Археолошкиот музеј на Македонија денеска ги промовира новите простории на најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во нашата држава.
– Библиотеката ќе биде достапна за сите читатели, не само за научниците, археолозите, стручните лица, туку и за сите љубители на книгата и на историјата на културното наследство и архелогијата. Библиотеката располага со преку 6.000 книги, соопшти директорот на Археолошкиот музеј на Македонија Горан Санев.
Тој потсети дека библиотеката почнала да се создава уште со формирањето на овој музеј во 1924 година. Официјално станува билиотека во 1961 година кога почнуваат да се заведуваат книгите и тој фонд постојано да се збогатува.
Санев информира дека бројот на книги се зголемува и оти колеги и институиции од Македонија и од странство донираат голем број книги со цел, како што рече, да се дополни онаа празнина во изминатите неколку години додека блиблиотеката не работеше и додека библиотечната размена беше прекината на еден начин.
– Многу бргу таа празнина ќе се поплни и повторно оваа библиотека ќе биде извориштето на информации за археолози истражувачи, рече Санев.
Оваа библиотека долги години се наоѓаше во Музејот на Македонија, од 1977 до 2013 година и таму архелогијата беше дел од тој Музеј. Со изградбата на нова зграда на Археолошкиот музеј имаше селење на библиотеката. Санев изјави дека по вселувањето во 2014 година и поради многу технички и други причини таа немаше можност да се отвори. Со сопствени сили и средства, како што рече, оваа година успеваме да го средиме тој простор и поворно да заживее библиотеката која е главниот дел на Археолошкиот музеј.
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, влезот за посетителите во Архелошкиот музеј на Македонија денеска е бесплатен.
This was a fantastic read. The analysis was spot-on. Interested in more? Click on my nickname for more engaging discussions!