„То Вима“: Времето тече, решението се оддалечува

Во последните 20 дена, атмосферата во разговорите за името во ништо не потсетува на насмевките и оптимизмот што првично ги испраќаа пред и по средбата на Алексис Ципрас со Зоран Заев во Давос минатиот јануари, вака весникот „То Вима“, го започнува текстот посветен на последните случувања на релација Скопје- Атина.

Во анализата под наслов „Времето тече, решението со оддалечува“, искусниот новинар пишува дека се намалува просторот за договор, бидејќи и понатаму е ненадмината разликата за ерга омнес и промена на Уставот. Овие, според „То вима“ биле и главните пречки на неодамнешната средба во Виена, средба што се движела „во спротивна насока од претходно јавно изразениот оптимизам на комесарот Хан“.

– Времето тече. Веќе се чини дека двете страни започнаа да размислуваат, не само на добрите сценарија, туку и на начинот на управување на играта со префрлање на вината, во случај на неуспех во преговорите. Странски дипломати исто така се појавуваат веројатно песимисти. Како што велат, ако рокот до летото помине, од есен и двете земји влегуваат во предизборен период, пишува „То Вима“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот ги споменува следните средби на шефовите на двете дипломатии, на крајот од седмицава во Солун и на 11 и 12 мај во Сунио, во близина на Атина, но и можноста за средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на Самитот во Софија на 17 мај. Во бугарската престолнина, тогаш ќе се одржи состанок на ЕУ- Западен Балкан.

– Средбата во Софија, за грчката страна е краен датум до кој господинот Ципрас ќе оцени дали можеби има простор да ја преземе политичката цена за решение на македонското прашање. Ова го споменуваат владини извори, во изминатите денови за „Вима“, додавајќи дека премиерот потоа ќе треба да ја фокусира неговата енергија исклучиво на преговорите за постмеморандумскиот период. Доколку околностите дозволат, би можело да постои средба со неговиот скопски колега Зоран Заев во Софија, на која ќе се донесат конечни одлуки, дали позитивни или негативни, пишува „То Вима“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *