Премиерот Зоран Заев, на католиците во Република Македонија им го честита воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија, од страна на Папата Франциск.
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, испрати писмо со честитки и до Бискупот Скопски Киро Стојанов, кој со оваа одлука на Ватикан се стекна и со титулата Епарх на Епархијата Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје.
– Одлуката на Светиот Отец Папата Франциск, досегашниот Апостолски Егзархат во Македонија да го воздигне во Епархија под наслов Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје, за католиците од византиски обред, за нас претставува потврда за достојното внимание на Светата столица во Ватикан за верниците од католичката вероисповед во Република Македонија, се вели во писмата со честитки до Стојанов и до Марјан Ристов, канцелар на Бискупијата Скопска.
Слободата на вероисповедта и на верската определба, додава премиерот Заев, но и унапредување на правата и слободите на сите наши граѓани, останува цврста заложба во реформирањето на нашето заедничко општество во насока на подобра и европска иднина за сите граѓани на нашата Република Македонија.
Very well written! The insights provided are very valuable. For additional information, check out: LEARN MORE. Looking forward to the discussion!