека на Водно не може да се слуша звукот на тарабуката и зурлите, ми се јави еден човек, нема да го именувам, но тој ми рече: Ќе ја добиеш локацијата на Кале. Така и се случи“, вели Есма.

Но, како жена од народот, која целиот свој живот била со народот и своите песни му ги посветила нему, Есма Реџепова–Теодосиевска избра да живее на Кале, покрај Музејот на Гоце Делчев и Музејот на современата уметност. Куќата што таа и нејзиниот покоен сопруг Стево Теодосиевски почнале да ја градат пред дваесеттина година служеше и како стан во кој живееше Есма и како Дом на хуманоста „Куќа музеј на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“.

Куќата целосно не е завршена, но таа е распоредена на четири нивоа. Освен дневната соба со трпезарија и кујна, како и спалните соби сместени еден кат погоре, кои претставуваа дом на Кралицата на ромската песна, според проектот на професор Димитрие Голубовски, се изградени уште еден голем дневен престој со поглед кон градот, како и изложбен музејски простор на приземјето со адекватни помошни простории.

По смртта на Есма, куќата треба да биде претворена во мавзолеј, а на приземјето ќе бидат изложени урните со пепелта на Стево (каде и сега се наоѓа) и на Есма. Во дворот, пак, ќе има малечок амфитеатар и ќе се уреди паркот на целата локација.

Куќата и Музејот се предвидени да бидат заедно во еден објект, затоа што идејата на Есма беше по нејзината смрт луѓето да можат да видат сѐ што било поврзано со неа и со Стево Теодосиевски.

При една средба, за куќата и Музејот Есма ни изјави: „И Стево и јас сакавме луѓето да можат да дојдат и да видат како сме живееле и да разгледаат сѐ што на некој начин било поврзано со мојот и со животот на Стево“, вели Кралицата на ромската песна, која жали што не поминува повеќе време во домот. Притоа, додава: „Постојано сум на концерти и на турнеи. Веројатно, куќата ќе ми стане вистински дом кога ќе се повлечам, кога нема да патувам“. 

Продолжува 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Во 1969 година Македонската православна црква, македонската држава и македонскиот народ достојно го одбележаа 1100-годишниот јубнлеј од смртта на сесловенскиот и рамноапостол свети Кирил Солунски, авторот и творецот на словенската азбука и темелоположителот на нашата писменост. Во таа година одлучено е Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква да испраќа своја поклоничка група во Рим заедно со државна делегација во базиликата посветена на свети Климент Римски каде што мирува телото на свети Кирил Солунски, Константин Фнлозоф, како што веќе го викаа во Магнаур, заради бистрината на умот и заради логичноста на мислењето.

Кај македонскиот народ отсекогаш било длабоко и искрено почитувањето на свети Кирил Солунски и неговиот брат св. Методиј. Нашите прадедовци и дедовци на нив им се обраќале молитвено за закрила и духовно раководство речиси секојдневно, а не само кога бил денот на нивниот празник. Ги споменувале за да се потсетат какви светители стојат во нивното црковно и национално битие. Им се молеле за духовна поткрепа и светлина тогаш кога нивните непријатели биле жестоки и кога сопствените сили им биле при крајот, тогаш кога темнината била ужасна, а надежта на умирање. И тогаш кога ропството и гневот биле неподносливи светите браќа и нивните ученици им боскотеле во мракот и ја поткрепувале нивната вера во посветла и поубава иднина.

Денес кога ги обновуваме древните црковно-народни трздиции, кога е обновена Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога на најсвечен начин ги прославуваме јубилеите на нашите црковни и народни великани, одлуката за поклонички патувања, во период од четириесетина години, пред гробот на сесловенскиот апостол, е одлука на чувството на благодарност и пиетет кон свети Кирил. Тој ги посејал првите семиња на словенската писменост, која станала движечка и животворна сила за сите словенски народи. Светите браќа ги развиле своите духовни дарби и створиле дело од непроценлива културно-уметничка вредност, што претставува голем придонес во духовната и културната ризница, не само за македонскиот и другите славјански народи, туку и за човештвото во целина.

На 14 февруари 1969 година се навршија 1.100 години од блажената смрт на свети Кирнл Солунски. На тој ден во базиликата „Свети Петар” се отслужи концелебрација (сослужение) во слава на просветителското дело на свети Кирил Солунски. Во таа имлозантна катедрала посветена на првиот Христов апостол, кој, исто така, како и свети Кирил Солунски, дошол од Исток во илјадалетниот град, или градот на вечноста – Рим, за да го проповеда христијанското учење. Свети Кирил Солунски дошол да го брани тоа учење, да докаже дека може да се проповеда и на јазикот на Словените, а не само на елински (грчки), латннски и еврејски, како што дотогаш се верувало. Дошол кај поглаварот на западните христијани пред единаесет векови и бил разбран, и оттогаш христијанската вера се проповеда и на словенски јазик.

На концелебрацијата што ја одржаа словенските бискупи, присуствуваше и делегација од Република Македонија и тоа: делегацијата на Македонската православна црква којашто ја сочинуваа митрополитите преспанско-битолски г. Климент, американско-канадско-австралиски г. Кирил и протоереј ставрофор г. Климе Малевски, во делегацијата на Извршниот совет на СР Македонија беа: д-р Иван Катарџиев и Владо Малески, а делегацијата на Македонската академија на науките и уметностите и на Универзитетот во Скопје, кој од 24 април 1969 година го носи името „Кирил и Методиј” а денес – „Свети Кирил и Методиј” ја сочинуваа академикот проф. д-р Харалампие Поленаковиќ и проф. Фрањо Бачиќ.

Светата литургија во црквата „Свети Петар” ја служеше светиот отец папата Павле ВИ, со учество на четириесетина кардинали, кои служеа на словачки јазик, а присуствуваа околу Ѕ(К) поклоници од Чехословачка. По литургијата папата Павле VI одржа слово за животот и делото на свети Кирил Солунски на италијански јазик. По таа боженствена богослужба, на којашто покрај поклониците присуствуваа и бројни туристи, папата Павле VI ја поздрави македонската делегацијаи во разговотот со претставниците од Македонија изрази благодарност за присуството на концелебрацијата.

Истиот ден попладне на гробот на свети Кирил Солунски, во базиликата „Свети Климент Римски”, македонската делегација му оддаде почит на личноста и делото на свети Кирил, изразувајќи благодарност што јазикот на македонските Словени го издигнал на степен на книжевен јазик, прифатен од сето словенство. Во таа пригода, делегацијата на Македонската православна црква отслужи молебен, а делегацијата на тогашниот Извршен совет на СР Македонија положи венец од името на благодарниот македонскм народ со натпис: „На Кирил Солунски, сесловенски просветител, со израз на благодарност од македонскиот народ”. Исто така, делегацијата на МАНУ и Скопскиот универзитет положија венец во името на Советот на академиите на тогашна Југославија и на заедниците на тогашните југословенски универзитети. Потоа повелбата беше прочитана на македонски и на латински јазик.

1globi444566

Треба да се одбележи дека папата Павле VI ги дочека делегациите на словенските народи со иста срдечност, со каква што беа пречекани словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, од папата Адријан II. Делегацијата на Македонија, пак, беше дочекана од претставникот на тогашна СФРЈ при Светата столица г. Вјекослав Цврље, кој организира прием во чест на македонската делегација.

На приемот присуствуваа високи личности од црковниот, политичкиот и културниот живот на италијанската престолнина, меѓу кои кардинали и бискупи при Ватикан и при Секретаријатот за единство на христијаните. На таа заедничка трпеза, меѓу другите, присуствуваше и кардиналот д-р Фрањо Шепар, префектот на Конгрегацијата за верски доктрини на Ватикан, како и надбискупот д-р Вилибрандс, прв секретар на Секретаријатот за единство на христијаните при Светата столица.

Престојот на делегацијата од Македонија беше видно одбележан во тамошните средства особено по двете прес-конференции, најнапред со претставниците на италијанската агенција АНСА, а потоа со директорот на списанието за информирање „Релационе религиозе”. Притоа на делегацијата и беше пружена можност да ги искаже впечатоците во врска со прославата на свети Кирил преку Радио Ватикан. Во изјавчта, митрополитот Климент меѓу другото рече: 

„Оваа година е света за целиот христијански свет, а посебно за словен-ските народи бидејќи се навршија точно 1100 години од смртта на светиот отец Кирил, творец на првото словенско писмо. Следејќи го повикот на светиот апостол Павле: „ Споменете ги вашите наставници кои ви го проповедаат словото Божјо…” ние, наследниците на нашите прадедовци, македонските Словени, дојдени сме од Македонија да се поклониме лред гробот иа нашиот првоучител и просветител Кирил.

Македонската православна црква се однесува со поссбен почит спрема словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици свети Климент Охридски и свети Наум Охридски, и ги смета „земнија тверди звсзди и светила трисолнечнаго сијанија, благодати јасни проповед-ници, благоглаголиви писании учителие, закона Божија велегласни правовјесници, раја достојни мителие и долнија к горнему наставници”.

Македонија не е голема земја, но има голема вера во Господа, а Македонската православна црква е чувар и пазител на тронот на Охридската света црква, чијшто основоположник е еден од првоучените на свстите браќа – свети Климент Охридски.

И ние во Македонија ќе го почестуваме споменот на нашитс апостоли преку свети служби и свечени духовни академии.

Истовремено изразуваме и искрена благодарност поради вниманието на кое наидовме при нашиот неколкудневен престој во овој вечен град Рим, а по повод 1100-годишниот јубидеј. Посебна благодарност изразуваме и на Радио Ватикан за укажаната можност со оваа наша изјава да бидат запознати неговите многубројни слушатели”.

Во текот на престојот којшто траеше од 12 до 17 февруари 1969 година, претставниците на Македонската православна црква го посетија Секретаријатот за единство на хрнстијаните при Светата столица, каде што покрај другото, се разговараше за прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, за којашто беше речено дека е од понов датум, од јуни 1967 година, и декае предмет на интересирање. Домаќините беа информирани дека автокефалноста на најстарата словенска црква на Балканот, односно Охридската архиепископија, којашто постои речиси од времето на свети Кирил Солунски, неканонски беше укината во 1767 година, со ферман на турскиот султан, а по барање на Цариградската патријаршија.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЖИВЕЕЊЕТО И ОБЛЕКУВАЊЕТО НА ЕСМА – II ДЕЛ

МОНОГРАФИЈАТА „ЕСМА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Исто така и во вториот дел од продолжението ќе се обидеме да доближиме дел од стилот на живеењето што го имаше Есма Реџепова – Теодосиевска, Кралицата на ромската песна како национален уметник. Есма беше голем љубител на сликарството, беше колекционер на слики, марами, ама и на накит. Најдрага и` беше сликата „Двата коња“ (црн и бел), за кои велеше дека ги претставуваат неа и Стево. Сликата и` беше подарок од Домот за стари лица од Куманово. Во својата колекција на марами, пак, имаше повеќе од 300 марами

Со цел подобро да се претстави Есма Реџепова-Теодосиевска, покрај наведените 7 точки во предходното продолжение,  треба да се знаат и следните седум точки, а тоа се:

1.Нејзиниот прв настап бил кога имала 11 години, во емисијата „Микрофонот е Ваш“, која се емитувала на Радио Скопје. Имала страв од својот татко дали ќе се согласи да настапи, но сепак, настапила.

2. Кога Стево Теодосиевски првпат го слушнал нејзиниот глас, ѝ рекол дека ќе работи со неа и дека ќе направи напори да стане позната. Така и се случило. Тој се договорил со родителите на Есма дека ќе ја школува до 18-годишна возраст. Кога го завршила 8. одделение, Есма и Стево заедно заминале за Белград, каде што го завршила средното музичко училиште.

Стапиле во брак кога таа имала 23 години. Биолошки немаат деца, но Есма и Стево заедно изгледале 47 машки деца, а 48. е девојче и сите музички ги образувале. Имаат околу 130 внучиња и голем број правнучиња.

3. Додека живееле во Белград, им било понудено таму да ја направат нивната куќа музеј, онака како што тие си ја замислиле. Но, сепак, тие сакале да се вратат во својата Македонија. Во Скопје стигнале во 1988 година. Потоа Есма велеше дека тие имале намера да градат куќа на Водно, но тогаш во тоа време, водњанците таму не ги сакале. Кога го слушнале тоа си рекле, тогаш и ние нив не ги сакаме.

Почнале да бараат друга локација и ја нашле локацијата на Кале. Есма беше задоволна со изборот, затоа што куќата не беше само стан каде што таа живееше, туку таму на Кале сакаше да биде „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”. Местото на овој музеј му беше тука, во близина на другите музеи – „Музејот на Гоце Делчев“, „Музејот на современата уметност“ и други културно–уметнички споменици во СкопјеПланиран беше и изложбен музејски простор на приземјето.

4. Додека престојувала во Белград, а постојано патувала низ целиот свет со свои концерти, Есма ја немало цели 25 години на нашите радио и телевизиски станици. „Два-тројца ни ги затворија вратите во Радио Скопје“, се сеќаваше Есма. Дури во 1986 година, пред нејзиното селење во Скопје, било направено едно телевизиско шоу за неа.

5. Си ги броела концертите до 1984 година, кога биле вкупно 15.000. Оттогаш ни самата не знае колку од нив се допишани во автобиографскиот „нотес“.

6. Во 1995 година ја добива веројатно најдрагата награда – „Примадона на европското пеење“. Ваквата награда редовно им се доделува на оперски пејачи.

Есма на прием

7. Есма беше голем љубител на сликарството, беше колекционер на слики, марами, ама и на накит. Најдрага и` бешесликата „Двата коња“ (црн и бел), за кои велеше дека ги претставуваат неа и Стево. Сликата и` бешеподарок од Домот за стари лица од Куманово. Во својата колекција на марами, пак, имаше повеќе од 300 марами.

Есма уште како дете научила да ги цени предметите не толку поради нивната материјална вредност, туку поради мигот што ја поврзувал со луѓето важни во нејзиниот живот, но и со некои што ги сретнала само еднаш во животот. Всушност, таа секогаш повеќе сакала да подарува и да им помага на сите што ќе побараат помош од неа.

Инаку, Есма Реџепова–Теодосиевска ги има и следните карактеристики, играчки и предмети кои длабоко ја поврзуваа, а тоа се:

1.Мачето – амајлија од детето од Австралија. За оваа играчка Есма велеше:

 „Тоа е сосема обична гумена детска играчка, која едно пет-шестгодишно девојче постојано ја носеше со себе. Со таа неразделна играчка, мајката го донесе своето девојче на еден мој концерт во Австралија. По концертот,  тие дојдоа зад сцената бидејќи малечката сакала да ме запознае, била фасцинирана од моето пеење. При нашата средба девојчето во рачето постојано ја стискаше гумената играчка – маче. На крајот од средбата, девојчето самото ми ја подари играчката. Знам колку децата на таа возраст се приврзани со некоја омилена играчка и тој искрен и спонтан гест на малечката ме освои. Оттогаш и јас постојано го носам тоа маче – играчка, како моја амајлија. И навистина ми носи среќа“, пренесе Есма во една од своите лични и (не)обични приказни.

2.Со вистинската марама за коса – секогаш со уредна фризура.

 „Почнав да пеам уште на 11 години, па на 15-16 години веќе може да се каже дека бев професионален пејач. Но, сè уште бев неискусно девојче за многу работи, се барав себеси, а покрај другото си го барав и стилот за фризури. Проблемот беше што иако пред секој настап ќе направев фризура, веќе по половина час од концертот, косата беше жива вода. Тогаш се сетив на марифетот на мајка ми. Таа секогаш самата си кроеше марами од бело платно и на чуден начин (за мене како дете) си ја врзуваше косата секогаш кога работеше, готвеше, чистеше… Го научив нејзиниот начин на врзување на марамите и оттогаш секогаш најважниот детаљ во мојот стил се марамите. Одамна престанав да бројам колку ги имам, но секогаш имам по некоја омилена“, истакна Есма Реџепова.

3.Марамите

 „На сцената, марамите во разни бои и дезени, секогаш обликувани според марифетот на мајка ми, станаа препознатлив дел од мојот имиџ. Но, надвор од сцената ги обожавам шапките. Лете имам две омилени шапки (иако мислам дека ги имам безброј), а за зима најмногу сакам една крзнена шапка. Таа, всушност, е во комплет со еден крзнен капут, што ми ги подари сопругот Стево, а ги порача да се изработат во Франкфурт, додека бевме на тримесечна турнеја низ Германија. Тие ми се драг спомен од Стево (покрај многу други работи што ме поврзуваат со него), но почесто ја носам шапката преку зима, зашто може да се комбинира и со други палта“, со задоволство зборуваше ромската Кралица.

4.Рачна торба за патување

„Децата се шегуваат со мене дека оваа торбичка повеќе е за внука ми Есма, но мене ме освои токму со тој весел детски изглед. А имам и такви патики, како на торбата, ха, ха… И секогаш кога патувам (а тоа е често), не се разделувам од оваа торбичка. Внука ми Есма повеќе сака дамски модели, па оваа моја торбичка за патување не ја привлекува, ха, ха…“, во шега велеше Есма.

5.Слики

„Во мојот дом има неколку мои портрети и сите ми се драги на некој начин. Но, моите деца ми се чини најмногу го сакаат оној од уметникот Зафировски – секогаш се „расправаат“ кому треба да припадне таа слика, ха, ха… Меѓу сите слики во мојот дом, посебно место има сликата, наследство од баба ми Есма, некој вид икона на Исус Христос, што таа ја донела од Иран“, потенцираше како голем верник Есма Реџепова–Теодосиевска.

6.Монографијата за Есма и Стево

Оваа монографија е печатена уште во далечната 1974 година и во неа е документиран мојот подем и развој како на пејачка, нераскинливо поврзан со постоењето на Стево Теодосиевски и неговиот ансамбл. Всушност, тоа е монографија за нашето семејство, љубовта, песната, животот… сето тоа е испреплетено кај нас. Оттогаш е минат, може да се каже, уште еден живот, но сега ваквите монографии сè поретко се печатат“, велеше Есма.

7.Новата монографија за Есма

„Во овие нови услови, техники и технологии, можеби е попрактично да си имаме некакво интернет-издание, или можеби на ЦД. Но, печатено дело останува вечно и спомен за во секој дом. Затоа, оваа монографија што ја подготвуваме со мојот драг пријател, публицистот Славе Николовски–Катин е делото за моите 55 години дружења со песната“, информираше  македонската и ромската дива Есма Реџепова–Теодосиевска.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЖИВЕЕЊЕТО И ОБЛЕКУВАЊЕТО НА ЕСМА – I ДЕЛ

Во овој дел од продолжението ќе се обидеме да доближиме дел од стилот на живеењето што го имаше Есма Реџепова –Теодосиевска како национален уметник. Така, покрај пеењето слабост ѝ беа марамите, шапките, чевлите и чантите. Ги имаше од многу земјим а марамите ѝ беа симбол од сите модни детали

Есма Реџепова-Теодосиевска, Кралицата на ромската песна ни изјави дека стилот на облекувањето ѝ беше во генот. Во изминатите години, со Ансамблот „Теодосиевски“ таа беше чест и многу почитуван гостин во најелитните светски музички простори. Од 1995 година, пак, до нејзината смрт во 2016 година Есма живееше на Кале во „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“ .

Во својата 55-годишна музичка кариера, не само со својот глас, туку и со сопствениот стил, непосредност, искреност и срдечност ги освојуваше срцата на сите свои обожаватели и голем број пријатели во светот. Во ова пригода ќе се обидеме да доближиме дел од стилот на живеењето што го имаше Есма Реџепова–Теодосиевска како национален уметник.

Затоа се обративме до претседателот на Здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ Зорана Костовска, која во исто време беше организатор на модните ревии на Есма Реџепова – Теодосиевска. Таа ни ги пренесе кажувањата за стилот на живеењето и облекувањето на Кралицата на ромската песна Есма Реџепова–Теодосиевска. Меѓу другото, Есма го изјави следното:

1.Покрај пеењето слабост ѝ беа марамите, шапките, чевлите и чантите. Ги имаше од многу земји. Марамите ѝ беа симбол од сите модни детали. Носеше најмногу црни марами. Имаше шапки кои секогаш ги носеше само со одредена комбинација и тоа пред сè со бундите. Накит носеше отсекогаш, при што обетките не сакаше да се многу долги, а за концерти ги земаше оние што одговараа со гардеробата.

Постојано го носеше златниот часовник на левата рака. На десната рака носеше некои златни белегзии. А околу вратот постојано носеше златно синџирче на кое висеше плочка со два дијаманта и беше изгравирано нејзиното име – Есма. Тоа беше подарок за нејзиниот роденден, 8 август од јувелирската работилница на Имер Пурелко во Чикаго.

2. Најновата гардероба ја избираше во боите на Македонија – црвена со златеста и тоа за шалварите, елекот, марамата и кошулата. Тоа беше нејзин стил за концертите каде носеше македонска носија, но, исто така, и ромска носија. На концерти носеше и барокни фустани, зошто настапуваше во театри и за тие простори гардеробата требаше да биде соодветна. Сета гардероба се совпаѓаше и со тоа што таа беше прогласена за Кралица на ромската песна. Најчесто купуваше алишта во пролет и есен. Не беше од оние жени кои често купуваат. Купуваше одеднаш што ѝ треба за една сезона.

3. Многу сакаше чевли. Уште од детството така ја научил татко ѝ. Тој бил чистач на чевли и бојадисување на чанти. Затоа многу внимавал на нив. Понекогаш знаел во чевларскиот дуќан, кој се наоѓал наспроти хотелот „Македонија“, да порача чевел за него, зошто бил инвалид, но и за мајка ѝ одеднаш четири пара чевли. Кај нејзините чевли биле застапени сите бои и сите нијанси на боите.

1gre19991234

Видни дами во облеки на Есма 

Каде и да отседнаше во хотелите на некои од европските метрополи, во нив си купуваше чевли, чанти и марами. Не секогаш чевлите ги комбинираше само со една комбинација, туку тоа беше во комбинација со соодветни марами или внимаваше на материјалот: змиска кожа, антилопа… На пазарите има многу убави модели. Во мода беа папучите, кои, исто така, ги имаше и почна да ги носам.

4. Имаше свој маникир, педикир и козметичар. Најчесто ја посетуваа еднаш во текот на неделата. Кога беше по турнеи често сакаше да оди во сауни. Не сакаше многу да се шминка, тоа го правеше исклучително за концерти. Речиси и не употребуваше кармин, за што често и беше прекорувана. Немаше потреба од употреба на некои кремови. Сето тоа се должеше на генот, поради што во фамилијата сите беа младолики. Само една масна помада ја користеше многу години. Кожата ѝ беше одлична и затоа што живееше уреден живот. Во нејзината исхрана до крајот на животот пиеше козјо млеко.

5. Едно време кога многу готвеше за децата, многу и консумираше храна. Кога беше во Скопје одеше на јадење во ресторани. А, понекогаш и самата си подготвуваше храна. Со децата, кога патуваше, одеше во рибни ресторани и јадеше риба, но и друга морска храна. Со кондицијата никогаш немаше проблем. Со години се навикна одлично да ги поминува солистичките концерти кои траеше од еден и пол час до два часа. Организмот ѝ беше навикнат на тоа темпо. Поради сето тоа немаше потреба од некоја фискултура.

6. Бојата на косата ѝ беше онаа нејзината, природната боја. Некогаш си ставаше по малку к‘на. Имаше фризерки во Скопје кои ја средуваа еднаш неделно. Често носеше марами и турбани на концертни настапи и затоа не мислеше на фризурата. Турбаните и марамите сама си ги правеше откако на тоа ја научила мајка ѝ. Тие ѝ беа многу практични на концертите, на кои кога ќе се испотеше и фризурата  се растураше.

7. Есма Реџепова-Теодосиевска, Кралицата на ромската песна им советуваше на жените да бидат што попрактични и поедноставни. Почедни да бидат жените, такви сакаат мажите. Меѓу почедните и послободните, мажите ќе одберат за животна сопатничка почедна жена.

Зорана Костова беше задолжена за хуманитарните модни ревии на креациите од Кралицата на ромската музика Есма Реџепова–Теодосиевска. Таа ни изјави дека фустаните на Есма на модните ревии ги носат дами кои не се професионални манекенки, но, сепак, нивните излегувања на пистата ја воодушевуваат публиката со невообичаените презентации. Така, во улога на манекенки учествуваа истакнати македонски госпоѓи, професорки, естрадни дами, фоторепортерки, членови на различни асоцијации и други пријателки и роднини на Есма.

Обично, на хуманитарните модни ревии се прикажуваа фустани и креации кои ги носеше нашата ѕвезда Есма Реџепова-Теодосиевска на настапи, концерти, патувања и церемонии. Меѓу нив на модната писта можеа да се видат фустани и други предмети кои ги носеше Есма – нашата дама со големо срце во текот на 55-годишната кариера.

На ревиите се презентираа и сарите кои ги носеше Есма Реџепова-Теодосиевска на средби со истакнати државни претставници или ги добила на подарок од истакнати личности. Меѓу нив треба да се одбележат сарите од Индира Ганди и некои од поранешните претседатели на Индија. Секоја креација, пак, беше проследена со сторија за настанот за кој била наменета.

Покрај ревијата, секако, свои настапи имаше, Есма Реџепова-Теодосиевска заедно со Ансамблот „Есма и Стево Теодосиевски“. Средствата собрани од вакви хуманитарни ревии обично се донираа на училишта, хендикепирани личности и други хуманитарни организации и асоцијации, ни изјави претседателот на Здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“  Зорана Костовска.

Продолжува

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

СТРАНСКИ УЧЕСНИЦИ НА ПРОСЛАВАТА НА 1050-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ 0ХРИДСКИ (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

По повод 1050- годишнината од смртта на свети Климент Охридски, во Македонија, особено во Охрид од 10 до 12 септември 1966 година др оддржаа бројни манифестации. На прославата и’ беше даден белег од поширокиот размери на делото и значењето на св. Климент. Во прославата, покрај домашните учесници зедоа учество и поднесоа свои излагања и поздравни говори 30 странски слависти од 13 земји: Австрија, Англија, Бугарија, Западна Германија, Источна Германија, Италија, Полска, САД, СССР, Унгарија, Финска, Франција и Чехословачка.

Еден од нив беше Гинтср Витшенс, професор на Виенскиот универзитет, кој во своето        излагање, меѓу другото, рече:„Најнапред би сакал срдечно да му благодарам на Одборот за прослава на 1050-годишнииата од смртта на Климент Охридски за тоа што ме покани како претставник на Австрија и на Виенскиот универзитет да дојдам тука, на едно од местата на дејноста на свети Климент. Особено ме радува дека и нова Југослаѕија свсчено се сеќава за еден репрезентантниа старословенската литература, а дури и светец.

Австриската славистика секогаш му се посветуваше во извонредна мера на старословенскиот јазик и неговата литература. Колку и да изгледа необичио, сепак далечната Австрија има миогубројни односи со дејноста, а, пред се’, со посмртната слава на човекот, којшто го прославуваме деиес.  Во својот живот свети Климент сигурно стапнад на тлото на денешната Австрија во текот на својата мисионерска и учителска дејност, оти ние денес знаеме дека Великоморавското царство зафаќало големи делови на Долна Австрија. Инаку, ако неколку дела, кои му се припишуваат на свети Климент и кои делумно потекнуваат од старогермански оригинали (Фризинска исповест, Euchologium Sinaiticum), се навистина негови, тоа би значело дека тој бил запознат и со тогашната литература во баварско-австрискиот крај“.

Хорас Лант, професор на Харвардскиот универзнтет, пак, донесе поздрави од америкаисимте слависти и рече: .Собрани сме овде во едно од првите жариштз на словснската култура кое ги преживеало пустошењата од најрани времиња. Велехрад и Преслав се само археолошки наоѓалишта, но Охрид е град што стои како сведок на траднцијага на Кирил и Методиј. Откако славистите веќе ги прославија достигнувањата на браќата од Солун и на нивната Моравска мисија, сосема е умесно сега да се одбележи споменот и работата на нивните следбеници.

Меѓунив, неоспорно најголем е Климент. Не ни е точно познат неговиот роден крај, но сигурно знаеме дска тој бил Јужен Словен. По верното и пожртвувано служење во Моравија, тој се вратил на југ, да продолжи да ги учи своите браќа Словени, да пишуваат на својот роден јазик.

Сега е време поблиску да се испита придонесот на Климента и на неговата генерација кон стариот црковнословенски јазик и кон раната култура која е создадена на неговата основа. Ние многу сме научиле за Климента. Меѓутоа, по интензивното проучување на занемарените ракописи, распрснати по разни библиотеки, секако ќе ни открие уште повеќе. Пожелно е да се олесни добивањето микрофилмови од поголеми и од помали библиотеки. Многу студии треба да се посветат на химнологијата на раната словенска црква, особсно на Триодот, за чија словенска верзија се знае дека делумно била Климентов труд.

Да се надеваме дека овој собир во Клнментовиот град Охрид ќе овозможи нови откритија за Климента и за развојот на словниската култура“, рече американскиот научник.

Во врска со оваа прослава се оствари богата издавачка дејност. Се појави „Книга за Клммент” (Кочо Рацин, Скопје 1966). Со трудови од; Х. Поленаковиќ, Б. Конески, П. Илиевски, Д. Коцо. Се појави „Палеографскиот албум на јужно-словенското кирилско писмо” од Владимир Мошин. Во Охрид, истата година, беше издаден зборникот „Словенска писменост”, со значајни трудови од: В. Штефаниќ, В. Мошин, Петар Хр. Илиевски, Б. Конески, Р. Угринова-Скаловска, Х. Поленаковиќ, В. Венгели, Д. Коцо, Ц. Грозданов, М. Харисијадис, Д. Стефановиќ и Б. Алексова Зборникот го подготви Народниот музеј во Охрид.

Македонската православна црква ја издаде книгата „Свети Климеит Охридски”, со текстови за Климент и од него.

1gre1999123

Музејот во Охрид

Веднаш по прославата беше објавена и „Споменица Климент Охридски” (916-1966), Охрид, 9-12 септември 1966, со опширен приказ на програмата, говорите на собирите од претставниците на СР Македонија, од научните институции во СФРЈ, како и од странство.

На 11 септември во организација на Црквата, во „Свети Климент” се одржа свечена архијерејска литургија На 12 септември, Архиепископот охридски и скопски и митрополит македонски, г. г. Доситеј, приреди прием за гостите.

На прославата беше поставена и изложбата „Словенска писменост”, отворена на 11 септември, од страната на претседателот на Одборот за изложбата проф. Р. Угринова-Скаловска. Концепцијата на иложбата ја даде В. Мошин, а нејзин организатор беше Народниот музеј во Охрид. Беше подготвен и каталог – „Словенска писменост”.

На 11 септември пред гостите беше прикажан документарниот филм на „Вардар филм” – „Охридскиот светилник”, според сценариото на Х. Поленаковиќ, а во режија на Т. Попов.

Прославата беше богато презентирана  во информативните гласила („Нова Македонија“, Радиото, ТВ) со делови од излагањата, интервјуа итн. (Документацијата од оваа прослава е депонирана во Архивот на Македонија, фонд: Одбор за прослава на 1050 годишнината од смртта на Климент Охридски).

Одборот за прослава на 1050-годишнината од смртта на св. Климент Охридски предвиде богата дејност, меѓу која беше и подготовката на зборникот „Словенска писменост, 1050-годишнина на Климент Охридски“, што го издаде Народниот музеј во Охрид во 1966 година. Првата студија во овој зборник со наслов: „Првобитното словенско писмо и најстарата глаголска епиграфика” е на познатиот и плоден славист В. Штефаниќ.

Во неа тој се осврнува на историјатот на словенското писмо, застанувајќи на страната на славистите кои и даваат примат на глаголицата, како првично писмо создадено од Кирила. Потоа, авторот се запира на трите карактеристични подрачја каде што се негувала глаголицата: моравско-панонското, бугарско-македонското и хрватското. Во секој случај студијата дава пресек на современото ниво и достигањата на славистиката во врска со овие значајни прашања.

Продолжува

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

МАКЕДОНСКИ РАДИО ЧАСОВИ И МАКЕДОНСКИ СТРАНИЦИ ВО ПЕЧАТОТ НА ДРУГИ НАЦИИ (13)

1gre19.jpg

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН  

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини на петтиот континент.

Во Австралија како што е случајот и во Канада особено во осумдесеттите години, во одредени гласила што се печателе на хрватски и на српски јазик се јавувале и македонски страници, на кои биле застапени куси вести и информации од активностите во македонските колонии. Ова се правело, пред с#, од економски причини и од тоа што македонските доселеници чиј број е значително поголем од многу други народи од Балканот, кои играат значајна улога во севкупното живеење во новите средини.

Овие гласила наидувале на прифаќање кај македонските доселеници кои во одреден период кога немало автентични македонски гласила во дотичната средина, ги задоволувале читателските потреби кај македонските доселеници. Ваквиот однос и симпатии кон одреден број хрватски или српски гласила биле поизразени кај македонските доселеници кои дошле од Република Македонија.

Еден од таквите весници бил “Ново доба” од Сиднеј во кој до 1975 година се печателе и македонски страници, во почетокот една а потоа и 3 страници во секој број. Овие страници донесувале куси вести од општествениот, културниот и стопанскиот живот во Република Македонија, што најчесто биле преземани од гласила печатени во Републиката или агенциски вести и информации.

Исто така, од јануари 1978 година секој понеделник започнале да се печатат македонски страници и во весникот “Наше новине” од Сиднеј.

           Македонски радио-часови во Австралија

Првиот македонски радио-час во Австралија и прв во дијаспората бил радио-часот во Перт. Имено, веднаш по печатењето на првиот весник на македонски јазик во 1946 година, гласилото “Македонска искра”, во почетокот на 1947 година започнал “Македонски радио-час”.Програмата се емитувала на локалната радио-станица секоја втора среда. Уредници и водители на овие емисии биле претставници на МАНС во (Македонско-австралискиот народен сојуз). Овој радио-час постоел до почетокот на 1948 година.

Преку него биле објаснети стремежите на Македонците за национална и социјална слобода во борбата на демократската армија на Грција.  Затоа, поголем број од вестите биле емитувани на англиски јазик. Поради непријателската пропаганда од непријателските земји водењето на радио-часот наидувал на низа тешкотии. Но и покрај тоа овој радио-час останал да ја брани борбата на македонското население од егејскиот дел на Македонија. Во претходните четири децении повремено се емитувале радио-часови на македонски јазик на програмите на одредени радио-станици во Австралија.

Тие често биле врзани со некоја прослава, а биле организирани од македонски иселеници кои ги рекламирале своите бизниси.  Тоа особено било значајно кога се зголемувал бројот на македонските доселеници во Австралија и кога потребите од таквите огласувања станувале с# поголеми и понеопходни.

Кон крајот на 1976 година во Перт започнала со работа емисија на јазиците со етничките групи, меѓу кои била и емисијата на македонски јазик. Од 27 јули 1977 година, пак, секоја недела во траење од половина час започнала да се емитува радио-програма во состав на Македонската општина во Перт. Исто така, во Перт во периодот 1979-1984 година се емитувал уште еден приватен радио-час.

Потоа, од 11 Ноември 1984 година на истата радио-станица во траење од половина час започнал да се емитува уште еден македонски радио-час. Од ноември 1990 година се отворила нова радио-станица во Перт на која Македонската обединета општина добила 120 минути да емитува свој радио-час секоја недела. Исто така, во Перт секоја недела предпладне се емитува радио-часот на Македонското културно-уметничко друштво “Илинден”.

Први обиди за отворање на радио-часови на македонски јазик во Мелбурн започнале во 50-тите години. Меѓутоа, како и во Перт, така и во Мелбурн се правеле пречки од етничките заедници на соседните земји, особено од грчката која често го оневозможувало емитувањето на македонските програми.  И покрај тоа во 1954 година, по повод Илинден требало да се емитува радио-емисија која ја подготвил разгранокот на МАНС. Меѓутоа, еден ден пред емитувањето македонските доселеници биле известени дека говорниот дел не ќе може да биде емитуван на македонски јазик.

На 1 август 1959 година бил отворен првиот радио-час на македонски јазик во Мелбурн. Потоа во текот на осветувањето на првата Македонска православна црква во Мелбурн и Викторија “Св. Ѓорѓи”, во 1960 година со успех била емитувана радио-програма на македонски јазик. Тогаш, всушност, во период од неколку дена на радиото се давале соопштенија за претстојните свечености проследени со македонски песни. Исто така, во текот на 1967 и 1968 година во градот Џилонг започнал да се емитува приватен радио-час со комерцијален карактер.

Потоа во 1977 година во состав на етничката радио-станица 3ЕА, а во рамките на Југословенскиот радио-час односно Австралиско-југословенската добротворна заедница, започнала емисија на македонски јазик. На оваа радио-станица биле емитувани поголем број радио-часови на македонски јазик почнувајќи од 1977 до денес.

Во 1989 година на етничката радио-станица 3 ЗЕТ која е сопственост на Владата на Австралија, Федерацијата на македонските асоцијации во Викторија го започнаа македонскиот радио-час што се емитува двапати неделно.  Исто така, во 1989 година во рамките на Југословенската добротворна заедница започна да се емитува македонски радио-час секој понеделник. Вакви и слични радио-часови во Мелбурн со подолг или со пократок век имало неколку.

Македонскиот збор во Њукасл првпат се слушнал на 31 јули 1949 година по повод 46-годишнината од Илинденското востание, кога се зборувало за ослободителните борби на македонскиот народ. Оваа програма била со кус век, меѓутоа, во 1977 – 1978 година, кога и другите етнички групи добиле радио-час, тогаш добиле и Македонците. Така, на 22 март 1978 година за првпат се пренесе македонскиот збор и македонската песна низ етерот на Њукасл.

Меѓу првите етнички радио-програми во Сиднеј бил македонскиот радио-час кој започнал да се емитува на 13 јули 1975 година на радио-станицата 2ЕА. Од 1975 година започнал да се емитува уште еден радио-час, а од 7 мај 1983 година започна да се емитува македонскиот радио-час кој бил во организација на МПЦО “Св. Петка” од Сиднеј. Потоа, во 1988 година во Сиднеј почна да се емитува уште еден македонски радио-час.

Македонскиот радио-час во Џилонг бил отворен на 4 мај 1989 година. Исто така, радио-час на македонски јазик бил отворен и во Аделајд на 21 март 1976 година, а во Бризбен, пак, македонскиот радио-час започнал да се емитува во 1980 година на општинското мултикултурно радио. Во Квинбијан прва македонска радио програма започнала да се емитува во текот на 1982 година. Сите овие радио-часови биле емитувани на македонски и на англиски јазик при што се даваат материјали за активностите и животот во нивните нови средини, како и од општествениот, културниот, црковниот и политичкиот живот во Република Македонија.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

РАЗЛИЧНИ РАБОТНИ И ДРУГИ АКТИВНОСТИ НА ЛУ ВЛАШО ВО ОХАЈО (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Немаше курсеви по компјутерски науки на универзитетите; Отидов директно во IBM да земам часови. На крајот купивме IBM 360, кој имаше помалку работи од нашите iPhone телефони денес, 16 килобајти. Но, работите се движеа толку брзо што ја сменивме нарачката во 32 килобајти. Поставивме 15 апликации кои би ни биле корисни.

Додека се движевме нанапред сфативме една работа: ќе мора да изградиме нова зграда. Компјутерите мораа да се чуваат на одредена температура; старата зграда не можеше да ги собере канцелариите и компјутерската опрема и системот за климатизација.

И тоа го промени Хобарт.

Се разбира, кога го изградивме новото седиште, мислевме дека треба да го смениме името. Ангажиравме консултантска фирма и кога сето тоа беше готово рековме дека не сакаме да произведуваме и дека не ни треба „The“.

Така, ја сменивме од Хобарт Mанифакчуринг Kомпани (The Hobart Manufacturing Company) во Хобарт Корп (Hobart Corp). Тоа беше „големата промена“!

Откако ја започнавме компјутерската физибилити студија, јас станав системски супервизор – мојата прва менаџерска позиција. Се пријавив кај мојот добар пријател Бил Бекер за обработка на податоци. Подоцна станав менаџер за сметководство за производство.

Харланд Мишлер беше ангажиран како контролор. Тоа значеше дека тој ми е надлежен. Џон ми рече: Не грижи се за тоа. Тое нема да има никакво влијание врз тебе.

Така, Харланд беше контролорот. Сепак, јас навистина бев во персоналот на Двајт Мил, бидејќи како менаџер за сметководство за производство бев на сите состаноци на производството и дискусии за проширување и промени на фабриката. Но, го имав тој луксуз да не морам да му поднесувам извештаи на Двајт.

Двајт беше донесен како потпретседател за производство, и тој беше причината да имаме менаџер за сметководство за производство. Тој беше навикнат да има некој што ја разбира работата и ги разбира бројките. Никогаш не сум бил класичен сметководител; Можев да ги погледнам податоците и знаев како да ги анализирам, да објаснам што може, а што не може да се направи.

За тоа зборуваат сметководителите денес: како да ги разберете бројките за да можете да направите нешто со нив. Јас тоа го правев уште тоа време. Научив многу, па дури и ме замолија да го искористам моето знаење како еден од уредниците за третото издание на Прирачникот за сметководство на Вајли, Водич за менаџмент во сметководство (Wiley’s Accountants Handbook, A Guide to Management Accounting).

Толку многу добри работи ми се случија во Хобарт. Мојата тогашна секретарка ме номинираше за шеф на годината и ја добив наградата! Имаше и такви кои рекоа дека ја добив затоа што бев „премногу мек“ со луѓето. Можеби отсекогаш сум бил она што тие го нарекуваат мек; Мислам дека така е полесно.

Но, понекогаш мора да покажеш цврста рака и малку да ги стегнеш работите за да ја докажеш поентата. Го научив и тоа.

Повеќе простории, повеќе одговорности

Нашиот прв стан во Трој беше на втори кат од куќа која имаше еден кат, во суштина беше таван. Подоцна се преселивме во едно место кое не беше многу далеку од Хобарт и можев пеш да одам на работа, а Џен го користеше автомобилот. Кога се преселивме, од две простории се проширивме во две спални соби, дневна соба и кујна. Тогаш мислевме дека живееме во палата.

Подоцна, изградивме мала куќа со ранч и се преселивме во дом кој имаше два ката на улицата Литлџон Роуд, каде го поминавме поголемиот број од годините кога живеевме во Трој.

Кога се вработив во Хобарт имав 21 година, а во тоа време да имаш 21 година се разликуваше од тоа да имаш 21 година денес. Во Хобарт, семејната атмосфера значеше дека имаше и фамилијарни работи кои мора да ги правиш. Бевме членови на кугларскиот тим. Игравме голф. Организиравме роденденски забави – ме потсетуваа на собирите кои ги имавме за имендени во Кентон, но со американска храна која толку многу сакав да ја имам кога бев дете.

Бидејќи не живеевм блиску до моите родители, направив напори да ги посетуваме колку што е можно почесто, а Винс и Стив да поминат со нив некое време барем еднаш во годината. Сакав тие да ги запознаат своите баба и дедо и да научат за нивното македонско потекло. Баба и дедо уживаа во тоа да ги размазат и да ги хранат со македонска храна и слатки.

1gre199912

Инаку, тоа време моето македонско потекло малку отиде во втор план. Додека бев ангажиран во сите овие работи во компанијата, морав да се ангажирам и во заедницата.

Мислам дека повторно беше Џон Лаферти тој кој еден ден, во 1961 или 62 година, предложи да им помогнам во Џуниор Ачивмент (Junior Achievement), програма каде возрасни луѓе работат со ученици од средни училишта за тие да можат во иднина да основаат и да водат бизнис.

Станав советник и уживав во работењето со младите ученици. Остваривме продажба од само 373 долари, но приниципте на учењето како да создадеш свој сопствен бизнис, да го рекламираш и да го продадеш својот производ беа застапени. Еден од тие ученици беше Лери Блекмор, кој беше нашиот благајник и бевме блиски соработници. Таа година, тој беше прогласен како почесен благајник на нашата област.

Искрата се запали, а после тоа веќе не знаев како да кажам не. Секогаш велам дека никогаш не сум зачекорил нанапред, но не бев доволно разумен да направам еден чекор наназад доволно брзо, кога сите други тоа го направија.

Многу направивме за Џејсис во Трој (Troy’s Jaycees):

Го организиравме огнометот во градот за 4 јули. Џон Стенфорд, еден од нашите членови рече, „Веќе го имам правено тоа. Можеме заедно да го направиме.“ Тој беше многу загрижен, како и сите ние, за безбедноста. Секој кој сакаше да помогне доаѓаше на местото каде се собиравме неколку дена пред настанот и го подготвуваме огнометот. Џон ќе земеше едно парче фитил и ќе речеше: „Сакате послушајте ме, сакате не, но мора да трчате побрзо од ова“. Тој ќе го запалеше фитилот и пред да се свртиме, фитилот веќе беше на крај.

Инициравме збратимување на нашиот град со друг град со иста големина – Офенберг (Offenberg) во Германија. До ден денес, Трој ја оддржува оваа програма на збратименост.

Издававме книга за градот секоја година. Хобарт немаше ништо официјално, но во пракса тој стори многу работи во заедницата. Како компанија, направивме многу работи да помогнеме на Трој, но тоа го сторивме тивко.

Започнавме курс за економска едукација на наставниците откако видовме дека постои празнина во знаењето на многумина наставници во полето на финансиите и системот на пазарната економија. За тие што дипломираа, оорганизиравме голема прослава. Проектот беше финансиран од Клејтон Бракнер, легенда во воздухопловното производство, кој беше еден од основачите на Вако Еиркрафт (Waco Aircraft), еден од најстарите производители на авиони. Додека работеа, седиштето им беше во Трој.

Бевме вклучени во продажбата на градскиот водовод. Градоначалникот беше против тоа, но моравме да му се спротивставиме. Но сепак, го убедивме градот да го продаде водоводот.

Продолжува

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ, СЕСТРА МУ ВИОЛЕТА И БРАТ МУ ЈОСИФ (15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личности од дедо прадедо до денешни дни со семејството на Џорџ, неговиот брат Јосиф и сестра му  Виолета. Инаку, бизнисмени како Јосиф и Џорџ Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Синот на Џорџ-Никола, пак,  е вистинска замена во бизнисот. Тој како и татко му е растргнат и живее во двете татковини, во САД и во Република Македонија.

Семејството Атанасоски, односно Јосиф и Џорџ се сметаат за едни од најбогатите Македонци во дијаспората. Тајната на нивниот успех не е само во завршената школска наобразба, туку во конструкторскиот ген што му го вградило неговото семејство во Прилепско, како последица дека потекнуваат од земја која пред илјада години на светот му дала писменост и култура, кога не постоела Америка.

Прв впечаток од средбите со Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е скромноста која зрачи од неговата личност, педантноста и стилот на човек од бизнисот. Не од оној, на кој сме навикнале кај нас, на Балканот – занаетчискиот, туку светскиот, планетарниот бизнис. Тоа е од една друга галаксија, до која се доаѓа на специфичен начин, со способност за висок менаџмент, за иновации кои отвораат нови простори и шанси за големи пазари.

Таквите луѓе како бизнисменот Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Моите средби со Џорџ во САД и во Македонија ги доживеав на начин на кој не те остава рамнодушен, зашто таквите средби се инспиративни и поттикнувачки во откривањето на нивната смисла и суштина. Мајката природа го изделкала неговиот дух до степен кој му овозможил да дојде до израз во било која поразвиена западна цивилизација.

Во разговите Ѓорѓи и Јосиф како сопственици на „Мајкрофлекс инкорпорацијата“ го велат следното: „Наша цел е за нашите клиенти да обезбедиме високо-квалитетни производи, одличен сервис, брза и ефикасна испорака, односно нивно минимално задржување во магацините на фабриката. Воведувањето на иновации и усовршувањето на системот за подигање и транспорт на производите, е исто така, наша перманентна грижа.

Со еден збор, филозофијата на Компанијата е постојано да го усовршува сервисот, производството и флексибилноста кон клиентите, да одговара брзо на нивните барања, зашто ние постоиме за нив, а не тие за нас. Затоа сензорите на „Мајкрофлекс“ се високо издигнати за да ги фатат на време пораките, предлозите и барањата на нашите ценети потрошувачи“.

Исто така, во хотелот „Сонце ГА“ во Прилеп, имав прилика неколку пати да се сретнам со синот на Џорџ, Никола – Џорџ Атанасоски. Тој е синот кој тргнал по стапките на својот татко Џорџ и дошол во Македонија да живее, да се школува и да ги рашири корените на семејството Атанасоски. Овој млад Американец и натурализиран Македонец, покрај англискиот, добро зборува македонски јазик.

Но, и тој какои татко му е растргнат и живее во двете татковини, во САД и во Република Македонија. Средбите со него беа пријателски, присни како со млад Американец кој се адаптирал на прилепските услови и се чувствува удобно, релаксирано, прилепски како да се родил во Марул. Во разговорите кај него се чувствуваа големата почит и силните емоции кон својот татко – Џорџ.

Така, во последната средба за својот татко, меѓу другото, ми рече:

Како татко и сопруг Џорџ е многу добар. Иако тој е шеф тој, сепак, се враќал дома кај мајка ми, со уље до лактите, по долг ден во фабриката. Тој е шеф кој не се плаши да ги извалка рацете за да се заврши работата. Ми има кажувано многу инспиративни животни приказни и ме научи на многу животни лекции кои ги користам буквално секој ден; се надевам дека еден ден ќе ги следам неговите стапки и ќе бидам исто толку добар човек како што е тој.

Да се овозможи вработување за толку голем број луѓе не само во САД, туку, исто така, и во Македонија, како што прави тој, од несебичната желба за подобрување на Македонија и за благосостојбата на Македонците е навистина инспиративно и јас се обидувам да го имам тоа предвид секој ден – да се обидувам да станам подобра личност. За мене тој е најбрилијантниот човек што некогаш сум го сретнал и тој секогаш е голем татко и има големо влијание врз мене, и мило ми е што сум доволно среќен што тој ми е татко.”

Исто така, младиот Никола ме информира дека неговата мајка Кристина Силвија Атанасоски (родена Нинковиќ) била родена на 6.12.1962 година во градот Чикаго, во државата Илиноис. Завршила гимназија, а потоа се запишала на дршавниот колеџ Дејтона, каде се здобила со звање имотен инвентор и стручњак за развој. Таа денес живее во Ормонд Бич и работи како агент за недвижнини. Се омажила и во брак со Џорџ била 15 години, со кои има три деца – Кристифот, Мајкал и Никола.

1gre1999

Семејството на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Кристофер Атанасоски е роден во Дејтона Бич на 09.10. 1985 година. И тој живее во Ормонд Бич, каде завршил гимназијаи а бил на Колеџот Дејтона и работи во „Мајкрофлекс инкорпорацијата“. Тој обожава да лови и рибари, а се занимава и со развој на телото (бодибилдинг).

Мајкал Атанасовски е роден во Дејтона Бич на 27. 12. 1986 година. Тој како и својот постар брат Кристофер завршил гимназија, запишан е на Државниот колеџ Дејтона, а работи во фабриката „Мајкрофлекс“. Тој е вљубеник во скијање на вода, риболов и е многу добар механичар.

Никола Атанасоски е роден исто така во Дејтона Бич на 25.08.1993 година. Тој завршил основно и гимназија во Дејтона Бич, а првите две години ги завршил во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Сега е студент на Државниот колеџ Дејтона. Никола доаѓа со задоволство волетниот период во Прилеп, каде има голем број пријатели и пријателки. Тој се чувствува како да е од Македонија и, како што вели: „Македонија е мојата татковина и мојата љубов“.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски има и син од првиот брак со Љубица Атанасоска Николиќ, родена во с. Гермијан, Битолско. Тој се вика Дејан и е првиот син од четирите машки чеда на Големиот Џорџ. Дејан e роденна 08.10.1974 година во Њујорк, а го завршил своето образование на Универзитетот Ембри Ридл. Тој е женет со Мара, родена Миланоска, на 21 август, 1974 г. со која има две деца, Александра и Филип, а со другата жена Луана има син Антони, роден 1994 година. И тој како и своите браќа работи во фабриката на својот татко Џорџ – Мајкрофлекс инкорпорацијата.

Брат му Јосиф Атанасовски е роден на 14.09.1948 година во Марул и е прво дете на Алексо и Спасија Танасоски, како што ги викале во селото. Учел во Марул и Прилеп, за потоа, на 21 март 1967 година, патиштата да го однесат во САД. Јосиф во САД се оженил со Елен, со која има две деца: Џон роден на 23.02 1975 и Кристина родена на 08.01.1991 година. Џон е оженет со Мишел. Денес Јосиф како пензионер среќно живее со Сузана Петковска.

Сестра му Виолета Атанасоска – Макормак, пак, e родена на 19 август, 1956 година, во с. Марул. Таа е доктор по медицински науки – кардиолог и е директор на одделот за кардиологија во здравствениот медицински центар – Бровард во Форт Лаудердел. Таму живее со својот сопруг, Американец по потекло, адвокатот Томас Ф. Макормак кој е роден на 16 мај, 1960 година. Тие имаат две деца Кристи родена на 16 март, 1999 година и синот Томас роден на 3 ноември, 2000 година.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

СПИСАНИЕТО „СВ. КЛИМЕНТОВО СЛОВО“ И ВЕСНИКОТ „ДЕНЕС“ – ЗНАЧАЈНИ ГЛАСИЛА ВО АВСТРАЛИЈА (12)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини на петтиот континент.

          51. “Свети Климентово слово” (1990 – ).  Списанието “Св. Климентово слово” се појави 1990 година како периодична публикација и орган на Македонската православна епархија во Австралија. Првиот број е издаден во април, на 20 страници среден формат (20,5 х 29,5 см.), и две корици, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште во Мелбурн.

На првата корица од првиот, а и во другите пет броеви колку што се излезени, е поместен ликот на свети Климент Охридски, а на втората тропарот за Климент. Во продолжение се презентирани текстови од црковен карактер, како што е оној за Христовото воскресение и за голготата, потоа опширниот текст за тиесетгодишнината од животот и работата на Македонската православна црква во Австралија, како и осветувањето на Македонскиот центар во Перт на 12.11.1989 година.

Вториот број на списанието “Св.Климентово слово” од август 1990 година е илинденски број и е посветен на 30-годишнината на првата Македонска православна црква, “Св.Ѓорѓи” во Мелбурн. Третиот број на списанието “Св. Климентово слово” излезе во декември 1990 година. Отпечатен е на 20 страници. Следниот за март-април 1991 година, како велигденско издание, е отпечатен на 28 страници. Бројот 5 на “Св.Климентово слово”, пак, датира од август 1991 година, како илинденско издание и во него, покрај другото, се поместени текстови за Илинден, за 20-годишнината од конституирањето на Австралиско-македонската православна епархија

           52. “Македонски глас” (1990 – ).  Меѓу големиот број информативни гласила, кои што имаат значајна мисија за зачувување на македонскиот национален идентитет, литературниот мајчин јазик, културните вредности, литературата, традициите и обичаите меѓу македонските доселеници во Сиднеј, е секако весникот “Македонски глас”. Тој започна да се печати 1990 година на македонски јазик, со кирилица, настојувајќи да претставува афирматор на македонската вистина. Излегува на 16 страници, на среден формат 29 х 42 см. и е еден од најчитаните и најпопуларни неделни изданија на македонски јазик во Сиднеј и пошироко.

Првиот број на весникот се појави во вторник на 20 септември 1990 година во населбата Рокдеил предградие на Сиднеј. Во почетокот тиражот се движеше до илјада примероди, а според зборовите на Васил боглев сега достигнува и до пет илјади и стана трет најголем етнички весник во Австралија. Во првата година отпечатени се 14 броеви, додека во 1991 година се излезени 48 броеви.

Во јуни 1992 година, пак, Васил Боглев започна да го издава списанието “Збор”. Тоа се печати на македонски јазик секој втор четврток во месецот и е подготвувано на најсовремена компјутерска опрема. На страниците на првиот број се појавија коментари и осврти, како и други текстови, главно, со критичка содржина на актуелните настани.

1tovo12

53. “Денес” (1992 – ). На 2 авугуст 1992 година во Томастаун, предградие на Мелбурн се појавил првиот број на весникот “Денес”. Тој е печатен на 24 страници, на формат 41 х 30 см.  на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик чија цена е 1,2о австралиски долари. Излегува секој понеделник, а започна да го подготвува заедничка редакција под име “Македонско-австралиско пријателство” од Викторија, Нов Јужен Велс и Западна Австралија, а се дистрибуира насекаде во светот каде што живеат Македонци.

Весникот “Денес” е добро технички уреден и содржи бројни материјали од општествениот, духовниот, културниот, социјалниот и спортскиот живот, посебно на активностите на Македонците во Австралија, како и на други простори во Македонија и пошироко.  Тој претставува еден од најиздржаните неделни весници во иселеништвото што се печатат на македонски и на англиски јазик.

54. “Збор” (1992).  Списанието “Збор” започна да излегува двапати месечно во 1992 година. Тој е дел од публикациите на весникот “Македонски глас” од Сиднеј.  Се печати на македонски јазик со кирилско писмо и излегува секој втор четврток во месецот.

       55.  „Политекон“ (Pollitecon www.pollitecon.com ) е формиран во 1992 година, чија цел е за читатечите да обезбеди квалитетни информации на англиски и македонски јазик за етничките Македонци во светот, особено во Грција, да им помогне на етничките Македонци да постигнат признавање и човекови права и да и’ помогнат на Грција да престане со својата политика на асимилација и да биде со толерантно и мултикултурно општество .

56. Порталот „Мактел“ (Mactel). Едев од најзначајните информативни гласила за Македонците од сите делови на Македонија на петтиот континент е, секако веб-порталот Мактел (Mactel) www.mactel.au  од Сиднеј. Овој, како и другите медиумите на Македонците во Австралија се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење.

Улогата на Мактел како средство за јавно информирање е незаменлива во продол-жувањето на културните традиции на македонските доселеници во англосаксонскиот свет. Тој настојува целосно да го запознае читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од стариот крај, особено со вестите од сите области во старата татковина Македонија.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

1050. ГОДИНИОД СМРТТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Илјада и педесет годишнината од смртта на свети Климент Охридски се прослави мошне свечено во Македонија, особено во Охрид од 10 до 12 септември 1966 година. Во неа зедоа учество гости од Република Македонија, од СФРЈ и од странство. Одборот за прослава беше наименуван во почетокот на 1966 година. На прославата и’ беше даден белег од поширокиот опсег на делото и значењето на св. Климент, не само за македонскиот народ, туку и за другите словенски народи.

И одборот беше составен од претставници на тогашните југословенски републики, а во него беше вклучена и Македонската православна црква. Во прославата зедоа учество и поднесоа свои излагања и поздравни говори 30 странски слависти од 13 земји: Австрија, Англија, Бугарија, Западна Германија, Источна Германија, Италија, Полска, САД, СССР, Унгарија, Финска, Франција и Чехословачка. 

Прославата започна на 10 септември со импресивна манифестација на Климентовиот гроб, каде што со реферат настапи претседателот на Извршиот совет на СР Македонија – Никола Минчев. Тој ги истакна историските услови во кои се појавил св. Климент Охридски, потоа неговите заслуги за зацврстува-њето на словенската писменост и култура. Истата вечер Свечената академија во Охрид ја отвори проф. Блаже Конески, истакнувајќи ги во својот реферат заслугите на св. Климент во афмрмирањето на кирилометодиевското дело. Тој посебно ги истакна напорите на Климент во афирмацијата на Словените воопшто и неговото значење во поставувањето на темелите на книжевното творештво кај нас. Истата вечер Свечената академија продолжи со ораториумот„Клименту” од композиторот Властимир Николовски.

На 11 септември 1966 година започна Свечениот собир на Скопскиот универзитет во салата на одморалиштето „Орце Николов”. Собирот го отвори ректорот на Скопскиот универзитет проф. д-р Ксенте Богоев. На собирот наста-пија: Грга Новак, Велибор Глигориќ, Братко Крефт, Есад Пашалиќ и Живан Милисавац. Потоа настапија осумнаесет претставници на странски научни институции, меѓу кои: Гинтер Витшенс (Австрија), Пјатро Федорович Глебка (Минск, СССР), Владимир Георгиев (Бугарија), Јозеф Курц (ЧССР), Алојз Шмаус (С. Р. Германија), Херберт Појкерт (ГДР), Роберт Оти (Англија), Анри Боасен (Франција), Хорас Лант (Кембриц-САД) итн. На македонски јазик настапија: Братко Крефт, Гинтер Витшенс, Јозеф Магнушевски и Хорас Лант.

Во оваа прилика даваме фрагменти од одделни искажувања и тоа од претседателот на Општинското собраиие – Охрид, Јаким       Спировски, кој меѓу другото, рече:

„Пред повеќе од 1050 години продолжувачот на кирилометодиевската хуманистичка мисла, следејќи го патот на солунските браќа, тргна кон овој простор и овде, нз врвот од двојните ридови на градот Охрид, ги запали факелите на словенската култура и писменост. Светилиштето на словеискиот свет – Климентовиот манастир „Свети Пантелејмон“, втемелен од словенскиот учител чиешто име го славиме, е жариштето на Охридската книжевна школа, местото на Климентовото творење, училишното јадро, низ кое минаа стотици ученици понесени од народииот словенски збор на Климентовата беседа. Пред 1050 години, овде, учителот на словенските народи, оптоварен од бремето на годините, по триесетгодишио делување меѓу македонските Словени, ги склопи своите очи, оставајќи светол спомен за своето име со големата мисија што ја оствари во словенскиот свет.

Нам, на Македонците од градот Охрид и околните места, особено ни е драго, што во одбележувањето на овој значаен јубилеј од нашата културна историја учествуваат голем број гости од земјата и од странство. Дозволете ми од името на граѓаните, како и од свое име да ги поздравам сите гости и присутни и да им пожелам, пријатно да се чувствуваат во градот на Климента“.

Говор на Никола Минчев, претседател на Извршниот совет на СР Македонија.

„…Но кога во втората половина на минатиот век условите овозможија да. се разгори националната и културната преродба на македонскиот народ. Климентовото име и дело беа силен поттик, словенскиот јазик да се поврати во црквите, а во просветната и културната дејност да започие да си пробива пат современиот литературен македонски јазик, оспоруван и задушуван од многу страни, и на крајот, наспроти се’, да ја покаже и докаже својата животна способност.

И до денешни времиња во народните преданија се пренесе во пишаната реч, се открија многу нови вистини, но и доста невистини за неговиот живот идело.

Историскиот развиток на ова подрачје е тесно испреплетен со тој на соседните подрачја. Впрочем, слична е положбата и на целиот Балкански Полуостров. Многу заедничко имало во минатото меѓу народите на Балканот. Ние сме длабоко уверени дека е потреба на денот да се развива сето она што било позитивно во заедничкото минато, како и да се воспоставува тесна соработка во изучувањето на допирните точки во историјата со цел да се надмине робувањсто на тесно националистичкото и ненаучното третирање на историските епохи и личности“.

1tovo123456Црквата „Свети Пантелејмон„ каде е гробот на свети Климент

На Свечената академија одржана во чест на свети Климент Охридскк, во својот реферат проф. Блаже Конески, меѓу другото, го кажа следното: „Често во иследувањата на мисијата на Кирил и Методиј се акцентира особено тоа дека се работи, всушност, за дипломатска акција иницирана од византискиот двор. Се разбира, таа политичка позадина е очевидна.  Но би било крајно упростување да се сведува мисијата на Кирил и Методиј само на таастрана. Никој не може да ја откаже самопрегорноста со која солунските браќа ја развиле својата дејност меѓу Словените. Некои научници во тоа гледаат дури укаџание за тоа дека тие самите биле од словенско потекло. Тоа може да биде така, но и немора да биде така. 

Во историјата може да се посочи не еден пример на пожртвувана работа на одделни истакнати личности за доброто на други народи. Кирил и Методиј како да открија во својата дејност во словенската средина една смисла што со посебно призвание го наделуваше нивииот сопствен живот. Зашто една личност не се наоѓа себеси само во спроведувањето на извесни општи принципи, ами таа се остварува во дадена средина по многу посложени патишта. Методиј, како што кажува неговото житие, одбил да прими архиепископски чин во Византија, за да стане после архиепископ во туѓа земја, каде што ќе биде изложен на гоинење и дури ќе помине повеќе од две години во затвор. 

Кога во последните денови од својот живот тој го комплетира преводот од Светото Писмо, тој не ни се претставува во ликот на византиски дипломат, ами ни се претставува во ликот на една културно акгивна личност што сака да остави што поголема трага во средината во која дејствува. Климент Охрилски го разбира добро тоа, и онаа преценка што тој и неговите современици ја даваат за солунските браќа останува во сушност единствено правилна преценка, која негуби ништо од својата историска оправданост, а добива многу по својата човечност, со тоа што е пропиена со искрен патос и со длабока љубов спрема споменот на учителите. Едновремено, примерот на Кирил и Методиј, како и примерот на Климент не утешува со трајноста на едио културно дело, кое се ослободува од рамките на дадена историска ситуација“.

Ксенте Богоев, пак, ректорот на Скопскиот универзитет изнесе:

„Научната мисла на македонскиот и другите југословенски народи, потпирајќи се на соработката и научните достигања на светската. славистичка наука, ќе бидат во состојба да исполнат еден таков историски долг кон својот голем просветител, книжевник и општественик, кој самопрегорно и неуморно работел полни триесет годиии во Македонија и го положил својот живот токму во овој град во кој денес му оддаваат достоен почит оние кои најмногу го изучувале и запознавале и кои најдобро можат да ја ценат големината на историската фигура на Климент Охридски.

Во Социјалистичка Југославија, Македонија речиси го пресоздаванделото на Климент во нови, развиени услов остварувајќи нациоиален и културен процут, длабоко потпрен на тежненијата на народот. Скопскиот универзитет со своите импозантни и разгранети потенцијали формира и внедрува во општеството високо подготвени стручњаци и млади научни работници, кои по својот број, стручност и ентузијазам претставуваат широка движечка сила на стопанскиот и општествениот прогрес. Од редот на генерациите научни работници што излегуваат од Универзитетот во Скопје, македонските слависти и историчари постигнаа завидна афирмација и дадоа забележани научни прилози за Климент Охридски, Впрочем, и денешнава прослава е еден посебен прилог. Таа не би била возможна на ова ниво и со ваква содржина без нивниот удел.

Давајќи иницијатива за одржувањето на денешниов свечен собир, Универзитетот во Скопје беше уверен дека низ учеството на вака голем број угледни научници од земјата и светот ќе биде даден крупен прилог не само за достојното чествување на споменот, туку и за проширување на соработката меѓу научните работници од сите земји во нивните натамошни истражувачки напори за осветлувањето на делото и личноста на Климент Охридски“.

Продолжува

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН