Библиски речник

Во ова продолжение за читателите  ќе го претставиме делот од „Библискиот реч ник“, кој ги содржи табелите: година, месец и денови, потоа мерки итежини, мерки за должина, мерки за одење, мерки за волумен и за тврди материи, мерки за течност и мерки за тежина, до пари

Така во Табели се поместени следните делови:

Година – Годината Еереите ја делеле на 12 лунарни месеци, со вкупно 355-6 денови. Одвреме навреме се повторувал последниот месец, како би се израмнила разликата меѓу соларната и лунарната година. За климата на Палестина значајни биле летото и зимата (1 Мој 8,22; 2 Мој 18,16). Според еврејскиот календар тековната година (1997.) е 5757. година.

Месец – Месеците во еврејската година се следните: нисан (март-април), ијар (април-мај), сиван (мај-јуни), тамуз (јуни-јули), ав (јули-август), елул (август-септември), тишри (септември-октомври), мархешван (октомври-ноември), кислев {ноември-декември), теает (декември-јануари), шеват (јануари-февруари), адар (февруари-март).

Денови – освен саботата (шабат – престанува, одмор), другите денови немаат називи, туку се спомнуваат по реден број, Јом ришон е недела, јом шени – понеделник, јом шлиши – вторник, јом ревиу – среда, јом хамиши – четврток, јом шиши – петок, Шабат – сабота. Денот започнуѕа со заоѓањето на сонцето и трае 24 часа. Сончевиот круг има 28 години, а лунарниот по 19 години. Во обичната година месецот хешван мма 29 дена, а кислев 30 дена. Таа има еден ден повеќе од непотполната, а пак еден ден помалку од полната година, Според тоа годините се делат на обична, непотполна, потполна, а годината на која и се додава последниот месец уште еднаш, е престапна.

Мерки и тежини – Постојат стандардни мерки за тежина, должина и волумен. Но не секогаш може да се утврди точноста на одделните мерки  што се спомнати во Библијата. Стандардните мерки за должина биле засновани на релативни велмчини – човечка шака или лакт, и денес не се користат. Мерките за далечина се засновале на времетраењето на патувањето или дофрлувањето на стрелата.   Житото се мерело повеќе со волумен, одошто со маса. Називите за мерките често произлегувале од називите на садовите во кои се чувало житото. Гомерот, најголемата мерка за жито (3 Мој 27,16) значи ,,магарешки товар” и изнесувал околу 200 литри. Следната мерка е ефа, наречена според садот затворен со капак и содржел околу една десетина од гомерот (2 Мој 16,36). Ока (Лк 16,6) е исто што и ефата, но се користел како мерка за течности. Гомер, што значи сноп бил мерка за собраната маса во пустината. Другите мерки спомнати во СП се користеле во трговијата: летек = 1/2 гомер; ин (2 Мој 29,40) бил еднаков на шесткратна количина што дневно требало да ја испие човек. Лог (3 Мој 14,10) била помала единица за течност. Материјалите од посебна вредност се мереле со посебни мерки.Малите предмети се вагале на ваги со мали тегови, а тежинските едници се чувале во џебовите. Нечесните трговци имале два вида мерки – една кога продавале, а друга кога купувале. Но Мојсеевиот Закон ги забранувал нечесните итрини (5 Мој 25,13). Глаголот вага на еврејские шакал, па според него се нарекувала единицата за мерка шекел (сикел).

Мерки за должина

лакт – ( 1 Мој 6,15; Мт 6,27) = 445 мм, мерен од лактот до врвот на прстот; но имало и лакт подолг за една ширина на дланката = 520 мм; новозаветниот лакт = 55 мм. Шест лакти = една трска.

прст-19 мм

дланка – 76мм (2 Мој 25,25)

саботен ден одење – (Дап1,12) =растојанието што Евреинот не смеел да го прекорачи, бидејќи ја прекршувал заловедта за саботата.

педа – (2 Мој27,16) = 230 мм (должината на раширена рака од палецот до малиот прст).

Мерки за одење

ден одење – (4 Мој 11,31), околу 40 км

милја – (Мт 5,41), римска мерка, околу 8 стадии или 1,5 км

стадиј – (Лк 24,23), околу 185-200 м фат – (Дап27,28), околу 1,85 м

лакт – (4 Мој 35,4) = 45,8 см

чекор – (2 Цар 6,13) = 92 см

стапка – (5 Мој 2,5; Дап 7,5), околу 30,8 см одење во еден саботен ден – растојание што Евреинот не смеел да го помине во сабота, зашто ќе ја прекршел заповедта за саботата. Веројатно изнесувало околу 2000 лакти (1 до 1,2 км). Но прописот различно се толкувал.

Мерки за волумен за тврди материи

гомер – (3 Мој 27,16) – 10 ефи, околу 400 литри;

ефа – (2 Мој 16,36; Ез 45,11) = ока, околу 40 литри;

сеа (копање) – (Мт 13,33) = 1/3 од оката, околу 13 литри; гомер (омер)

(2 Мој 16,36), околу 4 литри;

десетина – околу 4 литри;

кав – (4 Цар 6,25), околу 2,2 литри.

Мерки за течности

кор – (3 Цар 5,2), околу 400 литри;

фат – (3 Цар 7,26), околу 40 литри;

ин – (2 Мој 29,40), околу 6,5 литри;

лог- (3 Мој 14,10), околу 0,5 литри.

Мерки за тежина

Талант – (2 Мој 28,25; Мт 18,24) = 3600 шекели, околу 41 кг;

1 Талант – 6000 драхми;

1 мина – (Ез45,12; Лк19,13) = 60 шекели (2 Мој 38,24; Ез 54,12), околу

11,5 гр. Основна единица во системот на мерки за тежина,

односно маса:

1 драхма – околу 6 гр;

1 гер – (4 Мој 3,47), околу 0,6 гр. Соодносот намерките е следниот:

1 талант = 60 мини – 3600 шекели – 72000 гера                 

1moab1

Пари

Колку што е познато, во библиските земји парите се користеле уште во 8 в.пр.И.Х. Првите пари се правеле од легура на сребро и злато, а тежината била загарантирана со печатот што се втиснувал. Малку се ковале еврејски пари, зашто во тој лериод тие постојано биле под нечие ропство, па користеле туѓи пари. Римските пари се користеле во сите окупирани земји. Евреите имале свои ковани пари во времето на селевкиските цареви (Сириското царство после Александар Македонски), а еврејските водачи (Хасмонеите) во Ерусалим ковале пари по сопствен нацрт. Во времето на бунтот против Рим (66г.), ги исковале првите сребрени пари. Старозаветни златни и сребрени пари шекел (сикал) – околу 11,4 гр. мина – околу 500 гр = 50 шекели талант – 30 кг = 60 мини Новозаветни пари.

Во Палестина биле во оптек три различни видови пари: официјалните, царски пари (римски стандард); провинцските, ковани во Антиохија и Тир (античко грчки стандард) и локалните пари, еврејски, ковани во Кесарија. Данокот во храмот се плаќал со тирски пари (дидрахми), а не римски. Затоа и толку напредувала работата на менувачите. Парите се ковале од различни метали: злато, сребро, бакар, бронза итн. Во НЗ најчесто се спомнуваат античко грчките пари (тетрадрахми) и римските (динари). Еврејски пари: лепта (бронза) и шекел. Античко грчки пари драхма (сребро), статир (статер или тетрадрахма – сребро) и мина. Римски пари 1 евр. шекел – 1 античко грчки статир 1 тертадрахма = 4 римски динари 30 евр. шекели 1 античко грчка мина – 100 римски динари.

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Дел од „Библискиот речник“

Во ова продолжение ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Хилкија – првосвештеник во времето на Јосија кој ја открил заборавената Книга на Закони – до зборот Црква, кој во светлината на НЗ таа е заедница на светите, односно на оние кои веруваат во Христос

Хилкија – 1) првосвештеник во времето на Јосија. Ја открил заборавената Книга на Закони (4 Цар 22); 2) татко на Елијаким, дворјанин на царот Језекија (4 Цар 18,18).

Хирам – една од династиите цареви на фениќанското пристаниште Тир, на половина пат меѓу денешните пристаништа Хаифа и Бејрут.

Хиркан – Јован, син на Симон Макавејски, крал и првосвештеник на Евреите во периодот од 134до 104г.пр.И.Х. Се обидел да ги освои повторно териториите со кои владеел Давид. Ги поразил Идумејците и ги присилил да станат Евреи.

Хоразин – рид на Галилејското Езеро. Христос ги отфрлил неговите непокаени жители (Мт 11,21).

Хорат (Керит) – поток кој веројатно се влевал во Јордан од Галад. Пророкот Илија се сокривал во џбуновитите предели на неговите брегови (ЗЦар 17,3). 

Хорив – в. Синај

Хорити – многу старо племе, се смета дека било несемитско и дека живеело на север на Месопотамија. Подоцна се распрскало по Блискиот Исток. Ги поразиле Хетејците, а подоцна и Асирците (1 Мој14,6) ,Се нарекуваат уште и Хивити и Хуријани.

Храм – светилиште за Бога. За време на патувањето низ пустината, Евреите имале подвижно светилиште, Шаторот или Скинијата на Заветот, во кој бил Ковчегот на Заветот и облакот кој го означувал Божјото присуство. По освојувањето и населувањето на ветената земја, имале различни места за богослужење. Давид сакал да Му подигне храм на Бога, но заради неговите гревови не го сторил тоа, туку му ја препуштил задачата на Соломон. Тој го изградил храмот околу 950 г.пр.И.Х. Вавилонците го срушиле во 586 г. пр. И. X. Вториот храм е изграден во периодот меѓу 520 и 516 г. пр. И. X., со големи напори на пророците Агеј и Захарија. Ирод Велики го подигнал третиот храм во 19 г. пр. И. X. Римјаните го срушиле во 70 г,, а до денес се останати рушевини од него -т.н. ,,Ѕид на плачот”. Храмот бил единственото место каде Евреите можеле да ги принесуваат жртвите. Бил верски центар за сите Евреи (3 Цар 5,1-6). По разорувањето на последниот храм, како места за богослужење се користат синагогите. в. Шатор на состанокот. 

1svet12345Стара црква

Храмовен порез – секој возрасен Евреин плаќал данок за храмот кој изнесувал отприлика колку две работнички дневници. Само свештениците и делумно учителите на Законот биле ослободени од таа обврска.

Хрисолит – многу цврст скапоцен камен од семејството на сма-рагдите. Во Откр 21,20 најверо-јатно се работи за жолт сафир.

Христос – античко грчки превод на еврејскиот израз Машијах, што значи помазаник, цар. Во христијанските цркви, каде се зборувало античко грчки, Христос брзо се прифатило како Исусово име. Во Израел долго се очекувал Месијата, царот на последното време и потомок на Давид (Ис 11,1-9). Во времето на Исус, некои еврејски кругови очекувале да се појавиМесијата што ќе ги отфрли од власт римските окупатори и ќе воспостави моќно еврејско царство. Тие очекувања дошле до израз кога Исус влегол во Ерусалим (Мк 11,1-10). Од вакви претстави за Месијата не биле ослободени ни Исусовите ученици (Лк 24,21). Римјаните Го распнале Исус како политички бунтовник, „Цар Јудејски”. Но Исус не одговарал на ваквите очекувања и со тоа спласнале еврејските очекувања од Него. Христијанската црква учи дека Тој е вистинскиот Спасител и Месија, Кого Бог им Го пратил на луѓето.

Христијанин – следбеник на Исус Христос. Овој израз прв пат го примениле во Антиохија противниците нановата религија (Дап 11,26).

Христијанство – една од големите светски религии. Води потекло од еврејството, но Христос проповедал ново Евангелие. Христијаните веруваат дека Исус е Месијата, син на самиот Бог, Кој земал човечка природа и со својот живот, смртта и Воскреснувањето понудил пат кон Небесното царство.

Цар – израз кој се однесува ина кралевите и на пониските владетели што се спомнуваат во СП. На пример, Ирод бил вазален крал во Римската империја, а царевите на поедини градови што се спомнуваат во СЗ биле најобични владетели.

Цареви –1,2,3, и 4 Книга– според Септуагинтата четири книги, а според некои други преводи поделени се на Прва и Втора Самуилова и Прва и Втора Цареви. Во нив се содржани биографиите наСамуил, Саул и Давид иопфаќаат период од околу 80 години. Подоцна, околу 550 г.пр.И.Х. книгите се ревидирани и доведени во денешен облик. Порано двете биле една целина. Третата и Четвртата во македонскиот превод, односно Првата иВтората книга, отпрвин биле една книга, која зборува за историјата на Израел од последните денови на царувањето на царот Давид (околу 1000 г.пр.И.Х.) до ослободувањето на царот Јехонија од ропството во Вавилон (околу 560 г.пр.И.Х.). Се опишува и владеењето на Соломон иисторијата на поделеното царство: Јудиното иИзраел се до одведувањето на Евреите во Вавилон. Писателите на книгите го прикажуваат и односот на Евреите кон Бога, а не само нивната историја. Насловувањето на книгите во македонскиот превод е извршено според она во црковнословенската Библијаи во Вулгатата.

Цареви Јудини и цареви Израелски – Хронологијата на поделеното царство е заснована врз истражувањата на др В. Олбрајт и важи за општо – прифатена во науката; Историјата на овие царства е забележана во СЗ во книгите на Царевите и во Летописите. Но за многу збиднувања во овие царства се зборува и во пророчките книги. Ниту еден од тие цареви не се одликувал со високи морални особини или посебна религиозност. Многумина од нив се оддале на идолопоклонство. Израелското царство имало 18 цареви, а постоело 200 години.

Царинарница – канцеларија каде Евреите под римска власт ја плаќале царината, односно данокот. Цариниците биле приватни лица на кои Римјаните им го изнајмувале правото за собирање на данокот. Тие морале да платат одреден износ, а остатокот го задржувале. Имале и свои чиновници, а некои се познати како чиновнички старешини. Биле омразени меѓу народот, а бидејќи биле третирани како грешници (Мт 9,11), било соблазнително дружењето со нив, Христос бил во куќата на цариникот Закхеј (Лк 19,2-10). Матеј „цариникот” бил повикан за апостол (Мт 9,9), Царините не биле тоа што денес се подразбира под царина.туку биле давачки воопшто.

1svet223Црвено Море

Царство Божјо – во новозаветно време Јудејците копнееле по доаѓањето на Бога како апсолутен господар. Во фарисејските кругови се зборувало за „јаремот на Божјото Царство”, за оние што се потчинуваат на Божјите заповеди. Други зборувале дека Бог ќе му ставу крај на светот каков што е и ќе воспостави свое неограничено царство. Тие се воздржувале од активен политички живот, но имало и такви меѓу Евреите, како што биле Зилотите. Тие се стремеле кон отфрлање на римската власт и воспоставување на царство на земјата со кое ќе владее нов Давид. Тие очекувања биле пренесени на Исус и Тој е и убиен како бунтовник против римската власт (Мк 11,10; Мк 15,2.26), Тој самиот воопшто не покажал интерес кон власта на земјата – дури и одбивал такво нешто (Јв 18,36). Исус објавил дека Бог ќе востанови свое Царство (Мк 1,15), нево некоја далечна идн-на, туку токму сега. Со Своите дела и зборови Тој тоа царство и го остварил (Лк 17,20-21). Но до потполно остварување ќе дојде кога повторно ќе дојде и ќе седне на царскиот престол и сите народи ќе Го видат онаков каков што е (Мт 25,31-46).

Царство на смртта – подрачје каде владее смртта. Во него се мртвите до сеопштото воскреснување (Откр 6,8).

Царство небесно – друго име за Божјото Царство. Се среќава само во Мт 13,31. Имено, Евреите избегнувајќи да го изговорат Божјото име, вевеле „небо“, тој итн.

Цезар (кесар, ќесар) – титула на повеќемина римски императори (Лк 2,1)

Цигурат (зигурат)  – платформа од цигли, скалесто изградена, по изгледот потсеќа на скалеста пирамида. Надворешните скалила воделе до малиот храм на врвот. Во СП цигуратот не се споменува по име, но Вавилонсктата кула била цигурат во Вавилон (1 Мој 11,1-7).

Црвено Море  – североисточниот дел од Арапскиот Залив (4 Мој 21,4). Не се знае точно каде било местото на премин на Евреите од Египет според 2 Мој 13,18.

Црква – Во СП не постои дефиниција за црква. Во светлината на НЗ таа е заедница на светите, односно на оние кои веруваат во Христос. Зборот ,,црква” по потекло е словенски израз (церков) кој пак е превод на античко грчкиот израз „еклисија” (ек – од и калео – повикувам), кој во НЗ се користи за означување на организирана заедница која Го исповеда Исус Христос, која редовно се состанува и богослужи. Како што следбениците на Исус Христос се појавувале во различни градови, почнал да се користи изразот „црква”, зашто христијанската заедница во секое засебно место се сметала за црква. Никаде во НЗ не се користи зборот црква за да ја означи зградата за собирање на христијаните. Инаку самиот збор црква доаѓа од старогрчкиот збор Кириакос – Господов дом.

Црквени старешини – според еврејскиот начин на богослужење, така и христијанските цркви првобитно биле управувани од група старешини, одговорни најпрвин на апостолите во Ерусалимската црква (Дап 11,30), а подоцна и на епископите, кои ги поставувале (Дап 14,23).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Библиски речник

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот реч ник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од терминот Фарисеи кои според историчарот Јосиф Флавиј, постоеле веќе од 150 г.пр.И.Х. и. се здобиле со водечко влијание во еврејството и понатаму со векови му давале свое обележје – до Хидекел – река која претставувала една од границите на Едемската градина

   Фарисеи – издвоени; се споменуваат само во НЗ, и тоа повеќе пати. Според историчарот Јосиф Флавиј, постоеле веќе од 150 г.пр.И.Х. Во 1 в.пр.И.Х. се здобиле со водечко влијание во еврејството и понатаму со векови му давале свое обележје. За разлика од Садукеите не биле свештеници, туку биле побожни луѓе, кои особено се придржувале до Законот – до таа мерка што често запаѓале во лицемерие (Лк 18,9-14). Верувале во воскреснување на мртвите и во постоењето на ангелите. Некои од нив му биле огорчени непријатели на Христос, зашто ги прекорувал заради неискреноста, па сковале план како да го осудат на смрт (Мт 23,6). Позната е приказната на Исус за фарисејот и цариникот (Лк 18,9-14). Но не може да се тврди дека сите биле неискрени.

Феликс, Антониј- окрутен намесник во Јудеја (52-60.г.), пред кого му било судено на Павле, во Кесарија, околу 60 г. Бил импресиониран од искреноста на апостолот и не сакал да го осуди за предизвикување побуна (Дап 24,10-27), туку го пратил во Рим, но не можел да го ослободи. Павле останал во затвор и откако тој ја напуштил службата.

Феникија – крајбрежниот дел на североисточното Средоземје, покрај Ливан и Галилеја. Претставува дел од старозаветната земја Ханаан; татковина на две древни писма: Алфавита клинестото писмо во Угарит и курзивното писмо од Библос. Фениќаните биле еден од најголемите народи во историјата, познати особено како морепловци. Единствената врска со Евреите ја остварувале преку трговијата. Христос ја посетил Феникија еднаш (Мк 7,26), а апостолот Павле со своите соработници поминале низ неа (Дап 15,3). Позначајни градови биле Библос, Сидон, Тир и Угарит.

Ферезејци – жители на Манаан, кои живееле во ридските области (ИН 11,3). Името најверојатно доаѓа од зборот што означува ,,село”.

Фест, Поркиј – намесник на Јудеја (60-62.г.), го наследнл на должноста Феликс, а бил поставен од Нерон. При сослушувањето на апостолот Павле, бил уверен во неговата невиност, а како римски граѓанин морал да го прати во Рим, но пред тоа средил да го сослуша царот Агрипа 2 (Дап 25,13-27).

Фива – светла; христијанка, ѓаконица во црквата во Кенхреја, предградие на Коринт. Павле зборува пофално за неа (Рим 16,1-2).

Филимон – оној што љуби; богат граѓанин од Колоси и пријател на апостолот Павле кого и го крстил. Павле му напишал Послание, осумнаесеттата книга од НЗ, а напишана околу 61 г, Содржински таа е приватно писмо и претставува молба на Павле упатена до Филимон да му прости на избеганиот роб Онисим, кој во меѓувреме го примил христијанството. Писмото било пратено по Онисим, и Филимон го ослободил.

Филип – љубител на коњи, 1) македонски цар (359-336 г. пр. И.Х.); 2) еден од дванаесетте апостоли, родум од Вирсавија, а пријател на Петар и Андреј. Го привел во христијаство својот пријател Натаниел (Јв 1,43-51); 3) ѓакон, еден од „седуммината”, што биле одредени да се грижат за раната Црква (Дап 6,1 -6).

Филипи – град во Македонија, основан од Август Цезар, римска колонија. Името го носел според македонскиот цар Филип. Апостолот Павле прв пат го проповедал Евангелието на европско тло, токму во овој град, во 51 г. (Дап 16,12-40). 

Филир – в. Ковани пари

Филистејци – множество од ахајски крајморски народи, кои ги протерале дорските племиња од Егејското Море. Во СЗ се споменува дека потекнуваат од Крит (Ам 9,7). Фараонот Рамсез III го одбил нивното продирање кон границата на египетското копно, а ги населил во крајбрежните делови на Ханаан. Отпрвин негови платеници, постепено се осамостојуваат. Го сочинувале владејачкиот слој во градовите Газа, Аскалон, Азот, Акарон и Гет. Доаѓале често во судири со Евреите, за првиот од нив се известува во Суд 4-5. По завршетокот на времето на судиите, имале превласт во Ханаанската рамница. По победата кај Афек, во 1050г. пр. И.Х. загосподариле со Западна Јорданија, а продреле и кон Силом. Седиштето на филистејските управители било во Гева. Првиот еврејски цар Саул неуспешно војувал против нив, а и самиот погинал во една таква битка. Давид, кој го наследил Саул, претходно бил нивни вазал и ја извојувал конечната победа против нив (1 и 2 Цар). По расцепот на Царството доаѓа до повторни борби со Филистејците. Воделе војни и со Асирците. По нападот на Навуходоносор, го губат политичкото значење.

Филозофи – во СП не се среќава „висока филозофија”. Во Дап се напомнува дека епикурејските и стоичките филозофи не го сфатиле сериозно апостолот Павле (Дап 17,18). Мудроста на светот не води кон разбирањето и прифаќањето на Христос (1 Кор 1,18-31). 

Филон Александриски – в. Еленизам. 

1226

Фригија – Подрачје во Мала Азија, со значајни места и крстопати; во неа се основале првите христијански заедници: Лаодикеја, Колоси и Хиерапол (Кол4,13). Во древните времиња постоело самостојно фригиско царство, кое во 6 в.пр.И.Х. потпаднало под персиска, а во 2 в.пр.И.Х. под римска власт. Во 200 г.пр.И.Х. се доселуваат и првите Евреи. Биле раширени во прилична мера и фригиските култови. Павле проповедал во Фригија (Дап 16,6; 18,23).

Фут -1) третиот син на Хам (1 Мој 10,6); 2) град во Африка, се спомнува во СЗ, но неговата точна местоположба не се знае.

Хазна – на старогрчки корван, жртвениот дар во храмот. Во Мт 27,6 изразот корван се преведува како црквена хазна, храмовна ризница или храмовна благајна; в. Корван.

Халеа – куче, еден од луѓето што Мојсеј ги пратил во Ханаанската земја. Заради неговата храброст бил награден со ветување дека тој и неговите потомци ќе ја наследат земјата (4 Мој 13-14).

Халдеја – првобитно земја меѓу врвот на Персискиот Залив, Арабиската пустина и реката Еуфрат. До 7 в.пр.И.Х. изразот ја означувал цела Вавилонија. Овде живеел Авраам пред да замине за Ханаан (в. Ур, 1 Мој 11,28; 4 Цар 24,2).

Халдејци – народ во Вавилонското царство, кој доминирал со него во последните години од неговиот славен период, од околу 626 до 539 г.пр.И.Х., кога Персијанците го освоиле Вавилон. Халдејабила, всушност, северниот дел на Вавилонија, кон Персискиот Залив.

Халкидон – се работи веројатно за зелен камен кој се наоѓа во близината на Халкидон во Мала Азија. Но не е истиот камен што денес го носи тој назив (Откр 21,19).

Хам – еден од синовите на Ное и татко на Хананејците (1 Мој9,18). Според 1 Мој 10,6-20, тоа езаеднички назив за северноафриканските и ханаанските племиња. Подоцна Египет се нарекува „Хамова земја” (Пс 105,23).

Ханаан (Канаан) – ветената земјат која Бог му ја дал на Авраам и на неговите лотомци. Тоа е земјата западно од реката Јордан, од Египет на југ, кон Сирија на север. Дел од таа област подоцна е наречена Палестина. Пред израелските освојувања била населена од многу племиња, со заедничко име Хананејци (1 Мој 12,1-7).

Хананела – Бог е милостив; кула во Ерусалим (Нем 3,1).

1227Стариот град Хеврон

Харкемис – престолнина на Хетитското царство, на брегот на Еуфрат (Ер46,2).

Харфа – жичан инструмент, еден од најзастапените во старозаветно време. Жиците се правеле од трева, а подоцна и од овчји црева. Постоеле повеќе видови харфи, на едни се свирело со една рака, други биле високи колку човек. Имало и квадратии, во форма на коњска потковица или шише, а биле правени од кожа (ПсЗЗт2).

Хеврон – сојуз; еден од најстарите градови на светот, сместен во долината на 36 км југозападно од Ерусалим. Таму умрела Сара, жената на Авраам, абила погребана во пештерата Макпела. Првата Давидова престолнина била во Хеврон, пред заземањето на Еругалим (2 Цар 5,5). Јеровоам го утврдил,а Јуда Макавејски го разорил градот во 164 г.пр.И.Х. Денешното име на градоте Ел-Халил. Хексатеух – првите шест книги од СЗ.

Хептатеух – првите седум книги од СЗ; в. Седмокнижие.

Хермес – античко грчко божество, гласник на  Зевсовите  наредби  (Дап 14,12).

Херувим – (мн. од херув), духовни битија, се споменуваат прв пат во 1 Мој 3,24, каде се споменува дека по изгонувањето на Адам и Ева од рајот, Бог поставил пред неговите порти херувим со огнвнооружје. Потоа се споменуваат кога се зборува за уредувањето на Скииијата во пустината (2 Мој 25,18-22} и при градењето на Соломоновиот храм (3 Цар6,27; 8,6-7; 2 Лт 3,10-13). Ликови на херувими се извезени на завесите на храмот (2 Мој 26,1), а подоцна се изрезбарени на ѕидовите на храмот. По наредба на Соломон биле изработени два херувима, високи околу 15 стапки и со приближно иста ширина на крилјата. Уредувањето на Скинијата се вршело според директна Божја заповед.па присутноста нахерувимите во неа, треба да укажува на тоа дека тие се во непосредна Божја близина, Му служат и ја извршуваат секоја Негова наредба (2 Мој 25,18-22; 1 Пет 1,12). Во Давидовите псалми, а посебно во Исаија 37,16, Бог се претставува како седи на херувими, Мојсеј и Језекиил зборуваат за нив како за ангели (Откр 4,6-9;5,11).

Хетејци (Хетити) – полусемитско племе; Израелците ги среќавале додека лутале по пустината и се плашеле од нив. Го населувале подрачјето на централна Анадолија, а биле моќни се’ до 8 в. пр. И.Х. Биле одгајувачи на убави коњи и вешти изработувачи на оружје од железо, а биле познати и по умешноста на топење на бакарната руда (ИН 1,4). За Хетитите долго време единствен извор на информации беше СП, се додека во 20 в. и археологијата не го докажа нивното постоење.

Хешван (Мархесван) – осмиот месец од еврејскиот календар, одговара на делови од октомври и ноември.

Хидекел – река која претставувала една од границите на Едемската градина. Станува збор за реката Тигар (1 Мој2,14).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Библиски речник

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Тора – еврејски назив за Законот за запишаните закони во Петтокнижието како целина – до Фарес (Перес) – продор; син на Јуда и Тамара, еден од близнаците, од него потекнува фаресовата гранка на Јудиното племе, од која потекнува и Давид

Тора – еврејски назив за Законот (1 Мој 26,5), за запишаните закони (1 Мој4,44) во Петтокнижието како целина. Во раното еврејство и во новозаветното време го означува целиот СЗ (Јв 10,34; Рим 3,19). Се читала во синагогите, секоја недела по еден одреден текст, така што читањето на целата Тора се завршувало за една година, или поретко, за седум години.

Тосефта – збирка преданија, кои не влегле во Мишната, составена околу 3 в. Се смета за додаток и служи за подучување во рабинските училишта. Голем дел од збирката е составен дел на палестинската Гемара и вавилонскиот Талмуд.

Тофет – место во Еномската долина, каде повремено Евреите од Ерусалим ги спалувале своите синови и ќерки како жртви на амонитскиот бог Молох {4 Цар23,10). Ереммја пророкувал против Тофет (место на   спал-вањето) (Ер7,32-33; 19,6).

Тракија – област меѓу Македонија и Црното Море.

Трахонитида – подрачје источно од Генисаретското Езеро (Лк 3,1).

Трет Исаија – в. Тритоисаија.

Тритоисаија – Трет  Исаија, ознака за непознатиот писател на 56-66 глава од книгата на пророкот Исаија, кој според мислењето на многу автори се разликува од Девтероисаија, кој пак е автор на главите 40-55. Со проучувањето на Библијата е дојдено до заклучок дека порокот Исаија е автор само на 1-39 глава од книгата (8 в.пр.И.Х.). Позадината, пак, на 40-66 глава е времето на вавилонското ропство и подоцнежниот период (6-5 в.пр.И.Х.). Денес скоро со сигурност се смета дека главите 40-66 настанале после вавилонското ропство. Но спорно е дали се работи за еден автор (можеби Девтероисаија или некој негов ученик), кој делувал непосредно по враќањето во татковината {после 538 г.пр.И.Х.). Овој дел од книгата на пророкот Исаија содржински се занимава со предупредувања за богоугоден живот и искажува надеж за Новиот Ерусалим, судот и иднат аслава на последните времиња.

Трње – плевел со боцки, се шета за казна (1 Мој 3,18; Ис 7,2,13; 34,13), а служи и за ложење оган (Проп 7,6; Ис 33,12). Трновата круна на Христос не се знае од која билка била исллетена и најверојатно не послужила како средство за мачење, како што наложува традиционалното сфаќање, за кое пак најраните сознавања потекнуваат од крајот на 2 в. Можно еда служела само за потсмев, како карикатура на царските круни.

Троада – еден од главните градови на римската провинција Азија на егејскиот брег во северозападна Азија. Павле прв пат отпловил за Европа од тоа пристаниште, при своето второ патување. Таму останал една недела по враќањето од третото мисионерско патување (Дап16,8-11; 20,5-12).

Тројствени обрасци – се среќаваат во Мт 28,19; 1 Кор 12,4 и 2 Кор 13,13. Претставуваат први обрасци на исповедање на верата во троединиот Бог; в.Тројство.

1321

Тројство – изразито учење за тројството не се среќава ни во СЗ, ни во НЗ. Но во НЗ постојат искази кои претставуваат темел за сфаќањето за троединиот Бог и суштински се разликуваат од паганските претстави за божествените тријади (Пр. божествено семејство, сочинето од мајка, татко и син). Божјото тројство го сочинуваат трите личности на еден исти Бог – Отецот, Синот и Светиот Дух.

Трофим – оној што храни, еден од првите христијани, по потекло од Ефес, кој заедно со апостолот Павле го ширел христијанството во Азија и Ерусалим (Дап 20,4). Павле бил уапсен после еден настан, кога се сметало дека направил престап во внатрешното двориште на храмот каде паганите немале пристап (Дап 21,29-36).

Труба – многу стар инструмент, на почетокот долг и тесен рог од овен, на едниот крај проширен. Се користел во војните и при пеењето во храмот (2Мој 19,16-19).

Тумим – в. Урим и Тумим.

Ќелија – мала темна просторија (Ер 37,16).

Ќесар – в. Кесар, Цезар. Ќесарија – в. Кесарија.

Улај – река источно од Суза, покрај која пророкот Даниил добил визија (Дан 8,2.16).

Управител – се спомнува најчесто во СЗ како управител на некоја област, одреден од царот. На пр. Неемија бил управител на Јудеја (Нем 5,14); другите се спомнуваат како управители на градовите или ,,градоначалници” (3 Цар 22,26). Во НЗ овој термин се однесува на управителите кои биле директио потчинети на римската власт, како Пилат {Мт 27,2) и Феликс (Дап 23,26). познат по култот на богот на месечината (Син). Бил населен веќе 4000-5000 г.пр.И.Х. Роден град на Аврам (1 Мој 11,27-31; 15,7). Кај неговите ѕидини се најдени дебели слоеви глина, кои укажуваат на некој дамнешен потоп на земјиштето.

Урбан – градски, често име на робови во Римската империја {Рим 16,9).

Уриел – светлост Божја, 1) левит кој помогнал при преносот на Ковчегот на заветот од Оведедом во Ерусалим (1 Лт 15,11-15); 2) име на ангел во еврејската апокалиптична книжевност. 

Ур – најверојатно означува град, денес го носи името Мукајер -„смолен”, поради смолата што се употребувала како поврзувачки материјал за тули при градењето. Древен сумерски град во Халдеја, јужна Вавилонија, 

Урија -1) Хетеец (Хетит), кој бил во служба во Давидовата војска и го обожувал еврејскиот Бог. Негова жена била Вирсавија, која многу му се допаднала на Давид. За да може да ја земе за жена, го пратил Урија во првите воени редови за време на опсадата на Раватамон, каде и погинал (2 Цар 11); 2) син на пророкот Семај, го прекорувал царот Јоаким и затоа избегал во Египет. Но подоцна бил вратен и убиен (Ер 26,20-23).

Урим и Тумим – предмет што првосвештеникот го носел на градите, со имињата на дванаесетте племиња на дванаесет скапоцени камења. Служел како средство за одредување на Божјата волја во деликатни случаи (2 Мој 28,30; 3 Мој8,8). Се користел само за одговарање на прашања, суштински за целиот народ. По времето на Давид не се споменува дека повеќе се користи. Има различни мислења за тоа што во суштина претставувале Уримот и Тумимот и како се користеле. Според едно од нив, тоа биле два привезоци на ефодот што можеле да се извадат. Биле користени како жреб, фрлани како коцка која преку начинот на кој ќе паднела, ја откривала Божјата волја. Некои сметаат дека биле камења со рамна површина, од едната страна бели, а од другата црни. Ако паднеле и двата со белата страна нагоре, договорот од Бога бил потврден или обратно. Ако паднеле пак со различни страни нагоре, значело дека нема одговор на прашањето. Можеби се слушал глас или се гледал некој лик или отсјаЈ во камењата, или делувал мистично преку свештените имиња. Старозаветниот свештеник со Урим и Тумим е праслика за Христос (Ев 5,7-9). Очекуваниот свештеник со Урим и Тумим еИсус Христос, првосвештеник – застапник и искупител (Ис 42,1-7; 51,4-5; Лк 2,32; Јв 1,9).

13221Египетски фараон

Утвара – визија, видение (Дап 2,17).

Утешител – staroгрчки пзраклит; се појавува како израз само во прошталните говори на Христос (Јв 14,16.26; 15,26; 16,7; Јв2,1). Според Јв 16,13 тоа е Духот на вистината, односно Светиот Дух.

Уфаз – наоѓалиште на злато, на кое не му се знае точната локаци-ја; буквално може да значи чисго злато (3 Цар 10,18; Ер 10,9).

Ученик – назив за секој од дванаесетте апостоли (Мт 10,1) и за повеќето Христови следбеници (Јв 6,66). Во Дап 21,16 сите Христови следбеници се нарекуваат ученици, и мажитe и жените; а во Антиохија прв пат се нарекуваат христијани (Дап 11,26).

Учител – назив за Христос (Јв 13,13). Во раното христијанство лостоеле учители, се спомнуваат во Дап 13,9; 1 Кор 12,28; Еф 4,11. Нивна задача била да ја пренесуваат разбирливо Божјата волја во раната Црква и да се грижат за богоугоден живот во неа.

Фазга (Писга) – област во ридестиот дел во Моавската земја, се протега кон североисточниот крај на Мртвото Море. Таму Валам принел жртва (4 Мој 21,20), а од нејзиниот врв Мојсеј ја видел ветената од Бога земја (5 Мој 34,1-3).

Фануил (Пенуел) – лице Божје 1) место на реката Јавок во Јордан, каде Јаков се борел со ангелот и го примил Божјиот благослов (1 Мој 32,24-32). Се споменува како населба во описот на борбата на Гедеон против Мадијан (Суд 8,8.17), а подоцна бил утврден од Јеровоам (З Цар 12,25); 2) таткото на Ана, старата пророчица од Ерусалим, која присуствувала на донесувањето на детето Исус во храмот и во него го препознала Месијата (Лк 2,36-38).

Фаран – пустина во средишниот дел на Синајскиот Полуостров, каде побегнале Исмаил и Агара, од кај Аврамовиот дом. Оттаму Мојсеј пратил извидници во Ханаан (4 Мој 13,1-3), а Евреите поминале на својот пат за Ханаан (4 Мој 10,12).

Фараон – претставува еврејски израз за египетскиот ,голема куќа’ – титулата на египетските цареви. Ги исполнувале наредбите на египетските божества, а и самите се сметале за божества. Особено изразена е улогата на фараонот што не им дозволил на Евреите да го напуштат Египет, опишан во 2 Мој.

Фарес (Перес) – продор; син на Јуда и Тамара, еден од близнаците, од него потекнува фаресовата гранка на Јудиното племе, од која потекнува и Давид (4 Мој 26,20).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Дел од „Библискиот речник“

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Таблици на Законот – камени плочи на кои се напишани Десетте Божји заповеди – до Тел Авив – брег на плимата; населба на еврејските изгнаници, на брегот на реката Кебара и во близина на Нипур

Таблици на Законот – камени плочи на кои се напишани Десетте Божји заповеди; им биле дадени на Израелците преку Мојсеј на планината Синај (2 Мој 20,1-17;32,15). Во поширок облик дадени се во 5 Мој 6-21 и во 2 Мој 34. Антички назив за Десетте Божји заповеди е Декалог.

Тавита – ,,срна”, христијанка од Јафа, која според Дап 9,36-43 апостолот ја вратил во живот.

Тавор – височинка на 588 м надморска висина, северно од рамнината Језраил, граница меѓу племињата на Нефталим, Зевулон и Исахар (Ис 19,12.22.34). На нејзиниот врв Варак ги собрал Зевулон и Нефталим во борба против Сисар (Суд 4,6.12.14} иго поразил (Суд 5). Според 5 Мој 33,18 таму било и светилиштето на Исахар и Зевулон, она истото што се напаѓа во Ос 5,1. Преобразувањето на Исус Христос опишано во Мт 17,1-9 и возвишувањето опишано во Мт 28,16, се случиле токму таму. Новозаветниот текст тоа не го потенцира.

Талант – в. Пари. Не може точно да се одреди дали означува тежина или пари, зашто и парите се мереле.

Тадеј – одважен; единствено во Мт 10,3 и Мк 3,18 се споменува како еден од апостолите. Се претпоставува дека е истата личност спомната во други новозаветни книги, Лк 6,16 и Дап 1,13, како Јуда, братот на Јаков. Не се знае ништо за неговиот живот и делувањето.

Тадмор – Палмира, во елинскиот период, град-оаза во сириската пустина{2Лт8,4).

Тајна објава – Откровението на апостолот Јован. 

Тајни учења – учења на гностичките кругови на лажни учители кои се занимавале особено со родословијата од 1 Мојсеева и оттаму извлекувале најфантастични заклучоци за светот и неговиот постанок. Тие учења ги има во вид апостолот Павле во 1 Тим 1,4 и Тит З,9.

Талитха куми – девојко, стани, зборови на арамејски искажани од Христос (Мк 5,41).

Талмај – потомок на Анак (4 Мој 13,22; ИН 15,14; Суд 1,10).

Талмуд – учење, проучување. Некаде околу двестотата година по И.Х. довршена е исцрпна збирка закони – Мишна, со цел СП да се приближи до секојдневниот живот. Во вековите што следат таа е надополнувана со толкувања и дополнувања, и новата збирка што настанала е наречена Гемара. Мишна и Гемара го сочинуваат палестинскиот Талмуд, кој е завршен околу 400 г. Вавилонскиот Талмуд е по исцрпен, довршен е околу 500 г. и заедно со СП го сочинува темелот на еврејското верување и учење до денешен ден. Го содржи толкувањето на Петтокнижието, мудри изреки, научни приказни итн. Претставува значаен извор за разбирање на СП. 

1zamo1

Тамар – град во Јужна Јудеја, утврден од Соломон (3 Цар 9,18). 

Тамара – палма, 1) снаата на Јуда, после смртта на мажот ја омажиле за Онан (1 Мој 38); 2) ќерката на Давид, ја силувал нејзиниот полубрат Амнон и заради тоа бил убиен од брат ѝ Авесалом (2 Цар 14,27). 3) ќерката на Авесалом, а жена на Ровоам, Соломоновиот син (2 Цар 14,27).

Тамариск – дрво што расте во Средоземјето, убаво со мали ливчиња со виолетова боја. Во СЗ се сметало за свето дрво.

Тамната 1) место во областа на Дановото племе, меѓу Бет-Шемеш и Акарон, на северната граница на Јудеја (ИН 15,10; 19,43; Суд 14, 2 Лт 28,18); 2) град во јужна Јудеја со непозната местополжба (1 Мој 38,12; ИН 15,57).

Тамнатарес – место каде е погребан Исус Навин, се наоѓало на Ефремовата Гора (Суд 2,9). Во ИН 19,50 се споменува како Тамнат-Сарај.

Тамуз – 1) месец во еврејскиот календар, одговара на делови од месеците јуни и јули; 2) Сумерско божество на сточарството и на билките; сроден на богот Адонис, а маж и брат на божицата Иштар. Језекиил го споменува оплакувањето на Тамуз како обред осуден од Господ како гадотија.

Танак – канаански царски град (ИН 12,21), долго време им одолевал на Израелците (Суд 1,27). Се споменува подоцна како град на левитите, но во времето на царевите го губи значењето.

Танис – в. Рамзес, в. Соан.

Тапуах 1) ханаански град западно од Витлеем (ИН 15,34); 2) царски град на границата меѓу племињата на Манасија и Ефрем (ИН 12,17; 17,8).

Тара – име со нејасно значење, најверојатно „козорог”, синот на Нахор, а татко на Авраам, Нахор и Аран (1 Мој 11,24-32). Од Ур дошол во Ханаан, се населил кај Аран и таму умрел. Во ИН 24,2 се споменува дека Тара им служел на други богови.

Тарак – етиопски и египетски цар (689-663.г.пр.И.Х.). Ги поддржувал палестинските кнезови против Асирија; за време на неговото владеење Асирците го освоиле Долен Египет и го протерале од Мемфис. По повторното кратко освојување на Мемфис, Тарак конечно се повлекол во Напат. Се споменува во 4 Цар 19,9 и Ис 37,9.

Таргум – превод на СЗ на арамејски говорен јазик, делумно проширен и протолкуван. Постојат повеќе верзии; 1) Кумрански, содржи извадоци од Јов и 3 Мојсеева; 2) Онкелсов, го содржи Петтокнижието, настанал по устен пат во Палестина, а е запишан во Вавилон, околу 500г.; 3) Ерусалимски, го содржи палестинското Петтокнижие со извесни надополнувања; 4) Јонатанов, составен од пророчки книги; 5) Псевдојонатанов, содржи дел од Ерусалимскиот и дел од Онкелсоновиот Таргум; 6) Таргум што ги содржи Јов, Изреките и Псалмите. Овие збирки се многу значајни за проучување на јазикот што го говорел Исус Христос.

Таре – в. Тара.

Тартан – врховен заповедник на асирската војска, го опсадил Ерусалим (4 Цар 18,17; Из 20,1).

Тарс (Тарсис) – главен град на Сицилија во римско време, основан од Фениќаните на Кодна; во времето на Селеуците е хеленизиран (2 Мак 4,30), Имал развиен духовен живот (Дап 21,39). Бил родно место на Павле (Дап 22,3), живеел во него еден период после своето обраќање (Дап 9,30; 11,25).

Тарсис – античкогрчки град, чија местоположба не е одредена (Из 66,19; Пс 72,10). Честопати се поистоветува со шпанскиот град Тартес. Бил богат град (Ез 38,13), од него во Тир се увезувало сребро, железо, олово и коситар (Ер 10,9; Ез 27,12). Таму избегал Јона, според Јона 1,3 и 4,2, Според 3 Цар 10,22 и Из 2,16 големите т-говски бродови се нарекуваат тарсиски.

Тартак – име на непознат бог (4 Цар 17,31).

Тат – крадец.

Татнај – надзорник на повторната градба на храмот, поставен од царот Дариј (Ездра 5,3.6; 6,6.13). 

Тафнис – место во Египет по долината на Нил, каде боравеле израелските бегалци. Таму избегале после убиството на Гедолија, а ги присилиле и Еремија и Варух да дојдат со нив (Ер 43,7-9; Ез 30,18).

Тафса – град на Еуфрат, северната граница на Соломоновото царство (3 Цар 5,4).

Тацијан – в. Библиски текст.

Тврдина – в. Антиохија, Махеронт, град.

1zamo2

Тврдина со една од најстарите слики на Исус Христос

Теба – име за Но-Амон, град на околу 740 км јужно од Каиро. Во времето на Новото царство (околу 1600-663 г.пр.И.Х.) главен град на Египет, познат по храмот во Карнак и Луксор, како и по Храмот на мртвите со Долината на кралевите. Имал миогу развиен религиозен живот. Во 665 г.пр. И.Х. бил освоен од Асурбан и паласирскиот цар (НемЗ,8; Ер 46,25; Ез 30,14).

Тебет – календар.

Тевда – јудејски бунтовник (Дап 5,36), времето на неговата побуна не се знае точно. Бил убиен и неговите приврзаници се растуриле.

Тевет – десеттиот месец од еврејскиот календар, одговара на делови од месеците декември и јануари (Ест2,16).

Тевец – град на 15 км северојужно од Шекем. Таму некоја жена го усмртила Авимелех со воденички камен фрлен од тврдините (2Цар11,21; Суд 9,50-53).

Теглатфаласар – в. Тиглат-Филесарш,

Текст – в. Библиски текст.

Текстовна критика – значајна област од библиската наука. Се занимава со сите постоечки ракописи, преку 5000; со нивно подредување според времето на нивното настанување; со утврдување на изворниот библиски текст, преку елиминирање на искривувањата во текстовите и неправилното читање. Притоа се користат и текстови од црковните оци и постари библиски преводи.

Тема – оаза во северозападна Арабија, каде се пресекуваат два каравански пата (Из 21,14; Ер 25,23; Јов 6,19); во него живеел осум години последниот нововавилонски цар Набонид.

Теман – 1) внукот на Исав (1 Мој 36,11.15.42); 2) територија на Едомците {1 Лт 1,36.53; Ер 49,20), но не се знае каде била точната локација; според Амос 1,12 се наоѓа покрај Восор, а според Авдиј 9 на Исавовата Гора; а пак според Авакум 3,3 на планината Паран.

Текуја – град во јудејските планини, утврден од Јеровоам (2 Лт 11,6); после изгнанството бил повторно населен (Нем 3,5.27). Родно место на пророкот Амос (1.1)-

Тел Авив – брег на плимата; населба иа еврејските изгнаници, на брегот на реката Кебара и во близина на Нипур; место на живеење на Езекиил (Ез 3,15).

Теле златно – в. Бик.

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Библиски Речник – Буквата “C”

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Сихемханаански град во ридестиот дел на Ефремовата земја до Сур – област близу до египетската граница на врвот на Синајскиот Полуостров

Сихем – рамо, ханаански град во ридестиот дел на Ефремовата земја,   во кој се одвивале многу значајни настани за еврејската историја. Таму Исус Навин ги собрал сите племиња и ги опоменал на Божјата љубов кон нив. Ровоам, синот на Соломон, одржал говор со Сихем, во кој ги испровоцирал и ги свртел советниците на татко му против себе, што придонело царството да се подели на два дела: Израел и Јудеја. Јеровоам I, првиот цар на Израел живеел таму. Градот паднал во рацете на Асирците меѓу 742 и 721 г.пр.ИХ(ИН24,1.32).

Скакулец (Локуст) – еден вид скакулци што се споменуваат во СП. Летаат во роеви и ја уништуваат вегетацијата, На блискиот Исток служат се’ уште како храна (ЗМој 11,22; Мт 3,4).

Скинија – в. Шатор на состанокот.

Смола – битумен, некој вид на кал или асфалт, се користел како малтер (1 Мој14,10).

Соборни посланија – 7 новозаветни книги, писма упатени со некоја намена до група верни или, пак, до поединци. Тоа се Посланието на Јаков, две Петрови, три Јованови и едно Јудино. Најверојатно се наречени соборни, зашто нивната содржина не се однесува само на одделни групи, туку има општо значење за сите христијани 

Советници – членови на Синедрионот, кои не биле ни свештеници, ни теолози (Мк 15,53; Лк 23.50).

Содом – еден од петте градови во областа јужно од Мртвото Море. Порано сите биле над морското ниво, но земјотресот некаде во 1900 г.пр.И.Х. ги уништил. Во времето на Аврам, градовите биле ограбени од напаѓачи од Месолотамија. Авраам одел по нив се’ до Дамаски го спасил својот внук Лот, кого го зеле во заробеништво (1 Мој 14). Содом, како и Гомора (1 Мој 19) е пример на морално расипано општество, кое Бог го уништува. Во СЗ се спомнуваат гревовите на жителите на Содом и Гомор и тие се пример за народ за кој нема милост (Ер 23,14). Денешниот израз Содомија (сексуален чин со животни), СЗ им го припишува исклучиво на Содомците. Христос се осврнува на судбината на Содома и Гомора, како опомена за сите оние кои нема да го прифатат Божјиот збор (Мт 10,15).

Сокот- копиби, сеници, древен град источно од Јордан, на висорамнината близу до потокот Јавок. Тоа е местото каде Јаков подигнал шатор за своето семејство заедно со неговиот брат Исав (1 Мој 33,17). Во времето на Соломон во Сокот се правеле предмети од повеќе видови метали кои го украсувале храмот.

Соломон – мирољубив, синот на Давид и Вирсавија, третиот цар на Израел. Владеел во периодот од 960-922 г.пр.И.Х. Многу истакната личност од еврејската историја, кој ги преминал границите на популарност кај својот народ, па е дел од легендите и преданијата и кај други народи. Познат е по мудроста, моќта и мирниот период во текот на владеењето. Ја развил трговијата и подигнал ланец на одбрамбени градови. Во СЗ се спомнуваат неговите врски со странските владетели и земји. Склопил политички брак со ќерката на фараонот, заради зацврстување на врските со Египет (3 Цар 3,1), ја примил во посета савската царица, заради одржу-вање наодносисо Арабија(3 Цар 10,1-13), со Феникија одржувал трговски врски ија уредил заедничката граница (3 Цар9,10-14), како и со Едом и Дамаск (3 Цар 11,14-25). Го изградил храмот во Ерусалим (3 Цар 5,16-6,38), како и царскиот двор (3 Цар 7,1 -51), Поседувал бродови, големо богатство, а особено мудрост (3 Цар 3.28; 5,9-14; 10,7). Осветувањето на храмот е главниот историски настан за време на неговото владеење. После неговата смрт царството пропаѓа. Една од причините е што се интересирал за туѓите богови (3 Цар 1-11).

Соломонов трем – трем со столбови во предворјето на храмот во Ерусалим, каде имале пристап и многубошците. Местото се користело за верска настава (Јв 10,23; Дап 3,11; 5,12).

Солун – град во Македонија, римска поморска база и трговски центар. Го основал царот Касандар во 315г.пр.И.Х. како античка населба и го нарекол според името на неговата жена, а една од сестрите на Александар Македонски, Тесалоники. Во времето на римското владеење во 148 г.пр.И.Х., Солун станал главен град на Македонија. Апостолот Павле на своето второ мисионерско патување таму затекнал христијанска црква. Обратил во христијанство и некои Евреи, како и угледни граѓанки (Дап 17,1-4). Во рамките на своето трето мисионерско патување можеби повторно дошол во Солун (Дап 20,1-4).

(Послание) на Солуњаните, 1 и 2 – книга од НЗ. Претставуваат две писма кои ап. Павле ги пратил од Коринт за црквата во Солун, околу 50 или 51 г. Првото послание ја изразува Павловата благодарност кон народот што ја примил верата во Господ Исус Христос. Второто послание предупредува на Второто Христово доаѓање. Првото послане до Солуњаните е најстариот новозаветен запис.

Сорок, долина – природен пристап кон Ерусалим од Јопа, Долината ги пресекува ридовите меѓу Филистејската рамнина и висорамнината Јудеја. Самсон и Далила живееле таму, а таму биле водени и борбите меѓу Евреите и Филистејците (Суд 16-4). 

1sihsen1

Состан – старешина на синагогата во Коринт, чии обвинувања на ап. Павле римскит проконзул ги одбил (Дап 18,12-17).

Софонија – Јахве засолнил; еден од малите пророци, правнук на Езекија и припадник на угледно семејство. Современик на Еремија и пророкувал околу 626 г.пр.И.Х. Зборувал против идолопоклонството и го повикувал народот на покајание.

Софонија – Книга на пророкот

Софонија – книга од СЗ. Содржи три кратки глави, а напишана е пред реформата на Јосија, во 621 г.пр.И.Х. Во неа се повикува на борба против, гордоста и идолопоклонството; но и на понизност и потчинување под Божјата волја.

Спасител – назив кој се однесува на Исус Христос. Тој е Спасителот, зашто не спасува од гревот (Лк 2,11). Божји син, Кој станал човек за да го спаси човекот. Науката за спасението се нарекува сотирологија.

Списи – третиот дел од еврејската Библија, на античкогрчки наречен Хагиографа (свештени списи). Го сочинуваат книгите: Псалми, Изреки Соломонови, Јов, Песна над песните, Рута, Плачот на Еремија, Проповедник, Естира, Даниил, Ездра, Немија и двете книги Летописи.

Сребреник – пари (Мт 26,15; 27,3-9). Јуда примил триесет сребреника, односно шекели или статири; в. Пари.

Старешина – во СЗ лица кои заземаат различни општествени положби во домашните, граѓанските и црковните работи. Биле предводници на собирите. Првите формално избрани старешини биле избрани во пустината, кога 70 биле избрани да му помагаат на Мојсеј (2 Мој 18,25-26; 4 Мој 11,16-30). Се спомнуваат во текот на целата израелска историја, ги имало во секој град, каде раководеле со граѓанските и верските работи (5 Мој 19,12; Рута 4,2-11; 1 Цар 11,3; Ездра 10,14). Во Синедрионот имало 70 старешини, според НЗ. Имале големо влијание врз народот и уживале голема почит. Постоајно Му се противеле на Христос и на Неговите ученици. И раната Црква имала свои старешини, во Антиохија се спомнуваат за прв пат, а потоа и во Ерусалим (Дап 11,30; 15,2).

Срна – црвен или црвеножолт елен, ,,чисто” животно, дозволено за јадење (5 Мој 12,15). 

Стадиј – 200 м (Лк 24,13; Јв6,19; 11,18; Откр 14,20; 21; 16). Овој израз не еист со саботниот ден на одење, кој изнесува 1 км (Дап 1,12); в. Мерки.

Стариот завет – еврејски свети книги, со заедничко имеза поголемиот дел од нив. Постојат четири различни канони (листи) на книгите кои спаѓаат во СЗ: протоканон, православен, католички и протестантски. Протоканонот е еврејскиот список на свети книги и е составен од три дела: Тора (Законот), кој ги опфаќа петте Мојсееви книги; Пророците, во кој се опфатени пророчките и историските книги; и Писмата, во кој се поетските и мудросните книги. Православниот канон ги содржи и девтероканонските книги (вкупно 11), но одделни цркви се разликуваат според опфатените девтероканонски книги. Католичкиот канон исто така содржи некои од девтероканонските книги. Девтероканонските книги се преземени од Септуагинтата; в. Септуагинта. Протестантскиот, пак, е идентичен со еврејскиот, но редоследот и распоредот на книгите е променет. СЗ ја искажува идејата за единствениот Бог Кој создал се’ и се грижи за се’. 

1sihsen2

Статир – храмовна даночна обврска (Мт 17,24-27). Износот во платежно средство (дидрахми) во различни преводи различно се именува.

Стефан – венец, првиот христијански маченик, еден од првите седум ѓакони во ерусалимската црква. Бил обвинет и доведен пред Синедрионот, каде држел говор и се бранел од лажните обвинувања. Го осудиле на каменување, со што бил согласен и апостол Павле (Дап 6,8-8,1). Додека умирал се молел Бог да им прости на неговите убијци (Дап 7,54-8,2). заради зачестените прогони, многумина од првите христијани морале да бегаат од Ерусалим и на тој начин го шир-ле Евангелието.

Стефана – првата личност што апостол Павле ја крстил во Ахаја (античка Грција) (1 Кор 1,16).

Стоици – филозофи, кои строго се придржувале до учењето на Зенон (Дап 17,18). Верувале во судбина, а како филозофски правец се развил околу 300 г.пр.И.Х.

Стратиште – местото на Христовото погубување (Калварија, Голгота).

Судии – Книга за судиите – книга од СЗ. Тоа е историја на првите години на престојување на Евреите во Ханаан и изобилува со приказни за хероите од народот. Судиите биле народните водачи штово времето после Исус Навин станувале народни водачи. Во книгата има делови што се однесуваат на многу стари времиња, и дејствието опфаќа многу голем временски опсег. Денешниот изглед книгата го добила околу 400 г.пр.И.Х. Познати судии биле Готониел, Јехуд, Девора (единствената позната жена судија), Варак, Гедеон, Ефтај и Самсон.

Сузана, Книгата за Сузана – лил-јан, спаѓа во девтероканонските книги. Напишана е околу 130 г.пр.И.Х. и е додаток на Книгата на пророкот Даниил (13 глава).

Сур – област близу до египетската граница на врвот на Синајскиот Полуостров. На еден од тамошните извори, ангел и се јавил на Агара, откако била протерана од Сара, жената на Аврам и ѝ наредил да се врати. И рекол дека ќе роди син и ќе го нарече Исмаил (од него потекнуваат Исмаилитите) (1 Мој 16,7-16). Саул и Давид се бореле и ги победувале Амалиќаните и другите народи, кои живееле во граничните предели со Сур(1 Цар27,8).

Продолжува

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Свети Алексиј човек Божји

“Затоа, браќа, каква полза има човек ако го придобиеме целиот свет,

а ја загубиме својата душа, или ја оштетиме?

Или, со што ќе ја откупиме душата своја од маките,

ако овде не се одречеме од злото и не се покаеме,

или ако на сиромасите не им подадеме…

Овој блажен Преподобен Алексиј Човек Божји,

го предаде своето тело на страдања,

и на рани и на срамна смрт заради Христа, Синот Божји.

Затоа, тој и сега сјае во славата Божја повеќе од сончевата светлина,

и нашиот Господ Бог, во негов спомен, прави прекрасни чудеса и исцеленија.”

– изв. од Поуката за спомен на маченик од Свети Климент Охридски

 

Во времето на царевите Аркадиј и Хонориј живееле во Рим царскиот достоинственик Евтимијан и неговата сопруга Аглаида. Евтимијан бил многу богат и имал три илјади слуги. Бил набожен и добар човек и им помагал на сиромашните. Исто така и неговата сопруга била дарежлива кон сиромашните. Тие немале деца и Аглаида често се молела на Бога.

“Господи, сети се на мене, недостојната слугинка твоја и разреши го моето нераѓање, да се удостојам да се наречам мајка на дете. Дај ни син за да можеме мојот маж и јас да имаме утеха во нашиот живот и поткрепа во староста наша!” – му зборувала Аглаида на Сесилниот Бог.

Милостивиот Бог ја услишал молитвата на Аглаида и & дарувал син, по име Алексиј. Мудрото момче ја изучило граматиката, реториката, целото Свето Писмо и други црковни книги.

Кога Алексиј станал полнолетен, родителите го ожениле со девојка од царски род. Но веднаш по свадбата, тој ја напуштил невестата и заминал во Лаодикија – древен град во Мала Азија, а потоа во месопотамскиот град Едеса, каде се поклонил на неракотворниот лик на Господ Исус Христос. Подарувајќи ги на просјаците сите драгоцености што ги понел од куќата, самиот тој се облекол во просјачко одело и живеел непрекинато молејќи се на Бога.

Преподобен Алексиј поживеал во градот Едес при црквата Света Богородица седумнаесет години. За него, Божјата Мајка му открила на едно црквено лице, дека тој е Човекот Божји и треба да се внесе во Нејзината Црква. Но, тој се прочул како богоугодник и за да ја избегне човечката слава заминал од градот Едес. Со лаѓа тргнал кон градот Киликија. По Божја промисла, настанала бура на морето и лаѓата допловила дури до Рим. Алексиј дошол до домот на својот татко и како непознат му се поклонил и го замолил да живее во неговиот двор. Таткото не го познал својот син и се согласил со тоа. Заповедал да му направат мала куќичка и слугите да му носат храна. Слугите му пакостиле и го исмејувале. Трпеливиот човек Божји станал непобедлив страдалник. Тој не им се јавил ниту на својата невеста, ниту на своите родители. Во родителскиот дом останал 17 години и никој не го познал. Свети Алексиј ги замолил слугите да му дадат хартија, мастило и перо. На хартијата го опишал целиот свој живот и оние тајни кои им беа познати само на неговите родители и на неговата невеста, по кои тие би можеле да го препознаат. Набргу потоа, починал.

Во Светата црква, кога патријархот Инокентие Први (402-417г.) служел Света литургија, сите присутни слушнале глас: “Дојдете кон мене сите кои сте уморни и натоварени, и јас ќе ве одморам! … Побарајте го човекот Божји, кој ќе се раздели од телото, да се помоли за градот, и с# добро ќе ви се устрои!”. Набргу се одржало сеноќно бдение на кое присуствувале царот и папата во соборната црква на Св. Апостоли. и се слушнал глас: “Човекот Божји барајте го во Евтимијановиот дом”.  Царот, патријархот и многу луѓе, дошле во домот на Евтимиј да го побараат човекот Божји. Евтимијан влегол во куќичката на просјакот и го нашол човекот Божји како лежи мртов, а во десната рака ја држел свитканата хартија. Сакал хартијата да му ја земе од раката и да види што е напишано на неа, но не можел да ја извлече. Возбудени царот и патријархот ги приклониле своите колена пред човекот Божји и го молеле да им ја даде хартијата. Тогаш светителот ја испуштил хартијата Писмото било прочитано и таткото го познал својот син Алексиј. Неговите родители и невестата му се фрлиле врз градите плачејќи, бакнувајќи и грлејќи го со солзи. Царот и патријархот наредиле одарот со чесното тело на светиот човек Божји да се постави на поклонение во градот. Царот наредил да се направи ковчег од смарагд и мермер и да се украси со злато. Во него го положиле Човекот Божји – Свети Алексиј. Веднаш од неговите свети и чудотворни мошти истекло благоухано миро со кое биле помазувани луѓето и се исцелувале од секоја болест. Бил извршен чесен погреб. Свети Алексиј починал на 30 март 411 година за време на царувањето на Хонориј во Рим и Теодосиј Млад во Цариград.

“Слуго Господов, смилувај се на мене, бедниот, сиромашкиот, и дозволи ми да се сместам во еден агол на твојот двор, за да можам да се хранам со трошките што паѓаат од твојата трпеза, а Господ ќе ги благослови твоите години и ќе ти даде царство небесно и ако имаш некој од своите во туѓина, нека ти го врати здрав!” – одекнуваат зборовите низ сите векови и после смртта на синот кој му ги искажал на својот татко пред тој да се смилува да го прими во неговиот дом.

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (35)

Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е прво дело од ваков вид на македонски јазик во издание на Библиското здружение на Република Македонија и на книгоиздателството  „Македонска искра” од Скопје.

Во овие продолженија за читателите  ќе го претставиме „Библискиот речник“ преку лексикографските термини, имињата, зборовите, изразите, називите… од зборот Сикер– сехоарнаеврејскичиј коренпакесахорштозначисе опива, до Ситим– израелскилогориград вовисокитемоавскиравници 

Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е отпечатено во 1997 година на 215 страници на македонски јазик, со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на „Библиски речник”,  Елена Стојанова.

Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат ова значајно дело на македонски јазик.

Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопене неговото име и дело, за Бог да го прости.

Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот  Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која  е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат голем број македонски христијани нашироко во светот.

Коавторот на „Библискиот речник”  Славе Николовски – Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои седум се лексикогравски изданија, потоа на повеќе од стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број можат да се видат и прочитаат на веб – страницата: www.slavekatin.com.

Инаку, публикацијата „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е меѓу првите  објавено дело на реномираната издавачка куќа „Македонска искра”, чиј главен и одговорен уредник е Славе Катин. Ова македонско книгоиздателство е крстенo во 1997 година по првиот македонски весник „Македонска искра“, што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година.

Oвa продолженија на „Библискиот речник“ ќе го продолжиме со еврејскиот збор Сикер – сехоар, а ќе го завршиме со Ситим, име на израелски логор и град во високите моавски равници.

Сикер– сехоарна еврејски, чиј корен пак е сахоршто значи се опиваПод сикер се подразбира секој алкохолен пијалак, освен виното. Јован Крстител не го конзумирал (Лк 1,15).

Сила– арамејска форма на името Саул, еден од првите христијански предводници во Ерусалим, а веројатно е дека бил римски граѓанин. Бил пратен во Антиохија со апостолот Павле и Варнава на второто мисионерско патување, Заедно со Павле бил затворен во Филипи, а подоцна заедно патувале во Солун и Коринт (Дап 15).

Силоам – пратенканал низ кој водата од изворот Гијон, надвор од Ерусалим го полнела езерцето во самиот град, па во време на опсади, иаселението било снабдено со вода. Бил прокопан во 700 г.пр.И.Х. (долг 533 м, 4 Цар 20,20). Во 1880 г. е откриен натписот што бил поставен на изле-зот од каналот. Во новозаветно време, езерцето се нарекувало Силоам (Лк 13,4). Според Јв 9,7 Христос таму го пратил слепиот да се измие, после што прогледал.

1jazik2

Исус Христос со верниците

Силом– значаен израелски град подигнат на двата рида што ги раздвојувале Ерусалим од Ветил. Таму Исус Навин ги одвел израелските племиња по војувањето со Ханаанците. Светилиштето во Силом станало место на боравење на Ковчегот на Заветот, а за него се грижеле свештениците, пр. Илија, а подоцна и Самуил (ИН 18,1; Суд 18,31).

Сим– име, најстариот син на Ное, се смета за родоначелник на Семитите. Му бил лојален на татко му (1 Мој 9,27); в. Семити.

Симеон– спушање1) вториот син на Јаков и Лија. Јосиф го задржал како заложник, додека другите браќа да се вратат заедно со Венијамин. Симеоновото племе веројатно е апсорбирано од Јудиното, а самиот тој многу не се спомнува во СЗ (1 Мој 29,33); 2)  старецот кој во малиот Исус Го препознал Месијата и Го благословил, кога родителите Го довеле во храмот. Веројатно бил равин (рабин) (Лк 2,24-34).

Симон – 1) Симон Петар, ученикот, апостолот Петар (в. Петар); 2) вториот ученик, Симон Зилот, приладник на еврејското тајно здружение кое се борело против Римјаните (Лк 6,15); 3) братот на Исус Христос (Мт 13,55); 4) човекот од Кирина, кој го носел Христовиот крст на патот за Голгота (Мк12,21); 5) фарисеј кој разговарал со Христос во својот дом (Лк 7,36-50); 6) Симон Искариот, таткото на Јуда (Јв 6,71).

Симон Магот – волшебник, имал големо влијание во Самарија, па тамошните жители мислеле дека е пратен од Бога. Во христијанство го обратил Филип,но мислел дека од Петар иЈован може да ја купи силата на Светиот Дух. Петар го укорил, а Симон го замолил за прошка (Дап 8,9-25). Купувањето на црквени чинови се нарекува симонија, токму според него.

Симон Макавеј – наследникот на Јонатан Макавеј и брат негов. Го освоил Ерусалим од Сиријците во 141г. пр. И.Х. и Евреите се здобиле со независност. Бил прогласен за владетел и велесвештеник, а зачетник е на династијата на Хасмонеите, која била признаена и од Римјаните. Го наследил Јован Хиркан! (134-103 г.Пр.И.Х.) Во негово време разурнат е храмот на Самарјаните во Гаризим. Последниот макавејски цар бил поразен од Ирод во 37 г. Така завршила нивната династија; в. Книги за Макавејците.

Син човечки – израз кој првобитно означувал само човек, или ја заменувал личната заменка тојт одн. јас, Во јудејската апокалиптична литература претставува небесно битие, на кого Бог му го предал последниот суд (Дап7,13). Еден посебен религиски правец го поистоветува со Месијата, Спасителот на Божјиот народ. Христос го користел овој израз во З. лице и така укажал на Своето постоење на земјата (Мт 9,6), но ина идната служба како Судија (Мт 25,31).

1jazik3

Синагога

Синагога – син=со, аго=водам – градба или место кое Евреите го користеле за молитва и верска настава (Лк 4,16; 7,5). Потекнуваат веројатно од времето на вавилонското ропство, кога на Евреите им било оневозможено да служат во храмот, кој е разурнат во 586 г.пр.И.Х., па се појавил нов начин на богослужење, под притисок на новите околности. На тој начин се спречувала асимилацијата на еврејската вера и култура од страна на вавилонската. Состаноците се одржувале секоја сабота и на нив учените луѓе ги објаснувале законите на заедницата. Синагогата била под надзор на старешините, а се бирал и врховен старешина, од страна на заедницата. Тој се грижел за зградата, за имотот и јавното богослужење (Лк 13,14; Дап 13,15). Оттука е јасно како Исус и апостолот Павле се поучувале во синагогите (Мт 13,54). Старогрчкиот збор синагога се однесува на собирот. Евреи кои се состанувале и богослужеле во зградата (Мк 1,23; Лк 4,20). Еврејскиот збор за заедница е кнесет.

Синај – вулканска планина на југ на Синајскиот Полустров. Се нарекува и Хорив, или едноставно „планина”. Таму Бог склучил сојуз со израелскиот народ и Мојсеј ги примил Десетте Божји заповеди, а пророкот Илија имал визија (2Мој19,18;5Мој5,2;3 Цар19,8). Арапите денес ја нарекуваат Џебел Муса, т.е. Мојсеева Гора. Затоа апостол Павле вели дека Агара е гората Синај (Гал 4,24-25).

Синедрион – собрание, главниот и врховен совет на Евреите, од отприлика 3 в.пр.И.Х. до 70 г. Го сочинувале 70 членови и во него влегувале свештеници, фарисеи и садукеи. Состаноците се одржувале во храмот. Можеле да донесат и смртна пресуда, но во новозаветно време не можеледа ја извршат без согласност на римската власт. Терминот Синедрион е старогрчки изначи ‘заедно да се седи’. Членовите седеле во полукруг, со претседавачот во средина, обично тоа бил првосвештеникот. Судењето на Исус енеобично заради состанувањето во куќата на првосвештеникот,

Синоптички евангелија – првите три евангелија се нарекуваат така, според старогрчките зборови ,,син”=заедно и ,,опсис”=гледање. Тие го опишуваат животот на Исус Христос со заедничко гледиште. Често пати исти реченици или делови од реченица, се користат при опис на некои настани. Четвртото евангелие (според Јован) е сосема различно од нив. Додека во нив се опишани настаните, во Четвртото има длабоки мисли за самите настани, без да се прераскажуваат. Тоа е пишувано за луѓе кои веќе ги познавале првите три и намената му е да ги надополни.

Сион -1) брег на југоисток од Ерусалим, на него бил подигнат градот на Евусејците, кој бил освоен од царот Давид. После тоа се нарекува Давидов град (2Цар5:7; 1 Лт 11,5). Во подоцнежните времиња Сион го означува брегот на храмот, целиот град и неговите жители (Пс48,13; Ам6,1). Сионе значаен во пророчката и богослужбената книжевностсо значење на Божји град (Пс 48,2; Ер 31,6). Се нарекува уште и град на Јахве (2 Мој 30,14), Свет рид (Пс 2,6), Божјо пребивалиште (Пс9.12). Сион е симбол на новото спасение во времето на ропството, оттаму се објавува Бог (Ам 1,2), праќа помош и дава благослов (Пс 128,5; 134,3). Во НЗ е место на искупените (Евр 12,22) и слика на конечното спасение (Откр 4,1); 2) аморејски цар кој одбил да им дозволи на Израелците да минат низ неговата земја на патот за Јорданската долина. Но бил поразен од нив и убиен заедно со неговите синови {4 Мој 21,21 -28).

Сиракуза – главниот град на Сицилија, каде апостолот Павле поминал три дена на своето патување од Малта во Рим (Дап 28,12).

Сирах – девтероканонска книга од Исус, синот Сирахов, во Вулгатата се води како Еклезиастикус. Спаѓа во мудросните книги. Пишувана е во времето од 180 до 170 г.пр.И.Х. Долго време постоела само во старогрчкиот превод. Сега е пронајден и еврескиот текст на книгата.

Сирија– земја на Асирците, меѓу Еуфрат и Средоземното Море, јужно од планинскиот венец Таурус со Дамаск во центарот. Обете еврејски царства, Израел и Јудеја, имале блиски односи со Сирија, понекогаш пријателски, а понекогаш не. Но постојано сириското влијание било многу силно (Суд 10,6). Подоцна Сирија влегла во рамките на Персиското царство. Во 333 г.пр.И.Х. ја освоил Александар Македонски, за конечно да стане римска провинција со главен град во Антиохија. На тоа укажува НЗ, кога зборува за Сирија (Лк 2,2). 

Сирофениќанка – паганка. која живеела близу до филиситејските градови Тир и Сидон, чија ќерка Исус ја исцелил (Мк 7,24-30).

Сисара – војсководец на Ханаанците во војната против Израелците во 12 в.пр.И.Х. Го победиле пророчицата Девора и Варак во битката која ја окончала доминацијата на Ханаанците. Сисара се сокрил во шаторот на Јаил, и таа таму го убила (Суд 4-5).

Сит– надокнадентретиот син на Адам и Ева, роден по смртта на Авел (1 Мој 4,25).

Ситим-1) израелски логор и град во високите моавски равници, од каде Исус Навин пратил извидници да ја разгледаат ветената земја (ИН2,1); 2) багрем (Ис 41,19). Од ситим било ковчежето во кое го оставиле Мојсеј на водите на Нил, додека бил новороденче (2 Мој 2,2), Имало и предмети во храмот направени од тоа дрво.

Продолжува  

Пишуваат:

1jazik4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1jazik5СЛАВЕ КАТИН

ОД НАЗИВОТ СВАДБЕНА ОБЛЕКА – ДО МЕРКАТА ЗА ТЕЖИНА СИКАЛ (ШЕКЕЛ)

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од називот свадбена облека  која на секој од сватовите му се оставала на располагање и бил должен да ја облече, до изразот сикал (шекел) – на еврејски шекел – мери, стара вавилонска мерка за тежина

Свадбена облека – (Мт 22,11), на Исток, на секој од сватовите му се оставала на располагање и билдолжен да ја облече. Ако некој одбиел, се отстранувал од свадбата. Во тоа светло е јасна приказната што ја кажувал Исус за домаќинот кој го истерал сватот без свадбена облека, иако порано ги собирал гостите од сите страни. Праведноста и светоста се свадбената облека во која ќе се облечат вистинските верни на вечерата на Јагнето Божјо.

Светецот Израелски – израз за Бога, го користеле еврејските пророци, особено Исаија (Ис 30,12).

Светиот Дух – на еврејски руах, третото лице од Светата Троица, Троединиот Бога, покрај Отецот и Синот. Дејствува низ целата историја на спасување на луѓето. Но се’ до времето на НЗ, во СП нема многу објаснувања за СД. Духот Бојжи бил активен во моментите на создавање на светот (1 Мој1). Поседува Божествени атрибути: насекаде е присутен, има власт над се’, на пророците им подарил инспирација за Божјиот збор. Во СЗ се очекува денот кога СД ќе се излие врз сите народи. СД се симнал врз Исус Христос додека Тој се крштевал во водите на Јордан. Го одвел во пустината, додека ѓаволот Го искушувал. На почетокот од Своето јавно делување, Христос објавил дека ќе работи со силата на Духот. Јован Крстител рекол дека Исус ќе ги крштева луѓето со Светиот Дух. Самиот Исус лично им ветил на учениците дека кога Тој ќе замине од нив, ќе им Го прати СД да остане со нив за сите времиња. Учениците се крстени на денот на Педесетница со СД, според ветувањето на Исус. Начинот на славење на Бога се променил. Така се исполнило пророштвото на Јоил, дека Бог ќе го излие Својот Дух на сите верни. СД им помага на христијаните во нивното заедништво со Бога, им дава дарови потребни за Божјата служба (1 Мој 1,2; Пс 139,7-12; Суд 3,10; 14,6; Ис 11,1-3; 2 Цар 23,2-5; Јоил 2,28029; Мих 3,8; Лк 1,35; 3,22; 4,1-18; 3,16; Јв 14,16-17; 16,7-15; Дап 2; Рим 8; 1 Кор 12; Гал 5,22-23).

Свето Писмо (Библија) – на грчки вивлион, што значи книга, а множинската форма е библиа, односно вивлиа. Книгите на СП се делат на СЗ и НЗ. Поедини христијански цркви признаваат различен број на канонски книги на СП, односно некои цркви прифаќаат извесен број од девтероканонските книги. Имено, Православната црква во канонот на СЗ вбројува 50, а во НЗ 27 книги. Католичката црква во СЗ брои 46, а во НЗ 27 книги. Протестантската црква не ги прифаќа девтероканонските книги и во канонот на СЗ има 39, а во НЗ 27 книги. СП опфаќа период од неколку илјади години, а пишувано е од различни писатели, од овчари и рибари, до лекари и правници. Денес скоро и да нема јазик во светот, на кој не е преведено СП. Македонскиот превод на НЗ е од 1967, а целото СП е од 1990 г.

Светилка – глинена ламба во која горело масло. Се изработувала и од камен (4Цар4,10). Фитилот се правел обично од лен (Лк 15,8).

Свиња – нечисто животно за Евреите, забрането и за жртва, и за јадење (3 Мој 11,7; 5 Мој 14,8). И во Египет и во Етиопија ја сметале за нечисто животно и била забранета. За Евреите е гадост, зашто дивиот вепар е една од метаморфозите на вавилонскиот бог Тамуз, подоцна измешан со култот на Адонис (Ез 8,14). Се сметало дека јадењето на свинското месо во топлите земји може да предизвика кожни болести. За Евреите свињата целосно била одвратна, не само месото (Мт 7,6; 2 Пет 2,22), а одгледувањето свињи најдолната работа за еден Евреин (Лк 15,15). Во Декаполис, старогрчката колонија, свинското месо било на цена, Таму Исус го сретнал крдото свињи (Лк 5,11-13).

Свиток – древни записи пишувани на папирус или пергамент. Се пишувало од десно на лево (како и денес на еврејски, арапски итн.), па ролната, односно свитокот се одвртувал на десно, за да се дојде до бараното поглавје. Свитокот се држел во скут. Господ Исус Христос читал од книга, односно. свиток на дванаесет годишна возраст, во синагогата. Во древниот Израел немало неписмени мажи (Лк 4,15-30).

Свод – 1) град на територијата на племето Симеоново, едно од дванаесетте израелски племиња (ИН 19,2); 2) човек од Венијаминовото племе кој го повел бунтот против царот Давид, откако побуната на Авесалом била угушена. Бил прогонуван од Јоав, а убиен од една мудра жена (2 Цар 20).

Седекија – правда Господова; последниот цар на Јудеја, владеел околу 598-587 пр.И.Х. (4 Цар 24,17-25). Навуходоносор го поставил за регент во Ерусалим и му плаќал данок на вавилонскиот цар. Го наговарале да побара помош од Египет, но Еремија се спротивставил. На крајот Седекија се побунил против Вавилон, но Ерусалим бил опколен и поразен. Седекија гледал како му ги убиваат синовите, а нему му ги ископале очите, го оковале и го одвеле во Вавилон, каде и умрел.

Седмокнижие (Хептатеух) – заедничко име за Мојсеевите книги и Книгите на Исус Навин и за Судиите. 

        1bibl1

Папирус

 

Седрах – еврејски висок службеник во Вавилон, владеел околу 859-824 г.пр.ИХ, кој заедно со Авденаго и Мисах бил фрлен во вжарена печка зашто одбил да го обожува златниот кип на Навуходоносор. Бил спасен со Божја помош (Дан 3,1-30).

Села – жената на Ламех и мајката на Товелкаин (1 Мој4,19-23).

Селевкиди (Селеуци) – семејство или династија на цареви кои владееле со Персија, Вавилонија, Сирија и дел од Мала Азија (околу 312-129 г. пр.И.Х.). Од тие цареви најповрзан со старозаветната историј абил Антиох IV Епифан (175-163 г.пр.И.Х.) кој го ограбил Ерусалим и храмот и го воспоставил култот на Јупитер Олимписки, убил многу Евреи и своите верски погледи се обидувал да им ги наметне на потчинетите. Таквото негово однесување предизвикало омраза и побуна, предводена од Макавејците, после што настапил период на мир.

Селевкија – пристаниште на Антиохија во Сирија, изградено од првиот селевкидски цар, и наречено по него. Ап. Павле и Варнава оттаму тргнале за Кипар на своето прво мисионерско патување (Дап 13,4).

Селтуагинта – превод на СЗ од еврејски на грчки, некаде околу 250 г.пр.И.Х. во Александрија. Името го добил според седумде-сетте (на лат. септуагинта) преведувачи. Поточно, биле 72, од секое племе по 6. Преводот бил користен од новозаветните писатели, од првите христијани, а се користи до денешен ден. Од него се направени подоцна ла-тинскиот (Вулгата), како и слое-енските преводи.

Слуга Господов – оној кој признава дека Бог е над Него. Изразот се применува за главната личност на некои делови од Книгата на пророкот Исаија: 42; 1-4; 49,1-6; 50,4-9:52,13-53,12.

Служба со очите – привидна служба (Кол 3,22).

Семити – потомците на Сим, синот на Ное. Тоа била група народи кои живееле во западна Азија од околу 3000 г.пр.И.Х. па понатаму, тие ги напуштале просторите на Арабија. Меѓу нив биле и Евреите. Културите и религиите им биле различни, но јазиците блиски. Ханаанците, Фениќаните, Амонитите, Арабјаните, Асирците и Вавилонците, биле припадници на семитската група народи. На подрачјата што ги населувале, настанале писмата, како и еврејската, христијанската и исламската религија.

1bibl2Измир

Смирна – 1) денешен Измир во Турција, на егејскиот брег. Бил седиште на една од деветте цркви во Мала Азија. Иако после 300 г. пр.И.Х. бил еден од најбогатите градови во Мала Азија, христијаните во него биле многу сиромашни, зашто одбивале да му се поклонат на римскиот император. Но биле духовно богати (Откр 25,29). Едно од посланијата од Откровението било упатено на христијанската заедница во Смирна (Откр2,8-11); 2) еден од трите дара кој му биле принесени на новородениот Исус (Мт 2,11). Вино измешано со смирна Му било дадено на распнатиот Исус да пие. А со мешавина од смирна и алоа Му било премачкано телото пред погребот (Јв 19,39-40);

Семоќен – Бог, Кој ја има целата власт имоќ (Јбв 29,5).

Сенарска долина – рамничарска област околу Вавилон. Најпрво свој културен печат таму оставиле Сумерите, околу 4000 г.пр.И.Х. Таму Навуходоносор ги однел ограбените богатства од ерусалимскиот храм (Дан 1,1-2).

Сенахерим (Сенахириб, Сан-хериб) – син на Саргон 11, кој владеел во Асирија околу 705-861 г.пр.И.Х. Бил голем државник и војсководец. Престолнината му била во Нинива. Примал данок од старогрчките острови и од Тарс, а склучил сојуз со Египет. Јудејското царство и палестинските градови кревале побуни против него, а тој ја префрлил својата војска кон Ерусалим и го опсадил Лахис. Го убил еден од неговите синови (4Цар18-19;2Лт32; Ис 36-27).

Сеница – засолниште направено од гранки под кои земјоделецот или сточарот почивал во ладовина (Јона 4,5).

Серафими – според некои значи пламени, а според други возвишени, благородни, еден од чиновите во небесната хиерархија. Пророкот Исаија во својата визија ги видел најблизу до Бога (Ис 11,2.6), како го опкружуваат Божјиот престол. Ги опишува со човечки лик, со шест крилја, со еден пар, го засолнуваат лицето, со другиот нозете, а со третиот летаат, пеејќи: „Свет е , свет е, свет е Господ Саваот!” Исто како и херувимите, се спомнуваат само во множинска форма.

Сергиј Павле – римски проконзул, намесник без воена власт на островот Кипар, околу 47 г.

Сефора – една од седумте ќерки на Јотор и жена на Мојсеј. Се омажила за него, уште кога бил бегалец во Мидијан. Синот го нарекла Гирсам (2 Мој 2,11-22). 

Сиван (зиван) – месец во еврејскиот календар, одговара на делови од месеците мај и јуни (Ест 8,9).

Сигор – ситен: еден од петте градови во равницата источно од Мртвото Море. Единствен од нив кој не бил разурнат (1 Мој 19,22-30).

Сидон -рибарница, древен фениќански град на источниот брег на Средоземното Море, северно до Тир, во денешен Либан. Градот го снабдувал Соломон со дрво за градба на храмот, а подоцна Евреите повратници од вавилонското ропство од Сидон носеле повторно дрво за обновување на храмот. Езавела, ќерката на сидонскиот цар, се омажила за Ахав, израелскиот цар. Градот имал бурна историја, бил освојуван од разни освојувачи: Асирци, Вавилонци и Персијанци. Повторно добил значење под римска власт. Негов постојан соперник бил градот Тир. Во НЗ Тир иСидон ги означуваат и градовите, и подрачјата околу нив (Мт 11,12; 15,21). Христос доаѓал во сидонските предели, а апостолот Павле пред патувањето во Рим ги посетил пријателите во Сидон (Дап27,3). 

Сикал (шекел) – на еврејски шекел – мери, стара вавилонска мерка за тежина. Подоцна Евреите  ковале  пари  со  истатате тежина, зашто во почетокот и парите се мереле. Во 2 Мој 30,13 се објаснува дека вредноста на сикалот е 20 парички. Постојат различнисикали,пр. по кралска мера (2 Цар 14,26), по храмска мера (2 Цар 14,26). Како мерки се користат и половина сикал, тре-тина, четвртина, дванаесеттина итн; в. Пари.

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Празнувањето на Св. 42 Аморејски маченици, Св. 7 Херсонски маченици и Св. 40 Севастиски маченици – Младенци

“Далеку е спасението од грешниците,

зашто тие не ги побараа Божјите наредби

Тие ги вадат мачевите, го оптегнуваат лакот свој,…

за да ги прободат оние, што се со чисто срце.

Но мечот нивни нека се забие во нивното срце,

и лаковите нивни нека се скршат.

Зашто нишките на грешниците ќе спласнат,

а на праведниците Господ им ги поткрепува.

Бог го замрази патот на неправдата.

Ги избавува од човечко клеветење своите угодници.

Со светлината на Своето лице ги озарува своите слуги.

Праведен си Ти, Господи и праведни се Твоите пресуди!

Правдата на Твоите сведоштва е вечна.”

(Псал. 36, 14, 15, 17)

 

Грешниците ги фрлаат телата на мачениците во реки, во смрзнати езера, ги фрлаат во вжештени печки, но тие ќе загинат и ќе ги снема од земјата, зашто Господ ја сака правдата и не ги остава Своите праведници.

Христовите маченици умреа заради љубовта во Христа и неправдите на овој земен свет. Отидоа насилно и предвреме отстранети од земниот живот. Но тие продолжуваат духовно да живеат, со Бога и преку Него да постојат. Затоа Светата Православна Црква им оддава почит, ги слави и ги прославува низ сите векови.

Светите Четириесет и два маченика Аморејски. Се слават на 19 март. Сите биле војводи на византискиот цар Теофил кој царувал во деветти век. Кога Теофил ја изгубил битката против Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазеле овој град, го опустошиле, убиле многу христијани, а некои ги продале во ропство. Потоа Агарјанскиот кнез Амирмуин го опседнал градот Амореја. За тоа му помогнал Аморејскиот војсководител, издајникот Вадицис. Христијанска крв со потоци се пролевала по улиците на градот. Кнезот Амирмуин ги довел во својата земја Св. 42 маченика. Во затворот ги советувале да ја примат верата на Мухамед. Но храбрите војводи не се откажале од Христа и по седум години мачење, биле исечени со меч, во 845 година. Телата им ги фрлиле во реката Еуфрат. Но кога испливале на другиот брег, христијаните ги собрале и чесно ги погребале.

На датумот 20 март се слават Светите Седум Свештеномаченици Херсонски. Светата Црква ги знае имињата на овие маченици: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон. Сите тие биле епископи во Херсон. Испратени од патријархот Ерусалимски, мисионирале во разни краишта на светот и ја проповедале Евангелската светлина. Го завршиле својот живот како маченици.

Свети Василиј го воскреснал синот на некој кнез во Херсон. Заради тоа се разгневиле Евреите и го оптужиле. Бил тешко мачен. Бил врзан за нозете и влечен по градските улици, додека не ја испуштил душата.

Свети Ефрем го завршил својот живот исечен со меч.

Светите Евгениј, Елпидиј и Агатодор го завршиле својот живот тепани со стапови и камења.

Свети Етериј поживеал за времето на Христијанскиот цар Константин Велики. Тој успешно управувал со црквата и успеал да изгради храм во Херсон. Животот го завршил мирно.

Свети Капитон бил назначен за епископ и дивите Скити за да му веруваат побарале од него знак. Го натерале да влезе во огнена печка па ако не изгори тогаш му ветиле дека ќе поверуваат во Христа. Со силни молитви упатени кон Бога, со силна надеж во Сесилниот Бог, свети Капитон го ставил архијерејскиот омофор на себе, се прекрстил и влегол во вжарената печка. Во пламенот останал еден саат и не му се повредило ниту телото, ниту облеката изгорела. Тогаш силно се слушнал гласот на многуте луѓе: “Еден е Бог, Богот Христијански, велик и силен, Кој го сочува Својот служител во огнената печка!”

И станало чудо. Се крстиле целиот град и целата околина. За ова необично Божјо чудо се зборувало на Никејскиот Собор. Но што направиле незнабожечките Скити? Тие го фатиле Свети Капитон на патот кај реката Дњепар и го удавиле во реката.

Светите Седум Свештеномаченици Херсонски пострадале за Христа во почетокот на 4-ти век.